Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Поранешниот англиски репрезентативец и тренер, Мајкл Керик, и официјално стапи потпис на договор со Манчестер Јунајтед, кој ќе има важност до јуни 2028 година. На оваа тема се шпекулираше подолго време, а потврда стигна во пресрет на последното коло од премиерлигашката сезона во која Јунајтед под водство токму на Керик успеа да се врати во врвот во Англија, а со тоа и да обезбеди пласман во Лигата на шампионите. Керик, кој во минатото го ...
Селекторот на репрезентацијата до 21 година, Горан Станиќ ги објави имињата на фудбалерите кои се во комбинација за претстојниот контролен натпревар со селекцијата на Бугарија. Собирот на националниот тим е на 27 мај во Скопје, а по три тренинга во Скопје, в петок на 29 овој месец репрезентацијата патува за Софија. Голмани: Васко Василев (ФК Струга Трим Лум), Љупче Џеков (ФК Силекс), Никола Филевски (ФК Брегалница). Одбрана: Андрија Димески ...
Кошаркарите на Пелистер го играат својот последен овосезонски натпревар, во салата во скопско Маџари гостувајќи му на тимот на ТФТ во мајсторката од „малото финале“ за освојување на третото место во плејофот. Пелистерци минатиот викенд како гости го совладаа ТФТ во истата сала, но потоа ја пропуштија можноста на домашен терен да слават со 2-0 во оваа серија и да се закитат со бронзата. „ТФТ е ривал што го почитуваме, но исто така и ривал кого ...
Ракометарите на Магдебург синоќа ја забележаа најважната победа во бундеслигашката сезона и со славјето над Фленсбург со 31-30 и ја обезбедија шампионската титула во најсилната ракометна лига во светот на три кола до крајот. Така, тимот на Бенет Вигерт го наследи Фуксе Берлин на германскиот трон. Данскиот пивот Магнус Заугструп беше херојот на Магдебург, постигнувајќи го голот за победа и шампионската титула. Тимот на Алеш Пајовиќ водеше во ...
Селекторот на Англија, Томас Тухел, го објави списокот од 26 играчи за Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Германскиот стратег разговараше со сите играчи пред да биде објавен списокот, и така информациите за неповикување на голем број ѕвезди протекоа во јавноста. Селекторот Тухел ќе ги објасни своите одлуки подетално на 1 јуни. Шокантни информации за списокот на Тухел беа објавени вчера. Кол Палмер, 24-годишна ѕвезда на Челзи чија ...
Евролигашката сезона се ближи кон крајот, а по возбудливите натпревари од четвртфиналето, на ред е она што сите љубители на елитното европско натпреварување го чекаат од почетокот на сезоната – Фајнал форот. Завршниот турнир ќе се игра од 22 до 24 мај во „О.А.К.А. Арена“, а Панатинаикос нема да биде дел од него откако во фантастична четвртфинална серија беше елиминиран од Валенсија, по голем пресврт по 0-2. Од друга страна, на Ф4 ќе биде ...
Управата на италијанскиот шампион, Интер, му понуди нов договор на тренерот Кристијан Киву, кој би требало да се задржи на оваа позиција до истекот на сезоната 2028/29. Одлуката на челниците на „нероаѕурите“ доаѓа по освоената двојна круна сезонава, и тоа во дебитантската година за Киву како предводник на тимот. Младиот романски стратег докажа дека има квалитет за ова работно место, носејќи голема радост кај навивачите ширум светот. Интер ...
Според англиските медиуми, Трент Александар-Арнолд нема да биде на денешниот список на селекторот Томас Тухел за Светското првенство. Десниот бек на Реал Мадрид наводно го изгубил местото во националниот тим поради силната конкуренција, а Тухел предност му дал на Тино Ливраменто од Њукасл. Лук Шо од Манчестер Јунајтед исто така нема да биде во составот. Александар-Арнолд последен пат играше за Англија во јуни 2025 година, кога го имаше својот ...
Кристијано Роналдо конечно го постигна она за што дојде во Саудиска Арабија пред повеќе од три години, ја освои шампионската титула со Ал Наср. Португалската суперѕвезда беше централна фигура во решавачкиот натпревар против Дамак, во кој неговиот тим победи со 4-1 и стигна до трофејот што навивачите го чекаа долго време. Роналдо уште еднаш покажа дека игра на врвно ниво дури и во својата петта деценија. Постигна два гола, од кои првиот беше ...
Кошаркарите на Њујорк Никс одиграа уште еден брилијантен натпревар во плеј-офот и одново славеа над Кливленд Кавалирс (109-93) во вториот натпревар од Источното финале. Во првиот имаше многу драма, а Џејлен Брансон беше херој во продолжението, а сега, во вториот натпревар, Никси целосно го надиграа ривалот со двоцифрена разлика. Момците од Охајо одлично се држеа во првото полувреме. Тие целосно го запреа Брансон и го ограничија на само два ...
Грција и „О.А.К.А. Арената“, која сега се вика „Телеком центер“ во Атина деновиве се центарот на европската кошарка. Иако домашниот Панатинаикос не обезбеди учество на завршниот турнир на најсилното клупско натпреварување во Европа, сепак интересот во главниот град на Грција не спласнува. Во Атина се бара билет повеќе, а најбројни се фановите на Олимпијакос од Пиреја и турски Фенер. Троцифрен и значително помал е бројот на фанови на шпанските ...
Бразилскиот гигант Ботафого се соочува со сериозна финансиска криза, откако последните извештаи покажаа дека вкупниот долг на клубот достигнал речиси половина милијарда долари. Според финансиските документи објавени во Бразил, долговите на клубот значително пораснале во изминатите години, а најголем дел од обврските се поврзани со трансфери на фудбалери, кредити и тековни оперативни трошоци. Медиумите во Бразил наведуваат дека вкупниот долг ...
Дани Парехо по крајот на сезоната ќе го напушти Виљареал, пренесуваат шпанските медиуми, со што ќе биде ставен крај на една успешна етапа во кариерата на искусниот играч за врска. 37-годишниот Шпанец, кој пристигна во клубот во 2020 година од Валенсија, важеше за еден од најдобрите фудбалери на „жолтата подморница“ во изминатите години. Со Виљареал ја освои Лига Европа во 2021 година и беше лидер на средниот ред во еден од најуспешните ...
Bез победник заврши првиот натпревар од плеј-офот во Бундеслигата за опстанок и настап во следната сезона, Волфсбург го пречека Падерборн на домашен терен и одигра само 0-0. Домашниот тим беше подобар, поквалитетен, имаше многу повеќе шанси, но вечерва немаше реализатор. Веќе во деветтата минута Кастанеда имаше добра шанса за Падерборн. Потоа Волфсбург креираше неколку прилики кои не беа „стопроцентни“, но беа закана. Најдобрата можност за ...
Партизан се пласираше во финалето на АБА-лигата, откако и во вториот натпревар од полуфиналната серија славеше против Црвена Звезда, овојпат на гостински терен со резултат 78-89. „Црно-белите“ одиграа уште еден сигурен и доминантен натпревар, контролирајќи го ритамот во поголемиот дел од средбата. Тимот на Партизан делуваше организирано и мотивирано, додека нивниот голем ривал не успеа да пронајде вистински одговор ниту во нападот, ниту во ...
Екипата на Еурофарм Пелистер објави дека Јован Симоновски во иднина ќе го носи дресот на вториот клуб на „зелените“. 17-годишниот пивот е производ на школата на Еурофарм Пелистер. Беше дел од генерацијата која минатата година играше на Ф4 турнирот во Келн. Младиот Симоновски оваа сезона со Еурофарм Пелистер исто така настапуваше во младинската Лига на шампиони. Екипата на Еурофарм Пелистер објави дека Јован Симоновски во иднина ќе го носи ...
Португалската фудбалска икона Кристијано Роналдо конечно го скрши мразот и ја освои првата елитна титула по трансферот од Европа во Саудиска Арабија. Во последното коло на саудиската Про Лига, Ал-Наср славеше со 3-1 над Дамак во последното коло и ја доби трката за првото место со Ал-Хилал на Карим Бензема. Роналдо беше еден од стрелците на овој натпревар, ја потврди победата со третиот и четвртиот гол на својот тим и тоа третиот беше на ...
Актуелниот македонски фудбалски првак Вардар ги договори подготовките за квалификациите за Лигата на шампионите и следната сезона во македонскиот фудбал. Тие ќе се одвиваат во Италија. Со новиот тренер, црвено-црните ќе заминат во прекрасниот умбриски град Норча. Таму природата на Националниот парк Сибилински Планини нуди спектакуларна и здрава средина за подготовки и спортски активности. Спортскиот центар располага со повеќенаменски терени ...
Голманот Филип Шариќ ќе се збогува со Барселона на следниот натпревар во „Палау Блауграна“, објави каталонскиот клуб. 21-годишниот голман, син на легендарниот Даниел Шариќ, ја напушта Барселона за да добие поголема минутажа и простор за развој. Како што пренесува весникот „Мундо Депортиво“, Филип Шариќ кариерата ќе ја продолжи во Тубос Аранда, каде се очекува да има многу позначајна улога. Шариќ во изминатиот период имаше двојна улога, ...
Португалскиот стратег Жозе Мурињо поставил три клучни услови за евентуално враќање на клупата на Реал Мадрид, пренесува „Марка“. Според шпанскиот весник, португалскиот стратег бара целосна контрола врз првиот тим, сериозно засилување на составот и јасно дефинирана трансфер политика. Мурињо сака да има целосна автономија во носењето одлуки, без мешање во спортскиот сектор или управувањето со соблекувалната. Дополнително, инсистира и на ...
Омари Мур, човекот кој го носеше дресот на македонската репрезентација во претквалификациите за Евробаскетот 2029 година, има историска сезона со Валенсија и ќе игра на Ф4-турнирот во Евролигата. Како увертира на завршницата, играчот зборуваше со многу среќа. „Убаво е да си на фајнал-фор турнирот, возбудливо е, се чувствува енергија во градот. Многу сум среќен што ќе бидам репрезент на Македонија, на Валенсија, на овој настан. Драго ми е што ...
Унгарска Татабања официјално го освои бронзениот медал во унгарскиот ракометен шампионат за сезоната 2025/26 пред натпреварот со ГРК Охрид во финалето на ЕХФ Купот. По завршувањето на 26. коло, „сините тигри“ во чии редови настапува македонскиот интернационалец Филип Талески ги добија бронзените медали, откако тимот предводен од Едмонд Тот ја заврши сезоната со освоени 40 бодови. Медалите на ракометарите им ги врачија градоначалничката на ...
Стоперот Хари Мегваер повторно остана без место во составот на Англија за големо натпреварување, откако според англиските медиуми нема да се најде на списокот на селекторот Томас Тухел за претстојното Светско првенство. Иако официјалниот список треба да биде објавен во петок, информациите кои протекоа во јавноста велат дека дефанзивецот на Манчестер Јунајтед повторно не добил повик, исто како и Фикајо Томори од Милан. Мегваер не го криеше ...
Швајцарецот Јохан Манзамби е официјално избран за откритие на годината во второто најквалитетно клупско натпреварување - Лига Европа на УЕФА. Играчот на Фрајбург има одлична сезона зад себе и му помогна на својот тим да дојде до прво историско финале во евро-куповите. Постигна два гола и две асистенции на петнаесет одиграни натпревари, со просечна оценка од 7,0. UEFA Europa League Revelation of the Season: Johan Manzambi #UEL ...
Францускиот фудбалски гигант Олимпик Лион се соочува со сериозна финансиска криза која би можела сериозно да ја загрози иднината на клубот во европските натпреварувања. Иако тимот обезбеди место во квалификациите за Лигата на шампионите, настапот на европска сцена следната сезона сè уште не е сигурен поради строгите финансиски правила на УЕФА. Според информациите на „Л’Екип“, клубот до крајот на јуни мора да обезбеди 20 милиони евра за да ги ...
Фудбалерот на Астон Вила, Морган Роџерс, официјално е избран за играч на сезоната во второто најквалитетно натпреварување на УЕФА, Лига Европа. Англичанецот прикажа феноменални партии во дресот на својот клуб и забележа учинок од три гола и пет асистенции на вкупно петнаесет одиграни натпревари, а воедно постигна погодок и во финалето против Фрајбург, каде неговиот тим славеше со убедливи 3-0. UEFA Europa League Player of the Season: Morgan ...
Принцпт Вилијам, познат навивач на Астон Вила, беше дел од прославата по историската победа на клубот во финалето на Лига Европа, каде англискиот тим го совлада Фрајбург со 3-0 и го освои првиот европски трофеј по повеќе од четири децении. Британскиот принц пристигна во Истанбул за да го следи натпреварот во живо, а по завршувањето на мечот се приклучи на прославата со фудбалерите во соблекувалната. Според извештаите, Вилијам бил видно ...
Бразилскиот фудбалер Тиаго Силва одлучи да не го продолжи договорот со Порто, соопшти португалскиот клуб. Искусниот дефанзивец пристигна во Порто кон крајот на 2025 година со договор до крајот на сезоната, со опција за продолжување на уште една година, но двете страни сепак решија да ја прекинат соработката. Во тековната сезона, Силва настапи на 14 натпревари во сите натпреварувања и имаше значајна улога во одбраната на тимот. „Засекогаш ќе ...
Елитниот европски тренерски „клуб“ се проширува. Шпанецот Унаи Емери со освоената титула во Лига Европа со Астон Вила се израмни со три од најголемите имиња во историјата на фудбалот - Карло Анчелоти, Жозе Мурињо и Џовани Трапатони. Со овој успех, Емери стигна до петтиот европски трофеј во својата кариера, сите освоени во Лига Европа, со што уште еднаш ја потврди својата доминација во ова натпреварување. Тој се приклучи на затворен елитен ...
Бразилската фудбалска ѕвезда, Нејмар, повторно доживеа незгодна повреда, што предизвика загриженост кај навивачите на „кариоките“. Според информациите од Бразил, напаѓачот на Сантос почувствувал болка во текот на еден од последните тренинзи и морал да го напушти теренот, по што веднаш биле направени дополнителни медицински прегледи. Засега нема официјална потврда за сериозноста на повредата, но јасно е дека ќе ги пропушти следните мечеви на ...