Екипата на Барселона е шампион на Шпанија, па сето тоа донесе опуштање во играта и пораз кај Алавес (0-1) во рамки на 36. рунда на Примера. Каталонците како да претераа со славјето, па не беа многу заинтересирани за резултатот на натпреварот на гостински терен. Единствениот гол на мечот за победа на Алавес падна пред финишот на првиот дел, кога Ибрахим Диабате постигна погодок по асистенција на Антонио Бланко. За Алавес, ова беше важна победа ...
Барселона ја освои титулата, а тоа како да беше знак дека за нив заврши првенството. Многу неочекувано Барселона синоќа загуби на гостувањето кај Алавес со 1:0, во меч од 36 коло на шпанското првенство. Алавес во овој дуел влезе како претпоследен на табелата со само 37 бодови, додека Барселона како шампион со 91 бодови. Токму затоа неверојатно беше дека Барселона може да дозволи да загуби на ова гостување, но Алавес со погодок во 45+1 минута ...

