Поранешниот англиски репрезентативец и тренер, Мајкл Керик, е пред потпис на официјален договор со Манчестер Јунајтед, а според најавите соработката би требало официјално да биде потпишана во недела. Англиските медиуми пренесуваат дека Керик веќе ги договорил условите со „ѓаволите“ и остануваат само уште финалните детали пред официјалната промоција. Керик, кој во минатото го водеше Мидлсброу, важи за еден од перспективните млади тренери на ...

Норвежанецот Каспер Руд е првиот финалист на Мастерс турнирот во Рим, откако убедливо славеше над Лучијано Дардери со 2-0 во сетови, односно 6-1 и 6-1. Руд целосно доминираше против домашниот тенисер и ја продолжи одличната форма на земјена подлога оваа сезона. Норвежанецот направи неколку брејка уште во првиот сет, кој накратко беше прекинат поради дожд во Рим. По паузата ништо не се промени на теренот. Дардери имаше и проблеми со повреда, а ...

Успешна е годината на скопскиот бренд Вардар, бидејќи на тронот по ракометарите, се вратија и фудбалерите. Фудбалскиот клуб Вардар на коло пред крајот и математички ја осигура титулата во ПМФЛ со победата во дербито со Струга (0-1). По победата честитки доаѓаат од сите страни, па и од ракометниот клуб кој со фраза од една песна на „Комити“ им честита на фудбалерите. „РК Вардар со голема чест и задоволство ја честита шампионската титула во ...

Гоце Седлоски ја освои титулата со Вардар, а сега ќе ѝ се посвети на репрезентацијата. За легендата, ова беше четврта титула во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Тренерот на Вардар ја освои својата трета титула на клупата на црвено-црните, откако претходно беше најдобар во сезоните 2015/16 и 2016/17. Седлоски има и титула со Шкупи, тоа му носи четири одличја во мак-фудбалот. На листата на тренери-освојувачи на мак-фудбалот, Седлоски е ...

Шкендија го предаде тронот во македонскиот фудбал на Вардар, но како второпласирана ќе игра во Конференциската лига на УЕФА, натпреварување во кое имаше европска пролет оваа сезона за првпат во историјата. Импресивен е податокот што Шкендија е тим со најдолги учества во евро-куповите од Македонија кога се бројат сезоните по ред. Тринаесет сезони во низа, почнувајќи од сезоната 2014/15, тетовчани играат во еден од европските натпреварувања на ...

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар и официјално е шампион на Македонија со победата кај Струга Трим Лум (1-0) во претпоследното коло. Клубот ја освои дванаесеттата титула во мак-фудбалот и е рекордер. Но, на клубот допрва му следат уште неколку „важни битки“. Тоа се обнова на договорите со носителите на играта кои ја извадија оваа сезона и ја направија успешна. За Стефан Цветковиќ, Србинот кој дојде како замена за Роџерс Мато, од ...

Фудбалерите на Шкендија ја исполнија својата цел, ја победија Брера Струмица (2-1) во претпоследниот натпревар од сезоната во ПМФЛ. Сепак, го загуби тронот во мак-фудбалот бидејќи и Вардар го доби својот дуел од оваа рунда и математички ја обезбеди титулата. Долго време струмичани се бранеа и одолеваа на „Градскиот стадион“ во Тетово, меѓутоа отпорот пукна во вториот дел. Прво резултатот беше отворен во 52. минута со голот на Фабрис Тамба. ...

Вардар по шест години се врати на тронот во македонскиот фудбал, а за тоа добива и место во квалификациите за Лигата на шампионите каде последен пат играше во 2017 година, онаа историска евро-сезона до групите во Лига Европа. Заради слабиот коефициент и фактот дека не играл долго време во Европа, Вардар ќе биде меѓу неносителите. Познати се скоро сите потенцијални ривали, а листата ќе биде комплетирана по крајот на шампионатите на Ерменија и ...

Екипата на Вардар на едно коло пред крајот и официјално е шампион на Македонија! Црвено-црните дојдоа до победа на гостувањето кај Струга (0-1) и го решија прашањето околу битката за врвот на табелата пред последното коло и мега-дербито во Скопје. Единствениот погодок на натпреварот во градот крај езерото падна во раната фаза, кога во петтата минута, Стефан Цветковиќ ја казни лошата координација на одбраната со голманот Ангелети. При обид да ...

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на објавата на влегувањето на нови спонзори во ракометниот клуб Еурофарм Пелистер. Станува збор за групацијата на „Пелистерка“, „ЗК Пелагонија“ и „Здравје Радово“. Претседателот на клубот Зоран Стерјeв кажа дека во изминатиот период многу интензивно работеа на продолжување на ракометната платформа заедно со општината, на привлекување дополнителни спонзори кои што ќе го зајакнат ...

Тиквеш ќе има посебен и емотивен момент на саботниот натпревар против Пелистер, бидејќи клубот ќе се прости од својот долгогодишен голман Столе Димовски (43), кој официјално става крај на професионалната кариера. Натпреварот нема да биде само првенствен дуел и хуманитарен настан, туку и можност навивачите да му кажат едно големо „благодарам“ на човекот кој со години беше симбол на клубот од Кавадарци. По повеќе од 180 официјални настапи во ...

Селекторот на македонската репрезентација до 14 години, Горан Георгиевски, го објави списокот на повикани фудбалери за двата контролни натпревари против соодветната селекција на Малта. Контролните средби ќе бидат одиграни на 16. и 18. мај, а овие натпревари ќе претставуваат одлична можност за младите фудбалери да стекнат меѓународно искуство и да го покажат својот потенцијал во дресот на Македонија. Максим Мечкаровски (Форца), Дамјан ...

Селекторот на фудбалската репрезентација на Белгија, Руди Гарсија, го објави конечниот список на играчи за претстојното Светско првенство, каде ќе гледаме комбинација од искусни фудбалери и неколку помлади имиња. Во тимот повторно се најдоа најголемите ѕвезди на белгискиот фудбал, кои ќе имаат задача да ја предводат селекцијата во борбата за висок пласман на Мундијалот. Очекувано, во составот се и носителите на играта од средниот ред и ...

Екипата на Вардар игра меч за шампионска титула против Струга, а победа или реми во градот крај езерото ќе ги вратат црвено-црните на тронот. И по само пет минути игра, вардарци го дадоа посакуваниот гол. По една лоша комуникација на одбраната и голманот Ангелети на Струга, топката ја украде Стефан Цветковиќ и погоди за предност од 0-1. Стефан Цветковиќ е еден од најдобрите играчи на Вардар оваа пролет. Екипата на Вардар игра меч за ...

Драмата околу настапите на кошаркарскиот клуб Дубаи во АБА лигата продолжува, откако клубот од Обединетите Арапски Емирати наводно се заканил со напуштање на регионалното натпреварување. Новајлијата во АБА лигата сакаше повторно да ги игра домашните натпревари во Дубаи, откако претходно беше принуден да настапува на неутрален терен. Од клубот испратиле допис до Будуќност и Клуж, за да проверат дали постојат административни пречки за патување ...

Најдобриот ракометар на денешницата, Данецот Матијас Гидсел, отворено проговори за проблемите со кои се соочувал кога станал вистинска ѕвезда на овој спорт. Играчот на Фуксе Берлин се наврати на Светското првенство во Египет, кое се одржа во 2021 година, кога Данска го освои златниот медал, истакнувајќи дека едвај успеал да се носи со огромниот притисок од јавноста. „Половина нација седеше пред ТВ-екраните и очекуваше од мене добри партии. ...

Македонската фудбалска репрезентација на 1 јуни ќе одигра пријателски натпревар против Турција во Истанбул. Натпреварот ќе се одигра на стадионот „Шукру Сараџоглу / Чобани“ со почеток во 19:30 часот по македонско време. Репрезентацијата на Турција е учесник на Светското првенство 2026 и ќе биде сериозен тест за избраниците на селекторот Гоце Седлоски. Претходно, најдобрата македонската репрезентација на 29. мај ќе одигра контролен натпревар ...

Украинката Елина Свитолина не го криеше задоволството после победата над Ига Швјонтек, истакнувајќи дека полуфиналниот дуел со Полјачката бил вистински предизвик, но и празник за публиката. Свитолина успеа повторно да се пласира во големото финале на Мастерсот во Рим, каде ќе се бори за трофејот во мечот против Американката Коко Гоф. „Чувството е неверојатно. Супер е што повторно сум во финалето на овој турнир. Минаа неколку години, но јас ...

Селекторот на Јапонија, Хаџиме Моријасу, го објави списокот на играчи на кои смета за претстојното Светско првенство во Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада. Во списокот на селекторот нема две големи ѕвезди на јапонскиот фудбал. Коару Митома од Брајтон се повреди минатиот викенд против Вулверхемптон и поради тоа нема да биде во можност да им помогне на своите соиграчи на претстојниот Мундијал. „Медицинскиот тим процени дека ќе му ...

Тренерот на Пелистер, Марјан Секуловски, испрати јасна порака пред претстојниот предизвик против Тиквеш – фокусот е исклучиво на сопствениот настап и максимален ангажман на теренот. Битолскиот стратег истакна дека неговиот тим оди чекор по чекор и дека секој нареден натпревар е нова приказна. Според него, Тиквеш е еден од најквалитетните тимови во шампионатот, па затоа Пелистер го очекува тежок и неизвесен дуел. „Одиме натпревар по натпревар. ...

Тешка е мисијата на Шкендија во обидот да ја одбрани титулата во ПМФЛ. За да има уште надеж, тетовскиот тим ќе мора да ја победи АП Брера, и Вардар да загуби од Струга ТЛ, а потоа во последното коло да го победат Вардар на гости. Токму од тука тетовци ќе мора прво да ја завршат својата обврска, да го победат тимот на АП Брера. „Немаме друга опција освен да победиме и да чекаме позитивен резултат за нас од Струга. Се додека има и најмала шанса ...

Македонскиот суперлигаш Еурофарм Пелистер, го претстави своето ново засилување за следната сезона. Во Битола доаѓа талентираниот босански ракометар Едвин Џелиловиќ. Се работи за 23-годишно десно крило, кое во битолскиот суперлигаш ќе пристигне од редовите на Извиѓач. „Талентот и квалитетот е неспорен, затоа патиштата ни се спојуваат. Босанскиот интернационалец Едвин Џелиловиќ е нов член на Еурофарм Пелистер. 23-годишното десно крило од Тузла ...

Во пресрет на големото финале на Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Арсенал, еден од хероите на парискиот тим, голманот Матвеј Сафонов, се најде во центарот на сосема неочекувана приказна. Рускиот чувар на мрежата доби бизарна понуда од актерка од филмови за возрасни, на што брзо духовито реагираше и неговата сопруга. Порно актерката Мери Рок јавно му вети на Сафонов „жешка ноќ“ за секоја одбрана што ќе ја забележи во финалето на Лигата на ...

Пеп Гвардиола и Манчестер Сити се обидуваат на сите начини да ја освојат шампионската титула, иако во овој момент изгледа дека таа е многу поблиску до Арсенал. Арсенал е многу блиску до освојување на титулата по пауза од 22 години. Тимот на Микел Артета држи сè во свои раце и за титулата му се потребни две победи во преостанатите два натпревари. Најпрво, на 18 мај ќе го пречека Барнли, а потоа на 24 мај ќе гостува кај Кристал Палас. Барнли ...

Никакво резултатско значење за Силекс нема денешната пресметка со Арсими. Кратовскиот тим е сигурен на четвртата позиција, а за нив приоритет ќе биде финалето на Купот на 20. мај. Затоа сосема растоварено влегуваат кратовци во денешниот меч. „Одиме како и на секој меч на победа, иако овој натпревар нема резултатско значење. За нас поважно е финалето на Купот каде го сакаме трофејот. Затоа овој дуел ќе ни биде еден вид подготовка за финалето”, ...

Српскиот тениски ас и еден од инвеститорите во францускиот клуб Ле Ман, Новак Ѓоковиќ, му честиташе на клубот за пласманот во Лига 1 по фантастичната сезона. Ле Ман ја круниса одличната сезона со враќање во елитните редови на францускиот фудбал, а поддршката на еден од најголемите спортисти на сите времиња дополнително го разубави големото славје на клубот. Патем, Ле Ман се врати во елитата на францускиот фудбал по 17 години. „Им честитам на ...

Финалето од плејофот на Чемпионшип, во кое Саутемптон и Хал треба да одлучат која екипа ќе патува во Премиер лигата, би можело да биде одложено поради истрагата на ЕФЛ. Според „ББС Спорт“, независна дисциплинска комисија го разгледува случајот познат како „Spygate“, а рочиштето треба да се одржи најдоцна во вторник, 19 мај. Саутемптон е обвинет од ЕФЛ за кршење на правилата со наводно следење на тренингот на Мидлсбро пред првиот натпревар од ...

Лидерот во домашното фудбалско првенство Вардар, попладнево гостува во Струга каде со освоен еден бод може да ја завери шампионската титула, трофеј кој во клубот се чека шест години. На две кола пред крајот “црвено-црните” имаат шест бода предност во однос на директниот конкурент Шкендија од Тетово. Составот предводен од Гоце Седлоски на гостувањето во Струга заминува со низа од пет победи или вкупно седум натпревари без да се почувствува ...

Светската фудбалска федерација (ФИФА) воведе забрана за регистрација на засилувања на Црвена Звезда, ексклузивно објави „Спорт Клуб“. Казната важи до летото 2027 година, или додека не се намири долгот во еден од случаите што се завршени пред Судот на ФИФА. Одлуката е донесена пред неколку дена во Мајами, седиштето на Дисциплинската комисија на светската фудбалска организација. На Црвена Звезда ѝ е дадена можност да го регулира долгот во ...

АП Брера има мисија да се обиде да го избегне баражот во последните две кола од Првата фудбалска лига. Во моментов, има три бода помалку од Арсими и четири од Башкими, и јасно е дека ќе може тоа да го стори само доколку успее да стигне до позитивен резултат на денешното гостување кај Шкендија во Тетово. По ремито против Работнички во минатото коло, задачата на Брера е отежната, но шанси сѐ уште постојат. „Одиме во Тетово со цел да одиграме ...

Цезар салата

51 минута - МИА
weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.06
32%
1011
weather icon

Белград

31ᴼ / 29ᴼ
3.65
46%
1007
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
3.21
57%
1008
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
1.85
47%
1012
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.3
42%
1010
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 24ᴼ
1.79
54%
1009
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
3.58
56%
1013
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.64
50%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.88
49%
1014
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
6.26
41%
1009
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
3.13
64%
1010
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
0.61
57%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Рутениум

48965.59

Платина

55170.68

Иридиум

253540.09

Злато

135639.33

Родиум

257205.97

Калај

53.60

Паладиум

40767.15

Алуминиум

3.54

Бакар

13.01

Кобалт

45.39

Сребро

2186.28

Цинк

0.00