Интер продолжува со шампионското славје во Милано, откако пред неколку дена ја освои „двојната круна“ со титулата во Серија А и триумфот во Купот на Италија. Иако „нераѕурите“ не успеаја да слават против Верона и одиграа 1-1 во претпоследното 37. коло, тоа не ја расипа атмосферата пред големата прослава со навивачите. Тренерот Кристијан Киву ротираше дел од составот против тимот кој следната сезона ќе настапува во Серија Б, а Интер долго ...

Ракометната репрезентација на Грција направи уште еден подвиг и сензација, па ќе игра на Светското првенство (СП) кое во 2027 година ќе се одржи во Германија. По домашната победа над Холандија, нашиот јужен сосед славеше убедливо и како гостин со резултат 33-38 против селекцијата која важеше за огромен фаворит пред овој двомеч. „Хелените“ така ќе играат на второ Светско првенство во историјата, по она во 2005 година. Мундијал обезбеди и ...

Фабио Ди Џанантонио триумфираше на хаотичната трка за Големата награда на Каталонија, обележана со бројни инциденти, три старта и тешки падови поради кои двајца возачи беа пренесени во болница. Трката на патеката Каталуња почна драматично, а така и заврши. Педро Акоста водеше во најголем дел од викендот, но во 12. круг од првиот старт доживеа дефект на својот мотор од КТМ. Во моментите кога се бореше со Алекс Маркез за првата позиција, Акоста ...

Шеј Гилџис-Александер е новиот МВП на НБА и втора сезона по ред ја освојува најпрестижната индивидуална награда во најсилната кошаркарска лига во светот. Ѕвездата на Оклахома Сити Тандер повторно имаше фантастична сезона и беше лидер на тимот кој втора година по ред заврши меѓу најдобрите во лигата според бројот на победи и нет-рејтингот. Во текот на сезоната, Гилџис-Александер бележеше просек од 31.1 поени, 4.3 скока и 6.6 асистенции по ...

Стефан Петриќ, ракометарот на ГРК Охрид, успешно беше опериран на десното колено во Загреб. Петриќ во изминатиот период настапуваше со болки, но сепак му помагаше на тимот во важните натпревари од сезоната. Од клубот му посакаа успешно закрепнување и што побрзо враќање на ракометните терени, каде што беше еден од важните играчи во составот на охридскиот тим. Стефан Петриќ, ракометарот на ГРК Охрид, успешно беше опериран на десното колено во ...

Манчестер Јунајтед стигна до нова победа во Премиер лигата, откако на Олд Трафорд го совлада Нотингем Форест со 3-2 во претпоследното коло од сезоната. Натпреварот имаше и емотивен момент уште пред стартот, бидејќи навивачите му приредија специјално збогување на Каземиро, кој го одигра својот последен меч во дресот на Јунајтед на „Олд Трафорд“. Домашниот тим поведе уште во петтата минута. По одбиена топка, Лук Шо се најде на вистинското ...

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа во текот на следната недела ќе биде дел од квалификацискиот дел од женскиот турнир на Гренд слем турнирот Ролан Гарос во Париз. Таа во првата рунда од квалификациите ќе игра против Сузан Ламенс од Холандија. Нејзината прва ривалка Ламенс има 26 години и се наоѓа на 124. место на ВТА листата и е рангирана како 17. носителка на квалификацискиот турнир. Оваа година Лина Ѓорческа имаше настап и на првиот Грен ...

Педро Акоста и Алекс Маркез имаа страшен судир кој ја заледува крвта. Најважната вест по тешкиот инцидент на трката за Големата награда на Каталонија е дека сите возачи, вклучувајќи го и Маркез, се свесни. Несреќата се случи по драматичен момент во борбата за првото место меѓу Акоста и Маркез. Во 12. круг пукна задната гума на моторот на Акоста од КТМ, по што младиот Шпанец нагло забави. Во тој момент дојде до страничен контакт со мотоциклот ...

Дебитантот во Суперлигата, екипата на Маџари, доби сериозен удар пред стартот на финалната серија со МЗТ Скопје, откако поради повреда во наредниот период нема да може да смета на еден од своите најважни кошаркари Џејвон Грин. Од клубот јавно му се заблагодарија на Грин за огромниот придонес, борбеноста и посветеноста што ги покажал во досегашниот дел од сезоната, во која Маџари стигна до историски успех и пласман во финалето уште во првата ...

Репрезентацијата на Македонија ја очекува домашен дуел со Словачка на кој ќе брани висока позитива од првиот меч во баражот за Светското првенство (СП) 2027 година. Селекторот Кирил Лазаров за оваа средба направи две промени во составот. На местото на Томислав Јагуриновски и Валентин Карасманакис во ростерот се Филип Николов и Марко Стојковиќ. Натпреварот меѓу Македонија и Словачка се игра од 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“ ...

Битката за Лигата на шампионите ќе „гори“ до последното коло во Италија, но изгледа дека Јувентус ќе извиси во неа, затоа што „бјанконерите“ загубија на домашен терен против Фиорентина (0-2) како огромни фаворити, а од тоа профитираа Милан, Рома и Комо со победи. Јувентус беше третопласиран, но виолетовите ги шокираа фудбалерите во Торино и така ги исфрлија од зоната за елитата. Наполи со победата кај Пиза (3-0) си обезбеди ЛШ и мирно ...

Неверојатен автогол беше виден во молдавскиот фудбал на натпреварот меѓу Реал Сирети и Огузспорт во четвртфиналето од плеј-офот во Втората лига, кој заврши со победа од 5-2 за домашниот тим. Несекојдневната ситуација целосно ги збуни фудбалерите на теренот. Домашните беа во напад и еден од играчите упати топка во шеснаесетникот, а таму лежеше играчот Валентин Ребеја. Голманот во еден момент отиде да провери како е неговиот повреден соиграч, ...

Првиот тренер на Маџари, кој ќе биде наредниот предизвикувач на МЗТ Скопје во финалето, Миодраг Тодоровиќ, најавува борба во првото финале на дебитантот до последниот атом на енергијата. „Пред се, сакам да им честитам на двете екипи за влез во финалето. Интересно е дека првенството оваа година започна со натпреварот МЗТ Скопје – Маџари, а така и ќе заврши. Што се однесува до мојата екипа, едно сигурно знам, дека ќе дадеме се од себе, Секој ...

Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас ја забележа третата асистенција во дресот на Наполи оваа сезона во Серија А. Елмас асистира при вториот гол на Наполи на гостувањето кај Пиза (0-2). Македонскиот играч нафрли од корнер, а во скокот најдобар беше Амир Рахмани кој со глава шутираше и донесе двојно водство. Претходно оваа сезона Елмас беше уште двапати асистент во калчото против Рома и Интер, додека една асистенција забележа и против ...

Новиот македонски репрезентативец Дани Мусовски имаше неочекуван проблем на последниот натпревар на неговиот Сиетл Саундерс. Мусовски ја доби довербата на тренерот и беше стартер, меѓутоа по само 12 минути беше заменет. Македонскиот репрезентативец имаше судир со глава со еден противнички играч и падна на тревникот. Според видео снимките, делува дека Мусовски остана без еден заб по тој судир. Seattle Sounders striker Danny Musovski lost a ...

Во „бурата“ на реакции поради славјето на играчите на Вардар со навредлива песна кон битолчани се приклучи и фудбалскиот клуб Пелистер. <<< - ПОВРЗАНО - Вардарци недолично славеа титула: Се огласи и Министерството за спорт! (ВИДЕО) Битолскиот клуб преку социјалните мрежи го осуди навредливото однесување од страна на играчите на Вардар. Пелистерци посочија дека почитта мора да биде над ривалството нарекувајќи ја прославата примитивна. ...

Жозе Мурињо по крајот на сезоната со Бенфика на последната прес-конференција отворено зборуваше за неговата иднина. Секако дека доби прашање за Реал Мадрид, а изненадувачки неговоот обраќање го отвори со изјавата дека огромни се шансите да остане во Бенфика. Според неговите зборови, Реал не се одбива и со добра понуда може да го намамат, ама постојат изгледни шанси и да остане. „Во овој момент 99% останувам во Бенфика, затоа што имам договор ...

Кошаркарите на МЗТ Скопје ќе го дочекаат Маџари во првиот финален натпревар во Суперлигата на Македонија. Аеродромци го бранат тронот во мак-баскетот, а противник ќе им биде овогодинешниот хит, дебитантот во елитата Маџари. Пред стартот на финалната серија своите очекувања ги сподели тренерот Васко Атанасов. Тој покажа почит кон ривалот, меѓутоа нагласи дека МЗТ е фаворит. „Финалето носи посебен предизвик, како круна на сезоната во која сте ...

Кошаркарот на Минесота, Џејден Мекдениелс, имаше само пофални зборови за Виктор Вембањама по елиминацијата на Минесота Тимбервулвс од Сан Антонио Спарс во полуфиналето на Западната конференција. Спарси славеа со 4-2 во серијата, а францускиот центар уште еднаш покажа зошто важи за еден од најдоминантните дефанзивци во НБА. Посебна тежина на овие зборови им дава фактот што и самиот Мекдениелс се смета за еден од најдобрите дефанзивци во ...

Ракометната репрезентација на Македонија брка заверка на пласманот на шеснаесетти голем собир во низа. Вториот дел од пречката во името на Словачка треба да биде релативно полесен откако славевме со 24-31 на првиот меч од баражот на Светското првенство во Прешов, па сега на домашен терен треба рутински да се заврши задачата. Избраниците на Кирил Лазаров на гостинскиот натпревар покажаа дека се фаворити. Нашата репрезентација одигра убедлив ...

Челзи и официјално го потврди Чаби Алонсо за нов менаџер на првиот тим од следната сезона. Шпанскиот стратег официјално ќе ја преземе функцијата од 1 јули и ќе стартува со подготовките за новата сезона. Шпанецот со клубот од „Стемфорд Бриџ“ потпиша четиригодишен договор. Алонсо зад себе има одлични тренерски резултати и важи за еден од најперспективните млади тренери во Европа, па во Лондон веруваат дека токму тој е човекот кој треба да го ...

Даниел Карвахал официјално ќе го напушти Реал Мадрид на крајот од сезоната, после цели тринаесет години минати во славниот шпански гигант. Искусниот десен бек останува без договор, а иако постоеја најави дека би можело да дојде до продолжување на соработката, тоа сепак нема да се случи. Карвахал во последните години имаше сериозни проблеми со повредите, а со оглед на тоа што има 34 години, во клубот процениле дека е време за промени во тимот. ...

Лацио повеќе нема никакви натпреварувачки амбиции оваа сезона, откако го пропушти трофејот во Купот на Италија, но Рим отсекогаш знаел што е најважно - победа во дербито! Рома се врати во борбата за Лигата на шампионите со серија одлични резултати, но за да се обиде да стигне до елитното натпреварување потребно е да ги победи, прво „небесно-сините“, а потоа и Верона во последното коло. Интересно е што „волчицата“ не успеа да победи во ниту ...

Фудбалерот на Борусија Менхенгладбах, Харис Табаковиќ, заработи повреда на натпреварот од Бундеслигата против Хофенхајм, напуштајќи го теренот уште во 34. минута. Табаковиќ успеа да се запише во листата на стрелците, но го напушти теренот во грч и болка - момент што најмногу ги загрижи навивачите на Босна и Херцеговина, која ја очекува настап на Светското првенство. Офанзивниот фудбалер ќе изврши дополнителни прегледи, но јасно е дека постои ...

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, после поразот од Астон Вила (4-2), изјави дека навивачите имаат право да бидат лути, ветувајќи далеку подобри резултати следната сезона. Холанѓанецот пред само два дена беше убеден дека ќе биде предводник на „црвените“ и следната година, а овој пат се осврна и на летниот преоден рок, со надеж дека тимот ќе се случи „освежување“ на тимот. „Разбирам дека навивачите се чувствуваат како да немаат самодоверба, ...

Италијанскиот фудбалер Стефан Ел Шарави најави дека по истекот на сезоната ќе ја напушти екипата на Рома, после вкупно десет години минати во дресот на „волчицата“. Екс-репрезентативецот на Италија изрази голема благодарност до клубот, но и до навивачите, истакнувајќи дека љубовта за Рома останува во длабоко во неговото срце. „Постојат места кои стануваат вистински дом. Овој клуб за мене значи живот, тука има прекрасни луѓе, а јас имав многу ...

Турскиот центар Омер Јуртсевен и официјално е нов кошаркар на Реал Мадрид, објави славниот шпански гигант. По завршувањето на сезоната во НБА лигата, 27-годишниот кошаркар реши да се врати во Европа и кариерата да ја продолжи во редовите на „кралскиот клуб“, кој мораше дополнително да ја засили центарската линија за крајот на оваа и за следната сезона. Јуртсевен во НБА настапуваше за Мајами и Јута, а во изминатата сезона играше во развојната ...

Раководството на АБА лигата ја преиначи претходната одлука и му дозволи на тимот на Дубаи да ги игра натпреварите од плеј-офот на домашен терен, во својата„Кока-Кола Арена“. Претходно, лигата донесе одлука клубот од Обединетите Арапски Емирати да биде домаќин на неутрален терен поради безбедносни и организациски причини, што предизвика бурни реакции во регионалната кошаркарска јавност. Од таборот на Дубаи остро реагираа, посочувајќи дека ...

Екипата на АЕК од Атина пред само три дена ја освои шампионската титула во Грција, а еуфоријата меѓу навивачите воопшто не се намалува и поставува нови граници. На тренингот пред мечот од последното коло против Олимпијакос, играчите и стручниот штаб биле „посетени“ од дури 20.000 навивачи, кои им дале френетична поддршка на своите миленици и шампиони. Најверните фанови ја нарекоа посетата на тренингот како „увертира“, најавувајќи вистинска ...

Необична ситуација се појави во Тунис откако селекторот Сабри Ламуши откри зошто еден од најголемите таленти на земјата не се нашол на поширокиот список за Светското првенство. Станува збор за младиот Луи Бен Фархат, фудбалер на Карлсруе, за кого Ламуши признал дека сериозно сметал да биде дел од репрезентацијата на Мундијалот. Сепак, работите добиле неочекуван тек по разговорот со таткото на фудбалерот. „Имав намера да го повикам за ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
1.71
30%
1012
weather icon

Белград

33ᴼ / 30ᴼ
3.56
47%
1009
weather icon

Загреб

30ᴼ / 30ᴼ
0.45
42%
1009
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
2.25
38%
1012
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.97
34%
1010
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
1.79
50%
1008
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
4.02
53%
1014
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.05
48%
1015
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
3.3
43%
1014
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
3.58
38%
1010
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
2.68
79%
1011
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
1.08
55%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Кобалт

45.39

Бакар

13.01

Родиум

257205.97

Калај

53.60

Злато

135639.33

Платина

55170.68

Паладиум

40767.15

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.54

Сребро

2186.28