Додека во црвениот дел од Манчестер слават, во синот – тагуваат. Пеп Гвардиола и официјално си заминува од Манчестер Сити по крајот на оваа сезона. Ова го потврди клубот од „Итихад“ на својата интернет страница. На тој начин шпанскиот стратег ќе ја спушти завесата на десетте магични години во Манчестер Сити во кои го направи клубот еден од најдобрите во светот. И покрај неговото заминување од функцијата менаџер на Манчестер Сити, Пеп ќе ја ...

Познатиот каталонски тренер Жузеп Гуардиола официјално го потврди своето заминување од Манчестер Сити, напуштајќи го „Итихад“ по 10 фантастични години. И клубот и тренерот го потврдија своето заминување на крајот од тековнава сезона откако Гуардиола освои 20 трофеи со Манчестер Сити и ги предводеше до титулите на европски и светски прваци. Неговиот последен натпревар како менаџер на Манчестер Сити ќе биде против Астон Вила овој викенд. ...

Илкај Гундоган воспостави уникатна врска со Пеп Гвардиола и со големо нетрпение го чека последниот натпревар на Шпанецот како менаџер на Манчестер Сити, без оглед на тоа што веќе не е член на клубот. Искусниот играч за врска беше еден од креаторите на најголемите успеси кои ги оствари Пеп во својата десетгодишна етапа во клубот, но поранешниот германски репрезентативец вели дека наспроти спортските достигнувања, посебно се гордее што успеал ...

Пеп Гвардиола со многу емоции и солзи го доживеа последниот натпревар како менаџер на Манчестер Сити, па без оглед на тоа што истиот заврши со пораз, тоа беше најмалку важно за сите оние кои присуствуваа на „Итихад“. Набојот на емоции доживеа врв во моментите кога Бенардо Силва го напушти теренот, а по крајот на мечот, следеше и церемонија која дополнително го зачини денот кој вечно ќе остане во сеќавање на фановите на Манчестер Сити. ...