На денешен ден, пред дваесет и четири година, секој Македонец беше горд и плачеше од радост, затоа што женскиот ракометен клуб Кометал Ѓорче Петров ја донесе првата европска титула во нашата земја, откако го крена престижниот пехар во Лигата на шампионите. На 19 мај, 2002 година, Кометалки во мечот за титула го совладаа Херц (26-22) и направија секој човек од нашата земја да слави, без разлика дали е вистински вљубеник во ракометната топка ...

Демократска Република Конго, поранешно Заир, успеа да се квалификува на Светското првенство за прв пат под новото име. ДР Конго ќе биде во групата К, каде што за ривали ќе ги има Португалија, Колумбија и Узбекистан, а селекторот на „леопардите“ Себастијан Десабре го објави конечниот список на играчи на кои смета за Светското првенство. Најголеми ѕвезди се поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Арон Ван-Бисака, капитенот Шансел Мбемба кој ...

Нејмар се најде меѓу 26-те играчи кои ќе го претставуваат Бразил на Светското првенство во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико, кое започнува на 11 јуни. Тоа е вест што ги одушеви сите во земјата на петкратниот светски шампион. Сепак, некои навивачи беа шокирани од отсуството на голема ѕвезда. Жоао Педро, напаѓачот на Челзи, кој и покрај лошите резултати на тимот, има одлична сезона зад себе, не е на списокот. Тој постигна ...

Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар ќе биде предводник на петкратниот светски шампион на претстојното Светско првенство во САД, Мексико и Канада. Селекторот Карло Анчелоти синоќа го објави списокот на фудбалери за Мундијалот, а во него се најде и фудбалерот на Сантос. Колку е сакан и почитуван Нејмар во својата татковина говори и реакцијата на дечињата од училиштето Сао Висенте, кои во живо ја следеа прес-конференцијата на италијанскиот ...

Најтрофејниот македонски мотоциклист Христијан Илиоски – Кико продолжува со одличните настапи меѓународна сцена, откако освои две втори места на трките во Афионкарахисар, Турција, во рамки од БМУ Европскиот шампионат. Илиоски и покрај големата конкуренција успеа да се избори за два подиуми и да ја потврди својата форма оваа сезона. Овој резултат претставува уште еден значаен успех за Илиоски, кој со години наназад е еден од најдоминантните и ...

Првиот натпревар од финалната серија во Западната конференција во НБА донесе вистински кошаркарски спектакл и победа на Сан Антонио Спарс над Оклахома Сити Тандер по две продолженија 115-122. Виктор Вембањама доминираше и на овој натпревар, постигнувајќи 41 поен со 24 скока, по три асистенции и блокади. Тој особено доминираше во продолженијата, односно кога најмногу требеше. Сан Антонио Спарс сега водат со 1-0 во серијата против шампионот, а ...

Легендарниот Вејн Руни ги осуди коментарите на Мохамед Салах по поразот на Ливерпул од Астон Вила (4-2), што го доведе во прашање местото на „црвените“ во Лигата на шампионите. Египетскиот напаѓач откри дека ќе го напушти „Енфилд“ на крајот од сезоната, по што ги пушти сопирачките и го критикуваше начинот на кој игра великанот под палката на Арне Слот. Меѓу другото, тој рече дека хеви-метал фудбалот треба да биде идентитетот што засекогаш ќе ...

Ракометарот на ГРК Охрид, Ален Ќосевски, со голема доза оптимизам и мотив го најави дерби натпреварот против Еурофарм Пелистер во рамки на плеј-офот во македонската Суперлига. Десното крило потенцира дека тимот е свесен за значењето на натпреварот, особено ако се земе предвид дека во игра е второто место на табелата. „Нè чека вистинско дерби, борба за второто место во Суперлигата. Играме на домашен терен и ќе се бориме до крај со цел да ...

Светот на спортот не памети прес-конференција како вечерашната на бразилскиот селектор Карло Анчелоти. Стотици новинари во познат хотел во Рио присуствуваа на соопштувањето на списокот на патници за Светското првенство на најтрофејната светска репрезентација. Карло Анчелоти ги повика своите вообичаени адути: Алисон, Маркињос, Касемиро, Рафиња, Винициус и на крајот Нејмар. По соопштувањето на ѕвездата на Сантос настана еуфорија, аплаузи и ...

Нема вистински фудбалски навивач кој нема да навива за нив. Депортиво Ла Коруња има две меч топки и само една победа го дели од големо враќање во Примера. Ја видовме возбудата предизвикана од враќањето на Расинг Сантандер по 14 години во пониските лиги, и нема сомнение дека за навивачите на Депор претходните осум сезони изгледаа како цела вечност. Толку долго поранешниот шпански шампион и полуфиналист во Лигата на шампионите беше надвор од ...

Eкипата на Арсенал успешно ја заврши и претпоследната задача во Премиер лигата и со победата над Барнли на свој терен направи уште еден голем чекор кон освојувањето на титулата (1-0). „Топџиите“ од самиот почеток наметнаа висок ритам, со контрола на топката и постојан притисок кон голот на Барнли. Таквата иницијатива донесе резултат кон крајот на полувремето, кога Каи Хаверц по корнер на Сака ја круниса иницијативата во водство од 1-0. ...

Островот вечерва го затресе нова шокантна вест. „Дејли меил“ ексклузивно пишува - Пеп Гвардиола ќе го напушти Манчестер Сити по последниот натпревар од оваа сезона. Остануваат уште два натпревари за Манчестер Сити до крајот на сезоната, толку многу надеж останува дека можеби оваа година „граѓаните“ ќе го кренат трофејот наменет за шампионот на Англија. А потоа, според „Дејли меил“ – дојде крајот. „Гвардиола ќе ја спушти завесата на десетте ...

Првиот натпревар од полуфиналната серија во АБА лига донесе вистинска драма и победа на Партизан над вечниот ривал Црвена Звезда со 100-94. „Црно-белите“ уште во првата четвртина најавија дека се расположение за победа, добивајќи ја истата со 25-19. Во втората делница двата тима играа кош за кош (27-27), па на паузата „црно-белите“ имаа солидна предност (52-46). Клучниот момент се случи во третата четвртина, кога Партизан целосно го надигра ...

НБА лигата ги објави конечните резултати од гласањето за МВП наградата, а најголемо изненадување е што Лука Дончиќ не доби ниту еден глас за првото место. Признанието втора сезона по ред му припадна на Шеј Гилџус Александер, пред Никола Јокиќ и Виктор Вембањама, додека Дончиќ заврши како четвртопласиран со 250 поени. Интересно е што дури и Кејд Канингем добил два гласа за МВП иако сезоната ја заврши зад словенечкиот кошаркар. Гласовите во ...

Машката ракометна репрезентација на Србија се квалификуваше за Светското првенство, откако синоќа во реваншот од плеј-офот беше поразена од Унгарија со 31-30. Во првиот натпревар во Ниш, „Орлите“ славеа со 31-29. По натпреварот, еден од хероите на победата, но и играчот кој го постигна одлучувачкиот гол за српскиот тим, Мијајло Марсениќ истакна дека ова е еден од најважните моменти во неговата кариера. „Многу сум горд, ова е еден од ...

Борусија Дортмунд планира сериозна реконструкција на тимот за следната сезона, а една од главните цели во средниот ред би можел да биде Василије Костов од Црвена Звезда. Според информациите на „Скај Спорт“, Дортмунд е подготвен да се вклучи во трката за талентиран играч од средниот ред, а цената на трансферот би можела да достигне дури 25.000.000 евра. Во Дортмунд го гледаат како идеално решение во креацијата, особено во случај на заминување ...

Фудбалерите на Хартс имаа сè во свои раце, но... Во пресрет на последното коло од шкотската Премиер лига, клубот од Единбург беше на водечка позиција и за да ја освои шампионската титула, нивна прва по 66 години, требаше да избегне пораз на „Селтик Парк“ против нивниот директен конкурент. Сè одеше според планот за тимот на Хартс. Тие поведоа во самиот крај од првото полувреме, но гигантот од Глазгов успеа да направат пресврт и да го ја ...

Кошаркарот на Париз Баскет, Надир Хифи, испиша нова страница во француската кошарка откако втора сезона по ред заврши како најдобар стрелец во шампионатот. Со тоа, младиот бек стана првиот играч по долго време кому му успеало две последователни години да биде лидер по бројот на постигнати поени во француското првенство. Хифи сезонава блескаше во дресот на Париз и беше еден од главните играчи на тимот, кој имаше одлични резултати и на ...

Играчот од средниот ред на Барселона и Шпанија, Фермин Лопез, ќе го пропушти претстојното Светско првенство поради сериозна повреда. Младиот фудбалер скрши метатарзална коска на стапалото и ќе мора да се подложи на операција, што значи дека ќе мора да заздравува неколку месеци. Веста е голем удар за Шпанија, но и за Барселона, каде што Лопез стана еден од клучните играчи. Фермин се разви од голем талент во исклучително важен член на првиот ...

Селекторот на австриската фудбалска репрезентација, Ралф Рангник, го објави списокот на играчи за претстојното Светско првенство во Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада. Како што се очекуваше, нападот го предводи Марко Арнаутовиќ, а во списокот се најде и Давид Алаба иако искусниот бек сезонава беше во втор план во Реал Мадрид. Голмани - Александар Шлагер, Флоријан Вигеле, Патрик Пенц; Одбрана - Давид Афенгрубер, Кевин Дансо, ...

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Теодор Симиќ, има нов клуб и кариерата ќе ја продолжи во Соединетите Американски Држави каде потпиша за еден од клубовите во НЦАА 1 лигата. Симиќ последната сезона ја мина во редовите на Кожув, со кого настапи во Суперлигата на Македонија. Следен предизвик ќе му биде во странство, каде ќе игра „зад барата“ за екипата на УТ Арлингтон од Тексас. 22-годишниот центар од свои 14 години беше надвор од ...

Според грчкиот портал „Тоталбаскет“, Жељко Обрадовиќ е прв кандидат за нов тренер на Панатинаикос доколку дојде до разделба со Ергин Атаман. Грчките медиуми наведуваат дека во Атина сериозно се размислува за враќање на легендарниот српски стратег, човекот кој ја одбележа најуспешната ера во историјата на клубот. „Панатинаикос повторно размислува за враќање на човекот кој ја промени историјата на клубот. Жељко Обрадовиќ е главната желба на ...

Екипите на ГРК Охрид и Еурофарм Пелистер ќе го одиграат последното дерби сезонава во машката ракометна Суперлига. Влогот е голем, тоа е второто место и вицешампионскиот статус кој носи најмалку Европска лига на ЕХФ. Натпреварот меѓу двата тима ќе се одигра на 20 мај со почеток од 18:00 часот. Главни судии во СЦ „Билјанини Извори“ ќе биде битолската двојка Димитар Митревски и Благојче Тодоровски. Делегати на натпреварот се Марјан Начевски и ...

Овој викенд се комплетираа и Третите лиги на Македонија, по што е познато кој ќе игра бараж за влез во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ). Пет третолигаши и три второлигаши ќе се соочат меѓу себе за да ги пополнат местата во ВМФЛ. Од Третата лига доаѓаат екипите на Камјани (Запад), Еуромилк (Север), Влазними (Југозапад), Борец (Југ) и Победа Валандово (Исток). Од Втората лига бараж за опстанок ќе играат Кожуф, Тетекс и Саса. Паровите ќе ...

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот уште во првото коло од квалификациите за Ролан Гарос, откако беше поразена од Сузан Ламенс од Холандија. Холандската тенисерка, која важеше за фаворит во овој дуел, славеше со 6-4 и 6-3 по еден час и десет минути игра. Во првиот сет Ѓорческа успеваше да биде рамноправна во поголем дел од мечот, но Ламенс беше посигурна во клучните моменти и дојде до предност од 1-0 во сетови. Во ...

АБА лигата официјално потврди дека Дубаи ќе го пречека Будуќност во Зеница во првиот натпревар од полуфиналето на плеј-офот. Натпреварот ќе се игра во четврток од 18 часот во арената „Хусеин Смајловиќ“, додека вториот дуел е закажан за 25 мај во Подгорица. Евентуалниот трет натпревар повторно би се играл на неутрален терен, а домаќин формално ќе биде тимот од Дубаи. Одлуката следува откако раководството на АБА лига минатата недела едногласно ...

Селекторот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Златко Далиќ, го објави прелиминарниот список на играчи за претстојното Светско првенство во Канада, Мексико и Соединетите Американски Држави. На списокот на Далиќ се: Голмани: Доминик Ливаковиќ (Динамо), Доминик Котарски (Копенхаген), Ивор Пандур (Хал Сити); Одбрана: Јошко Гвардиол (Манчестер Сити), Дује Ќалета-Цар (Реал Сосиедад), Јосип Шутало (Ајакс), Јосип Станишиќ (Баерн), Марин ...

На едно коло пред крајот на првенствата познати се и освојувачите на титулите во младинските категории. Во младинската Супер лига, трофејот им припаѓа на фудбалерите на АП Брера која на една рунда до крајот има 15 бода предност во однос на Вардар додека трет е Работнички со 56. Меѓу петте најдобри во оваа конкуренција се наоѓаат уште Шкендија со 55 и Македонија ЃП со 52 бода. За супериорноста на младинците на АП Брера говори и податокот дека ...

Српски Партизан гради екипа и сериозно работи на создавање моќен тим за следната сезона, а една од најголемите желби на клубот е враќањето на капитенот на Србија, Мијајло Марсениќ. Иако интересот е взаемен, засега сè уште нема конечен договор меѓу двете страни, објави „Моцарт Спорт“. Новиот тренер на „црно-белите“, Раул Гонзалез, во искусниот пивот гледа лидер на новиот проект на Партизан, кој амбициозно се подготвува за напад на титулата и ...

По комплетирањето на повеќето првенства во Европа и крајот на битките за трофеите, познати се сите ривали со кои Вардар може да игра во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Последните дилеми беа во Романија и Ерменија околу тоа кој ќе биде првак, па откако работата е завршена, листите на УЕФА се спремни за квалификациите за првата рунда во елитното друштво. Шамрок Роверс (Ирска) КУПС (Финска) Дрита (Косово) Линколн Ред Импс ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
33%
1014
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
0.89
46%
1012
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.78
46%
1011
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.52
40%
1015
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.21
35%
1013
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
0.45
49%
1011
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
1.79
44%
1015
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.54
40%
1016
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.4
38%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
3.13
44%
1012
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
4.02
48%
1011
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.17
65%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Калај

53.60

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.54

Паладиум

40767.15

Злато

135639.33

Сребро

2186.28

Платина

55170.68

Родиум

257205.97

Бакар

13.01

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09