Македонскиот голман Столе Димитриевски прераснува во еден од клучните играчи на Валенсија во битката за опстанок во Ла Лига. Македонскиот голман уште еднаш беше херој на „лилјаците“, овојпат на тешкото гостување кај Атлетик Билбао на „Сан Мамеш“, каде со неколку одлични интервенции директно придонесе за големата победа на Валенсија. За натпреварот, Димитриевски истакна дека зад неговите настапи и „тајната на успехот“ во вториот дело од ...

Ралф Шумахер упати јасна порака до ветераните во Формула 1, откако изјави дека време е Фернандо Алонсо и Луис Хамилтон да се повлечат и да им отстапат место на помладите возачи. Двократниот светски шампион Алонсо летово ќе наполни 45 години, додека седумкратниот првак Хамилтон веќе има 41 и двајцата се највозрасните пилоти на патеките. Според Шумахер, иако двајцата оставиле огромна трага во спортот, нивното време полека изминува. „Хамилтон е ...

Холгер Руне нема да игра на турнирот во Хамбург ниту на претстојниот Ролан Гарос поради проблеми со Ахиловата тетива. Данецот планираше да се врати на терените за време на АТП турнирот во Германија, но тимот објави дека неговата здравствена состојба малку се влошила за време на рехабилитацијата, поради што повторно беше донесена одлуката за одложување на неговото враќање. „Навистина се радував на враќањето во Хамбург. Сите знаат колку ја ...

Бренден Џенкинс го одигра својот најдобар меч за Пелистер кога беше најважно, носејќи го битолскиот суперлигаш до триумф над МЗТ Скопје за израмнување на 1-1 во полуфиналната серија од плејофот. Американецот беше незапирлив, реализираше 31 поен и даде огромен придонес за Пелистер да се избори за мајсторка. „Знаевме дека тој меч е „да се биде или не“ за нас, затоа и немавме никаков сомнеж, излеговме на терен и дадовме се од себе. Свесен бев ...

Екипата на Брегалница од Штип игра сезона по планот и милиметри ја делат од промоција во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Уште две кола има до крајот во Втората лига (ВМФЛ), а „сините“ имаат огромна шанса да си ја завршат задачата. Во последните две кола од Втората лига, екипата на Брегалница игра со ГФК Осогово кој нема мотиви затоа што е на средината на табелата без шанси да се промовира или да испадне, како и веќе испадната Победа. ...

Јохор Дарул Та’зим испиша историја во светскиот фудбал, откако го израмни светскиот рекорд од 108 последователни натпревари без пораз во првенство. Клубот од Малезија последен пат загуби лигашки натпревар уште во април 2021 година и оттогаш доминира во малезиската Суперлига. Сезонава тимот е апсолутно недопирлив, затоа што на 24 натпревари постигна неверојатни 117 голови, а прими само 10. На листата, Јохор зад себе ја остави славната Стеауа ...

Фудбалот понекогаш знае да биде суров, но ретко кој имал сезона каква што доживеа Демир Имери. Македонскиот офанзивец зад себе има неверојатна и неславна приказна, затоа што во една сезона испадна од лига со дури три различни клубови. 30-годишниот напаѓач сезоната ја започна во Шкупи, а потоа направи трансфер во Работнички. Во зимскиот преоден рок се пресели во кипарскиот ЕН Паралимни. Но, сите три клуба на крајот испаднаа од првата лига. Во ...

Легендарниот фудбалски тренер Дик Адвокат ќе се врати на клупата на Курасао, централноамериканската островска нација која се квалификуваше за Светското првенство, пишуваат холандските медиуми. Курасао обезбеди историски пласман на Светското првенство како најмалата земја што некогаш го сторила тоа, а токму 78-годишниот холандски стручњак имаше огромна улога во тој успех. Адвокат мораше да се повлече од функцијата селектор претходно оваа ...

Кливленд Кавалирс израмни на 2-2 во полуфиналната серија од Источната конференција против Детроит Пистонс, откако славеше со 112-103 во четвртиот натпревар. Клучниот момент се случи на стартот од второто полувреме, кога Кливленд направи неверојатна серија од 24-0 и целосно го сврте натпреварот. Домашниот тим на пауза губеше со 52-56, но експлозивната трета четвртина ја претвори негативата во сигурна двоцифрена предност. Фантастичен меч одигра ...

Екипата на Оклахома Сити Тандер ја заврши сезоната на Лос Анџелес Лејкерс, а можеби и легендарната кариера на Леброн Џејмс. Актуелниот шампион и прв носител на Западот славеше со 115-110 во четвртиот натпревар и со убедливи 4-0 ја затвори серијата против Лејкерс. Најзаслужен за победата беше Шеј Гилџис-Александер, кој постигна 35 поени и уште еднаш покажа зошто е лидер на оваа генерација на „молњите“.Оклахома во финалето на Западната ...

Младата македонска тенисерка Јована Атанасовска имаше успешен настап на турнирот Прокупље Опен (на почетокот на месецов) за тенисери и тенисерки до 12 години. Македонската тенисерка во конкуренција на двојки на убедлив начин заедно со Лена Лазаревиќ од Србија го освоија турнирот. Сите мечеви ги добија со 2-0 во сетови, притоа во првите два меча загубија само по три гема. Најголем отпор имаа во полуфиналето кога успеаја да ги совладаат Маја ...

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, е на чекор до продолжување на соработката со Каталонците по уште една шампионска сезона во Примера. Германскиот стручњак, од доаѓањето на клупата на Барселона во 2024 година, целосно го препороди тимот и за две сезони освои дури пет трофеи, поради што во клубот сакаат што побрзо да го официјализираат продолжувањето на соработката. Според наводите на Фабрицио Романо, двете страни се многу блиску до конечен ...

Оваа недела ќе бидат познати финалистите во Купот на Македонија во младинска и кадетска конкуренција. Кај младинците во првото полуфинале се среќаваат Шкупи и Вардар, а натпреварот ќе се игра во вторник, 12 мај со почеток во 16:00 часот. Вториот финалист ќе биде познат ден подоцна откако Брера и Пелистер ќе го одиграат дуелот кој е закажан за 11:00 часот. Во кадетска конкуренција двете полуфинални соочувања се предвидени за в среда, 13 мај. ...

Екипата на Бенфика не одлучува веќе сама за пласманот во квалификациите за Лигата на шампионите идната сезона. Тимот предводен од Жозе Мурињо вечерва се спаси од пораз против Брага (2-2) и на едно коло до крајот на португалскиот шампионат остана без втората позиција на табелата. Голема заслуга за тоа има и Спортинг, кој со убедливата победа од 1-4 над Рио Аве се искачи на второто место со два бода повеќе од градскиот ривал. На „Да Луж“ ...

Лука Дончиќ нема да може да им помогне на Лејкерси ниту во четвртиот натпревар од серијата против Оклахома во полуфиналето на Западната конференција на НБА лигата. Состојбата на еден од најдобрите играчи на денешницата предизвикува многу контроверзии во најсилната кошаркарска лига на планетата. Познатиот спортски доктор Џес Морс смета дека медицинскиот тим од Лос Анџелес направил големи грешки при санирањето на повредата на словенечкиот ...

Тотенхем и Лидс Јунајтед одиграа без победник (1-1) во последниот натпревар од 36 коло во Премиер лига, во дуел кој донесе многу тензија и возбудувања, особено во второто полувреме. По првите 45 минути без голови, Тотенхем успеа да поведе во 51. минута преку Матис Тел, кој постигна фантастичен погодок од далечина и им донесе радост на домашните навивачи. Лондонскиот тим потоа имаше уште неколку добри можности да ја зголеми предноста, но не ...

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, официјално го објави својот проширен состав од 55 играчи за Светското првенство кое се игра летово. Најважно за Аргентинците е што на чело на списокот е легендарниот Лионел Меси. Сепак, на изненадување на многумина изоставени се неколку познати имиња. Меси е подготвен за она што се очекува да биде неговиот последен Мундијалски настап. Суперѕвездата на Интер Мајами ја предводи листата од 55 имиња, но ...

Екипата на Наполи во незгоден момент забележа болен пораз во Серија А, откако пред својата публика прво се врати од два гола негатива, но на крај со гол во судиското продолжение остана без бод против Болоња, која што славеше со 2-3. Двете екипи одиграа исклучително возбудливо прво полувреме во кое беа постигнати три гола. Болоња одлично го отвори натпреварот и уште во десеттата минута стигна до водство преку Федерико Бернардески, кој прецизно ...

Првиот собир во рамките на ФИБА проектот за развој на млади и талентирани кошаркари ќе биде реализиран во Букурешт, во периодот од 13 до 17 мај, каде Македонија ќе настапи со две репрезентации до 14 години – во машка и во женска конкуренција. По одржаните селективни тренинзи, селекторите Мартин Атанасовски и Никола Петровски ги одредија составите кои ќе ја претставуваат Македонија на првиот турнир од проектот, во кој учествуваат повеќе ...

Младиот ас на Барселона, Ламин Јамал, повторно се најде во центарот на вниманието – овојпат не поради своите фудбалски квалитети, туку еден интересен момент од прославата на титулата. За време на славјето низ улиците Барселона, во рацете на Јамал заврши дрес со порака „Фала му на Бог што не сум мадридиста“, јасна алузија на големиот ривал Реал Мадрид. Овој потег веднаш предизвика реакции кај навивачите, а многумина го протолкуваа како ...

16-годишниот дефанзивец на Баерн Минхен, Филип Павиќ, одлучи да ја претставува Хрватска на претстојните меѓународни натпреварувања. Павиќ е роден на 19 јануари 2010 година во Фрајзинг, Германија, и поради неговите хрватски родители, како и неговото раѓање во Германија, има хрватски и германски пасош и може да игра за двете репрезентации. Павиќ игра на позициите централен дефанзивец и дефанзивен играч за врска, а дебитираше за Баерн на 18 март ...

Селекцијата на Шпанија, Луис де ла Фуенте доби нова причина за грижа на точно еден месец пред стартот на Светското првенство 2026, откако повреда заработи и Нико Вилијамс. Офанзивецот на Атлетик Билбао не го доигра натпреварот против Валенсија, бидејќи мораше предвреме да го напушти теренот уште во првото полувреме. Според првичните информации станува збор за мускулна повреда, а фудбалерот видно разочаран замина кон соблекувалната. Во Шпанија ...

Хрватската ракометна репрезентација ќе одигра два пријателски натпревари, во претстојната ЕХФ недела. Двата натпревари ќе се играат против Шведска. Првиот во Кристијанштад, а вториот во Вараждин. Хрватска, како и Шведска, го обезбедија своето место на Светското првенство следната година. Така, овие два натпревари ќе послужат како тест за двата тима пред новите предизвици што ги очекуваат. Сигурдсон направи неколку големи промени во својот ...

Еден час и пет минути. Толку долго издржа Алекс Попирин против Јаник Синер на cентралниот терен „Форо Италија“, во рамки од третото коло од Мастерсот во Рим. Пред да биде елиминиран, тој освои само два гема (6-2, 6-0). Така продолжи бруталната доминација на рекетот број еден, кој ја забележа својата 25. последователна победа на АТП турнејата од последниот пораз на 19 февруари од Јакуб Меншик во Доха. Во меѓувреме, само Бенџамин Бонци и Томаш ...

Македонските тенисери Сара Митевска и Кристијан Јанев триумфираа на турнирот Ј30 Скопје – Поинтер опен 2026 (за тенисери и тенисерки до 18 години). Двајцата ги освоија победничките пехари на турнирот што изминатава недела се играше на терените на ТК Поинтер Тенис Парк. Митевска на убедлив начин стигна до триумфот и сите мечеви ги доби со 2-0 во сетови и на петте меча загуби 22 гема. Во финалето успеа да ја совлада втората носителка Нор ...

Нашата најдобра ракометна селекција е на два чекори до пласман на ново Светско првенство. За да учествуваме таму треба да славиме во бараж-двомечот со селекцијата на Словачка, а селекторот Фернандо Гуриќ ги отвори картите за натпреварите во Прешов и Скопје. Во списокот на словачкиот селектор се најдоа 20 ракометари, а најмногу доаѓаат од редовите на Татран Прешов. Марко Јуркович се враќа во репрезентацијата по операцијата на ногата, а се во ...

Ако Интер лесно си ја заврши задачата и го обезбеди скудетото, трката за европските купови преку Серија А ќе биде пеколна. Од втората до шестата позиција пет екипи се на распон од пет бода, со тоа што Наполи игра вечерва со Болоња. Дури и ако се исклучи Наполи, останатите четири екипи се во само три бода на две рунди до крајот на шампионатот. Табела на екипите во трката за ЛШ: 2. Наполи (70), 3. Јувентус (68), 4. Милан (67), 5. Рома (67), 6. ...

Женската репрезентација на Македонија до 16 години во последното коло од УЕФА развојниот турнир што се одржа во Струмица е поразена од селекцијата на Косово со 2-1. Откако првото полувреме заврши без голови на почетокот од второто во 58. минута, Олса Кучи им донесе предност на гостинките од 1-0. Во 79-тата, Леона Малоку зголеми на 2-0, а во последната минута од натпреварот Елена Наумоска беше стрелец на единствениот гол за Македонија. ...

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) денес објави дека главен судија на финалето на Лигата на шампионите ќе биде - Даниел Зиберт. Станува збор за германски судија, кој неодамна го судеше реваншот од полуфиналето во кој Арсенал го победи Атлетико Мадрид со 1-0. Да се потсетиме дека по овој натпревар, мадриѓани го изразија незадоволство од одредени одлуки, како што е онаа да се досуди прекршок врз Габриел, во моментот кога Антоан Гризман постигна ...

На точно еден месец до почетокот на Светското првенство, некои селектори веќе почнаа да ги соопштуваат ростерите за големиот настан. Сергеј Барбарез, селекторот на Босна и Херцеговина, ги отвори „картите“ за мундијалските предизвици, а со тоа и за пријателскиот натпревар против Македонија на 29 мај. Барбарез се потпре на проверени сили, на истите фудбалери кои го изборија Мундијалот. Голмани: Никола Васиљ, Мартин Зломислиќ, Осман Хаџикиќ ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
0.85
43%
1011
weather icon

Белград

17ᴼ / 17ᴼ
13.02
95%
1011
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
3.88
89%
1012
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
1.22
57%
1012
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
4.31
53%
1009
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 23ᴼ
1.34
55%
1009
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
2.24
67%
1014
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.07
61%
1014
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
1.8
59%
1014
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
3.13
46%
1009
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
3.58
46%
1010
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
1.31
60%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Платина

55170.68

Иридиум

253540.09

Рутениум

48965.59

Кобалт

45.39

Сребро

2186.28

Алуминиум

3.54

Калај

53.60

Родиум

257205.97

Паладиум

40767.15

Цинк

0.00

Бакар

13.01

Злато

135639.33