Екипата на Бетис прокоцка голема шанса да направи крупен исчекор кон пласманот во Лигата на шампионите следната сезона. „Зелените“ од Севиља во последниот денешен натпревар од Примера во самиот финиш испуштија водство од 0-2 и од гостувањето кај Реал Сосиедад се враќаат со само еден бод – 2-2. Централна фигура во првото полувреме во Баскија беше најголемото промашување на Манчестер Јунајтед во поновата историја – Антони. LA QUE HA FALLAO ...

Бетис идната сезона ќе игра во Лигата на шампионите, откако успеа да дојде до петтата позиција на табелата победувајќи го Елче со 2-1, и користејќи го „киксот“ на Селта која загуби од Леванте на домашен терен. Така Бетис се стекна со седум бодови предност на две кола до крајот на шпанската Ла Лига. Кучо Хернандез донесе предност за Бетис во 9. минута. Форт израмни, и тоа беше резултат на полувремето. Форналс во 68. минута донесе нова предност ...