Манчестер Сити гостува кај Борнмут во претпоследното коло од Премиер лигата и брка победа што би го вратил на два бода од Арсенал и со тоа одлуката на шампион ќе падне во последната рунда. Сепак, малиот клуб од јужна Англија го шокираше богатиот тим од Манчестер и по фантастична тимска акција стигна до водство од 1-0, во 39 минута. Стрелец на голот е младиот Јуниор Крупи, кој е едно од најпријатните изненадувања сезонава во Премиер лигата. ...

Навивачите на италијанскиот Лацио се разочарани од лошите резултати сезонава, па затоа управата веќе ги повлече првите потези, најавувајќи нова ера во клубот. По изјавата на претседателот Клаудио Лотито дека „никој не е незаменлив, па ни тренерот Маурицио Сари“, некои медиуми пренесоа дека на крајот од сезоната на клупата би можел да седне легендарниот Мирослав Клосе (47), кој е поранешен напаѓач на Лацио, а моментално тренер на германскиот ...

Тренерот на Фрајбург, Јулиан Шустер, зборуваше во пресрет на финалето во Лига Европа, каде неговиот тим ќе се соочи со Астон Вила, најавувајќи голема борба и евентуален историски успех за германскиот бундеслигаш. Фрајбург ќе има ретка прилика да се закити со европски трофеј, но Шустер е внимателен и повикува на верба во квалитетите на екипата. „Мислам дека нашата сила сезонава се состои во тоа што постојано веруваме во себе, без разлика ...

Престедателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиѓ, се огласи по повод недоличното скандирање од фудбалерите на Вардар по освоената шампионска титула во Првата македонска лига. Првиот човек на мак-фудбалот изјави дека разговарал и со селекторот на репрезентацијата, Гоце Седлоски, за кого рече дека не ја пее невкусната песна, но дека можеби добро би било да упати извинување до јавноста. „Ја погледнав снимката неколку ...

Екипата на Саутемптон е исфрлена од плејофот за пласман во Премиер лигата по одлука на дисциплинската комисија, откако клубот признал повеќекратни прекршувања на правилата на ЕФЛ поврзани со неовластено снимање тренинзи на противнички екипи. Како последица на одлуката, Мидлсброу сега ќе игра против Хал Сити на 23 мај. Дополнително, Саутемптон доби и казна од минус четири бода за сезоната 2026/27. Од клубот признале дека ги прекршиле правилата ...

Барселона и Џави Пасквал се сѐ поблиску до разделба. За легендарниот Каталонец да остане „дома“, Барса мора да исполни низа ветувања што му ги дала на искусниот стратег уште при потпишувањето на договорот. Преговорите се деликатни, а Барселона многу веројатно финансиски не може да исполни сѐ што бара Пасквал. Затоа сѐ погласни се идеите дека Пасквал наскоро заминува од клубот. На тој начин, тренерското место би останало празно, а изгледа дека ...

Екипата на Мулти Есенс забележа победа во последното коло од Првата лига против Драчево Јуниор (39-25) и официјално се врати во Суперлигата на Македонија. По две години во понизок ранг, Мулти Есенс на убедлив начин се врати во елитното друштво. Со 23 победи и еден пораз, од Младост Богданци и тоа минимален, на вкупно 24 натпревари, Мулти Есенс обезбеди промоција. Најдобар стрелец во тимот на Миле Бочкароски беше Бобан Поповски кој следната ...

Дани Карвахал, капитенот на Реал Мадрид, ќе го напушти „кралскиот“ клуб по 13 години. Искусниот десен бек освои 27 трофеи со тимот од шпанската престолнина (четири титули во лигата, два Купа на кралот, четири Суперкупа на Шпанија, шест Лиги на шампиони, пет европски Суперкупа и шест Светски клупски првенства). Интересно е што Карвахал ја продолжи необичната традиција. Ова ќе биде шеста сезона по ред по која главниот капитен на Мадрид го ...

Малиот португалски клуб Торенсе играл во првата лига само шест пати, никогаш не освоил трофеј во својата историја, но сега еден од нивните играчи ќе игра на Светското првенство. Кога нивниот лев бек Стопира дознал дека е на конечниот список на репрезентацијата на Зеленортски Острови за овогодинешното Светско првенство, во соблекувалната настанала вистински хаос. Се славеше како шампионска победа, Стопира заврши во рацете на своите соиграчи, а ...

Астон Вила ќе се судри со Фрајбург во финалето на Лига Европа. На прес-конференцијата пред натпреварот се обрати искусниот голман Емилијано Мартинез. Тој нагласи дека дуелот со Фрајбург за него носи слични емоции како и првата Копа Америка со Аргентина. „На мојата прва Копа Америка влегов без претходно да сум видел Аргентина да освои трофеј. Имав 26 или 27 години. Ова сега е исто. Навивачите на Астон Вила ми велат дека никогаш не го виделе ...

Фрајбург и Астон Вила ќе се судрат во финалето на Лига Европа. Предводникот на англискиот тим Унаи Емери на прес-конференцијата изјави дека неговиот тим покажа карактер по лошиот старт на сезоната и заслужено е тука. „Останавме многу смирени на почетокот од сезоната. Начинот на кој играчите реагираа беше неверојатен. Ние како тренери моравме да ги туркаме напред, но и тие беа целосно вклучени. Покажаа зрелост, одговорност и професионализам. ...

Антонио Конте ќе го напушти Наполи по крајот на сезоната, пренесуваат италијанските медиуми. Искусниот стратег наводно уште пред еден месец го информирал претседателот Аурелио Де Лаурентис за својата одлука, а разделбата ќе биде во добри односи. Конте ќе замине без обештетување и без претходен договор со друг клуб, а според информациите, тој воопшто не разговарал ниту за нов договор со Наполи. Моментално во Наполи настапива македонскиот ...

Карлос Алкараз официјално го откажа настапот на овогодинешниот Вимблдон, како и на турнирот во Квинс. Шпанскиот тенисер преку социјалните мрежи соопшти дека закрепнувањето оди во добра насока, но сѐ уште не е подготвен за настап на тревната сезона. „Моето закрепнување оди добро и се чувствувам многу подобро, но за жал сѐ уште не сум подготвен за настап. Поради тоа морам да се повлечам од Квинс и Вимблдон. Тоа се два многу посебни турнири за ...

Реакцијата на Нејмар по повикот во репрезентацијата на Бразил за Светското првенство стана вирална на социјалните мрежи и предизвика бројни коментари меѓу навивачите. 34-годишниот напаѓач доби повик во националниот тим првпат по 2023 година, со што заврши неговата долга пауза од репрезентативниот фудбал. Во моментите кога селекторот Карло Анчелоти го изговори неговото име, Нејмар не успеа да ги задржи емоциите. Бразилската ѕвезда заплака од ...

Капитенот на ГРК Охрид, Гоце Ојлески, испрати јасна порака пред еден од клучните натпревари во финишот на сезоната, во кој охриѓани ќе се соочат со Еурофарм Пелистер во директна борба за второто место. Искусното крило потенцираше дека тимот го очекуваат две исклучително важни недели, исполнети со тешки предизвици како на домашната сцена, така и на европската. „Уште две недели имаме до крајот на сезоната во кои ни следуваат многу тешки и важни ...

Фудбалската федерација на Македонија ги делегираше судиите за финалето од Купот на Македонија меѓу Силекс и Шкендија, кое ќе се одигра утре од 20:00 часот на Националната арена „Тодор Проески“. Главен судија на финалниот натпревар ќе биде Игор Стојчевски, кој е еден од најдобрите македонски и интернационален ФИФА судија. Стојчевски е дел и од ментор програмата на УЕФА за елитни судии, каде негов ментор е славниот турски судија Џунејт Чакир. ...

Селекторот на Португалија, Роберто Мартинез го објави списокот за Светското првенство кое летово ќе се игра во САД, Канада и Мексико. На списокот се најдоа 27 фудбалери, а Мартинез откри дека во мислите на репрезентацијата ќе биде и трагично починатиот Диого Жота, кого го нарече „дополнителен играч“ на Португалија. Главна ѕвезда на тимот повторно ќе биде Кристијано Роналдо, а на списокот се и Бруно Фернандеш, Бернардо Силва, Рафаел Леао и ...

Арина Сабаленка, најдобрата тенисерка во светот, даде опширно интервју за „Вог“ во кое зборуваше за тоа како се чувствува кога Украинките не сакаат да ѝ подадат рака по натпреварите. Некои од нив ја обвинуваат дека го поддржува режимот на Александар Лукашенко, други дека не ја користи својата позиција за да го крене гласот против оваа војна. Белорусија не е директен учесник, но ѝ дозволи на Русија да влезе на украинска територија од нејзина ...

Доколку Ти-Џеј Шортс не одлучеше да ги посети тениските терени на престижниот атински клуб, прашање е дали ќе се дознаеше каде и што прави Новак Ѓоковиќ. Тениската ѕвезда е во Атина каде се подготвува за Ролан Гарос, спарингувајќи со младата грчка ѕвезда Рафаел Пагонис. Оваа вест ја откри македонскиот репрезентативец, кој објави фотографии со двајцата тенисери на Инстаграм. Првите натпревари од главната ждрепка на Ролан Гарос започнуваат во ...

Кошаркарите на Пелистер во среда го играат вториот дуел од серијата за третото место против ТФТ, во „Боро Чурлевски“ пред битолската публика. Целта е јасна, по импресивното издание и убедливиот триумф во Скопје за водство од 1-0, на утрешниот дуел со нова победа да се дојде до конечен триумф во серијата и да се освои бронзата за оваа сезона во македонскиот шампионат. „На првиот натпревар покажавме и квалитет и карактер, максимално залагање и ...

Освојувачот на двојната круна во мак-ракометот Вардар 1961 објави дека не е во можност да присуствува на најавената прослава во организација на фудбалскиот клуб Вардар. Во соопштението на ракометниот клуб стои објаснување дека во истиот термин е закажана клупската прослава за играчите, раководството и спонзорите. „АД Ракометен Клуб Вардар 1961 имаше исклучително успешна сезона во која ги обедини титулите во Македонија и имаше успешен настап ...

Фудбаерите на Силекс ќе се судрат со Шкендија во финалето на Купот на Македонија. Освен пехарот, кратовчани со победа можат да си обезбедат и место во евро-куповите ова лето. Силекс има шанса успешната сезона да ја заокружи со трофеј, откако првенството го заврши на четвртото место. Тренерот Александар Васоски очекува тежок натпревар против искусниот тим од Тетово, но верува дека неговата екипа има свои адути. „За нас ова е натпревар на ...

Во таборот на Шкендија владее оптимизам пред утрешното финале во Купот на Македонија. Тетовчани на Градски во Скопје ќе го пречека тимот на Силекс и ќе пробаат по пауза од осум години одново да се радуваат на трофејот во најмасовното натпреварување во Македонија. Тренерот Јетон Беќири потенцира дека неговиот тим ќе влезе максимално мотивирано во борбата за трофејот. „Мислам дека Шкендија по осум години е во финале на Купот и нормално ќе ...

Голем хендикеп за Шкендија на утрешното финале од Купот на Македонија против Силекс ќе биде неиграњето на искусниот напаѓач Бесарт Ибраими. Најдобриот стрелец на тетовскиот тим поради повреда нема да биде во комбинација за настап на дуелот на арената „Тодор Проески“, а со тоа за него сезоната е предвреме завршена. Информацијата беше потврдена на денешната прес-конференција во пресрет на финалниот натпревар. Отсуството на Ибраими претставува ...

Шкендија и Силекс на арената „Тодор Проески“ ќе го одиграат финалето на Купот на Македонија, натпревар кој ќе решава и за последниот трофеј сезонава. Во пресрет на дуелот, капитенот на тетовскиот тим Арбин Зејнулаи порача дека амбициите на Шкендија секогаш се највисоки, без разлика дали станува збор за домашната сцена или настапите во Европа. „Шкендија секогаш пред почетокот на сезоната игра за титули дома и добар настап во Европа. Ова е ...

Силекс утре ќе се бори за трофејот во Купот на Македонија против Шкендија, а капитенот на кратовчани Дарко Анѓелески порача дека неговиот тим е подготвен за најважниот натпревар сезонава. Анѓелески верува во квалитетот на Силекс и очекува добро финале на арената „Тодор Проески“, со надеж дека пехарот на крајот ќе заврши во рацете на кратовскиот состав. „Ова е најважниот натпревар за нас сезонава и подготвени сме да го дадеме максимумот за да ...

Пеп Гвардиола на крајот од сезоната ќе го напушти Манчестер Сити, а англиските медиуми веќе откриваат кој ќе седне на неговото место. Станува збор за италијанскиот стратег Енцо Мареска, кој според информациите има усмен договор со англискиот шампион и наскоро треба официјално да биде промовиран во нов тренер на „граѓаните“. Се очекува Мареска да стави потпис на тригодишен договор со Манчестер Сити, а во него клубот гледа идеална замена за ...

Ели Јуниор Кропи, едно од најголемите откритија во Премиер лигата оваа сезона, би можело да биде изненадувањето за португалскиот селектор Роберто Мартинез на неговиот список за Светското првенство. Дали тоа навистина ќе се случи, ќе се знае денес во 13:00 часот кога Мартинез ќе го објави конечниот список од 26 играчи што ги носи на Светското првенство. Фудбалската федерација на Брегот на Слоновата Коска активно се обидува да го убеди младиот ...

Фудбалската федерација на Македонија денеска објави серија дисциплински мерки поврзани со натпреварите од Првата и Втората македонска лига. Дисциплинската комисија информираше дека е започната постапка против Вардар поради несоодветно и навредливо однесување при прославата на фудбалерите, кое било оценето како дискриминирачко и деградирачко. Покрај тоа, „црвено-црните“ се казнети со 1.000 евра поради употреба на пиротехника од страна на ...

На ракометната мапа во Македонија од оваа сезона се појави и четврти „големец“, а тоа е ГРК Охрид. Клубот од крај Охридсткото езеро се појави срамежливо, со скромни најави и амбиции за тековната сезона. Сепак, како што тргна новиот проект, тренерот Борис Ројевиќ и доста изменетиот состав на „гладијаторите“ продолжи да расте и да расте. Кулминацијата на тоа се гледа сега, пред крајот на сезоната. Тимот од Охрид е во комбинација за втората ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
33%
1014
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
0.89
46%
1012
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.78
46%
1011
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.52
40%
1015
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.21
35%
1013
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
0.45
49%
1011
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
1.79
44%
1015
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.54
40%
1016
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.4
38%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
3.13
44%
1012
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
4.02
48%
1011
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.17
65%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Платина

55170.68

Злато

135639.33

Бакар

13.01

Калај

53.60

Алуминиум

3.54

Иридиум

253540.09

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Родиум

257205.97

Сребро

2186.28

Кобалт

45.39

Паладиум

40767.15