Германскиот шампион Баерн Минхен е сериозно заинтересиран за англискиот репрезентативец Ентони Гордон, пренесуваат медиумите во двете држави. Крилниот фудбалер на Њукасл Јунајтед се наоѓа високо на листата желби на баварскиот клуб за летниот преоден рок, а според информациите, Баерн веќе постигнал договор со играчот околу личните услови. Сепак, останува најтешкиот дел - договор меѓу двата клуба. Њукасл бара околу 86 милиони евра за трансферот ...

Заминува Леон Горецка од Баерн, заминува и Рафаел Гереро, но Баерн Минхен доби одлично засилување за следната сезона. „Баварците“ постигнале договор со играчот на Њукасл, Ентони Гордон, кој се согласил да се пресели во германскиот првак. После болната елиминација од ПСЖ во полуфиналето на ЛШ, Баерн сака да го засили својот ростер. Крилниот напаѓач го дал своето конечно „да“ на раководството на германскиот клуб, и ќе почне нова авантура на ...