Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Екипите на Силекс и Шкендија ќе играат во Конференциската лига на УЕФА, а веќе ги имаат потенцијалните ривали во натпреварувањето. Тетовчани заради одличниот коефициент создаден во оваа сезона, ќе го имаат статусот на носители. Силекс, пак, ќе биде меѓу неносителите. Останува само една дилема, тоа е дали Торпедо Кутаиси ќе биде меѓу носителите или неносителите, тоа ќе зависи од расплетот на првенството во Црна Гора. Екипите на Силекс и ...
Португалскиот фудбалски ас Бернардо Силва за последен пат го носеше дресот на Манчестер Сити, откако по завршувањето на сезоната ќе го напушти клубот од „Итихад“. На средбата со Астон Вила во последното коло искусниот офанзивец како капитен го предводеше својот тим, а пред да истрча на теренот емоциите го совладаа и заплака. Португалскиот плејмејкер помина девет години во дресот на „граѓаните“, период во кој се етаблираше како еден од ...
Дамир Џумхур ќе има за што да жали. Тенисерот од Босна и Херцеговина, кој се наоѓа на 87 позиција на АТП ранг-листата, загуби од Шпанецот Алехандро Давидовиќ Фокина по повеќе од четири часа игра. Мечот од првото коло на Ролан Гарос заврши со резултат 6-7/3), 6-3, 2-6, 7-5, 6-3, а важно е да се спомене дека 34-годишникот од Сараево сервираше за победа над 23 играч во светот во четвртиот сет. Сепак, не го стори тоа, а потоа Фокина обезбеди ...
Германскиот тенисер Саша Зверев без поголеми проблеми се пласираше во второто коло на Ролан Гарос во Париз. Третиот играч во светот го победи домашниот тенисер Бенџамин Бонци со максимални 3-0, по сетови 6-3, 6-4, 6-2. Најголемите турбуленции за Германецот беа во вториот сет, единствениот во кој изгуби гем на свој сервис. Негов следен ривал ќе биде Томаш Махач, кој го победи Зизу Бергс со 6-4, 6-4, 6-3. Досега, Миомир Кецмановиќ и Алехандро ...
Навивачката група на ГРК Охрид, популарните „Рибари“, уште еднаш ја покажаа својата голема љубов и верност кој ракометниот клуб. .Во пресрет на првиот натпревар од финалето на ЕХФ Купот против Татабања, тие направија вистинска атмосфера во унгарскиот град. Од грлата на охриѓани одекна познатата песна „Лихнида“, која со години е симбол на Охрид и на верната поддршка кон клубот. Со знамиња, шалови и гласно пеење, „Рибарите“ создадоа чувство ...
Финалето на Лигата на шампионите е закажано за точно шест дена (30 мај), а сликата од тренинг натпреварот помеѓу првиот и вториот тим на ПСЖ организиран од Луис Енрике - не е ветувачка. Она што многу ги загрижи навивачите на „светците“ е тоа што ниту Усман Дембеле ниту Ашраф Хакими не беа на теренот. Во исто време, „Л'екип“ додава масло на огнот пишувајќи дека Мароканецот нема да има време да заздрави до решавачкиот натпревар со Арсенал. ...
Екипата на Маџари се наоѓа пред еден од најважните предизвици сезонава, а во пресрет на третиот натпревар од финалната серија против МЗТ, своето очекување го сподели Јован Савиќ. Иако шампионот има предност од 2-0 во серијата, Савиќ потенцира дека резултатот не ја отсликува целосно сликата на теренот. Според него, двата одиграни натпревари биле крајно неизвесни и решавани во самиот финиш, што остава простор за оптимизам во редовите на ...
Во натпреварот од последното коло за оваа сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), екипата на Пелистер ќе се соочи со Башкими. Битолчани ќе ја бараат првата победа против овој противник, откако ги загубија двата претходни дуели сезонава. Дефанзивецот на гостите, Борјан Пановски, смета дека овој меч нема резултатски императив и дека шансата која ќе ја добијат играчите со помала минутажа е одлична најава за натпревар со многу ...
Искусниот ракометен тренер, Талант Душебаев, после изненадувачкото заминување од Киелце, бргу доби неколку понуди за нов ангажман, кои доаѓаат од најсилното првенство во светот - Бундеслигата. Иако ја врши селекторската функција во француската репрезентација, Душебаев нема намера долго да биде без клупски ангажман, а според најновите информации, наскоро би можел да прифати понуда од еден германски клуб. Медиумите во Германија пишуваат дека ...
Фудбалерите на Шкупи денеска ќе ги одиграат последните минути во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), каде на гостувањето во Струмица се соочуваат со екипата на АП Брера. За секој кој ќе истрча на теренот во Струмица, ова ќе бидат последните минути во елитното македонско друштво, со оглед на тоа што клубот следната сезона ќе се натпреварува во Втората лига. Шефот на стручниот штаб, Алиса Виши, во овој натпревар ќе им даде шанса на младите ...
АП Брера ќе игра бараж за опстанок во елитата, но за да ја заокружи сезоната со позитивен резултат, посакува триумф на денешниот меч против Шкупи. Трите бода се императив за струмичкиот состав на мечот кој го играат на домашен терен. „Треба да ја заокружиме сезоната на најдобар начин и да се подготвиме за бараж-натпреварот што нѐ очекува за опстанок во елитата“, порачуваат од Брера. АП Брера оствари две победи оваа сезона против Шкупи, и ...
Пелистер во последното 33. коло ќе игра пред својата публика и ќе се обиде да ги подобри своите шанси во борбата за опстанок. Единствен ривал на битолските „зелено-бели“ е АП Брера, со која минативе кола се ротираа на 8 и 9 место од табелата, а тоа има важност за тоа кој со кого ќе игра во баражот за опстанок во лигата. На хартија, АП Брера игра со „фенерџијата“ Шкупи и има релативно полесно задача за да освои три бода, додека Пелистер го ...
Само неколку дена по освоениот трофеј во Купот на Македонија и обезбедувањето на нови европски натпревар, фановите на Силекс добија уште една одлична вест. Клубот од Кратово ја информираше јавноста дека соработката со творецот на овој успех на тимот Александар Васоски е продолжена за уште една сезоната. Тоа значи дека европските предизвици Силекс ќе ги започне со популарниот Тетовче на клупата. „Тетовче мајсторе – Тетовче шампионе. ФК Силекс ...
Експертот за промоција на клубови од ВМФЛ во ПМФЛ, Влатко Костов шести пат во својата тренерска кариера го направи овој подвиг, а вторпат со штипската гордост Брегалница. По обезбедената второлигашка титула искусниот стратег се огласи и го анализира сработеното откако дојде на клупата минатото лето досега. Костов откри дека при доаѓањето Брегалница била во незавидна позиција со само шест фудбалери, но сега ситуацијата е целосно поинаква. ...
Новиот шампион на Англија е познат, тоа е Арсенал. Познати се и уште три патници во Лигата на шампионите – Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Астон Вила. Остана уште една дилема околу петтото место, за кое се борат Ливерпул и Борнмут. Но, тоа не е единствената неизвесност во последното коло од Премиер лигата. Треба да се реши и кој ќе биде третиот патник во Чемпионшип. Вулверхемптон и Барнли веќе испаднаа, а останува битката меѓу Вест Хем и ...
Судбоносни 90 минути за Тотенхем во северен Лондон. „Петлите“ се доведоа во ситуација во последното коло да стравуваат за опстанок, иако пред дуелот со Евертон и натаму имаат сѐ во свои раце. Поради далеку подобрата гол разлика од Вест Хем, единствениот тим кој може да им подметне нога и шокантно да ги испрати во Чемпионшип, во 37. коло им беше доволен и бод против Челси за суштински да обезбедат опстанок. Но, градскиот ривал им го загорчи ...
Марк Андре тер Штеген стана првиот фудбалер во историјата на Примера кој во иста сезона успеал да освои шампионска титула и истовремено да испадне од лигата. Искусниот германски голман во првата полусезона беше дел од Барселона. Поради тоа ќе добие медал за шампион на Шпанија.Сепак, во продолжението од сезоната прејде во Џирона, тим со кој испадна во понизок ранг на натпреварување. Тер Штеген имаше проблеми со повреди во текот на цела сезона, ...
ГРК Охрид ѝ гостува на Татабања во првиот финален натпревар од Европскиот куп на ЕХФ. Веќе се познати и тимовите за средбата во Унгарија. Тренерот Борис Ројевиќ поради проблемите со кои се соочува тимот селектираше само 14 ракометари, иако има можност за двајца повеќе. Од друга страна, Едмонд Тот на спротивната страна го пополни тимот. Татабања меѓу останатите ќе го нападне Охрид со македонскиот интернационалец Филип Талески, како и новото ...
Ракометарите на Охрид ќе ја предизвикаат Татабања во борбата за трофејот во Европскиот куп на ЕХФ. Пред натпреварот за сајтот на ЕХФ интервју имаше тренерот Борис Ројевиќ. Српскиот стратег ги посочи главните сили на неговиот тим и најави голема борба во битката за трофејот. „Заслужено сме во ова финале бидејќи бевме подобри од нашите противници. Многу лесно ги минавме првите рунди против Баки, Слога Добој, Дукла Прага. Во четвртфиналето со ...
ГРК Охрид вечерва го игра најважниот натпревар во клупската историја. Македонскиот претставник ѝ гостува на унгарска Татабања во првиот меч од финалето на Европскиот куп на ЕХФ, со желба да направи уште еден чекор кон европска сензација. Охриѓани сезонава испишуваат историја на европската сцена, а патот до финалето го трасираа преку драматичната полуфинална победа над Целје по изведување седмерци. Тимот на Борис Ројевиќ покажа карактер и ...
Последното коло во Примера донесе многу емоции на „Сантијаго Бернабеу“, каде Реал Мадрид се прости од две големи имиња, Дани Карвахал и Давид Алаба. По победата од 4-2 против Атлетик Билбао, искусниот десен бек се прости од навивачите и испрати емотивна порака за клубот во кој мина 23 години. „Реал Мадрид не е само клубот на мојот живот, туку мојот живот. Тука пораснав, поминав низ сите категории и освоив сè што можеше да се освои. Не можев ...
Барселона продолжува да доминира во европскиот женски фудбал, откако во финалето на Лигата на шампионите убедливо го декласира Лион со 4-0 и ја освои четвртата европска титула во последните шест сезони. Иако по првото полувреме немаше голови, каталонскиот тим во продолжението целосно ја презеде контролата. Ева Пајор го отвори резултатот во 55. минута по асистенција од Патри Гихаро, а полската напаѓачка подоцна уште еднаш ја затресе мрежата за ...
Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е на радарот на поранешен европски првак. Се работи за Олимпик Марсеј, францускиот тим кој ќе се раздели со Џеронимо Руљи по крајот на сезоната. Според информациите тимот од „Велодром“ го поставил Столе на врвот на листата желби за негов наследник. Македонскиот голман кој долго беше на маргините сега има клучна улога во Валенсија и во втората полусезона бранеше во врвна форма. Поради тоа ...
Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е на радарот на поранешен европски првак. Се работи за Олимпик Марсеј, францускиот тим кој ќе се раздели со Џеронимо Руљи по крајот на сезоната. Според информациите тимот од „Велодром“ го поставил Столе на врвот на листата желби за негов наследник. Македонскиот голман кој долго беше на маргините сега има клучна улога во Валенсија и во втората полусезона бранеше во врвна форма. Поради тоа ...
Њујорк продолжува да гази во плејофот и се наоѓа пред пласман во НБА финалето. Никси ноќеска повторно беа подобри од Кливленд, триумфирајќи со 108-121 за огромни 3-0 во серијата од финалето на Источната конференција. Кливленд Кавалирс - Њујорк Никс: Гостите уште од стартот наметнаа силно темпо и практично во ниту еден момент не ја испуштија контролата врз резултатот. Кливленд немаше одговор за расположениот напад на тимот од „Медисон Сквер ...
Хајдук Сплит официјално го продолжи договорот со Дарио Мелњак на уште две години, со можност соработката да биде продолжена и за дополнителна сезона. Од клубот истакнаа дека продолжувањето на договорот е дел од јасната стратегија за задржување на искусни фудбалери кои добро го познаваат идентитетот и вредностите на Хајдук, но и можат да бидат пример за младите играчи од академијата. Спортскиот директор Роберт Граф откри дека клучен фактор во ...
Португалскиот репрезентативец Бернардо Силва е многу блиску до трансфер во Атлетико Мадрид, откако ги одбил понудите од Јувентус и Галатасарај. Според повеќе европски медиуми, искусниот офанзивец решил кариерата да ја продолжи во шпанската престолнина, каде што тренерот Диего Симеоне лично инсистирал на негов ангажман. Атлетико веќе работи на финализирање на двегодишен договор со опција за продолжување на уште една сезона. Иако Јувентус долго ...
Легендарниот португалски фудбалер, Жоао Мутињо, потпиша нов договор со Брага, што значи дека ќе се задржи во тимот најмалку до истекот на следната сезона. 39-годишниот играч за врска стави потпис на нова соработка, иако многумина веројатно очекуваа дека ќе ја заврши кариерата. Мутињо во текот на својата богата кариера одигра повеќе од илјада натпревари настапувајќи за Спортинг Лисабон, Порто, Монако, Вулверхемптон и Брага, додека за ...
По освојувањето на признанието за МВП на Премиер лигата, Португалецот Бруно Фернандеш изјави дека наградата е резултат на тимската работа и поддршката од соиграчите и навивачите на Манчестер Јунајтед. „Ова е огромна чест за мене. Без моите соиграчи, стручниот штаб и неверојатните навивачи, ова немаше да биде возможно. Секогаш велам дека индивидуалните награди доаѓаат кога тимот игра добро. Сиот мој успех се должи на напорната работа и почитта ...
Џорџ Расел ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Канада, откако возачот на Мерцедес беше најбрз во квалификациите на патеката „Жил Вилнев“. Британецот продолжи со одличната форма, бидејќи претходно во текот на денот триумфираше и во спринт трката, а потоа доминираше и во борбата за најдобра стартна позиција. Мерцедес повторно ја потврди својата моќ оваа сезона, бидејќи веднаш зад Расел заврши неговиот тимски колега ...