Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Кристијано Роналдо не беше дел од церемонијата за доделување на сребрените медали по поразот на Ал-Наср во финалето на Лигата на шампиони 2. Португалската ѕвезда не им се придружи на своите соиграчи и стручниот штаб, кои излегоа на подиумот да го примат признанието за второто место, по неуспехот во финалниот натпревар против Гамба Осака. Ал Наср не успеа да стигне до трофејот, а разочарувањето очигледно беше преголемо за Роналдо, кој реши да ...
Ракометната селекција на Босна и Херцеговина нема настапи на следното Светско првенство кое што се игра на почетокот на јануари следната сезона. Босанците не успеаја да приредат изненадување во вечерашниот реванш натпревар од баражот против Фарски Острови и запишаа нов пораз, овој пат поубедлив – со пет гола разлика. На првиот натпревар во БиХ гостите славеа со 22-24. Покрај првата ѕвезда на Фараните, Митун, кој постигна шест гола, вечерва ...
Кристијано Роналдо пак остана со празни раце и пропушти нова шанса да го освои првиот трофеј откако се пресели во Саудиска Арабија. Неговиот Ал-Наср пред неколку дена на чудесен начин прими гол во судиското надополнување и не успеа предвреме да го обезбеди шампионскиот трофеј во домашниот шампионат, а вечерва саудискиот клуб забележа нов неуспех. Во финалето од азиската Лига на шампионите 2 Ал-Наср среде Ријад беше совладан од Гамба Осака од ...
Елина Свитолина е новата шампионка на Мастерсот во Рим, откако во големото финале по драматична борба ја совлада Коко Гоф со 6-4, 6-7, 6-2. За украинската тенисерка ова беше јубилејна 20-та титула во кариерата и една од најзначајните победи досега. Финалето почна подобро за Гоф, која уште во првиот гем направи брејк и поведе со 4-2. Сепак, Свитолина потоа целосно го презеде ритамот на мечот и со четири последователни гема стигна до пресврт и ...
Расинг Сантандер и официјално обезбеди враќање во Примера, со што овој шпански клуб повторно ќе игра во елитното друштво по пауза од цели петнаесет години. Тимот од Сантандер успеа да ја оствари целта по одличната сезона во Сегунда, а навивачите конечно дочекаа враќање меѓу најдобрите шпански клубови. Расинг последен пат беше дел од Примера во сезоната 2011/12, по што следуваа тешки години, финансиски проблеми и пад во пониските лиги. Сепак, ...
Во првиот контролен натпревар репрезентацијата на Македонија до 14 години ја совлада Малта со 3-2. Серијата погодоци на мечот што се играше на терените на тренинг центарот Петар Милошевски ја отворија гостите со голот на Шејлон Ланзон постигнат во 11. минута Во 22. минута Ангел Симоновски со прецизен удар од 16 метри израмни на 1-1, но само осум минути подоцна гостите повторно имаат предност и тоа со прекрасен гол постигнат со шут на Ланзин ...
Иако Хари Кејн имаше уште една фантастична сезона во дресот на Баерн Минхен, признанието за најдобар играч во Бундеслигата заврши кај неговиот соиграч, Мајкл Олисе. Францускиот офанзивец беше избран за играч на сезоната по импресивните настапи во текот на шампионатот, во кој запиша учинок од 15 голови и дури 20 асистенции. Олисе беше еден од клучните фудбалери во тимот на Баерн и со својата креативност, брзина и ефикасност постојано правеше ...
Екипата на Алкалоид забележа успех во младинските категории откако официјално стана младински првак на Ф4-турнирот кој се одигра во Автокоманда. Во полуфиналето Алкалоид беше поуспешен од „братската“ екипа Мулти Есенс, додека во финалето, екипата славеше над ГРК Охрид (28-20) кој претходно го елиминира Еурофарм Пелистер 2 со гол со звукот на сирената. Полуфиналиња: Алкалоид - Мулти Есенс 24-20 ГРК Охрид - Еурофарм Пелистер 2 14-14 За трето ...
Фудбалскиот клуб Големо Коњари го одигра последниот домашен натпревар во Втората македонска фудбалска лига, со што беше спуштена завесата на една тешка, но чесно изиграна сезона за клубот. Иако тимот ја заврши сезоната на последното место на табелата, од клубот порачуваат дека оваа кампања не ја доживуваат како неуспех, туку како доказ за карактер, пожртвуваност и љубов кон фудбалот. Во текот на целата сезона, Големо Коњари се соочуваше со ...
Хрватската ракометна репрезентација извојува победа над Шведска со 35-31 во вториот пријателски натпревар, откако пред неколку дена загуби со 34-31 од истиот противник во Кристијанштад. И двете селекции веќе се квалификуваа за Светското првенство во 2027 година, па за разлика од повеќето европски екипи, тие не мора да играат дополнителни квалификации. Хрватска го обезбеди своето место на светскиот настан со освојувањето на бронзениот медал на ...
Египетскиот фудбалер Мохамед Салах заминува од Ливерпул, а шпекулациите околу неговата следна дестинација стануваат сè погласни. Иако подолго време најсериозен интерес за египетската ѕвезда покажуваат клубовите од Саудиска Арабија, според турските медиуми постои можност Салах да остане во европскиот фудбал. Наводно, Фенербахче е подготвен максимално агресивно да тргне по потписот на „Фараонот“. Според информациите, клубот веќе воспоставил ...
Чаби Алонсо ѝ се враќа на фудбалската клупа и од следната сезона ќе го води тимот на Челзи. По краткиот и неуспешен престој во Реал Мадрид, шпанскиот стратег добива нова голема шанса. Шпекулациите на британските медиуми денеска добија потврда од Фабрицио Романо, кој објави дека шпанскиот стратег од следната сезона ќе ма нов предизвик. Раководството на „Стемфорд Бриџ“ сакаше што побрзо да го затвори отвореното прашање за тренер на првиот тим ...
Алекс Маркез од Грезини Дукати победи во спринт трката за Големата награда на Барселона, откако во драматичен финиш го совлада Педро Акоста од КТМ. Маркез го презеде водството во третиот круг, додека Акоста накратко ја загуби втората позиција откако беше претекнат од Раул Фернандес во средишниот дел од трката. Сепак, Акоста во осмиот круг успеа да ја врати втората позиција и потоа жестоко го нападна лидерот. Младиот Шпанец го стигна Маркез во ...
Со магијата на Семењо, Манчестер Сити го совлада Челзи во финалето на ФА Купот и стигна до уште еден трофеј. Интересно е што Пеп Гвардиола, кој пред десет години седна на клупата на англискиот тим, има дури дваесет трофеи. OFFICIAL: Pep Guardiola has now won 20 TROPHIES in 10 years at Manchester City. 1x Champions League x6 Premier League x5 League Cup x3 FA Cup x3 Community Shield 1x UEFA Super Cup 1x FIFA Club World Cup ...
Попладнево се одигра последното коло од германската Бундеслига. Одамна е познато дека Баерн е шампион, а Борусија Дортмунд е на второто место. И двата тима го обезбедија своето место во Лигата на шампионите следната година. Покрај нив, во Лигата на шампионите ќе патуваат и Лајпциг и Штутгарт. Хофенхајм и Леверкузен ќе се натпреваруваат во Лигата на Европа, додека Фрајбург, ќе го гледаме во Конференциската лига. На дното од табелата беше ...
Екипата на Брегалница од Штип е на една победа од Првата лига, затоа што на гостински терен славеше над ГФК Осогово со 3-0 и пред својата публика ќе игра за првата позиција и шампионскиот пехар. Штипските „сини“ не дозволија изненадување и релативно лесно си ја решија задачата, за бодови со кои останаа сигурни на врвот, иако зад нив е Скопје. Во последното коло, Брегалница игра дома со веќе испадната Победа. Скопје е на позицијата која води ...
Екипата на Башкими со ефикасно реми против Македонија Ѓорче Петров (3-3) ги реши сите дилеми пред влезот во последното коло од Првата македонска фудбалска лига. Кумановчани и „лавовите“ одиграа динамичен и ефикасен натпревар, а бодовите на крајот се поделија, иако гостите може да жалат што не победија. Така, Башкими заедно со Арсими уште ова коло си обезбеди елитен статус и понатаму, а Пелистер и Брера Струмица завршија во баражот. Околу ...
Екипите на Работнички и Шкупи ќе играат во понизок ранг следната сезона, а во дуелот на испаднатите, славеа „романтичарите“ со убедливи 7-0 (5-0). Мечот на некогашните прваци имаше очигледна разлика ако се земе предвид дека Шкупи игра со младинци оваа сезона и е најлошата екипа во Европа со само еден освоен бод на едно коло пред крајот на македонскиот шампионат. Во првото полувреме на натпреварот во Скопје, Работнички постигна пет гола, а во ...
Екипите на Тиквеш и Пелистер одиграа возбудлив натпревар и ремизираа со конечни 2-2 (2-0) во претпоследното коло од македонската Прва лига. Кавадарчани не го започнаа мечот најдобро, дозволувајќи му на гостинот да создаде неколку добри прилики. Пелистер постојано кружеше околу шеснаесетникот во првите петнаесеттина минути, неколку пати нафрлуваше поопасно кон петерецот, а одлична шанса имаше Стефан Спировски, кој не реализираше од само 5-6 ...
Манчестер Сити е освојувач на ФА Купот за сезоната, откако во финалето на „Вембли“ славеше минимална победа од 1-0 против Челзи. Херој на „граѓаните“ беше Антоан Семењо, кој во 71. минута го постигна единствениот погодок на натпреварот. Финалето донесе голема тактичка битка и многу возбудувања, а првата посериозна закана ја имаше Манчестер Сити преку Ерлинг Халанд, кој дури успеа и да ја затресе мрежата, но погодокот беше поништен поради ...
Фудбалерот на ОФК Београд, Стефан Деспотовски, доби повик од селекторот Гоце Седлоски за претстојните пријателски натпревари на македонската репрезентација, против селекциите на Босна и Херцеговина и Турција. Деспотовски веќе имаше настапи за „рисовите“, а сега се враќа во националниот тим после скоро една година. Забележа солидни настапи за ОФК сезонава, со што го привлече вниманието на селекторот, кој ќе се обиде да го освежи ростерот за ...
Екипата на Баерн Минхен со стил и победа над Келн (5-1) ја заврши шампионската сезона во германската Бундеслига и го подобри голгетерскиот рекорд во Европа во најдобрите пет лиги. Со петте постигнати гола против „јарците“, Баерн Минхен дојде до 122 постигнати гола во топ пет лигите, што е втор најдобар учинок. На листата, бундеслигашот го мина Реал Мадрид кој има 121 гол, додека лидер е Торино кој во сезоната 1947/48 дал 125 гола во лигата. ...
Италијанскиот ас Јаник Синер се пласира во финалето на Мастерсот во Рим, откако во полуфиналето го совлада Данил Медведев со 2-1 во сетови (6-2, 5-7, 6-4) и продолжи со неверојатната серија резултати. Со овој триумф, светскиот рекет број еден го зголеми меѓусебниот скор против Медведев на 10-7, а воедно ја запиша и петтата победа по ред против Русинот. Синер продолжи да испишува историја и на мастерс турнирите, бидејќи ова беше негова 33-та ...
По повеќе од 180 официјални настапи во дресот на Тиквеш, голманот Столе Димовски реши да ја заврши својата играчка кариера, оставајќи зад себе голема трага во клубот. Кариерата на Димовски започна во 2008 година во Хоризонт Турново, а се до Тиквеш, се движеше преку Металург, Тетекс, пак Турново, Борец и Македонија ЃП. За него последен дуел е против Пелистер, затоа доби почести и од двата тима. Пред стартот на мечот, фудбалскиот клуб Пелистер ...
Хартс беше на само неколку минути од историска титула во Премиер лигата на Шкотска, но Селтик со пресврт и победа од 3-1 ги урна сите соништа на тимот од Единбург. Со триумфот на „Селтик Парк“, „Келтите“ стигнаа до петта титула по ред и рекордна 56-та шампионска круна во својата историја. Хартс во последното коло пристигна во Селтик Парк со бод предност на табелата и знаеше дека сè освен пораз ќе му ја донесе првата титула уште од 1960 ...
Хрватскиот голман Кристијан Пилиповиќ по крајот на сезоната со ГРК Охрид ќе има кратка азиска авантура, откако е ангажиран од Ал Калеј за настап во азиската Лига на шампиони. Турнирот ќе се одржи во Кувајт во периодот од 6 до 16 јуни, а победникот ќе обезбеди пласман на Светското клупско првенство. Хрватскиот голман ќе биде едно од засилувањата на саудискиот тим за овој турнир, а претходно Ал Калеј го потврди и ангажманот на левиот бек на ...
Селтик е нов шампион на Премиер лигата на Шкотска, откако во драматичен меч направи пресврт и го совлада Хартс со 3-1. Херој на „Келтите“ беше Дајзен Маеда, кој во 88. минута го постигна клучниот погодок што ја донесе титулата во Глазгов. Така Селтик стигна до 14-та титула во последните 15 сезони и повторно ја продолжи доминацијата на „Олд Фирм“ во шкотскиот фудбал. За Хартс ова беше историска шанса да стане шампион за првпат од 1960 година, ...
Во март минатата година, за првпат, Џани Инфантино најави концерт на полувремето од финалето на Светското првенство. Како што се приближуваме кон почетокот на Светското првенство, оваа тема станува една од оние за кои се зборува сè повеќe. Три церемонии на отворање на Светското првенство, по една во секоја земја домаќин. Листата на изведувачи кои ќе ги забавуваат навивачите е долга, секоја церемонија ќе трае деведесет минути. И не е спорно ...
Младинската репрезентација на Македонија ги комплетира контролните натпревари во Србија, каде одигра два пријателски дуели против соодветната селекција на Србија во рамки на подготовките за претстојните предизвици. Во првиот натпревар, македонските ракометари прикажаа одлична игра и стигнаа до победа од 33-31. Само еден ден подоцна, Србија возврати и славеше со 32-25 во вториот контролен натпревар. Двата меча беа важен дел од подготовките на ...
Кошаркарот на шпанска Валенсија, Жан Монтеро, е избран за МВП на плејофот во Евролигата, откако го предводеше својот тим до историски пласман на првиот Фајнал-фор турнир во клупската историја. 22-годишниот бек блескаше во серијата против Панатинаикос, во која шпанскиот тим успеа да направи неверојатен пресврт од 0-2 до 3-2 и да се пласира меѓу четирите најдобри екипи во Европа. Монтеро доминираше во речиси сите статистички категории. Имаше ...