Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Најтрофејниот тенисер во историјата на белиот спорт, Новак Ѓоковиќ, се појави на тенискиот терен по речиси два месеци и елиминација од Индијан Велс, но во второто коло од АТП Мастерсот во Рим, доживеа шокантен пораз во дуелот против хрватскиот тенисер Дино Прижмиќ со резултат 1-2 (2-6, 6-2, 6-4). Споменатиот неуспех отвори бројни прашања кај тениските експерти, а главната тема дефинитивно е (не)учеството на Новак на претстојниот Ролан Гарос. ...
Лос Анџелес Лејкерс е во многу тешка ситуација и се пред елиминација во плејофот на НБА, а сè уште не е јасно дали Лука Дончиќ ќе им помогне. Лејкерси претрпеа тежок пораз од Оклахома Сити Тандер со 131-108 во третиот натпревар од полуфиналето на Западната конференција и сега заостануваат со 0-3 во серијата. Кошаркарот, Лук Кенард, нагласи колку многу му недостасува Дончиќ на тимот. „Кога го имате најдобриот стрелец во лигата на теренот, тоа ...
Францускиот фудбалски клуб Ле Ман испиша една од најубавите фудбалски приказни сезонава, откако обезбеди пласман во Лига 1 и се врати меѓу француската елита по пауза од 15 години. Тимот кој во минатото поминуваше низ сериозни финансиски проблеми, па дури и банкротираше во 2013 година, пред две години повторно се најде во тешка ситуација. Токму тогаш пристигна спасот, бидејќи група познати спортски имиња решија да инвестираат во клубот и да ...
Кој пред месец и пол или два би претпоставил дека мајското „Ел Класико“ нема да биде од клучно значење. Не така одамна Барса и Реал ги делеа само неколку бодови, но во текот на март и април тимот на Алваро Арбелоа нареди киксови, додека екипата на Ханси Флик не попушти во Примера и покрај разочарувачката елиминација во четвртфиналето на Лигата на шампионите. До крајот на сезоната во Примера останаа уште само четири кола, а Барселона има 11 ...
Премиерлигашот Борнмут реши привремено да го суспендира Алекс Хименез поради сериозни обвинувања кои се појавија кон него. На интернетот се појавија фотографии од наводен разговор на младиот Шпанец со девојка која е малолетна. На фотографијата се гледа дека таа директно го прашува дали не му пречи тоа што има 15 години, а потоа девојката го објавила тоа на социјалните мрежи. Поради обвиненијата клубот реши да го суспендира додека е во тек ...
Тренерот на Борац Моцарт, Саша Оцокољиќ, очекува многу поинаков натпревар во вториот дуел од серијата против ТФТ, нагласувајќи дека неговиот тим мора да влезе со максимална сериозност и фокус. Тој смета дека клучот за успех ќе биде пристапот на неговите играчи, кои не смеат да се опуштат по убедливата победа во првото соочување. „Вториот натпревар од серијата сигурно ќе биде тотално различен од првиот во Чачак. ТФТ е одличен тим и сигурно ќе ...
Остануваат уште три кола до крајот на првенството во Првата лига, а Работнички се обидува да го пронајде своето место под сонцето. Битката за опстанок е сурова и едноставно „романтичарите“ мораат да ги освојат трите бода на денешното гостување кај АП Брера во Струмица. „Целта се трите бода. Немаме право на грешка, фокусирани сме да победиме. На минатите два натпревари испуштивме многу значајни бодови и сега немаме друга алтернатива. Брера ...
На две кола пред спуштање на завесата во ПМФЛ, Арсими и Башкими излегуваат на директна пресметка која може да вреди опстанок. „Златните“ бодови се на маса, а притисокот е доведен до точка на вриење. Домаќинот Арсими е во одлична серија со 10 освоени бодови од последните пет меча, но Башкими по триумфот над Шкендија покажа дека знае како со фаворитите. Кумановци доаѓаат во Гостивар со една цел – дефинитивен опстанок во прволигашкото друштво. ...
Фудбалерите на АП Брера остварија екстремно важна победа во минатото коло на гостувањето во Струга, но тие бодови нема да значат премногу во трката да се избегне баражот, ако денеска не надополнат со нови три од дуелот со Работнички. Младиот тим на Шефки Арифовски ја прекина низата лоши резултати, но сега треба да покаже и дека може во континуитет да игра на потребното ниво. „Подготвени сме за ново надигрување. Ќе биде ова уште еден мошне ...
Фудбалерите на Славија Прага се на дофат од одбрана на шампионската титула во чешкиот фудбал и освојување на деветтиот пехар наменет за најдобриот тим на оваа земја. Кулминацијата на сезоната требаше да биде дуелот помеѓу големите градски ривали Славија и Спарта, во кој домаќинот математички можеше да го обезбеди шампионскиот пехар со три бода, но... На самиот крај од натпреварот, домашниот тим имаше предност од 3-2 (1-1), но домашните ...
Арсими денеска, пред своите навивачи во Гостивар, ќе го одигра еден од најважните натпревари во тековната сезона. Против екипата на Башкими, гостиварската екипа ќе атакува на исклучително важни три бода, кои значително би ја доближиле до обезбедување опстанок во Првата лига. Во пресрет на овој дуел свое очекување изнесе дефанзивецот на Арсими, Џелил Абдула, кој потенцира дека натпреварот ќе биде исклучително тежок, но целта е јасна, а тоа е ...
Во петокот на фудбалското игралиште во Брвеница, близу Тетово, се одигра натпревар од хуманитарно - пријателски карактер помеѓу старите и добри спортски ривали, а пред сѐ пријатели, екипите на ветераните на Тетекс и Пелистер. Ова нивно, повеќе децениско, пријателство и ривалство почна уште додека тие беа активни професионални фудбалери, истото трае до ден денешен, а ќе продолжи и понатаму да се негува. Пред самиот натпревар, ветераните на ...
По поразот на гостински терен во првиот бараж натпревар, кошаркарите на ТФТ Скопје вечерва пред својата публика ќе го пречекаат тимот на Борац Моцарт. Тренерот Боро Смилковски, вели дека пред нив е сериозен испит и верува на добар настап на неговите момци. „Ги поминавме овие неколку дена во физичко закрепнување и очекуваме дека ќе можеме да ја дадеме нашата максимална енергија. Реакцијата е очекувана, верувам во нашиот добар настап пред ...
Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер се на еден чекор од финалето на Западната конференција во НБА. Актуелниот шампион ги победи Лејкерси и славеше со 131-108 во Лос Анџелес за огромни 3-0 во серијата. Дури и кога Шеј Гиљас-Александар нема своја шутерска вечер, Тандерси наоѓаат ново лице за да ја преземат играта. Овој пат тоа беше Ејџеј Мичел. Лејкерси повторно имаа свои моменти, повторно беа конкурентни до полувремето, дури и водејќи по ...
Пари Сен Жермен славеше во полуфиналниот двомеч од Лигата на шампионите против Баерн, со вкупни 6-5, но тоа не е единствената добра вест за парижани во пресрет на големото финале во Арсенал. Ашраф Хакими се повреди во првиот натпревар, па тренерот Луис Енрике не можеше да смета на мароканскиот десен бек во реваншот. Сепак, се шпекулира дека 27-годишниот дефанзивец веројатно ќе биде подготвен да се врати пред финалето и покрај повредата на ...
Жозе Мурињо е сè поблиску до сензационално враќање во Реал Мадрид, а во Бенфика веќе активно работат на пронаоѓање негова замена. Според информациите на португалска „А Бола“, во Мадрид веруваат дека токму искусниот стратег е човекот кој може да ја стабилизира соблекувалната на „кралевите“, каде веќе подолго време владее незадоволство и проблеми со атмосферата во тимот. Поради тоа раководството на Бенфика веќе започнало потрага по нов тренер, ...
Марк Маркез доживеа сериозен пад на спринт трката на патеката во Ле Ман, по што ќе мора итно да оди на операција. Од неговиот тим потврдија дека шпанскиот мотоциклист заработил скршеница на коска во стопалото, повреда која може да биде санирана само со хируршки зафат. Маркез настапи на Ле Ман и покрај проблемите со рамото, но по новата незгода решил паралелно да го реши и тој проблем, па покрај операцијата на стопалото ќе биде подложен и на ...
Во петокот вечерта, во рамки од четвртфиналето во Евролигата, екипата на Валенсија успеа да израмни на 2-2 на гостински терен против Панатинаикос, а веќе во недела ја чека нова битка. Овој пат во домашниот шампионат, против големиот ривал Басконија. Од редовите на Валенсија сакаат овој натпревар да биде одложен, поради важноста на „мајсторката“ против грчкиот гигант, која носи пласман во Фајнал-форот во Евролигата. „Ако не можат да го одложат ...
По двете врзани ремија, екипата на Јувентус во вистински момент се врати на вистинскиот колосек и на гостувањето кај Лече извојува важна победа во трката за местата кои што идната сезона водат во Лигата на шампионите (0-1). Натпреварот во Лече започна како што посакуваа гостинските фудбалери. Публиката на стадионот во Лече сè уште не седнала на своите места, а Јувентус веќе поведе. Српскиот ас Душан Влаховиќ ја погоди противничката мрежа по ...
Екипата на Бетис прокоцка голема шанса да направи крупен исчекор кон пласманот во Лигата на шампионите следната сезона. „Зелените“ од Севиља во последниот денешен натпревар од Примера во самиот финиш испуштија водство од 0-2 и од гостувањето кај Реал Сосиедад се враќаат со само еден бод – 2-2. Централна фигура во првото полувреме во Баскија беше најголемото промашување на Манчестер Јунајтед во поновата историја – Антони. LA QUE HA FALLAO ...
Фудбалерите на Динамо Загреб и Хајдук го одиграа последното дерби во сезоната во 34. коло во хрватскиот шампионат. Натпреварот на „Максимир“ немаше никакво резултатско значење. Динамо ја обезбеди шампионската титула, која ја презема од минатогодишниот шампион Риека. Хајдук, исто така, ја подобри својата позиција од минатата сезона, обезбедувајќи го второто место. Во општото лудило на теренот и трибините, имаше и еден голем инцидент. Домашните ...
Светскиот рекет број еден, Јаник Синер, се квалификуваше во третото коло на Мастерсот во Рим победувајќи го Австриецот Себастијан Офнер во два сета (6-3, 6-4). Првиот натпревар на Синер на турнирот траеше час и половина само затоа што на крајот од натпреварот, во два наврати, им беше укажана лекарска помош на две лица од трибините. Победата на Синер во ниту еден момент не беше доведена во прашање, туку поради споменатите околности истата беше ...
Екипата на Брегалница утре го игра можеби клучниот натпревар сезонава против Шкендија Арачиново, дуел кој може директно да влијае врз трката за директен пласман на „сините“ во Прва македонска фудбалска лига. Во пресрет на важниот меч, штипскиот клуб излезе со јасно соопштение и апел до своите навивачи, повикувајќи на фер, спортско и достоинствено навивање. Од Брегалница потенцираат дека фудбалот треба да обединува, а трибините да бидат место ...
Екипата на Охрид испиша историја и ја забележа првата победа над шампионот Вардар од 26-24, а по натпреварот своето задоволство не го криеше тренерот Борис Ројевиќ. Српскиот стратег најпрво му честиташе на Вардар за освоената титула, но и на своите ракометари за големата борба и карактер што го покажаа на теренот. „Прво сакам да му честитам на Вардар за заслужената титула. Исто така сакам да им честитам и на моите момци, кои во второто ...
Кошаркарска Струмица по подолго време ќе гледа елитна кошарка следната сезона. Струмичани го добија клучниот дуел против Бутел и обезбедија промоција во Суперлигата. Во прекрасна атмосфера во салата „Никола Карев“ домашните кошаркари со 81-76 славеа во „мајсторката“ со скопскиот ривал и на тој начин се вратија во елитното натпреварување. По израмнетите два натпревари од финалната серија, јасно беше дека и вечерва ќе биде неизвесно до самиот ...
Публиката на стадионот во Лече сè уште не седнала на своите места, а Јувентус веќе поведе. Српскиот ас Душан Влаховиќ ја погоди противничката мрежа по само ЕДИНАЕСЕТ секунди игра, практично од соблекувалната. Само што гостинските фудбалери тргнаа од центарот, Камбиасо го проигра Влаховиќ, кој, меѓу неколку играчи на Лече, успеа да шутира од седум метри и да ја смести топката во мрежата. Ова е втор гол по ред за српскиот ас. Претходно, беше ...
Манчестер Сити остана во трката за шампионската титула во Премиер лигата, откако на домашен терен славеше над Брентфорд со убедливи 3-0 во натпревар од 36. коло. Иако резултатот изгледа сигурен, избраниците на Пеп Гвардиола не минаа лесно против незгодниот ривал кој уште на стартот можеше да приреди шок. Кевин Шаде имаше одлична можност по уфрлување од аут, но Џанлуиџи Донарума успеа да ја сочува мрежата. Сити возврати преку Ерлинг Халанд, ...
Атлетико Мадрид доживеа неочекуван пораз на домашен терен, откако вечерва загуби од Селта Виго со минимални 0-1 во натпревар од 35. коло во шпанска Примера. Гостите од Виго одиграа дисциплиниран и трпелив натпревар, а клучниот момент се случи во 62. минута кога Борха Иглесијас ја затресе мрежата на домаќините и донесе голема победа за Селта. Атлетико во поголем дел од мечот имаше иницијатива и повеќе ја контролираше играта, но тимот на Диего ...
По неочекуваното реми со Хајденхајм во претходното коло од Бундеслигата, како и по елиминацијата од ПСЖ во полуфиналето од Лигата на шампионите, екипата на Баерн Минхен им се врати на победничките патеки и во последниот денешен натпревар во германската елита со минимални 0-1 славеше на гостувањето кај Волфсбург. Четата на Винсент Компани уште од поодамна ја обезбеди новата титулата во Бундеслигата, но сезоната сака да ја заврши со стил. Тоа ...
xРакометарите на Прилеп и Еурофарм Пелистер 2 запишаа нови победи во плеј-аутот од ракометната Суперлига на Македонија. Во рамки од осмото коло младите пелистерци беа поуспешни од Куманово, совладувајќи го во Битола со минимални 27-25. Во текот на сите шеесет минути се играше израмнето и борбено, водството честопати се менуваше, а на крај позадволни беа домашните ракометари кои со два врзани гола во финишот стигнаа до заслужена победа од ...