Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Италијанскиот репрезентативец Федерико Димарко е официјално избран за најкорисен играч (МВП) за изминатата сезона во Серија А. Левиот офанзивен бек на шампионот Интер одигра неверојатна сезона и оствари маестрален учинок од шест гола и дури осумнаесет асистенции, со што влезе во историјата на клубот, но и на италијанското првенство. Димарко беше во одлична форма, со просечна оценка од 7,7, и беше една од клучните алки во тимот кој ја освои ...
Ленс испиша историски успех и за првпат во својата историја го освои Купот на Франција, откако во финалето на „Паркот на принцовите“ со 3-1 ја совлада Ница. Францускиот фудбал оваа сезона донесе повеќе убави и неочекувани приказни, а Ленс се приклучи на листата клубови кои успеаја да прекинат долгогодишен трофеен пост. Тимот од северна Франција одигра одлично финале и уште во првото полувреме направи голем чекор кон трофејот. Флоријан Товен ...
Фиорентина и Аталанта ремизираа 1-1 во натпреварот од последното коло во Серија А, одигран на стадионот „Артемио Франки“ во Фиренца. Со ова реми, Аталанта за првпат по четири гостувања остана непоразена на теренот на Фиорентина. Гостите беа поопасен противник во најголемиот дел од првото полувреме, а закани кон голот имаа Лазар Самарџиќ и Муса, но голманот Кристенсен успешно интервенираше. Фиорентина поведе во 39. минута по обидот на Роберто ...
Реал Мадрид се пласираше во финалето на Фајнал форот на Евролигата, откако во полуфиналето ја совлада Валенсија со убедливи 105-90. За разлика од првото полуфинале меѓу Олимпијакос и Фенербахче, кое донесе тврд и дефанзивен натпревар, шпанските тимови приредија вистински офанзивен спектакл во Атина. Валенсија подобро го отвори мечот и ја доби првата четвртина со 28-26, но Реал брзо возврати. Во втората четвртина речиси и да немаше одбрани, па ...
Македонскиот репрезентативец Енис Барди и неговиот Коњаспор останаа со празни раце во финалето на Купот на Турција во дуелот против Трабзонспор кој заврши со триумф од 1-2 на ривалот. Барди имаше шанса да го вивне неговиот тим кон трофејот, но промаши пенал при резултат 1-1. Течеше 58. минута кога капитенот на Македонија шутираше во белата точка, но топката удри во стативата, а потоа Андре Онана го сочува својот гол по истата акција. ...
Екипата на Прилеп продолжи да игра во одлична форма во суперлигашкиот плеј-аут и забележа победа во соочувањето со Пролет 62 во натпревар пред својата публика, со резултат 28-26. За прилепчани, ова беше десетта победа во низа во суперлигашкото друштво и цврсто го држат најдоброто место во сегментот за опстанок во елитното друштво. Домаќинот одигра солидно прво полувреме и успеа да создаде предност, и покрај добриот пристап на скопјани во ...
Тренерот на Фенербахче, Шарунас Јасикевичиус, го призна поразот од Олимпијакос во евролигашкото полуфинале (79-61), истакнувајќи дека неговиот тим бил далеку од потребното ниво. Литванскиот стратег рече дека Фенер имал проблеми во нападот и ја потенцираше одличната игра на Олимпијакос, кој не му дозволи на турскиот гигант да се надева на пласман во финалето. „Воопшто не личевме на себе. Фенер не беше Фенер, а Олимпијакос комплетно го ...
Новиот шампион на Македонија, екипата на Вардар 1961, по поразот од ГРК Охрид во претходната рунда им се врати на победите. Црвено-црните на домашен терен беа подобри од ГРК Тиквеш, кого го совладаа со 35-25 (20-12). Избраниците на Иван Чупиќ иако во комбиниран состав и со многу ротации, успеаја да слават убедливо над екипата од Кавадарци која не знае за победа веќе подолго време. Тиквеш на Грчевски има седум порази во серија, а во плеј-офот ...
Екипата на Спартак Варна обезбеди директен опстанок во Ефбет лига, откако со убедливи 3-0 го совлада Локомотив Софија во клучниот натпревар од последното коло. Херој на тимот беше македонскиот напаѓач Георг Стојановски, кој постигна хет-трик и му донесе огромна радост на својот клуб. По натпреварот, Стојановски не го криеше воодушевувањето. „Чувството е нереално, тешко е да го опишам. Го дадовме максимумот и заслужено дојдовме до ова. Имавме ...
Спрскиот репрезентативец од редовите на Олимпијакос, Никола Милутинов, по натпреварот со Фенербахче во полуфиналето на Евролигата, изјави дека неговиот тим комплетно ја заслужил победата и пласманот во големото финале. Олимпијакос победи со убедливи 79-61, а Милутинов беше пресреќен и најави уште поголема борба во мечот за шампионскиот трофеј. „Се очекуваше дека ќе има мал број на поени, но успеавме да одговориме одлично во офанзивниот ...
Кошаркарите на Олимпијакос го одбранија домашниот терен во „ОАКА Арена“ во Атина и се пласираа во финалето на Евролигата, откако славеа убедлив триумф над Фенербахче со конечен резултат 79-61. Грците феноменално го започнаа мечот, прикажаа гранитна одбрана и стигнаа до серија од 8-0, додека Фенербахче делуваше малку загубено на паркетот и имаше големи проблеми во офанзива. Актуелниот европски шампион потоа успеа малку да се врати во игра и ...
Сезоната во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) ќе го доживее својот крај на регуларниот дел овој викенд, а веќе скоро сигурно е познат најдобриот стрелец. Играчот кој ја одбележа сезоната во македонскиот шампионат е Виктор Ангелов. Членот на „златната“ У21-генерација на Македонија со која играше на Европското првенство во Полска, е убедливо лидер по бројот на голови во дресот на Скопје. Напаѓачот зад своето име има 22 постигнати гола и ...
Македонскиот фудбалски интернационалец Гео Стојановски беше херој на Спартак Варна во чии редови тренер е неговиот дедо Ѓоко Хаџиевски, во рамки на последното коло на шампионатот на Бугарија. Спартак Варна извојува клучна победа над Локо Софија со резултат 3-0, а човек на натпреварот беше Стојановски. Напаѓачот постигна хет-трик во мрежата на противникот, најважни погодоци сезонава затоа што Варна се спаси од испаѓање. Бугарскиот тим избега ...
Управата на Јувентус реши да ги казни Душан Влаховиќ и Мануел Локатели со сума од 40.000 евра, поради инцидентот и лошото издание на натпреварот против Фиорентина. Двајцата фудбалери се скараа на теренот, а дополнително, нивниот тим загуби со 0-2 и остана со мали шанси за пласман во Лигата на шампионите. Одлуката за казната била во согласност со тренерот Лучијано Спалети, кој исто така е под притисок поради неочекуваниот пораз „виолетовите“ ...
Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид официјално потврди дека Давид Алаба ќе го напушти клубот по завршувањето на актуелната сезона. „Кралскиот клуб“ преку официјално соопштение изрази благодарност кон искусниот австриски дефанзивец за придонесот во еден од најуспешните периоди во историјата на Реал Мадрид. Давид Алаба пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ во 2021 година и во изминатите пет сезони одигра 131 натпревар во дресот на мадридскиот ...
На денешен ден пред 16 години, Интер испиша историја освојувајќи ја славната „триплета“, а дел од тој легендарен тим беше и македонската фудбалска икона, Горан Пандев. На 22 мај 2010 година, Интер во финалето од Лигата на шампионите го совлада Баерн Минхен со 2-0 на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, со двата гола на Диего Милито. Тимот предводен од Жозе Мурињо претходно ги освои титулите во Серија А, и во Купот на Италија, со што „нероаѕурите“ ...
Поранешната ракометарка на ЖРК Вардар, Драгана Цвијиќ, официјално ја заврши богатата кариера. 36-годишната Србинка беше дел од Вардар во периодот меѓу 2017 и 2018 година, а во меѓувреме настапуваше за Црвена Звезда, Крим, ЦСМ Букурешт, ЦСКА Москва и Ференцварош. Во дресот на српската репрезентација го одигра последниот натпревар на 12 април, по што најави дека заминува во спортска пензија. Последен ангажман ѝ беше во унгарскиот Ференцварош, ...
Кристијан Киву официјално е избран за најдобар тренер за изминатата сезона во италијанската Серија А. Романскиот стратег успеа да ги освои скудетото и Купот на Италија, со што повеќе од заслужено го добива ова признание. Киву дојде во Интер откако замина Симоне Инзаги. Дел од навивачите го дочекаа со голема скепса, мислејќи дека тимот е сериозно разнишан по разочарувачката сезона во која не освои ниту еден трофеј, но младиот стратег покажа ...
Германската ракометна федерација официјално го продолжи договорот со селекторот Алфред Гисласон до Олимписките игри во 2028 година. Исландскиот стратег ја предводи германската репрезентација од 2020 година, а во изминатиот период успеа да ја врати селекцијата во самиот врв на европскиот и светскиот ракомет. Под негово водство, Германија освои сребрен медал на Олимписките игри и на Европското првенство. „Среќен сум што ќе продолжам да работам ...
Легендарниот шпански фудбалер, Андрес Иниеста, „заплива“ во тренерските води и веќе го доби првиот посериозен ангажман. Иниеста потпиша договор со клубот Гулф Јунајтед од Обединетите Арапски Емирати, каде има прилика да го „пече“ тренерскиот занает, со надеж за преселба во посилните лиги во иднина. Во последните месеци, Иниеста беше често присутен на тренинзите и активностите на Гулф Јунајтед, клуб кој има амбициозен проект за развој на млади ...
Саша Обрадовиќ повеќе не е тренер на Црвена Звезда. Одлуката на управата доаѓа по разочарувачките резултати во Евролигата и АБА лигата, како и поради зголемениот притисок од навивачите. Белградскиот гигант не успеа да ги оствари резултатите што се очекуваа, лесно беше елиминиран од плеј-инот на Евролигата, а згора на тоа, беше и „исчистен“ од Партизан во плеј-офот на регионалното натпреварување. Повеќе медиуми во Србија објавија дека ...
Управата на Манчестер Сити подготвува голема чест за Пеп Гвардиола, кој заминува од клубот по завршувањето на сезоната. Шпанскиот тренер зад себе остава огромно наследство, исполнето со многу трофеи (меѓу кои и еден во Лигата на шампионите), па затоа, „граѓаните“ решија да изградат статуа со неговиот лик пред статионот „Етихад“ во Манчестер. Исто така, најавено е дека северната трибина ќе го носи неговото име во иднина - нешто што веќе постои ...
Искусниот португалски стратег Жорге Жезус со искрена и емотивна изјава ја сумираше својата последна епизода во Саудиска Арабија, нагласувајќи дека заминува исполнет откако ја остварил главната цел – да му помогне на Кристијано Роналдо да стигне до трофеј. „Уште кога дојдов овде, кажав дека мојата мисија е да му помогнам на Роналдо да освои трофеј. Успеав во тоа и си заминувам среќен“, истакна Жезус, потенцирајќи дека успехот во Саудиска ...
Ракометарите на ГРК Охрид в недела го играат првиот натпревар од големото финале во ЕХФ Купот против унгарска Татабања, а во пресрет на дуелот своите очекувања ги сподели искусниот Дарко Ѓукиќ. Еден од лидерите на охридскиот состав истакна дека тимот е свесен за тежината на натпреварот и огромниот влог, но потенцираше дека во едно европско финале нема изразит фаворит. „Нè очекува тежок натпревар во недела, влогот е голем, титула во Европа. ...
По ждрепката со која се одредија четирите двојки за пополнување на местата во Втората македонска фудбалска лига, денеска се познати и стадионите на кои ќе се одиграат овие мечеви. На 30 мај на програмата се три средби. Во Кратово ќе се соочат Каменица Саса и Еуромилк ГЛ, Градскиот стадион во Кочани е домаќин на дуелот Кожув Гевгелија – Борец Велес додека во Штип за место во ВМФЛ ќе се бодат Победа Валандово и Камјани од село Камењане. ...
Алваро Арбелоа, со емотивна изјава најави дека утрешниот натпревар ќе биде негов последен на клупата на Реал Мадрид, оставајќи отворена дилема околу неговата иднина во тренерската кариера. Арбелоа истакна дека Реал Мадрид засекогаш ќе остане негов дом, нагласувајќи дека веќе две децении е дел од клубот во различни улоги. „Се надевам дека ова е само довидување, бидејќи ова секогаш ќе биде мојот дом. Припаѓам на Реал Мадрид веќе 20 години и тоа ...
Бразилскиот селектор Карло Анчелоти објави список од 26 играчи за претстојното Светско првенство, а меѓу нив беше и Вевертон, голманот на бразилскиот клуб Гремио. Додека ја гледаше прес-конференција со своето семејство, 38-годишниот голман се струполи на подот од шок и среќа. Во општата прослава што следеше, присутните во собата дури и не забележаа дека се онесвестил. Тој кратко легна на подот, но набрзо се освести и се придружи на ...
Македонскиот второлигаш, а најверојатно иден прволигаш Брегалница наскоро ќе добие нов сопственик. Во пресрет на последното коло од сезоната во ВМФЛ, денеска во просториите на клубот беше одржана прес-конференција, на која меѓу другото првиот човек на Штип, Иван Јорданов, потврди дека Општината е во завршна фаза од преговорите со заинтересираниот странски инвеститор. Јорданов не сакаше многу да зборува на оваа тема, затоа што клубот викендов ...
И по завршувањето на завршниот турнир на Евролигата во кошарка во Атина нема да настанат промени на врвот на историските постигнувања на натпреварувањето. На вечната листа на победници за време на играчката кариера недостижен е Дино Менегин со седум европски титули, од кои пет со Варезе и две со Милано. Зад него се Клифорд Луajк, кој со Реал Мадрид освои пет, исто колку и Алдо Осола со Варезе и Фрагискос Алвертис со Панатинаикос. По четири ...
Додека во црвениот дел од Манчестер слават, во синот – тагуваат. Пеп Гвардиола и официјално си заминува од Манчестер Сити по крајот на оваа сезона. Ова го потврди клубот од „Итихад“ на својата интернет страница. На тој начин шпанскиот стратег ќе ја спушти завесата на десетте магични години во Манчестер Сити во кои го направи клубот еден од најдобрите во светот. И покрај неговото заминување од функцијата менаџер на Манчестер Сити, Пеп ќе ја ...