Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Нашата најдобра ракометна селекција е на два чекори до пласман на ново Светско првенство. За да учествуваме таму треба да славиме во бараж-двомечот со селекцијата на Словачка, а селекторот Фернандо Гуриќ ги отвори картите за натпреварите во Прешов и Скопје. Во списокот на словачкиот селектор се најдоа 20 ракометари, а најмногу доаѓаат од редовите на Татран Прешов. Марко Јуркович се враќа во репрезентацијата по операцијата на ногата, а се во ...
Ако Интер лесно си ја заврши задачата и го обезбеди скудетото, трката за европските купови преку Серија А ќе биде пеколна. Од втората до шестата позиција пет екипи се на распон од пет бода, со тоа што Наполи игра вечерва со Болоња. Дури и ако се исклучи Наполи, останатите четири екипи се во само три бода на две рунди до крајот на шампионатот. Табела на екипите во трката за ЛШ: 2. Наполи (70), 3. Јувентус (68), 4. Милан (67), 5. Рома (67), 6. ...
Женската репрезентација на Македонија до 16 години во последното коло од УЕФА развојниот турнир што се одржа во Струмица е поразена од селекцијата на Косово со 2-1. Откако првото полувреме заврши без голови на почетокот од второто во 58. минута, Олса Кучи им донесе предност на гостинките од 1-0. Во 79-тата, Леона Малоку зголеми на 2-0, а во последната минута од натпреварот Елена Наумоска беше стрелец на единствениот гол за Македонија. ...
Европската куќа на фудбалот (УЕФА) денес објави дека главен судија на финалето на Лигата на шампионите ќе биде - Даниел Зиберт. Станува збор за германски судија, кој неодамна го судеше реваншот од полуфиналето во кој Арсенал го победи Атлетико Мадрид со 1-0. Да се потсетиме дека по овој натпревар, мадриѓани го изразија незадоволство од одредени одлуки, како што е онаа да се досуди прекршок врз Габриел, во моментот кога Антоан Гризман постигна ...
На точно еден месец до почетокот на Светското првенство, некои селектори веќе почнаа да ги соопштуваат ростерите за големиот настан. Сергеј Барбарез, селекторот на Босна и Херцеговина, ги отвори „картите“ за мундијалските предизвици, а со тоа и за пријателскиот натпревар против Македонија на 29 мај. Барбарез се потпре на проверени сили, на истите фудбалери кои го изборија Мундијалот. Голмани: Никола Васиљ, Мартин Зломислиќ, Осман Хаџикиќ ...
Во финалниот натпревар од М12 лигата, во машка конкуренција се сретнаа старите ривали, екипите на Вардар и Водно Санс. Во неизвесен и возбудлив меч, на крајот се радуваа младите „вардарци“ со 57-48. Масимално израмнето се играше во првото полувреме во финалниот меч од оваа најмала возрасна конкуренција од „Адастра“ младинските лиги. Ниту една од двете екипи финалисти не успеа да обезбеди некое посериозно водство во првите две четвртини. Така ...
Првиот собир во рамките на ФИБА проектот за развој на млади и талентирани кошаркари ќе биде реализиран во Букурешт, во периодот од 13. до 17. мај, каде Македонија ќе настапи со две репрезентации „Под 14“ години – во машка и во женска конкуренција. По одржаните селективни тренинзи, селекторите Мартин Атанасовски и Никола Петровски ги одредија составите кои ќе ја претставуваат Македонија на првиот турнир од проектот, во кој учествуваат повеќе ...
Андреј Тодорски продолжи во одлична форма за неговиот тим ТСЦ во победата над Јавор од 6-1 во Суперлигата на Србија. За поранешниот младински репрезентативец кој во иднина треба да го облече дресот на А-тимот, ова беше шести погодок во последните пет меча. Гол-серијата на Тодороски почна против Напредак во април, потоа по двапати стрелаше против Спартак Суботица и Раднички, а сега одигра одлични и против Јавор. 27-годишникот кој е роден во ...
Навивачите на Монако жестоко го нападнаа Пол Погба по поразот од Лил со 1-0, резултат со кој клубот остана без место во Лигата на шампионите. Францускиот фудбалер се најде во центарот на вниманието поради снимка која брзо се прошири на социјалните мрежи. Само неколку минути по натпреварот Погба беше забележан како насмеан разговара и се шегува со фудбалери на Лил. Се работеше за француски играчи од кои дел му беа соиграчи во репрезентацијата, ...
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, не ја криеше радоста кога дозна дека Барселона го добила Ел Класико против Реал Мадрид со 2-0. Шпанскиот стратег по победата на ПСЖ над Брест од 1-0 праша некој од новинарите како заврши дербито во Шпанија. Кога слушна дека Барса победи ја крена раката во знак на славје и прокоментира „Така е!“, а моментот го сними новинарката Дунија Месли. First thing Luis Enrique wanted to know after PSG's game He ...
Италијанската фудбалска легенда Роберто Баџо одново зборуваше за иднината на италијанскиот фудбал. Повод за разговорот беше неговата автобиографија „Светлина во темнината“, а најголемо внимание привлече анализата за падот на репрезентацијата на Италија. „Многу работи мора да се променат. Децата повеќе не играат на улица, а во Серија А нема доволно италијански фудбалери. Ако мора да носите играчи од други земји и да ги натурализирате, тоа ...
Архус ја освои шампионската титула во Данска за првпат по 40 години и на тој начин стави крај на долгата суша без трофеј во домашното првенство. Во дербито на сезоната Архус славеше над Брондби со 0-2 и едно коло пред крајот математички го обезбеди трофејот. На коло пред крајот Архус има 64 бода, четири повеќе од Митјиланд, и стигна до шестата титула во клупската историја, прва уште од 1986 година. Danish team Aarhus have won their first ...
Европската ракометна федерација ги потврди термините за финалето во Европскиот куп, а Македонија повторно ќе има свој претставник во борбата за трофејот. Охрид ќе се соочи со унгарска Татабања во големото финале. Според ждрепката, охриѓани први ќе гостуваат во Унгарија. Првиот финален натпревар ќе се одигра на 24 мај со почеток од 17:00 часот во Татабања. Реваншот е закажан една недела подоцна во салата „Билјанини извори“, каде што Охрид на ...
Жоао Кансело испиша историја во европскиот фудбал и стана првиот играч кој успеал да освои шампионска титула во четири од петте најсилни европски лиги. Португалскиот репрезентативец низ кариерата стигна до титули во Италија, Шпанија, Германија и Англија, настапувајќи за некои од најголемите европски клубови. Кансело беше шампион на Италија со Јувентус, ја освои Ла Лига со Барселона, во Германија триумфираше со Баерн Минхен, додека во Англија ...
Маркус Рашфорд повторно беше еден од главните играчи на Барселона во триумфот над Реал Мадрид од 2-0 во Ел Класико, а по натпреварот отворено зборуваше за својата иднина во каталонскиот клуб. Англискиот напаѓач со мајсторски гол од слободен удар го отвори дербито, а по уште една одлична партија повторно се актуелизираше темата дали Барселона ќе го задржи и следната сезона. „Не сум магионичар, да бев, ќе направев да останам.Навистина ми е ...
Македонскиот тим Охрид го потврди и четвртото засилување за следната сезона и потпиша со Никола Зечевиќ. 24-годишниот српски репрезентативец доаѓа од редовите на шампионот на Србија, Партизан. Се работи за лев бек кој стави потпис со Охрид за следната натпреварувачка сезона. По потписот, Зечевиќ не го криеше задоволството за новиот предизвик. „Многу сум среќен и со нетрпение го очекувам мојот прв настап во дресот на Охрид. Не ми беше тешко да ...
Фудбалерите на Реал Мадрид загубија на гостувањето кај Барселона (2-0), а противникот го прослави трофејот во шпанската Примера пред нивните очи. Тензија имаше и на ова „Ел Класико“, иако сезоната беше решена и Реал беше без реални шанси за трофеј. Одново во интересна ситуација се најде Винициус Жуниор. Бразилецот по еден неуспешен дриблинг беше исвиркан, па реши да им испрати порака на фановите на Барселона. Винициус им покажа на игра ...
Кошаркарите на Минесота Тимбервулвс израмнија против Сан Антонио Спарс во конференциското полуфинале во НБА лигата, добивајќи го четвртиот меч со 114-109. Многу важен детаљ на мечот беше раното исклучување на Виктор Вембањама. Францускиот центар уште во втората четвртина направи голема глупост и го остави тимот на цедило. Во еден дуел за топка со Нез Рид и Џејден Мекдениелс, Вембањама беше испровоциран и со лакт го удри противникот во ...
Ханси Флик го имаше најтешкиот ден во животот, според неговите зборови, бидејќи на денот кога Барселона со победа од Реал Мадрид (2-0) стигна до трофејот во Примера, тој го загуби својот татко. И покрај семејната загуба, Флик реши да биде храбар и го водеше тимот на „Камп Ноу“ против лутиот ривал. Во текот на средбата Германецот делуваше смирено крај аут-линијата, ама по последниот свиреж не успеа да ги задржи емоциите. „Никогаш нема да го ...
Македонскиот фудбалер Дани Мусовски беше херој на Сиетл Саундерс во ремито против Сан Диего (1-1) во американската МЛС лига. Сиетл беше на чекор до пораз на домашен терен, но Мусовски во самиот финиш се погрижи неговиот тим да избегне неуспех. Македонскиот напаѓач шанса доби од клупата во второто полувреме, а довербата ја оправда со погодок во 80. минута за конечни 1-1. El gol del empate de @SoundersFC. Musovski anticipa y le pega casi que un ...
Кошаркарите на Њујорк Никс се пласираа во конференциското финале на Источната конференција во НБА лигата, откако со „метла“ и сигурни 4-0 ја елиминираа Филаделфија 76ерс. На последниот четврти натпревар Никси направија втор брејк и славеа со сигурни 114-144 на гостувањето во Филаделфија за крај на серијата. Филаделфија 76ерс - Њујорк Никс: До овој резултат тимот од Њујорк го предводеа Мекбрајд со 25 и Џејлен Брансон со 22 поени, додека Харт ...
Жозе Мурињо се огласи по информациите дека е главен кандидат за нов тренер на Реал Мадрид и ги демантираше наводите за било какви преговори со клубот. Португалскиот стратег во последните денови се споменува како прва желба на претседателот Флорентино Перез, особено по незадоволителните резултати на Алваро Арбелоа, кој зимава го наследи Чаби Алонсо на клупата на „кралевите“. Сепак, Мурињо јасно порача дека во моментов нема никаков контакт со ...
Џереми Монга е цел на Манчестер Јунајтед. Шеснаесетгодишниот играч на Лестер Сити е предмет на интерес од неколку англиски клубови. Тинејџерот го имаше своето деби во сениорската тим минатата сезона како еден од најмладите играчи во историјата на клубот. Тој веќе привлече сериозно внимание оваа година, со 30 настапи во сите натпреварувања. Монга игра како крилен напаѓач, а локалните медиуми објавуваат дека неколку клубови се заинтересирани за ...
Кошаркарката на Крива Паланка, Аби Ниехуес го доби најголемото индивидуално признане во оваа финална серија од плеј-офот која го даде новиот шампион. Беше прогласена за најкорисен играч во финалата серија, Апсолутно заслужено ако се земат в предвид не само оние статистички податоци, туку многу повеќе придонесот кој го даде во реализацијата на планираните цели на клубот од Крива Паланка. И во последниот, и решавачки натпревар американското ...
Лос Анџелес Лејкерс се наоѓа пред елиминација во плеј-офот на НБА, откако тимот повторно загуби од Оклахома Сити Тандер и сега има негатива од 0-3 во серијата. Овој резултат дополнително ги засили шпекулациите дека Леброн Џејмс би можел да го одигра последниот натпревар во дресот на Лејкерс, а можеби и во кариерата. Иако има 41 година, легендарниот кошаркар сè уште игра на високо ниво и сезонава во плеј-офот бележи одлични бројки. По поразот ...
Фудбалерите на ПСЖ се на еден бод до одбрана на титулата во домашниот шампионат, а тој може да го освојат за три дена против директниот конкурент за трофејот. Парижани во 33. коло од Лига 1 пред својата публика славеа со минимални 1-0 над Брест и на тој начин му побегнаа на Ленс на шест бода, на две натпревари до крајот на сезоната. Токму овие две екипи ќе се сретнат во рамки од заостанатиот натпревар од 29 коло, а со евентуален бод или ...
ФИФА официјално потврди дека Светско првенство 2026 ќе започне со три одделни церемонии на отворање во Мексико, Канада и САД. Мундијалот стартува на 11 јуни во Мексико Сити со натпреварот меѓу Мексико и Јужна Африка на легендарниот стадион „Ацтека“, кој ќе стане првиот стадион во историјата што бил домаќин на три Светски првенства. „Почнувајќи од Мексико Сити, па продолжувајќи во Торонто и Лос Анџелес, овие церемонии ќе ги спојат музиката, ...
Екипата на ТФТ Скопје ја заврши сезоната од соништата во АБА-2 лигата, откако во баражот за влез во елитата, втор кој го играше оваа година, загуби од екипата на Борац Чачак и во вториот меч (65-97), а серијата финишира со 0-2. По поразот од Широки Бријег во финалето, тимот на Смилковски не можеше да се носи со АБА-лигашот кој имаше поширок и поквалитетен ростер. Не изостана борбата кај црно-белите од Тафталиџе, но таа беше недоволна да се ...
Аталанта оствари голема победа на гостувањето кај Милан со 3-2 на легендарниот Сан Сиро во дербито од 36. коло на Серија А. Тимот од Бергамо целосно доминираше во поголемиот дел од натпреварот и со заслужени три бода дополнително ја закомпликува борбата на Милан за место во Лига на шампионите. Гостите поведоа уште во 7. минута преку Едерсон, кој одлично се снајде во шеснаесетникот и го совлада Мајк Мањан. Во 29. минута Никола Крстовиќ одлично ...
Унион Берлин славеше на гостувањето кај Мајнц со 3-1 во претпоследното, 33. коло од Бундеслига. Но, ова не беше обична победа туку историска. Имено, ова е прв триумф на жена тренер во една од петте најсилни европски лиги. Мари Луиз Ета пред еден месец го презеде тимот од Берлин со цел да ја стабилизира екипата по серијата слаби резултати, а сега испиша историја со првата победа. Унион поведе во 38. минута преку српскиот напаѓач Андреј Илиќ. ...