Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Спартак Варна на „македонски погон“ обезбеди опстанок во Првата лига на Бугарија. Со трите гола на Георг Стојановски оваа екипа го доби дуелот со Локомотив Софија (3-0) и го казни киксот на Септември Софија со што скокна на безбедна позиција по последното коло во шампионатот. Тренер на екипата е славниот македонски стратег Ѓоко Хаџиевски кој ја исполни примарната цел на Спартак и го одржа во лигата. Искусниот тренер е популарен и меѓу ...
Маџари утре на домашен терен ќе го одигра третиот натпревар од финалната серија во македонската кошаркарска лига против МЗТ Скопје. Актуелниот резултат во серијата е 0-2 во корист на тимот од Аеродром, кој ги доби двата воведни натпревари на свој терен, па за Маџари претстојниот дуел ќе биде натпревар „да се биде или не“. Пред мечот, тренерот Миодраг Тодоровиќ испрати јасна порака дека неговиот тим нема намера лесно да се предаде. „Нè чека ...
Кристијано Роналдо по четири години конечно стигна до шампионската титула во саудиското првенство, откако со Ал-Наср ја освои титулата оваа сезона. Сепак, и покрај шампионскиот успех и одличната индивидуална статистика, португалската ѕвезда не беше избрана за најдобар фудбалер на шампионатот. Тоа признание му припадна на неговиот соиграч и сонародник Жоао Феликс, кој зад себе има импресивна сезона со 20 голови и 13 асистенции. Кристијано ...
Искусниот тренер на Олимпијакос, Јоргос Барцокас, зборуваше со медиумите пред големото финале во Евролигата против Реал Мадрид, кое ќе се одигра во грчката престолнина, Атина. Барцокас уште еднаш изрази задоволство од добро одиграниот меч против Фенербахче, но повеќе се осврна на следниот ривал, за кој рече дека е многу силен и исклучително опасен. „Одигравме прекрасен меч против Фенер, но сега фокусот е на финалето. Знам дека растат ...
Хрватот Марио Хезоња и неговиот Реал Мадрид се подготвуваат за големото евролигашко финале. „Кралевите“ ќе излезат на мегдан со грчкиот Олимпијакос, кој во полуфиналето го елиминираше Фенербахче. Хезоња се надоврза на тренерот Скариоло и изрази жалење за повредените соиграчи, но во исто време порача дека духот и менталитетот на тимот остануваат победнички. „Нема за што да жалиме. Ја прифаќаме ситуацијата каква што е. Ќе се бориме до крај со ...
Шпанска Валенсија веќе подготвува план за можната замена на Жан Монтеро, а според информациите на светските медиуми, главна желба на шпанскиот клуб е Ти Џеј Шортс. Раководството на Валенсија во плејмејкерот гледа идеален лидер за новиот проект на тимот, особено ако Монтеро ова лето реши да направи трансфер и да ја продолжи кариерата во друг клуб. Ти Џеј Шортс веќе неколку сезони важи за еден од најдобрите организатори на игра во Европа, а со ...
Рајо Ваљекано би можел да испише историја за шпанскиот фудбал и индиректно да ѝ донесе на Шпанија дури девет претставници во европските натпреварувања во сезоната 2026/27. За такво сценарио да стане реалност, потребно е да се исполнат неколку услови, тоа е Рајо Ваљекано да ја освои Конференциската лига, Рајо сезоната во Ла Лига да ја заврши меѓу првите осум екипи и Реал Сосиедад исто така да заврши меѓу најдобрите осум. Во таков случај, ...
Македонскиот стратег Југослав Тренчовски зад себе остава извонредна сезона во словенечката Прва лига, откако со Радомље успеа да испише клупска историја. Македонскиот стратег го презеде тимот оваа сезона и веднаш остави силен печат, носејќи му на Радомље најголем број освоени бодови во историјата на клубот. Под негово водство, екипата го надмина и минатосезонскиот учинок за дури десет бодови. Особено внимание привлече со победите против ...
Американско-грчкиот кошаркар од редовите на Олимпијакос, Тајлер Дорси, изјави дека е пресреќен што неговиот тим има можност да се бори за евролигашкиот трофеј, најавувајќи беспоштедна битка во финалето против Реал Мадрид. Олимпијакос ја „брка“ својата четврта титула во историјата, а за Дорси ова е шанса за прв елитен трофеј во кариерата. „Ова е навистина возбудлив момент за мене, но и за целата екипа. Благословени сме да бидеме дел од овој ...
Стратегот на Реал Мадрид, Серџо Скариоло, на прес-конференцијата пред евролигашкото финале со Олимпијакос, изјави дека „кралевите“ се подготвени за предизвикот, и покрај бројните повреди во нивниот табор. Реал успеа да ја надигра незгодната Валенсија во полуфиналето, а Скариоло смета дека мечот за трофејот ќе биде вистинскиот тест за неговите избраници. „Имаме проблеми, ни недостасуваат тројца важни играчи. Жал ми е за нив, затоа што работеа ...
Кошаркарите на Пелистер го освоија третото место во Суперлигата, откако во „мајсторката“ беа поуспешни од ТФТ Скопје со конечен резултат 86-90. Првото полувреме понуди по една добиена четвртина за двете екипи, а на паузата резултатот беше нерешен (44-44). Во продолжение, видовме повторно прилично изедначена игра, но битолчани успеаја да влезат во последните десет минути со четири поени позитива. ТФТ се обиде бргу да го преземе водството, но ...
Грчки Панатинаикос се раздели со Рафаел Бенитез по разочарувачката сезона во која клубот не успеа да ги постигне своите цели. Искусниот 66-годишен стручњак го предводеше Панатинаикос во вкупно 41 натпревар и оствари учинок од 20 победи, 11 нерешени исходи и 10 порази, со просек од 1,73 освоени бода по натпревар. Атинскиот гигант ја заврши сезоната само на четвртото место во плејофот од грчкото првенство, додека во националниот Куп беше ...
Во последниот натпревар во сезоната, Вардар пред своите навивачи ја пречекува Шкендија, екипа во текот на сезоната беше најсериозниот конкурент на „црвено црните” во битката за шампионскиот трофеј. Токму поради тоа нема поубав момент за затворање на натпреварувањето во кое Вардар на крајот ќе го прослави освојувањето на пехарот и враќањето на тронот во македонскиот фудбал по пауза од шест години. Последен пат Вардар титулата во ПМФЛ ја освои ...
Шест години Баерн Минхен чека на финале во ДФБ Купот, а исто толку време и на двојна круна. За клуб кој со години доминира и финансиски и играчки во германскиот фудбал, тоа е предолг пост. Токму затоа Баварците ќе имаат огромен мотив во финалето против Штутгарт да ја заокружат сезоната со трофеј и барем делумно да ја ублажат болката по елиминацијата во полуфиналето од Лигата на шампионите. Без разлика на противникот, Баерн секогаш е голем ...
Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, е избран за најдобар играч на сезоната во Премиер лига, по фантастичните настапи во текот на целиот шампионат. Португалскиот плејмејкер за првпат во кариерата го освои престижното признание, станувајќи прв фудбалер на Манчестер Јунајтед по повеќе од една деценија кој успеал да стигне до оваа награда. Фернандеш беше вистински лидер на „црвените ѓаволи“, а со своите голови, асистенции и ...
Најсилното кошаркарско натпреварување во светот, НБА го објави составот на најдобриот одбранбен тим на сезоната. Очекувано, предводник е Виктор Вембањама, најдобриот одбранбен играч во НБА. Французинот едногласно ја освои наградата, а оваа сезона има просек од 11,5 скока и 3,1 блокади. На Вембањама му се придружија Чет Холмгрен, Аусар Томпсон, Руди Гобер и Дерик Вајт. The 2025-26 @Kia NBA All-Defensive First Team! Rudy Gobert Chet Holmgren ...
По неколку години чекање Кристијано Роналдо конечно ја освои шампионската титула со Ал-Наср. Славниот Португалец имаше одлична сезона дури и на 41-годишна возраст, но не е најзаслужен за пехарот за тимот од Ријад. Неговиот соиграч и сонародник Жоао Феликс беше прогласен за најдобар играч на лигата во Саудиска Арабија. Португалскиот ас постигна 20 гола и 13 асистенции во најдобрата сезона во својата кариера, што значи дека бил директно вклучен ...
Последното коло од Втората македонска фудбалска лига ветува вистинска драма и неизвесност до последниот свиреж, со неколку екипи кои ќе се борат за пласман во елитата и за место во баражот за Првата лига. Во центарот на вниманието ќе биде дуелот меѓу Брегалница и Победа, каде што домаќините ќе атакуваат на триумф со кој би го завериле својот пласман во ПМФЛ. Натпревар со огромен влог, но според ситуацијата во која се наоѓа тимот од Прилеп, ...
Струга Трим Лум со гостувањето денеска кај Арсими и официјално ќе ја затвори сезоната 2025/26. Со освоеното трето место, стружани го повторија успехот од сезоната 2020/21, но не успеаја да изборат пласман на европска сцена. Бесмир Бојку истакна дека тој и соиграчите планираат да стигнат до трите бода и сезоната да ја завршат со победа. „Очекуваме отворен и убав натпревар за навивачите. Ова е последен меч во сезоната и сакаме да го завршиме со ...
Македонскиот суперлигаш Еурофарм Пелистер претстави уште едно засилување за следната сезона. Нов член на пелистерци ќе биде младиот Малик Татар, ракометар кој што доаѓа од Словенија и е најдобриот стрелец во тамошното првенство. „Со карактеристики кои го привлекоа вниманието на повеќе европски клубови, нашиот нов лев бек со право беше во бележниците на многу ракометни познавачи. Наше е задоволството да го потврдиме неговиот трансфер. ...
фудбалерот на Арсими, Суби Мустафа изрази задоволство по обезбедувањето на опстанокот во Првата фудбалска лига, потенцирајќи дека тоа била главната цел на тимот оваа сезона. За затворање на сезоната Арсими го пречекува поранешниот шампион Струга Трим Лум. „Многу сме среќни што математички го обезбедивме опстанокот. Тоа беше нашата главна цел и верувам дека сосема заслужено го остваривме со работа, жртва и единство во текот на целата сезона”, ...
Денешниот ден го носи најскапиот фудбалски натпревар во светот, големото финале од плејофот во Чемпионшип на култниот „Вембли“ во кое ќе се сретнат Хал Сити и Мидлзброу. Победникот од дуелот ќе обезбеди директен пласман во Премиер лигата, но и неверојатна финансиска инјекција која надминува 200.000.000 евра. Сепак, овогодишната борба за влез во елитното друштво ќе остане запаметена по незапаметен скандал кој предизвика тотален хаос непосредно ...
Синоќа, аргентинскиот Расинг одигра нерешено 2-2 дома против Каракас во петтото коло од групната фаза на Копа Судамерикана, а главна тема на социјалните мрежи беше неверојатното промашување на еден од играчите на домашната екипа. По ремито во центарот на вниманието беше стрелецот на вториот гол за домашната екипа, Мартинез, кој можеше да му донесе победа на Расинг во 80. минута, но се посрамоти засекогаш. Maravilla Martínez acaba de perder ...
Екипата на Реал Мадрид одигра доминантен натпревар против Валенсија и заслужено се пласира во финалето во Евролигата, но многу веројатно во дуелот за шампион ќе настапи без еден од најдобрите кошаркари. Токму на полуфиналната средба се повреди центарот Усман Гаруба. Од таборот на „кралевите“ се оптимисти дека Гаруба ќе може да настапи на финалниот натпревар, но тамошните медиуми пишуваат дека се работи за посериозна повреда и за него сезоната ...
Во модерниот фудбал, тешко е да се најде играч кој зад себе има континуитет на освојување трофеи како Кингсли Коман. Во текот на својата професионална кариера, францускиот интернационалец речиси и не знае како изгледа сезона без шампионска титула. Тој регистрираше нов успех во Саудиска Арабија, каде што стигна до шампионската титула со Ал Наср и со тоа продолжи неверојатна серија што трае од првите денови на неговата сениорска кариера. Коман ...
„Балисти“, навивачите на фудбалскиот клуб Шкендија излегоа со остра реакција по случувањата во текот на сезоната, обвинувајќи ги судиите и Фудбалска федерација на Македонија за не фер пристап кон нив. Тетовци велат дека биле континуирано оштетувани, при што, според нив, судиските одлуки биле донесувани со тенденција и под влијание. Тие посочуваат дека ваквиот однос предизвикал големо незадоволство, кое кулминирало со нивната јавна реакција. ...
Екипата на Оклахома Сити Тандер направи брејк во финалната серија на Западната конференција во НБА, откако на гостински терен го совлада Сан Антонио Спарс со 123-108 и поведе со 2-1 во серијата. Домашниот тим отвори фуриозно и со серија од 15-0 уште на стартот најави голема борба, но актуелниот шампион брзо се врати во натпреварот. Оклахома веќе на почетокот на втората четвртина го презеде водството, а до полувремето успеа и да создаде ...
Селекторот на фудбалската репрезентација на Норвешка, Столе Солбакен, го објави списокот на играчи за претстојното Светско првенство. Презентацијата на тимот се одржа во тренинг-базата, каде што беа присутни и членови на тренерскиот штаб, вклучувајќи го и помошникот тренер Кент Бергерсен. Солбакен истакна дека изборот бил тежок, но дека верува оти е формиран силен тим кој може да се справи со предизвиците на турнирот. „Веруваме дека имаме ...
Селекторот на Англија, Томас Тухел, ја објасни својата одлука да го повика Ајван Тони во националниот тим, иако напаѓачот настапува во Саудиска Арабија. Германскиот стратег истакна дека формата и квалитетот на играчот се најважни, без разлика во кое првенство настапува. „Ајван заслужи повик. Тој постигнува голови, физички е подготвен и го има потребниот карактер за репрезентацијата. Не е важно каде играш, туку како играш“, изјави Германецот. ...
Легендата на Манчестер Јунајтед, Мајкл Керик, се огласи по постигнатиот договор со англискиот гигант, истакнувајќи дека чувствува огромна чест и гордост што официјално ќе биде тренер на првиот тим. Керик ја имаше улогата на привремен менаџер, но добрите резултати во вториот дел од сезоната ја натераа управата да му понуди соработка со истек во 2028 година. „Од моментот кога пристигнав тука пред 20 години, ја почувствував магијата на Манчестер ...