Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Фудбалска репрезентација на Турција го објави списокот за подготовките за настапот на Светското првенство кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико од 11 јуни до 19 јули. Селекторот Винченцо Монтела го објави поширокиот список од 35 фудбалери на кои ќе смета пред почетокот на Мундијалот, а турската јавност веќе со големи очекувања гледа кон претстојниот турнир. За Турција ова ќе биде прво учество на едно Светско првенство по пауза од 24 ...
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, утре официјално ќе го објави списокот на фудбалери за претстојните контролни натпревари против Босна и Херцеговина и Турција. Македонската селекција започнува со подготовките и формирањето на тимот за следните предизвици, а пријателските средби ќе бидат важна можност стручниот штаб да ја провери формата на репрезентативците, но и да тестира нови решенија во составот. ...
Челните луѓе на Далас Маверикс потврдија дека легендарниот Џејсон Кид повеќе не е тренер на првиот тим и заминува од клубот после пет сезони минати на клупата. НБА франшизата соопшти дека се разделува со Кид, опишувајќи го потегот како обострана одлука, која доаѓа само две недели откако Далас доби нов клупски претседател. Кид имаше забележителни успеси со екипата, а во играчката кариера важеше за еден од најдобрите плејмејкери на својата ...
Менаџерот на Арсенл, Микел Артета, не го криеше воодушевувањето по историското освојување на титулата во Премиер лигата, истакнувајќи дека неговиот тим покажал карактер, верба и константност во текот на целата сезона. „Ова е неверојатен момент за сите во клубот. Играчите беа фантастични од првиот до последниот ден. Верувавме, работевме напорно и никогаш не се откажавме“, изјави Артета веднаш по потврдата на шампионската титула. Шпанскиот ...
Денес во Подгорица беше направен значаен исчекор за иднината на регионалниот ракомет со потпишувањето на договорот за формирање на регионални лиги во машка и женска конкуренција. Договорот го потпишаа ракометните федерации на Црна Гора, Србија и Македонија, потврдувајќи ја заедничката определба кон зајакнување на квалитетот на натпреварувањето, развојот на играчите и унапредување на севкупниот ракометен амбиент во регионот. Регионалната машка ...
Манчестер Сити ги загуби шансите во трката за титулата во Премиер лигата, откако ремизира (1-1) против Борнмут. По натпреварот, главна тема повторно беше иднината на Пеп Гвардиола, особено по шпекулациите дека шпанскиот стратег решил да го напушти клубот по крајот на сезоната. Гвардиола по мечот потврди дека во наредните денови ќе има важен состанок со претседателот на клубот Халдун Ал Мубарак. „Првата личност со која морам да разговарам е ...
Новиот шампион на Македонија, Вардар, го договори првото засилување за новата сезона, која што ќе започне уште рано-летово, поради обврските во квалификациите за Лигата на шампионите. Во вардаровото семејство ќе се приклучи португалскиот интернационалец од Силекс, Мигуел Пиреш. 29-годишниот офанзивец веќе постигнал договор со „црвено-црните“ за соработка од една година. Вечерва Пиреш со неговиот сегашен клуб Силекс ќе играат финале со ...
Арсенал ја освои титулата во Премиер лигата по 22 години, што беше причина за големо славје во Северен Лондон. А младиот Макс Дауман имаше дополнителна причина за прослава, затоа што влезе во историските книги на најсилното лигашко натпреварување во светот. Момчето кое стапна на големата сцена оваа сезона веќе успеа да дебитира за првиот тим на Арсенал, да постигне гол во Премиер лигата и на крајот да стане шампион. И тоа со само 16 години и ...
Еден ден по потврдата за заминувањето на Фаустин Сегнор, актуелниот шампион Вардар започна со конкретни чекори за задржување на костурот на тимот за наредната сезона. Раководството на „црвено-црните“ постигна договор за продолжување на соработката со четворица фудбалери. Во редовите на Вардар и следната сезона ќе остане голманот Методија Велковски, како и стоперот Ненад Мишковски. Покрај нив, довербата е продолжена и кон играчите за врска ...
Капитенот на македонската ракометна селекција Филип Кузмановски летово ќе има кратка авантура во Кувајт, каде што ќе настапи на претстојниот Азиски шампионат, пишуваат тамошните медиуми. Кузмановски ќе ги брани боите на Кувајт Клуб и ќе биде четвртото странско засилување. Претходно, договор со клубот постигнаа Катарецот Франкис Марзо, Црногорецот Владан Липовина и португалскиот ас Виктор Итуриза. Кувајт Клуб на претстојниот турнир ќе биде ...
Фудбалерите на Силекс и Шкендија вечерва од 20:00 часот на Арената „Тодор Проески“ ќе го одиграат финалниот натпревар во Купот на Македонија. Кратовци во вечерашното соочување ќе се обидат по четврти пат во клупската историја да го освојат трофејот во ова натпреварување додека Шкендија во својата колекција има два пехари и атакува на третиот. Доколку Силекс успее да се искачи на тронот ќе се израмни со Работнички по бројот на освоени трофеи и ...
Фудбалерите на Арсенал во еуфорично расположение ја прославија шампионската титула во Премиер лигата. Избраниците на Микел Артета после цели 22 години се искачија на тронот во Англија, носејќи огромна радост за големата армија навивачи ширум светот. Беа „топчиите“ во добра позиција во текот на целата сезона и се чини дека сосема заслужено го освоија трофејот, а тоа не мина неодбележано од најголемите „виновници“ за успехот. View this post on ...
Министерството за спорт секогаш ќе стои на страната на принципите и на вистинските спортски вредности коишто еден спортист, спортски работник, селектор, спортски директор или секој еден човек кој е директно или индиректно поврзан со спортот, треба да ги промовира. Ако сакаме да имаме поздраво општество треба сите да работиме на тоа, истакна министерот за спорт Борко Ристовски во емисијата „Директно“ на ТВ Телма во која повод беше непримерната ...
Најтрофејниот Грен Слем играч на сите времиња Новак Ѓоковиќ направи промена во својот стручен штаб непосредно пред стартот на Ролан Гарос. На тимот на најтрофејниот легендарниот тенисер му се приклучи Виктор Троицки, актуелен селектор на српската Дејвис куп репрезентација на Србија и поранешен 12 тенисер во светот. Троицки ќе биде дополнување на веќе постоечкиот тим во кој се Борис Бошњаковиќ, кој досега ја извршуваше улогата на тренер и ...
Лигата на Европа вечерва ќе добие нов шампион, а вниманието на фудбалската јавност е насочено кон „Водафон Парк“ во Истанбул, каде во големото финале ќе се соочат германскиот бундеслигаш Фрајбург и премиерлигашот Астон Вила. Ова ќе биде историски натпревар, бидејќи ниту еден од двата клуба досега не успеал да го освои трофејот во Лига Европа. Правдата на теренот ќе ја дели францускиот судија Франсоа Летексије. Астон Вила влегува во финалето ...
Купот на Македонија вечерва ќе добие нов освојувач, а финалето кое ќе го даде ланскиот наследник на Вардар носи интересна симболика, затоа што и за Силекс и за Шкендија ова ќе биде шесто финале во клупската историја. Подобар биланс засега има тимот од Кратово. Силекс досега има освоено три трофеи и загубено две финалиња, додека Шкендија има две титули и три порази во финални натпревари. Силекс во 1/16 финалето славеше на гости кај Евротип, а ...
Екипата на Њујорк Никс приреди неверојатен пресврт и по продолжение го совлада Кливленд Кавалирс (115-104) во првиот натпревар од финалето на Источната конференција. Херој на вечерта во легендарниот Медисон Сквер Гарден беше Џејлен Брансон, кој одигра маестрален натпревар со 38 поени, пет скока и шест асистенции. Кавалирс имаа огромна предност од 22 поени на стартот од последната четвртина и изгледаше дека сигурно чекорат кон „брејк“ во ...
Македонската фудбалска легенда Дарко Панчев со резерви гледа на новиот формат на Светското првенство 2026, кое за првпат ќе се игра со 48 репрезентации. Иконскиот македонски напаѓач и поранешна ѕвезда на Црвена Звезда во интервју за „Radiosarajevo.ba“ зборуваше за претстојниот настан. Тоа ќе биде прво Светско првенство организирано од три држави, но и прво со 48 национални селекции. „Гледано од фудбалски аспект, мислам дека тоа не е добар ...
Завршниот турнир во Евролигата за сезоната 2025/26 ќе се одржи од 22 до 24 мај во Атина, во салата „О.А.К.А.“, и ќе го собере самиот врв на европската клупска кошарка. За титулата европски шампион ќе се борат четири екипи: Олимпијакос, Реал Мадрид, Фенербахче и Валенсија. Полуфиналните двојки ветуваат вистински спектакл - грчкиот гигант Олимпијакос ќе се соочи со турскиот Фенербахче, додека Реал Мадрид ќе ги одмери силите со Валенсија во ...
Шпанските медиуми пишуваат дека „заборавениот“ Ансу Фати се појавува како неочекувана опција за Барселона, иако неговата иднина во клубот сè уште е неизвесна. Според пишувањата, каталонскиот клуб повторно ја разгледува ситуацијата со младиот офанзивец, кој во последните сезони се соочува со големи проблеми со континуитет и повреди. Иако во еден период беше сметан за иднина на клубот, неговата улога значително се намали. Во Барселона постои ...
Шведската јавност остана изненадена по одлуката на селекторот Грем Потер да го изостави младиот фудбалер Рони Бардџи од списокот за Светското првенство. Според шведскиот медиум „Афтонбладет“, причината не била поврзана со неговите настапи, туку со однесувањето во репрезентацијата на Шведска. Бардџи беше дел од националниот тим уште во март, но тогаш не доби минутажа. По собирот побарал објаснување од стручниот штаб, а ситуацијата дополнително ...
Италијанскиот гигант Јувентус се наоѓа пред уште една неуспешна сезона. На едно коло пред крајот на Серија А, тимот се наоѓа дури на шестото место. Ништо не е во рацете на „старата дама“ кога станува збор за пласман во Лигата на шампиони. Дури ни убедлива победа во градското дерби против Торино во 38. коло, не гарантира место меѓу европската елита, бидејќи Рома и Милан имаат два бода предност, а Комо има ист број бодови, но и подобар ...
Италијанскиот фудбалски стратег, Роландо Маран, официјално е нов селектор на репрезентацијата на Албанија. 62-годишниот тренер потпиша двегодишен договор со Фудбалската федерација, а на клупата ќе го замени досегашниот селектор, Силвињо. „Чест ми е што сум селектор на Албанија, голема благодарност до федерацијата за пружената прилика. Сакам да се заблагодарам и на Силвињо за сите добри резултати изминативе години. Ја следев албанската ...
Новиот шампион Вардар се соочува со кадровски проблеми пред големото дерби против Шкендија во последното коло од шампионатот. Лоша вест за „црвено-црните“ е повредата на Михаил Маневски, кој заработил скршеница на стопалото и сигурно нема да биде во комбинација за настап. Проблеми со повреда има и Дарко Велковски, кој се мачи со мускулна повреда и неговиот настап останува неизвесен. Од друга страна, позитивна вест за стручниот штаб е ...
Навивачите на Арсенал ја прославуваат четиринаесеттата шампионска титула во историјата, благодарение на нерешениот резултат на Манчестер Сити на гостувањето кај Борнмут (1-1). „Граѓаните“ не успеаја да победат и се враќаат дома само со еден бод, со што започна славјето во северен Лондон, каде титулата се чекаше цели 22 години. Тимот на Микел Артета покажа константност во текот на целата сезона, а освен малата криза на шест-седум кола до ...
Екипата на Челзи по пауза од седум кола конечно се радува на победа во Премиер лигата. На последниот овосезонски натпревар пред својата публика „сините“ го добија лондонското дерби со Тотенхем, совладувајќи го со минимални 2-1 (1-0). Со оваа победа Челзи се врати во евро-зоната, но и математички остана без шанси за евентуален пласман во Лигата на шампионите, затоа што вечерва Борнмут ремизираше со Манчестер Сити и се зацврсти на шестата ...
Англиската Премиер лига со право се смета за најинтересното фудбалско клупско натпреварување на планетата. На самиот крај од битката за бодови, вистинска драма владее на врвот на табелата, каде што лондонски Арсенал (79) и Манчестер Сити (77) се борат за шампионскиот пехар, но не е помалку интересно кога станува збор за борбата за опстанок. Веќе е познато дека новите членови на Чемпионшип се Барнли и Вулверхемптон, додека клубовите од ...
Фудбалерите на Манчестер Сити ремизираа со конечни 1-1 (1-0) на гостувањето кај Борнмут во натпреварот од 37. коло на англиската Премиер лига. Овој резултат автоматски значеше дека Арсенал конечно се израдува на шампионската титула, затоа што има недостижни четири бода предност пред „граѓаните“, на едно коло до крајот на сезоната. Борнмут поведе со прекрасниот гол на Ели Јуниор Крупи во 39. минута (1-0), резултат кој остана и на паузата ...
Истанбулскиот кошаркарски гигант, Фенербахче, официјално се огласи со соопштение во кое јасно ја отфрла можноста за приклучување кон проектот „НБА Европа“. Во соопштението се наведува дека актуелниот договор за лиценца со Евролигата, кој требаше да истече на крајот од тековната сезона, ќе биде продолжен. „Во овој момент, Фенербахче Беко донесе одлука да го продолжи лиценцниот договор со Евролигата. Нашата цел не се однесува само на спортски ...
Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас се наоѓа пред нова пресвртница во кариерата. Овој викенд тој ќе го одигра својот последен натпревар за Наполи, по што ќе се приклучи на подготовките на македонската репрезентација, но и ќе го насочи вниманието кон летниот трансфер период. Иако постоеја надежи дека ќе продолжи во Наполи, преговорите меѓу РБ Лајпциг и италијанскиот клуб наводно пропаднаа. Италијанскиот тим побара намалување на откупната ...