Екипата на Вардар на едно коло пред крајот и официјално е шампион на Македонија! Црвено-црните дојдоа до победа на гостувањето кај Струга (0-1) и го решија прашањето околу битката за врвот на табелата пред последното коло и мега-дербито во Скопје. Единствениот погодок на натпреварот во градот крај езерото падна во раната фаза, кога во петтата минута, Стефан Цветковиќ ја казни лошата координација на одбраната со голманот Ангелети. При обид да ...

Откако попладнево по победата над Струга на гости (0:1) фудбалскиот клуб Вардар и официјално стана нов македонски шампион, ракометниот првак на Македонија од семејството Вардар, прв му ја честиташе титулата на фудбалскиот тим. „РК Вардар со голема чест и задоволство ја честита шампионската титула во домашното првенство на нашите колеги од ФК Вардар!! Со години го чекавме моментот, повторно да бидеш прво место! Момци, ова е ваша вечер. ...

Фудбалерите на Вардар денеска со победата против Струга од 1-0 и математички ја обезбедија шампионската титула на едно коло пред крајот на првенството, па така дербито со Шкендија наредниот викенд во Скопје нема да има преголемо резултатско значење. По освоената титула следуваше секако следуваше славје помеѓу фудбалерите, Вардар повторно е шампион на Македонија по цели шест години што долг период за најтрофејниот македонски клуб. Сепак, како ...

Голем број млади одбојкарки, кои се сметаат за иднината на македонската женска репрезентативна одбојка, се најдоа на поширокиот список на новиот селектор Милош Гавриловиќ. Меѓу нив се и сестрите Даниела и Сара Горбок, кои настапуваат за Газели волеј во домашното првенство. Тие се ќерки на поранешниот руски ракометар Сергеј Горбок, кој настапуваше за Вардар и беше дел од тимот што ја освои втората европска титула во 2019 година. Долги години ...

Тимот на Алкалоид го освои пионерското првенство на Македонија, откако во финалето на Ф4 турнирот во Автокоманда, го совладаа составот на Охрид со 28-20. Најефикасен стрелец во финалето беше Иван Велков кој постигна осум голови, додека шест постигна Петар Митев. Најдобар голман на настанот беше Мартин Пандиловски, а МВП беше Петар Митев, двајцата од РК Алкалоид. Во „ол-стар“ тимот од нашата екипа се најдоа Мартин Пандиловски (голман), Иван ...