Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Интер убедливо славеше на гостувањето кај Лацио со 0-3 во натпревар од 36. коло во Серија А. Иако минатото коло и математички ја обезбеди шампионската титула, тимот на Кристијан Киву одигра максимално сериозно и уште од стартот настапи со силен состав предводен од Лаутаро Мартинез и Маркус Турам. Токму капитенот на „нераѕурите“ го отвори резултатот уште во шестата минута по асистенцијата од Тирам. Во 39. минута следуваше и најубавиот момент ...
Ракометарите на Охрид му го нанесоа првиот плеј-оф пораз на Вардар 1961 (26-24) во Суперлигата на Македонија. Екипата која веќе ја обезбеди титулата и математички не успеа да слави против мотивираниот противник кому бодовите му беа многу поважни. По голема борба на крајот тимот на Борис Ројевиќ победи и направи важен чекор во борбата за второто место. Комплетниот натпревар меѓу ГРК Охрид и Вардар 1961: Натпреварот во „Билјанини извори“ тргна ...
Екипата на Алкалоид по три порази во серија освои бодови во Суперлигата, со победа над ГРК Тиквеш (30-23) на гостувањето во Кавадарци во рамки на осмото коло од плеј-офот. Екипата на Кирил Лазаров се мачеше да го пробие домашниот тим во првото полувреме, на пауза замина со еден гол позитива (12-11) заради добрата игра на Тордарсон кој беше одличен со пет гола, но во вториот дел, работите си дојдоа на место за „сините“ од Автокоманда. Во ...
Екипата на Севиља направи огромен чекор кон опстанокот во шпанската елита, откако со пресврт славеше над Еспањол со 2-1 во драматичен натпревар од 35. коло во Примера. По мирното прво полувреме без голови, вистинската драма следуваше во продолжението. Севилја уште на стартот од вториот дел ја затресе мрежата преку Алексис Санчез, но по ВАР проверка погодокот беше поништен поради офсајд. Само десет минути подоцна гостите поведоа преку Тајрис ...
Романската тенисерка Сорана Кирстеа, која го прослави својот 36. роденден во април, се пласираше во осминафиналето на Мастерсот во Рим победувајќи ја најдобрата тенисерка во светот, Арина Сабаленка. Ветеранката славеше по голема драма во три сета, со резултат 2-1 (2-6, 6-3, 7-5). Во дуелот помеѓу рекетите број 1 и број 27 во светот, сè започна како што се очекуваше, со рутинска игра и Сабаленка која го доби првиот сет со два брејка. Сепак, ...
Екипите на Брајтон и Борнмут запишаа нови победи во Премиер лигата, со кои ги сочуваа шансите за историски пласман во Лигата на шампионите следната сезона, додека Манчестер Јунајтед и Сандерленд ги поделија бодовите на неатрактивниот дуел на „Стадионот на светлината“. На југот од Англија, Брајтон беше убедлив пред својата публика против отпишаниот Вулверхемптон. „Галебите“ уште во првите пет минути си обезбедија комотно водство од 2-0, додека ...
Фудбалската јавност во Македонија добива иницијатива што носи силна симболика и почит кон едно од најголемите имиња во македонскиот фудбал. Фудбалска федерација на Македонија (ФФМ) официјално ја поддржа идејата јужната трибина на Националната арена „Тодор Проески“ да го носи името на легендарниот Васил Рингов. Во документот објавен од ФФМ се потенцира значењето на ваквите потези за зачувување на историјата и вредностите на македонскиот ...
Романскиот прволигаш УТА Арад официјално го продолжи договорот со македонскиот фудбалер Дин Аломеровиќ до 2028 година. Левиот бек пристигна во Арад минатото лето и веднаш се наметна како еден од најважните играчи во тимот. Во својата прва сезона во Суперлигата на Романија, Аломеровиќ одигра 35 натпревари во првенството и Купот, постигна три гола и забележа четири асистенции. Од клубот истакнаа дека Македонецот со своите игри, односот на ...
Ракометарите на ГРК Охрид го дочекаа новиот шампион на Македонија, Вардар 1961, во натпревар од осмото плеј-оф коло во Суперлигата. Тимот на Борис Ројевиќ му укажа голема чест, бидејќи ракометарите на шампионот ги дочека со „шпалир“. При читањето на имињата на вардарци, играчите на Охрид направија господски потег и убаво го дочекаа гостинот во „Билјанини извори“. Вардар ја освои двојната круна во мак-ракометот оваа сезона. Од друга страна, ...
Пелистер со убедлива победа од 7-0 над Шкупи направи чекор напред во трката за опстанок во Првата македонска фудбалска лига, во натпревар од 31. коло кој целосно мина во знакот на битолскиот тим. Шкупи одамна е испаднат од елитата, а избраниците на домашниот тим тоа максимално го искористија и уште во првото полувреме го решија победникот. Битолчани настапија без повредениот Булатовиќ, додека искусниот Мирко Ивановски остана на клупата за ...
Eкипата на Шкендија им се врати на победите во домашниот шампионат и во дербито со Струга Трим Лум славеше рутински со 3-1 и ги сочува минималните шанси за одбрана на титулата во Првата македонска фудбалска лига. Натпреварот почна со активна игра, двете екипи вршеа пресинг на половините и играа динамично, а на првиот гол на мечот се чекаше до 24. минута. Дефанзивецот на Струга, Бојан Илиевски, беше невнимателен и одзади го турна Ендрит ...
Екипата на Вардар си ја заврши задачата, на домашен терен го совлада кратовски Силекс (2-1) и се наоѓа на само еден бод од шампионската титула во Македонија. Во следните две кола следат мечеви со Струга и Шкендија, а доколку црвено-црните останат непоразени со стружани, последното коло ќе биде само формалност иако е со најголемиот ривал. Околу натпреварот со Силекс, уште во раната фаза Вардар дојде до предност. Течеше третата минута кога ...
Во попладневниот термин од 33. коло во Бундеслига, Штутгарт оствари огромна победа над Баер Леверкузен со 3-1 и направи голем чекор кон пласман во Лига на шампиони. Блескава партија прикажа Ермедин Демировиќ. Репрезентативецот на Босна и Херцеговина уште во 5. минута погоди за израмнување на 1-1. Пред крајот на првото полувреме токму Демировиќ избори пенал за својот тим, кој успешно го реализираше Максимилијан Мителштет. Босанскиот напаѓач ...
Актуелниот светски првак во кралската класа Хорхе Мартин ја освои својата втора спринт победа сезонава во Мото ГП, со победа на кратката трка во Ле Ман по фантастичен старт. Актуелниот светски шампион стартуваше од средината на третиот ред, но успеа веднаш да се пробие на лидерската позиција. Возачот на Априлија потоа наметна темпо што никој не можеше да го следи и сосема заслужено стигна до нов триумф. Втор заврши освојувачот на ...
Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, доживеа неочекувана елиминација уште во второто коло на мастерсот во Рим, откако беше поразен од 20-годишниот хрватски тенисер Дино Призмиќ. Иако српскиот ас го доби првиот сет и делуваше сигурно на теренот, во продолжението целосно го загуби ритамот, што Прижмиќ го искористи за голем пресврт и една од најзначајните победи во својата кариера. Сепак, по натпреварот повеќе од самиот резултат ...
Бразилската ѕвезда Нејмар ќе се најде на прелиминарниот список на Бразил за Светско првенство, пренесува новинарот Диого Дантас од „O Globo“. Новиот селектор Карло Анчелоти треба да го достави поширокиот список од 55 фудбалери на 11 мај, додека конечниот состав ќе биде објавен на 18 мај. Нејмар нема настап за Бразил уште од октомври 2023 година, кога заработи сериозна повреда на натпреварот против Уругвај. Во текот на 2026 година, офанзивецот ...
Ливерпул и Челзи одиграа 1-1 во дербито на „Енфилд“, резултат што многу повеќе им одговара на домаќините во трката за место во Лигата на шампионите. Тимот на Арне Слот уште повеќе се доближи до обезбедување пласман во европската елита, додека Челзи, иако ја прекина серијата од шест последователни порази во првенството, останува со минимални шанси за висок пласман. Ливерпул поведе уште во 6. минута преку Рајан Гравенберх, кој со одличен удар ...
Фудбалската федерација на Иран официјално потврди дека земјата ќе учествува на Светско првенство 2026, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Настапот на Иран беше доведен во прашање поради тензиите и конфликтите на Блискиот Исток што ескалираа по нападите на САД и Израел кон крајот на февруари. „Без никакво сомневање ќе учествуваме на Светското првенство 2026, но земјите домаќини мора да ги земат предвид нашите загрижености“, соопшти ...
Српскиот интернационалец Никола Малешевиќ верува дека „пелистерци“ со помош на публиката можат да дојдат до триумф и да се изборат за мајсторка во полуфиналето. Се е подготвено за вториот натпревар од полуфинална серија меѓу Пелистер и МЗТ Скопје. Очекувањата се дека голем број навивачи ќе им дадат поддршка на „пелистерци“ во оваа клучна битка за место во финалето. Кошаркарите од своја страна најавуваат дека се подготвени за големиот ...
Хартс е на чекор до една од најсензационалните титули во модерната историја на шкотскиот фудбал. По цели 41 година, можно е шампион на Шкотска Премиер лига да не биде ниту Селтик ниту Ренџерс. Последен клуб надвор од „Олд Фирм“ што ја освоил титулата бил Абердин на легендарниот Сер Алекс Фергусон во 1985 година. Сега, четири децении подоцна, Хартс од Единбург има историска шанса да го прекине монополот на клубовите од Глазгов. Голема заслуга ...
Фудбалскиот клуб Сабах испиша историја, освојувајќи ја шампионската титула во Азербејџан за првпат од своето постоење. Со овој успех, Сабах го симна од тронот доминантниот Карабах, кој во изминатите 12 сезони дури 11 пати беше шампион на домашното првенство. Овој податок дополнително ја нагласува големината на подвигот што го направи новиот шампион. Особено импресивно е што Сабах како клуб практично и не постоеше пред една деценија, а сега ...
Тренерот на Барселона, Ханси Флик, порача дека неговиот тим е целосно фокусиран на победа во утрешното Ел Класико против Реал Мадрид, иако каталонците се на чекор до нова титула во Ла Лига. Германскиот стратег беше запрашан и за скандалите во соблекувалната на Реал, особено за инцидентот меѓу Орелиен Чуамени и Федерико Валверде. „Тоа се работи што се случуваат насекаде во светот, не само во Реал. Малку бев изненаден, но не сакам да зборувам ...
Атмосферата во Реал Мадрид е исклучително напната пред последното Ел Класико сезонава против Барселона, особено по инцидентот меѓу Орелиен Чуамени и Федерико Валверде. Тренерот Алваро Арбелоа на денешната прес-конференција беше видно потресен и на моменти на работ на солзи, додека ги бранеше своите играчи и зборуваше за кризата во клубот. „Морам да кажам две работи. Прво, горд сум на брзината, транспарентноста и одлучноста на клубот. Второ, ...
Италијанскиот возач Франческо Бањаја ја освои пол-позицијата за Големата награда на Франција, петтата трка од сезоната во Мото ГП. Возачот на Дукати во квалификациите на патеката Бугати во Ле Ман постави најбрзо време од 1:29.634 минути и стигна до својата прва пол-позиција оваа сезона, а прва уште од трката во Сепанг минатата година. Веднаш зад Бањаја заврши неговиот тимски колега Марк Маркес, кој заостана само 12 илјадитинки, додека третото ...
Како што наближува крајот на сезоната во ПМФЛ, комбинаториките во борбата за подобри позиции стануваат погласни, при што секоја страна јасно знае кон што цели. Пелистер како прволигашки клуб со голема традиција е повеќе од локален бренд, но оваа година имаше слаб старт на сезоната и сѐ уште го нема потврдено опстанокот во елитното друштво за следната година. Оттука, целта на битолските „зелено-бели“ е јасна и недвосмислена, а резултатите во ...
Кирил Пецаков, градоначалникот на Охрид и првиот човек на ракометниот клуб, за време на својата посета на Унгарија остварил средба со Чаба Барта, претседателот на унгарскиот ракометен гигант Веспрем. Во фокусот на разговорите бил развојот и успесите на ГРК Охрид во европските натпреварувања, како и настапите во домашното првенство и купот, за што охридскиот клуб добил признание и честитки од унгарскиот ракометен гигант. Пецаков истакна дека ...
Екипата на Ред Бул сериозно го разгледува Оскар Пјастри како потенцијална замена за Макс Верстапен доколку актуелниот четирикратен светски шампион реши да го напушти тимот по крајот на сезоната. Иако Верстапен има договор со Ред Бул до 2028 година, во него постојат клаузули што би му овозможиле предвремено заминување од тимот. Од Ред Бул и понатаму јавно тврдат дека Холанѓанецот ќе остане, но во позадина веќе се разгледуваат алтернативни ...
Струга Трим Лум сѐ уште се надева дека може да стигне до втората позиција на табелата, иако има заостанување од шест бода во однос на Шкендија, а денес гостува токму во Тетово. Капитенот на тимот, Буњамин Шабани, вели дека тој и соиграчите се подготвени за надигрување. „Нѐ очекува дерби натпревар против многу квалитетен тим. Мислам дека ќе биде многу интересен меч и празник за сите љубители на фудбалот. Што се однесува до нас како екипа, ...
Екипата на Шкупи веќе ги прави плановите за настап во Втората лига, но во финишот од елитното првенство, чаирчани сакаат да го искористат секој момент за калење на младите таленти. Претстојното гостување кај Пелистер се смета за идеален тест за младинците, кои низ жешката атмосфера во Битола треба да соберат неопходно искуство. Еден од столбовите на новиот бран е Венис Кока. Тој е убеден дека тимот е максимално подготвен да одговори на ...
Во соблекувалната на Реал Мадрид владее сериозна недоверба, а во центарот на вниманието се најде Винициус Жуниор. Според информациите на „Мундо Депортиво“, дел од фудбалерите на „кралевите“ веруваат дека Бразилецот му пренесува информации на тренерскиот штаб кога ќе дојде до конфликти или тензии меѓу соиграчите. Наводно, неколку играчи сметаат дека Винициус има улога на човек кој ги известува тренерите за случувањата во соблекувалната, што ...