Бразилската ѕвезда Нејмар ќе се најде на прелиминарниот список на Бразил за Светско првенство, пренесува новинарот Диого Дантас од „O Globo“. Новиот селектор Карло Анчелоти треба да го достави поширокиот список од 55 фудбалери на 11 мај, додека конечниот состав ќе биде објавен на 18 мај. Нејмар нема настап за Бразил уште од октомври 2023 година, кога заработи сериозна повреда на натпреварот против Уругвај. Во текот на 2026 година, офанзивецот ...

Иако не беше дел од последните пријателски натпревари на Бразил и не се најде во претходните планови на Карло Анчелоти, Нејмар сепак останува во комбинација за настап на Светското првенство. Според најавите од бразилските медиуми, искусниот офанзивец ќе биде вклучен на поширокиот список на репрезентативци што селекторот Анчелоти треба да го достави на 11 мај. Конечниот список за Мундијалот ќе биде објавен една недела подоцна, на 18 мај. ...

Нејмар гори од желба да настапи на Мундијалот, досега не играл за Бразил под водство на Карло Анчелоти, но се надева дека ќе добие повик. Неговите шанси се зголемуваат откако се најде на широкиот список, но од него ќе отпаднат повеќе играчи, конечната бројка треба да биде 26 фудбалери. На широкиот список се најде Естевао, но фудбалерот на Челси не може навреме да се опорави од повредата и најверојатно ќе го пропушти Светското првенство. ...