Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Челниците на Премиер лигата ги објавија номинациите за најдобрите во тековната сезона во пресрет на завршните две рунди. Шест имиња ќе конкурираат за најдобар тренер оваа натпреварувачка кампања во најсилната лига на светот. Меѓу кандидатите за признанието се тренерите на Арсенал и Манчестер Сити, Микел Артета и Пеп Гвардиола, Мајкл Керик од Манчестер Јунајтед, Андони Ираола од Борнмут, Реџис Ле Брис од Сандерленд и Кит Ендрус од Брентфорд. ...
Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија ги донесе одлуките за казни по натпреварите од минатиот викенд. Најмногу работа дисциплинците имаа за тензичниот меч во Штип меѓу Брегалница и Шкендија Арачиново. Од оваа средба по еден натпревар суспензија добија Дино Михолов и Лука Бојаџиев од Брегалница, како и Арсим Љамалари и Иљаз Чилафи од Шкендија. Потешко мина Махир Ајрули кој е суспендиран за пет средби и веќе ја заврши ...
Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските конкуренции и познати се тимовите кои ќе се борат за трофеите. Кај младинците во решавачкиот дуел за пехарот ќе се соочат Брера Струмица и Шкупи. Струмичани во полуфиналето на домашен терен триумфираа со 8-0 во мечот против Пелистер. Троен стрелец беше Иван Танчев, два пати противничката мрежа ја погоди Глигор Бучков, а по една прецизни беа Иван Шириќ. Христијан ...
Викендов ќе стартуваат возбудувањата во финалната и серијата за третото место во Суперлигата на Македонија. Веќе се одредени и термините за сите потенцијални пет натпревари во финалето во кое предност на домашен терен ќе има МЗТ Скопје во однос на Маџари. Ќе се игра по принципот по два меча дома, а ако е потребно „мајсторката“ ќе биде на теренот на шампионот во Аеродром. Серијата стартува веќе викендов в недела, па ќе се игра на 20 и 23 мај. ...
Јаник Синер продолжува да испишува историја на Мастерс турнирите, откако со победата над Андреј Рубљev обезбеди пласман во полуфиналето во Рим и урна рекорд на Новак Ѓоковиќ. Италијанецот славеше со 2-0 во сетови, односно 6-2 и 6-4, по 92 минути игра, со што стигна до 32 последователни победи на турнирите од Мастерс серијата. Така, Синер го надмина досегашниот рекорд на Ѓоковиќ, кој во 2011 година врза 31 победа по ред на Мастерс турнирите. ...
Во рамки на настаните поврзани со Генералното собрание на ФИБА Европа, утре во хотелот „Рејкјавик Гранд“ во Рејкјавик ќе се одржи годишниот состанок на генералните секретари на европските национални федерации. На состанокот, кој во ваков формат се организира веќе трета година по ред, претставува важна платформа за размена на искуства, идеи и зајакнување на соработката меѓу националните федерации ширум Европа. Ќе бидат присутни генералниот ...
Вистински хаос владее во Милан, откако италијанските медиуми открија дека односот меѓу тренерот Масимилијано Алегри и Златан Ибрахимовиќ е целосно нарушен, а разделбата на крајот од сезоната е сè поизвесна. Според „Кориере дела Сера“, кулминацијата на конфликтот се случила по поразот од Наполи на почетокот на април, кога Алегри и Ибрахимовиќ жестоко се судриле околу одлуки поврзани со тимот. Италијанските медиуми тврдат дека проблемите меѓу ...
Ако претходно изјави дека Вардар 1961 го затвори кругот на засилувања за следната сезона, денеска претседателот Михајло Михајловски за „Спортско радио“ откри кои ракометари ќе го напуштат црвено-црното семејство по завршувањето на оваа сезона. За Николас Боно и Дмитро Хориха објавивме и претходно, а Михајовски за „Спортско радио“ истакна дека дел од клубот во следната сезона нема да бидат Марио Танкоски, Мигел Фереира Еспиња и Марек ...
Претседателот на Вардар, Михајло Михајловски, потврди дека клубот ќе ја продолжи соработката со хрватскиот стратег, Иван Чупиќ, кој ќе остане на клупата на најтрофејниот уште најмалку две сезони. Во интервју за „Спортско радио 90,3фм“, Михајловски откри дека веќе одржал состанок со младиот хрватски тренер, на кој бил си подале рака за продолжување на соработката. „Имав состанок со Чупиќ и разговаравме за ново продолжување на договорот. Тој ...
Претседателот на Вардар, Михајло Михајовски, за „Спортко радио“ зборуваше на многу ракометни теми, а меѓу другото и за периодот по заминувањето на Гиљермо Милано и за ситуацијата околу можноста Столе Стоилов да биде назначен за тренер на тимот. Тој откри дека во тој период постоел одреден притисок и очекувања Стоилов да ја добие довербата, но нагласи дека тогашната проценка на клубот била дека легендарниот поранешен капитен сè уште не е ...
Хрватскиот кошаркар Вито Кучиќ е во центарот на вниманието кај кошаркарската јавност, откако погоди 105 тројки по ред, со што го достигна учинокот на легендарниот шутер Стеф Кари. Сцените од салата „Грипе“ во Сплит брзо се проширија на интернет, а посебно внимание привлече моментот кога требаше да падне новиот рекорд. Кучиќ беше на чекор до историја, но на 106-тиот обид не успеа да реализира. Интересно, како што самиот раскажал, ...
Во пресрет на вечерашното гостување на Македонија во Прешов против Словачка, во првиот бараж натпревар за пласман на Светското првенство, селекторот Кирил Лазаров истакна дека неговиот тим е свесен за важноста на дуелот и предизвикот кој го носи гостувањето. Лазаров нагласи дека се работи за натпревар со голем влог и дека континуитетот на настапи на големи натпреварувања носи дополнителен притисок за селекцијата. „Влогот е многу голем, сите ...
Фил Фоден имаше магична вечер против Кристал Палас, оставајќи го Манчестер Сити во конкуренција за титулата во англиската Премиер лига. 25-годишникот беше асистент на првите два гола во убедливата победа од 3-0, со која тимот на Пеп Гвардиола остана на два бода зад лидерот Арсенал пред последната недела од сезоната. Особено впечатлива беше првата асистенција, откако со магична пета додаде во празно до Семењо, кој потоа погоди за 1-0. ...
Екипата на Вардар ја продолжи соработката со кондициониот тренер Јовановски и го промовираше талентираниот Нечовски во првиот тим. Кондициониот тренер Матеј Јовановски и во наредната сезона ќе биде дел од стручниот штаб на Иван Чупиќ, откако низ текот на цела сезона прикажа сериозен процес на работа и унапредување на физичката подготвеност на играчите. Покрај него, промоција во првиот тим со договор на три сезони и шанса за докажување во ...
Ракометната селекција на Македонија е на два чекори до нов пласман на еден голем ракометен собир. Првото полувреме од двомечот со Словачка се игра вечерва, а селекторот Кирил Лазаров ги избра ракометари кои ќе истрчаат на паркетот во Прешов. На списокот се најдоа 16 ракометари, тоа значи дека на трибините ќе останат четворица. Шанса за настап на реваншот во Скопје ќе чекаат голманот на Вардар, Васил Гогов, бековите на Алкалоид, Мартин ...
Одредени се официјалните лица за финалниот натпревар од Купот на Македонија во женска конкуренција, помеѓу екипите на ЖФК Тиверија Брера и ЖФК Каменица Саса. За главен судија е делегиран Марјан Дејаноски од Кичево, а негови асистенти ќе бидат Вјолца Изеири од Гостивар и Ангела Домазетовска од Битола. Улогата на четврти судија му е доверена на Фуркан Идризи. Во ВАР собата ќе бидат Никола Костенчев од Скопје како ВАР судија и Дарко Видиниќ од ...
Македонската ракометна репрезентација вечерва го започнува клучниот двомеч против Словачка во баражот за пласман на Светското првенство во Германија во 2027 година. Првиот натпревар се игра во Прешов, каде избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе се обидат да направат важен чекор кон Мундијалот уште на гостински терен. Иако Македонија важи за фаворит на хартија, јасно е дека ваквите натпревари носат голем притисок и неизвесност. Словачка ќе ...
Екипите на Хартс и Селтик славеа победи во рамките од 37. коло во шкотската Премиер лига, што значи дека титулата ќе биде решена во нивниот меѓусебен дуел во последното коло. Хартс победи убедливо, додека Селтик ја обезбеди победата со сомнителен пенал во деветтата минута од судиското продолжение, предизвикувајќи жестоки реакции кај противникот. Хартс удобно го победи Фалкирк со 3-0 на домашен терен. Во меѓувреме, Селтик гостуваше кај ...
Лучано Дардери стигна до полуфиналето на Мастерсот во Рим по неверојатен маратонски меч против Рафаел Ходар – 7-6, 5-7, 6-0. Дуелот траеше три часа и осум минути и заврши во 02:02 часот по полноќ, а италијанскиот тенисер успеа да преживее сериозен пад во играта, испуштени меч-топки, па дури и прекин поради чад што доаѓаше од финалето на Купот на Италија на „Олимпико“. На крајот од првиот сет, дуелот беше прекинат поради „напад“ од чад, но сè ...
Кирил Лазаров, тренерот на Алкалоид и селектор на македонската репрезентација, даде доста интересна изјава за ангажманот на Лино Червар во Еурофарм Пелистер, особено поради релацијата ученик–учител која ја имаат двајцата ракометни великани. Лазаров не го крие задоволството од доаѓањето на искусниот хрватски стратег во Битола, оценувајќи дека станува збор за одличен потег, кој ќе има позитивно влијание не само врз клубот, туку и врз целиот ...
Кошаркарите на Кливленд Кавалирс направија голем пресврт и славеа со 117-113 во продолжението против Детроит Пистонс во петтиот натпревар од полуфиналето на Источната конференција, поведувајќи во серијата со 3-2. Кавалирси остварија голема победа на гостински терен, иако губеа со 103-94 на три минути до крајот на натпреварот, но тимот на тренерот Кени Атконсон покажа карактер, не се предаде, што на крајот се исплати со важна победа. По тоа ...
Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, повторно го критикуваше ВАР-системот, оценувајќи дека судиските одлуки последниве две сезони директно влијаеле неговиот тим да остане без два важни трофеи. Шпанскиот стратег истакна дека неколку контроверзни ситуации во клучни натпревари биле пресудни за конечниот исход, а според него, токму ВАР наместо да донесе поголема правичност, создал дополнителни дилеми и незадоволство во фудбалот. Гвардиола ...
Селекторот на репрезентацијата на Словенија, Урош Зорман, реши да повика уште тројца ракометари кои ќе бидат во комбинација за настап на бараж-натпреварите за Светското првенство против селекцијата на Црна Гора. „Змајчеки“ го збогатија ростерот со Аљуш Анжиќ, Тарик Велиќ и Тим Розман - играчи кои веќе се приклучија на подготовките на националниот тим. Словенечките ракометари пред себе имаат големи предизвици, затоа што најпрво ќе се борат за ...
Раководството на Манчестер Јунајтед би можело веќе во текот на оваа недела да го реши прашањето за тренерот за наредната сезона, а според наводите од Островот, главен кандидат за трајно решение е Мајкл Керик. Како што пренесува угледниот „Атлетик“, извршниот директор Омар Берада и спортскиот директор Џејсон Вилкокс планираат на следниот состанок на управата да го предложат Керик за шеф на стручниот штаб, а конечниот збор ќе го има сувласникот ...
Шеста година по ред Црвена Звезда е освојувач на двојната круна во српскиот фудбал. Избраниците на Дејан Станковиќ го освоија Купот на Србија, откако во Лозница подобро изведуваа пенали од Војводина и славеа со 2-2 (5-4). „Црвено-белите“ се вратија од 0-2 и подобро изведуваа казнени удари. Со голот на Шуц во втората минута Војводина поведе. Видосављевиќ во 35. минута го зголеми водство за избраниците на Мирослав Тањга и се чинеше дека Црвена ...
Фудбалерите на Динамо Загреб го освоија Купот на Хрватска, откако ја победија Ријека со 2-0 во финалето во Осиек. Двата гола ги постигна напаѓачот Лука Стојковиќ, во 50. и 57. минута. Екипата на Марио Ковачевиќ на тој начин ја освои „двојната круна“ оваа сезона, бидејќи претходно доминантно славеше и во првенството. Интересно е што Ријека беше бранител на титулата во овие две натпреварувања. Ова е осуманесети Куп на Хрватска за Динамо. На ...
Баерн Минхен веќе ги подготвува чекорите за летниот преоден рок, а едно од имињата што се споменува како можно засилување е Ентони Гордон од Њукасл Јунајтед. Според информации од англиските медиуми, постигнат е договор меѓу играчот и германскиот гигант околу личните услови, па трансферот добива сè појасни контури. Клубот од Њукасл за услугите на својот фудбалер бара околу 75 милиони фунти, сума која, како што се наведува, не претставува ...
Екипата на Барселона е шампион на Шпанија, па сето тоа донесе опуштање во играта и пораз кај Алавес (0-1) во рамки на 36. рунда на Примера. Каталонците како да претераа со славјето, па не беа многу заинтересирани за резултатот на натпреварот на гостински терен. Единствениот гол на мечот за победа на Алавес падна пред финишот на првиот дел, кога Ибрахим Диабате постигна погодок по асистенција на Антонио Бланко. За Алавес, ова беше важна победа ...
Шпанска Валенсија испиша историја во Евролигата и за првпат се пласираше на Фајнал-фор турнирот, откако направи неверојатен пресврт против Панатинаикос. Во решавачката „мајсторка“, Валенсија доминираше и славеше со убедливи 81-64 против далеку поскапиот состав. Шпанскиот тим ја сврте серијата од 0-2 на 3-2, и тоа по најтешкиот можен пат откако ги загуби првите два натпревари на домашен терен. Со тоа, Валенсија стана првиот тим по Реал Мадрид ...
Интер е нов шампион на италијанската Серија А. „Нероаѕурите“ ја обезбедија титулата уште на три кола пред крајот на сезоната, но тоа не значи дека завршницата во првенството нема да биде интересна. Следува жестока битка за местата што водат во Лигата на шампионите, за кои се борат вкупно пет екипи - Наполи, Јувентус, Милан, Рома и Комо. Наполитанците пропуштија голема шанса со поразот од Болоња на домашен терен (2-3), но и натаму ги држат ...