Селекторот на австриската фудбалска репрезентација, Ралф Рангник, го објави списокот на играчи за претстојното Светско првенство во Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада. Како што се очекуваше, нападот го предводи Марко Арнаутовиќ, а во списокот се најде и Давид Алаба иако искусниот бек сезонава беше во втор план во Реал Мадрид. Голмани - Александар Шлагер, Флоријан Вигеле, Патрик Пенц; Одбрана - Давид Афенгрубер, Кевин Дансо, ...

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Теодор Симиќ, има нов клуб и кариерата ќе ја продолжи во Соединетите Американски Држави каде потпиша за еден од клубовите во НЦАА 1 лигата. Симиќ последната сезона ја мина во редовите на Кожув, со кого настапи во Суперлигата на Македонија. Следен предизвик ќе му биде во странство, каде ќе игра „зад барата“ за екипата на УТ Арлингтон од Тексас. 22-годишниот центар од свои 14 години беше надвор од ...

Според грчкиот портал „Тоталбаскет“, Жељко Обрадовиќ е прв кандидат за нов тренер на Панатинаикос доколку дојде до разделба со Ергин Атаман. Грчките медиуми наведуваат дека во Атина сериозно се размислува за враќање на легендарниот српски стратег, човекот кој ја одбележа најуспешната ера во историјата на клубот. „Панатинаикос повторно размислува за враќање на човекот кој ја промени историјата на клубот. Жељко Обрадовиќ е главната желба на ...

Екипите на ГРК Охрид и Еурофарм Пелистер ќе го одиграат последното дерби сезонава во машката ракометна Суперлига. Влогот е голем, тоа е второто место и вицешампионскиот статус кој носи најмалку Европска лига на ЕХФ. Натпреварот меѓу двата тима ќе се одигра на 20 мај со почеток од 18:00 часот. Главни судии во СЦ „Билјанини Извори“ ќе биде битолската двојка Димитар Митревски и Благојче Тодоровски. Делегати на натпреварот се Марјан Начевски и ...

Овој викенд се комплетираа и Третите лиги на Македонија, по што е познато кој ќе игра бараж за влез во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ). Пет третолигаши и три второлигаши ќе се соочат меѓу себе за да ги пополнат местата во ВМФЛ. Од Третата лига доаѓаат екипите на Камјани (Запад), Еуромилк (Север), Влазними (Југозапад), Борец (Југ) и Победа Валандово (Исток). Од Втората лига бараж за опстанок ќе играат Кожуф, Тетекс и Саса. Паровите ќе ...

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот уште во првото коло од квалификациите за Ролан Гарос, откако беше поразена од Сузан Ламенс од Холандија. Холандската тенисерка, која важеше за фаворит во овој дуел, славеше со 6-4 и 6-3 по еден час и десет минути игра. Во првиот сет Ѓорческа успеваше да биде рамноправна во поголем дел од мечот, но Ламенс беше посигурна во клучните моменти и дојде до предност од 1-0 во сетови. Во ...

АБА лигата официјално потврди дека Дубаи ќе го пречека Будуќност во Зеница во првиот натпревар од полуфиналето на плеј-офот. Натпреварот ќе се игра во четврток од 18 часот во арената „Хусеин Смајловиќ“, додека вториот дуел е закажан за 25 мај во Подгорица. Евентуалниот трет натпревар повторно би се играл на неутрален терен, а домаќин формално ќе биде тимот од Дубаи. Одлуката следува откако раководството на АБА лига минатата недела едногласно ...

Селекторот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Златко Далиќ, го објави прелиминарниот список на играчи за претстојното Светско првенство во Канада, Мексико и Соединетите Американски Држави. На списокот на Далиќ се: Голмани: Доминик Ливаковиќ (Динамо), Доминик Котарски (Копенхаген), Ивор Пандур (Хал Сити); Одбрана: Јошко Гвардиол (Манчестер Сити), Дује Ќалета-Цар (Реал Сосиедад), Јосип Шутало (Ајакс), Јосип Станишиќ (Баерн), Марин ...

На едно коло пред крајот на првенствата познати се и освојувачите на титулите во младинските категории. Во младинската Супер лига, трофејот им припаѓа на фудбалерите на АП Брера која на една рунда до крајот има 15 бода предност во однос на Вардар додека трет е Работнички со 56. Меѓу петте најдобри во оваа конкуренција се наоѓаат уште Шкендија со 55 и Македонија ЃП со 52 бода. За супериорноста на младинците на АП Брера говори и податокот дека ...

Српски Партизан гради екипа и сериозно работи на создавање моќен тим за следната сезона, а една од најголемите желби на клубот е враќањето на капитенот на Србија, Мијајло Марсениќ. Иако интересот е взаемен, засега сè уште нема конечен договор меѓу двете страни, објави „Моцарт Спорт“. Новиот тренер на „црно-белите“, Раул Гонзалез, во искусниот пивот гледа лидер на новиот проект на Партизан, кој амбициозно се подготвува за напад на титулата и ...

По комплетирањето на повеќето првенства во Европа и крајот на битките за трофеите, познати се сите ривали со кои Вардар може да игра во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Последните дилеми беа во Романија и Ерменија околу тоа кој ќе биде првак, па откако работата е завршена, листите на УЕФА се спремни за квалификациите за првата рунда во елитното друштво. Шамрок Роверс (Ирска) КУПС (Финска) Дрита (Косово) Линколн Ред Импс ...

Шпанскиот првак Барселона и официјално ја продолжи соработката со Ханси Флик, кој потпиша нов договор до 30 јуни 2028 година, со опција за дополнителна сезона. Германскиот стратег го стави потписот на новиот договор во клупските простории во присуство на потпретседателот Рафа Јусте, спортскиот директор Деко и останати членови на спортската комисија. На церемонијата присуствувал и претседателот Жоан Лапорта. Во само две сезони на клупата на ...

Лино Червар, новиот тренер на Еурофарм Пелистер и еден од најтрофејните ракометни стратези во историјата, со огромни пофалби зборуваше за македонската легенда Кирил Лазаров, кого го нарече најголем ракометар на сите времиња. Хрватскиот стручњак, кој во кариерата освои бројни титули со Хрватска и работеше со некои од најголемите имиња во светскиот ракомет, немаше дилема кога беше запрашан кој е најдобриот играч што некогаш го тренирал. „Кирил ...

Реал Мадрид и официјално потврди дека Дани Карвахал на крајот од сезоната ќе го напушти клубот, откако двете страни не постигнаа договор за продолжување на соработката. Со тоа завршува една од најуспешните ери во историјата на мадридскиот гигант. Карвахал беше последниот активен член од легендарната генерација на Реал која освои дури шест титули во Лигата на шампионите во период од 11 сезони и остави неизбришлива трага во европскиот фудбал. ...

Вардар по претпоследното коло во Првата македонска фудбалска лига и математички ја обезбеди титулата. Со победата над Струга на гости тимот на Гоце Седлоски остана пред конкурентот Шкендија на недостижна дистанца. По овој натпревар реакција за успехот на вардарци пристигна од Лиридон Љатифи. Асот на Шкендија ги „пецна“ противниците со кратка порака на социјалните мрежи. „Направија сè што можат за да ни го одземат трофејот. Длабоко во себе, ...

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги одреди термините за натпреварите од последното коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Веќе се е јасно пред влегувањето во последната рунда, нема никакви дилеми. Фокусот е кон дербито меѓу Вардар и Шкендија. Сабота: 16:00: Арсими - Струга 18:00: Вардар - Шкендија Недела: 16:30: Пелистер - Башкими 16:30: Брера - Шкупи Понеделник: 16:30: Работнички - Тиквеш 16:30: Македонија ЃП - Силекс Од ...

Ракометната селекција на Србија приреди изненадување во бараж-двомечот со Унгарија и се пласира на Светското првенство во Германија во јануари следната година. „Орлите“ во овој бараж влегоа како аутсајдери, но Раул Гонзалез и неговите избраници покажаа невиден карактер и квалитет и заслужено обезбедија мундијалска виза. Последните секунди од реваншот во Веспрем беа стресни, Унгарија имаше напад за победа од два гола, но Србите се одбранија и ...

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике доби сериозна главоболка пред финалето во Лигата на шампионите, откако Осман Дембеле се повреди на натпреварот против Париз во последното коло од Лига 1. Францускиот напаѓач беше заменет уште во 27. минута поради непријатна болка на левата нога, а веднаш потоа замина кон соблекувалната. Иако Дембеле го напушти теренот без видливи проблеми, француските медиуми пренесуваат дека станува збор за истегнување на ...

В среда ќе се одигра 34. финале на Купот на Македонија. Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде домаќин на Силекс и Шкендија кои ќе вкрстат копја за трофејот во ова натпреварување. Фудбалската федерација на Македонија направи убава и оригинална најава на финалето, а во главни улоги беа дресовите на двете екипи. На повеќе локации во градот Скопје, вклучувајќи го и паркот пред Арената беа фотографирани дресовите на Силекс и Шкендија како ...

Голем инцидент го одбележа натпреварот меѓу Нант и Тулуз, кој беше прекинат уште во 22. минута по упад на домашните навивачи на теренот. Револтирани од испаѓањето на клубот во Втората лига, хулиганите предизвикаа целосен хаос на стадионот, а додека фудбалерите и судијката Стефани Фрапар бегаа кон соблекувалните, Вахид Халилхоџиќ остана покрај теренот и тргна кон навивачите. Обезбедувањето се обидувало да го повлече, но легендарниот тренер ...

Фудбалскиот клуб Вардар викендов ќе го одигра последниот натпревар од сезоната во ПМФЛ и тоа против ривалот со кој се бореше за титулата Шкендија. Средбата ќе се одигра в сабота во 18:00 часот на Националната арена „Тодор Проески“, а потоа ќе следува славје. Во Градски парк на „Школка“ ќе се одржи славјето на титулите на фудбалскиот, но и ракометниот клуб Вардар. Славјето е закажано во терминот од 20:00 часот. Најавено е дека ќе има свирка во ...

Кошаркарите на Маџари го загубија првиот меч од финалната серија против МЗТ Скопје (84-77). Дебитантот во елитата се покажа одлично оваа сезона, а по поразот во Аеродром свој коментар даде тренерот Миодраг Тодоровиќ. „Се боревме до самиот крај и го оставивме срцето на теренот. Во одредени моменти ни недостасуваше и малку среќа, а некои наши грешки и изгубени топки беа казнети со лесни поени за МЗТ. Сепак, едно никој не може да ни го одземе - ...

Реал Мадрид и Жозе Мурињо си подадоа рака и се пред нова соработка. Португалецот е многу блиску до нов мандат на „Сантијаго Бернабеу“. Според последните информации, раководството на шпанскиот гигант постигнало целосен договор со португалскиот тренер. Преостануваат само формалностите пред официјалната потврда која би требало да дојде по официјалниот крај на сезоната за „кралевите“. Мурињо треба да потпише договор на две сезони, а неговото ...

Вистински хаос се случи на натпреварот на Сантос, каде што Нејмар по судиска грешка остана без можност да се врати во игра. Бразилецот добиваше медицинска помош покрај аут линијата, а во тој момент четвртиот судија по грешка сигнализирал дека токму тој е заменет. Робињо Жуниор влезе во игра, а кога Нејмар се обиде да се врати на теренот, судиите му соопштиле дека измената веќе е извршена. Нејмар бесно го покажа картонот за измена кон ...

Ракометарите одново ја израдуваа македонската јавност и со убедлива победа во бараж двомечот со Словачка се пласираа на ново Светско првенство. Реваншот се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ пред одлично исполнети трибини, а славјето продолжи по натпреварот. Дел од најмладите добија шанса да се запознаат со ракометарите по крајот на средбата, а имаше и една интересна ситуација. Младо девојче со исцртан натпис му бараше дрес на Никола Митревски. ...

Ракометната репрезентација на Македонија ќе настапи на десетто Светско првенство или осмо во низа, откако убедливо го доби двомечот со Словачка во баражот. Поради новиот успех и продолжувањето на континуитетот на големите натпреварувања, ракометарите ќе добијат и парична награда. Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов, по натпреварот ги извести ракометарите за финансиска премија од 1.500.000 денари за овој ...

Кливленд е во финалето на Источната конференција, откако славеа убедлива победа над Детроит со 125-94 во седмиот натпревар од серијата. Кавалирси без поголеми проблеми го решија решавачкиот дуел и по осум години повторно ќе игра конференциско финале во НБА лигата. Следен противник на Кливленд ќе биде Њујорк, кој претходно со убедливи 4-0 ја елиминира Филаделфија. Најзаслужен за триумфот беше Донован Мичел кој одигра одличен натпревар и ...

Данскиот офанзивец Расмус Хојлунд и официјално ќе остане во Наполи и следната сезона, откако беа исполнети условите од договорот за неговата позајмица од Манчестер Јунајтед. Напаѓачот пристигна во Неапол во последниот ден од летниот преоден рок минатата година, а во договорот меѓу двата клуба постоеше клаузула според која италијанскиот тим мора задолжително да го откупи неговиот договор доколку обезбеди пласман во Лигата на шампионите. Откако ...

Шпанскиот стратег Чави Пасквал би можел наскоро да ја напушти Барселона, пренесуваат медиумите на Пиринеите. Иако во клубот се надеваа на продолжување на соработката, последните информации велат дека искусниот тренер е сè поблиску до излезната врата поради незадоволството од резултатите и плановите за следната сезона. Раководството на каталонскиот гигант веќе разгледува потенцијални наследници, а во наредните денови се очекуваат конкретни ...

Управата на италијанскиот шампион, Интер, ќе го врати Александар Станковиќ, синот на легендарниот Дејан Станковиќ, кој ќе дојде во Милано од екипата на Бриж. Иако се очекуваше Станковиќ да биде дел од составот на „нероаѕурите“ следната сезона, медиумите пишуваат за „генијалноста“ на претседателот Џузепе Бепе Марота, кој има други планови за српскиот фудбалер. Интер има опција да го откупи назад Станковиќ за сума од 21 милион евра, но наместо ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
1.71
30%
1012
weather icon

Белград

33ᴼ / 30ᴼ
3.56
47%
1009
weather icon

Загреб

30ᴼ / 30ᴼ
0.45
42%
1009
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
2.25
38%
1012
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.97
34%
1010
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
1.79
50%
1008
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
4.02
53%
1014
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.05
48%
1015
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
3.3
43%
1014
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
3.58
38%
1010
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
2.68
79%
1011
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
1.08
55%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Рутениум

48965.59

Родиум

257205.97

Иридиум

253540.09

Бакар

13.01

Калај

53.60

Алуминиум

3.54

Сребро

2186.28

Цинк

0.00

Злато

135639.33

Платина

55170.68

Кобалт

45.39

Паладиум

40767.15