Хрватскиот голман Кристијан Пилиповиќ по крајот на сезоната со ГРК Охрид ќе има кратка азиска авантура, откако е ангажиран од Ал Калеј за настап во азиската Лига на шампиони. Турнирот ќе се одржи во Кувајт во периодот од 6 до 16 јуни, а победникот ќе обезбеди пласман на Светското клупско првенство. Хрватскиот голман ќе биде едно од засилувањата на саудискиот тим за овој турнир, а претходно Ал Калеј го потврди и ангажманот на левиот бек на ...

Селтик е нов шампион на Премиер лигата на Шкотска, откако во драматичен меч направи пресврт и го совлада Хартс со 3-1. Херој на „Келтите“ беше Дајзен Маеда, кој во 88. минута го постигна клучниот погодок што ја донесе титулата во Глазгов. Така Селтик стигна до 14-та титула во последните 15 сезони и повторно ја продолжи доминацијата на „Олд Фирм“ во шкотскиот фудбал. За Хартс ова беше историска шанса да стане шампион за првпат од 1960 година, ...

Во март минатата година, за првпат, Џани Инфантино најави концерт на полувремето од финалето на Светското првенство. Како што се приближуваме кон почетокот на Светското првенство, оваа тема станува една од оние за кои се зборува сè повеќe. Три церемонии на отворање на Светското првенство, по една во секоја земја домаќин. Листата на изведувачи кои ќе ги забавуваат навивачите е долга, секоја церемонија ќе трае деведесет минути. И не е спорно ...

Младинската репрезентација на Македонија ги комплетира контролните натпревари во Србија, каде одигра два пријателски дуели против соодветната селекција на Србија во рамки на подготовките за претстојните предизвици. Во првиот натпревар, македонските ракометари прикажаа одлична игра и стигнаа до победа од 33-31. Само еден ден подоцна, Србија возврати и славеше со 32-25 во вториот контролен натпревар. Двата меча беа важен дел од подготовките на ...

Кошаркарот на шпанска Валенсија, Жан Монтеро, е избран за МВП на плејофот во Евролигата, откако го предводеше својот тим до историски пласман на првиот Фајнал-фор турнир во клупската историја. 22-годишниот бек блескаше во серијата против Панатинаикос, во која шпанскиот тим успеа да направи неверојатен пресврт од 0-2 до 3-2 и да се пласира меѓу четирите најдобри екипи во Европа. Монтеро доминираше во речиси сите статистички категории. Имаше ...

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо повторно е во центарот на вниманието. Сè почесто се поврзува со враќање во Реал Мадрид, но во исто време добил и понуда за продолжување на соработката со португалскиот гигант. Мурињо на прес-конференција потврди дека Бенфика веќе му доставила нов договор, но засега не донел конечна одлука околу својата иднина. „Точно е, во средата добив понуда од Бенфика за продолжување на соработката. Кај агентот е, не сакав ...

Роберт Левандовски и официјално потврди дека на крајот од сезоната ќе ја напушти Барселона. Полскиот напаѓач преку емотивна порака на социјалните мрежи стави крај на сите шпекулации околу неговата иднина. „По четири години полни со предизвици и напорна работа, време е да продолжам понатаму. Замнувам со чувство дека мисијата е завршена. Четири сезони, три трофеи“, напиша Левандовски. View this post on Instagram A post shared by Robert ...

Кошаркарите на Пелистер славеа на гостувањето кај ТФТ во Скопје (87-109) во првиот меч од серијата за третото место во Суперлигата на Македонија. Натпреварот во Маџари им припадна на гостите кои одиграа посебно добро во вториот дел. Компплетниот натпревар меѓу ТФТ Скопје и Пелистер: Битолчани тргнаа подобро во средбата, па бргу уште во првата четвртина поведоа и двоцифрено. Предноста достигна дотогаш максимални 16-30, а по десет минути ...

Фудбалската федерација на Македонија се огласи по повод срамното славје на играчите на Вардар по обезбедената титула во ПМФЛ. „Црвено-црните“ пееја песна со навредлива содржина, а реакции доаѓаат од сите страни. Се огласи и Министерот за спорт, Борко Ристовски, па сега пристигна и осуда од страна на ФФМ. <<< - ПОВРЗАНО - Вардарци недолично славеа титула: Се огласи и Министерството за спорт! (ВИДЕО) Освен осудата, од Фудбалската ...

Вардар со победата над Струга (0-1) во претпоследното 33. коло го обезбеди трофејот во овогодинешната сезона во ПМФЛ. По средбата имаа клупски ручек за прослава, но на него освен вардаровите песни, имаше и навредливи кон ривалска Битола. Видеото кое се прошири на социјалните мрежи: Поради ова, очекувано имаше доста негативни коментари и осуда на контото на најтрофејниот македонски клуб. Навивачите на Пелистер и битолчани беа најгласни, ама ...

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола се пожали на густиот распоред пред финалето на ФА Купот против Челзи и призна дека неговиот тим нема да има време ниту за прослава доколку го освои трофејот. „На крајот од сезоната заморот секогаш е присутен, и ментално и физички. Имавме три дена одмор, сега повторно три, а по натпреварот без разлика дали ќе победиме или загубиме, главната цел ќе биде брзо да се истушираме, да се вратиме во Манчестер ...

По поништениот гол против Вест Хем и победата на мускули на Арсенал, се чини дека трката за титулата во Премиер лигата го помина својот врв и дека Манчестер Сити може прв да ја помине целта само ако се случи чудо. Распоредот е во корист на Арсенал и би било чудо ако ја прокоцкаат титулата против Барнли и Кристал Палас. Сити сè уште има втор фронт за трофејот. Во финалето на ФА Купот на „Вембли“, „граѓаните“ се соочуваат со потресениот Челзи и ...

ФИФА донесе неочекувана одлука пред Светското првенство и го отстрани холандскиот судија Роб Диперинк од листата на службени лица за Мундијалот. Диперинк, кој требаше да биде ВАР судија на турнирот, беше под истрага на лондонската полиција по пријава за наводен сексуален напад врз малолетник во Кројдон. Случајот беше затворен поради недостаток на докази, но ФИФА сепак не ја промени одлуката. „Разочаран сум што нема да бидам на Светското ...

До крајот на првенството остануваат уште два меча и Работнички сака да ги одработи на најдобар можен начин. Денеска на Националната арена „Тодор Проески“ ќе има дуел против Шкупи, на кој формално ќе биде гостин. Планот на избраниците на Муарем Муарем е да забележат сигурен триумф. „Ќе се бориме чесно до крајот и денеска посакуваме триумф. Поквалитетен тим сме од Шкупи и тоа ќе го докажеме на денешниот меч. Имаме респект за ривалот, но ...

Македонскиот репрезентативец Агон Елези би можел да направи голем трансфер ова лето и да го напушти Сараево, а најсериозен интерес за него покажува полскиот гигант Лех Познањ. Елези зад себе има одлична сезона во дресот на Сараево и беше еден од најстандардните фудбалери во средниот ред. Неговите настапи не поминаа незабележано, па интерес за него покажале повеќе клубови од странство, но во моментов најконкретен е Лех Познањ. Полскиот клуб ...

На стадионот во Куманово денес ќе се одигра натпреварот меѓу Башкими и Македонија Ѓорче Петров, во рамките на 32. претпоследно коло од ПМФЛ. Адис Мурати смета дека оваа средба ќе биде одлична можност и за фудбалерите со помала минутажа да го покажат својот квалитет и да потврдат дека се иднината на клубот. „На прв поглед ова е натпревар без резултатско значење, бидејќи Македонија ЃП веќе испадна, а Башкими го осигура опстанокот и го избегна ...

На две кола пред крајот на шампионатот во домашната елита, екипата на Шкупи веќе ги започнува подготовките за следната сезона во Втората лига. Сепак, секој преостанат натпревар во фудбалското друштво на најдобрите е огромно и драгоцено искуство за младите фудбалери од Чаир. Еден од оние кои оставија одличен впечаток со своите настапи во овој период е талентираниот голман Сефер Муслиу. Тој смета дека секој негов соиграч мора да го даде ...

Скопски Вардар, со победата на гостувањето кај Струга Трим Лум, на коло пред крајот го обезбеди трофејот во ПМФЛ. Скопскиот тим се врати на тронот по шест години, период во кој беше и второлигаш. За обезбедената круна во мак-фудбалот, играчите на Вардар ќе добијат и финансиска награда од клубот. Фудбалерите ќе поделат премија од 250.000 евра за постигнатиот успех и добрите игри во тековната сезона. Од клубот е најавена и голема прослава во ...

Сан Антонио е вториот финалист на Западот во НБА лигата. Спарси убедливо ја елиминираа Минесота со 109-139 и со 4-2 во серијата обезбедија дуел со Оклахома Сити Тандер. Прашањето околу победникот беше решено уште во првото полувреме, кога Спарси стигнаа и до огромни +29. Минесота немаше одговор за расположениот напад на домашниот тим. Минесота Тимбервулвс - Сан Антонио Спарс: Најдобар кај Сан Антонио беше Стефон Касл со 32 поени, 11 скока и ...

Во 34-тото финале, екипата од Аеродром влегува со многу повеќе трофеи, но тоа во серијата која стартува во недела навечер (20:30 часот), не мора да значи дека е пресуден фактор. Во недела навечер во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, ќе стартува финалната серија од плеј-офот во кошаркарскиот шампионат. По 33. пат во 34. првенствена сезона, ќе се одлучува кој ќе биде новиот шампион. Македонија чека на новиот кошаркарски првак, но низ финалната ...

ВАР системот повторно е во центарот на вниманието во Премиер лигата, откако независен стручен панел утврди дури 23 погрешни одлуки од почетокот на сезоната. Тоа е за 35% повеќе во однос на истиот период лани, кога биле регистрирани 17 грешки. Најоштетен клуб според анализата е Евертон, кој сезонава нема ниту една ВАР интервенција во своја корист. Панелот оценил дека „карамелите“ биле сериозно оштетени против Манчестер Сити, кога не бил ...

Поранешниот агент на Василије Мициќ, Никос Спанос, поднел тужба против српскиот кошаркар поради наводен долг од дури 600.000 евра. Оваа сума Спанос ја бара како компензација за преговорите за трансферот во Хапоел Тел Авив, иако преминот официјално го комплетираше шпанскиот супер-агент, Игор Креспо. Според информациите, Гркот смета дека ги започнал преговорите со Хапоел, но потоа добил известување дека Мициќ ја прекинува соработката со него. ...

Германскиот шампион Баерн Минхен е сериозно заинтересиран за англискиот репрезентативец Ентони Гордон, пренесуваат медиумите во двете држави. Крилниот фудбалер на Њукасл Јунајтед се наоѓа високо на листата желби на баварскиот клуб за летниот преоден рок, а според информациите, Баерн веќе постигнал договор со играчот околу личните услови. Сепак, останува најтешкиот дел - договор меѓу двата клуба. Њукасл бара околу 86 милиони евра за трансферот ...

Белград е многу близу да добие домаќинство за финалето во Лига Европа во 2028 година. Ова го откри претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој јавно изјави дека српската престолнина ќе биде домаќин на големиот спектакл. Иако Европската фудбалска унија (УЕФА) сè уште нема донесено конечна одлука, Белград е меѓу главните кандидати за организација на финалниот натпревар. Српската кандидатура беше потврдена уште во октомври, а во трката се и ...

Шпанскиот кошаркарски гигант Реал Мадрид е во завршна фаза од преговорите со турскиот центар Омер Јуртсевен, кој би можел да пристигне како мега-засилување пред почетокот на плејофот во шпанската АЦБ лига. „Кралевите“ имаат проблеми под кошот поради повредите на Валтер Тавареш и Алекс Лен, што значително ја намали ротацијата на центарската позиција. Поради тоа, клубот реагираше брзо и се насочи кон Јуртсевен како опција за итно засилување. ...

Хауард, Хиберт, Јагиелка, Дистане, Бејнс, Пиенар, Артета, Фелаини, Осман, Кехил и Саха. На клупата Фил Невил, Јобо, Билјалетдинов, Родвел, Јакубу, Виктор Аничебе и Лендон Донован. Тоа беше тимот на Евертон на кој за 60.000 фунти му се придружи голобрадиот Ирец од Слајго Роверс. Денес, тоа е Шејмус Колман. Во текот на следните 17 години, човекот прерасна во легенда на клубот, но и на Премиер лигата, во која многу работи се променија во ...

Астон Вила обезбеди место во Лигата на шампионите за следната сезона, откако во натпревар со шест гола го совлада Ливерпул со 4-2 во 37. коло од Премиер лигата. Во Бирмингем се слави голем успех, затоа што Астон Вила и математички го потврди пласманот меѓу европската елита пред последното коло. Ливерпул, пак, ќе мора во последната рунда да бара победа против Брентфорд и да се надева на киксови на Борнмут и Брајтон. Тимот на Арне Слот повторно ...

Американските власти ја истражуваат смртта на НБА кошаркарот Брендон Кларк, а според првичните информации постои сомнеж за можно предозирање со наркотични средства. Кошаркарот на Мемфис Гризлис бил пронајден без знаци на живот во дом во Сан Фернандо Вали во Калифорнија, а на местото на настанот наводно биле пронајдени предмети поврзани со употреба на дрога. Официјалната причина за смртта сè уште не е потврдена и се чекаат резултатите од ...

Баерн Минхен официјално го продолжи договорот со легендарниот голман Мануел Нојер до 2027 година. Иако веќе има 40 години, Нојер и натаму останува еден од лидерите на баварскиот гигант, каде што брани уште од 2011 година. Со Баерн освои 33 трофеи, меѓу кои и две титули во Лигата на шампионите, а на 597 натпревари успеал дури 269 пати да ја сочува мрежата. „Мануел Нојер е посебна фигура во историјата на Баерн. Тој е лидер и пример и на теренот ...

Младинската ракометна репрезентација на Македонија забележа победа на пријателскиот натпревар против Србија, откако славеше со 33-31 на гостински терен. Избраниците на македонскиот селектор Наум Танески одиграа квалитетен натпревар и покажаа карактер во дуелот со српската селекција, па заслужено стигнаа до триумфот. Овој натпревар е дел од подготовките на младинската репрезентација за претстојните предизвици и настапи на меѓународна сцена. ...

Цезар салата

53 минути - МИА
weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.06
32%
1011
weather icon

Белград

31ᴼ / 29ᴼ
3.65
46%
1007
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
3.21
57%
1008
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
1.85
47%
1012
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.3
42%
1010
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 24ᴼ
1.79
54%
1009
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
3.58
56%
1013
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.64
50%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.88
49%
1014
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
6.26
41%
1009
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
3.13
64%
1010
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
0.61
57%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Бакар

13.01

Алуминиум

3.54

Сребро

2186.28

Цинк

0.00

Родиум

257205.97

Злато

135639.33

Паладиум

40767.15

Рутениум

48965.59

Кобалт

45.39

Калај

53.60

Платина

55170.68

Иридиум

253540.09