Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Ролан Гарос, но далеку потешко од очекувањата го скрши отпорот на францускиот тенисер Валентен Роје. Српскиот ас по три часа и 47 минути игра славеше со 3-1 во сетови (6-3, 6-2, 6-7, 6-3), иако по првите два сета изгледаше дека сигурно чекори кон рутинска победа. Ѓоковиќ доминираше во воведниот дел од мечот и делуваше сигурно, контролирајќи го ритамот како во своите најдобри денови. Во првиот сет ...

Капитенот на македонската репрезентација, Енис Барди, поради повреда на коленото ќе ги пропушти претстојните контролни натпревари против БиХ и Турција. Барди се појави на собирот на националниот тим, но по извршените медицински прегледи беше утврдено дека не е во можност да му се стави на располагање на селекторот за дуелите со Босна и Херцеговина. Натпреварите се играат на 29. мај во Сараево и Турција на 1. јуни во Истанбул. Капитенот на ...

Пријателскиот натпревар меѓу Босна и Херцеговина и Македонија, односно Турција и Македонија, ќе биде пренесуван на јавниот национален сервис МРТВ. Според договорот, двете средби ќе одат во живо на јавниот национален сервис, затоа што подготвителните пријателски средби се дел од договорот кој спаѓа под квалификациите за Светското првенство 2026 година. Дуелот меѓу БиХ и Македонија се игра на стадионот „Кошево“ на 29 мај од 20:30 часот, додека ...

Нејмар пристигна во тренинг кампот на Бразил во Грања Комари на спектакуларен начин – со личен хеликоптер. Ѕвездата на Бразил пристигна во базата на националниот тим во пресрет на подготовките за Светското првенство, а неговото доаѓање предизвика огромно внимание кај медиумите и навивачите. Според „ЕСПН Бразил“, Нејмар патувал од Сао Паоло до Рио де Жанеиро со својот приватен хеликоптер поради специфичната ситуација околу неговата повреда. ...

Пријателскиот натпревар меѓу Босна и Херцеговина и Македонија нема да биде пренесуван на „Арена Спорт“, јавуваат од земјата домаќин на натпреварот. Иако оваа телевизија ќе ги емитува натпреварите од претстојното Светско првенство, дуелот кој ќе се игра во петок навечер на стадионот „Кошево“ ќе го пренесува државната телевизија на Босна и Херцеговина. Телевизискиот пренос е најавен да започне во 20:20 часот, десет минути пред стартот на ...

Косовска Дрита веќе започнала првични контакти со Лиридон Латифи, фудбалер кој беше еден од клучните играчи во европската сезона на Шкендија. Според информациите од Косово, 32-годишниот офанзивец е блиску до заминување од Тетово по одличната сезона во која запиша 11 голови и девет асистенции, потврдувајќи ја својата важност и во домашното првенство и на европската сцена. По заминувањето на Туша и Ајзерај, раководството на Дрита не сака да ...

Босна и Херцеговина ги започна подготовките во Сараево за настапот на претстојното Светско првенство кое ќе се одржи во Канада, Мексико и САД. Во рамките на медиумските активности на „змејовите“, пред новинарите се обрати и младиот репрезентативец Керим Алајбеговиќ, кој зборуваше за претстојниот пријателски натпревар против Македонија и очекувањата пред Мундијалот. „Натпреварот против Македонија е многу важен за нас за да добиеме чувство и ...

Франк Лампард ја доби престижната награда „Сер Алекс Фергусон“ за менаџер на годината во изборот на Здружението на лигашки менаџери во Англија, по историската сезона со Ковентри Сити. Поранешниот англиски репрезентативец успеа да го врати Ковентри во Премиер лигата за првпат по сезоната 2000/01, а неговиот тим доминираше во Чемпионшип и ја освои титулата со дури 11 бодови предност пред конкуренцијата. Лампард го презеде клубот во период кога ...

Проблеми со повреди во таборот на Босна и Херцеговина пред почетокот на подготовките за Светското првенство. Според информациите од БиХ, Иван Шуњиќ сè уште не им се приклучил на репрезентативците поради повреда на мускулот, поради што нема да биде во комбинација за пријателскиот натпревар против Македонија. Станува збор за незгодна повреда која му создава проблеми на 29-годишниот фудбалер, но во босанскиот табор веруваат дека тој ќе биде ...

Кошаркарите на Кливленд Кавалирс му го спасија работното место на тренерот Кени Еткинсон, кој ќе го води тимот и следната сезона во НБА лигата. Американските медиуми пишуваат дека управата сакала да се раздели со стратегот, но играчите застанале зад него, а најгласни во поддршката биле Џејмс Харден и Донован Мичел. Двајцата биле децидни дека Еткинсон е вистинскиот тренер за тимот кој сезонава стигна до финалето на источната конференција, каде ...

До крајот на клупската сезона преостанува уште финалето на Лигата на шампионите. Но, ако европската титула остане во Франција, граѓаните на Париз нема да може да ги поздрават шампионите. Имено, француските власти ќе им забранат на навивачите на Пари Сен Жермен да одржат парада доколку тимот го освои трофејот во Лигата на шампионите, објави градското собрание на Осмиот арондисман на Париз. Маршот на „Шанзелизе“ нема да се одржи за да се ...

Поранешниот репрезентативец на Англија, Фил Невил, спогодбено го раскина договорот со клубот од американската МЛС лига, Портланд Тимберс, по лошиот старт на сезоната. Раководството на клубот спогодбено се раздели со Англичанецот. Некогашниот англиски репрезентативец беше на клупата на Портланд три години, но во првите 14 натпревари од оваа година забележа само четири победи и го остави тимот на 13. место во Западната конференција. Невил ја ...

Рускиот тенисер Андреј Рубљев се пласираше во следната фаза на Ролан Гарос, откако го елиминираше Аргентинецот Камило Карабели со 3-1 во сетови (6-1, 1-6, 6-3 и 7-6/5). Рубљев имаше мали проблеми, особено во вториот сет, но потоа покажа зошто е фаворит и не дозволи некое поголемо изненадување. Мечот траеше три часа и девет минути. Во третото коло ќе го гледаме и Карен Хачанов, кој беше подобар од уште еден Аргентинец, Марко Трунџелити, со ...

Селекторот на аргентинската репрезентација, Лионел Скалони, изјави дека легендарниот Лионел Меси можеби нема да дојде во најдобра физичка форма на Светското првенство. Капитенот на „гаучосите“ се повреди на натпреварот помеѓу Интер Мајами и Филаделфија, што предизвика голема загриженост кај сите аргентински навивачи. „Првите информации не се лоши, но мораме да ги почекаме сите прегледи. Сите сакаме Меси да биде со нас што поскоро, но можеби ...

Селекторот на холандската репрезентација, Роналд Куман, го соопшти списокот на повикани фудбалери кои ќе конкурираат за настап на претстојното Светско првенство во САД, Канада и Мексико. Предводникот на „лалињата“ се потпре на проверени, но и млади сили, од кои се очекува висок пласман на Мундијалот, каде ќе настапат во групата Ф, заедно со Шведска, Јапонија и Тунис. 710079026_1662312175696267_7087472469359757686_n.jpg Интересно е што повик ...

Легендарниот англиски напаѓач, Џејми Варди, повторно доживеа разочарување во својата кариера, откако по испаѓањето со Лестер Сити, сезонава испадна и со италијанскиот Кремонезе од Серија А. Варди минатото лето реши да ја напушти Англија по тешкиот период со Лестер, клубот со кој ја освои сензационалната титула во Премиер лигата во 2016 година. Сепак, ниту преселбата во Италија не му донесе подобри денови. Кремонезе не успеа да избори опстанок ...

Предводникот на Бостон Селтикс, Џо Мазула, официјално е избран за тренер на сезоната во американската НБА лига. Мазула ги водеше Селтикс до второто место на источната конференција, и покрај тоа што во најголем дел од сезоната го немаше на располагање одличниот Џејсон Тејтум, кој важи за лидер на тимот. Екипата беше ослабната и со заминувањата на Ал Хорфорд, Кристапс Порзингис и Џру Холидеј, но сепак успеа да забележи одлични резултати. ...

Каспер Шмајхел стави крај на богатата фудбалска кариера, откако поради сериозна повреда на рамото реши да се повлече од професионалниот фудбал. Искусниот дански голман потврди дека нема повторно да застане меѓу стативите по истекот на договорот со Селтик на крајот од јуни, бидејќи лекарските прегледи покажале дека тешко би можел повторно да брани на највисоко ниво. „Многу размислував за оваа одлука, но верувам дека сега е вистински момент. ...

Ига Швјонтек и Белинда Бенчиќ обезбедија пласман во третото коло на Ролан Гарос. Полската тенисерка ја елиминираше Сара Белјек од Чешка со сигурни 2-0, по сетови 6-2 и 6-3. Мечот траеше нешто помалку од час и половина, сосема доволно за третата светска тенисерка да ја оправда фаворитската улога. Во следната рунда, Швјонтек ќе се соочи со подобрата од дуелот меѓу Јелена Остапенко и Магда Линет. Што се однесува до Бенчиќ, таа беше подобра од ...

Нејмар сепак ќе настапува со својот препознатлив број „десет“ на Светското првенство Првичниот план на Бразилците беше да се испочитува редот воспоставен во претходните години. Така, со десетката на грбот требаше да игра Винисиус Жуниор, а дури алтернатива беше Рафиња. Нејмар требаше да игра на Мундијалот со бројот „13“, но дојде до пресврт. Сепак, атмосферата во бразилскиот табор очигледно е на високо ниво, па Винисиус и Рафиња решија да ...

Ракометниот клуб Охрид ќе ја дочека Татабања во реванш дуелот финалето од Европскиот куп на ЕХФ. На првата финална средба во Унгарија македонскиот тим славеше со минимални 28-29, а сега пред својата публика ќе се обиде да освои прв европски трофеј. Веќе се одредени и официјалните лица за реванш дуелот во Охрид. Делегирани за реванш финалето се португалските судиски браќа Даниел Акото Мартинс и Роберто Акото Мартинс. Делегати на финалето ќе ...

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година се собра во скопскиот хотел „Холидеј Ин“ за јунскиот ФИФА прозорец во кој ќе одигра еден пријателски натпревар против Бугарија. Селекторот Горан Станиќ мораше да го менува списокот и упати два дополнителни повици поради неколку откажувања. Од комбинација за настап отпаднаа Анес Мелиќи, Нуман Ајетовиќ, Меметриза Хамза, Адриан Зенделовски и Димитар Трајков. Иако отпаднаа пет фудбалери, ...

Селекторот на фудбалската репрезентација на САД, Маурисио Почетино, го објави списокот на играчи за Светското првенство, а во составот доминираат фудбалери кои зад себе имаат силни сезони во европскиот фудбал. Главно име во американскиот тим повторно е Кристијан Пулишиќ, иако нема постигнато гол за Милан од крајот на претходната година. Американецот се мачеше со формата и повреди, па последен пат даде гол на 28 декември 2025 година против ...

Наместо спектакл, во часовите пред финалето на Конференциската лига на УЕФА имаше сериозни проблеми во Лајпциг, каде дојде до големи судири меѓу навивачите на Кристал Палас и Рајо Ваљекано. Инцидентите се случиле во центарот на градот. Веднаш на социјалните мрежи се појавија видеа од пресметките на поголеми хулигански групи. Според германските медиуми, тензијата започнала кога организирана група навивачи на Рајо се приближила до локал каде ...

Можеби најмалку атрактивно сезонава, но европско финале сепак е европско финале, па останува надежта дека ќе ги надмине очекувањата. Кристал Палас и Рајо Ваљекано за првпат ќе се соочат меѓусебно и тоа директно во битка за трофејот во Конференциската лига. За двата клуба ова е прво европско финале, и тоа во само втора сезона на меѓународна сцена. Кристал Палас во минатото имаше кратка и неуспешна европска авантура со два порази од Самсун во ...

По успешно реализираните селективни тренинзи кои се одржаа изминатиот викенд, селекторите на националните селекции за играчи и играчки родени 2013 и 2014 година, во машка и женска конкуренција, го направија конечниот избор на кошаркари кои ќе бидат дел од националниот ФИБА камп. Кампот, кој е во организација на федерацијата, ќе се одржи во периодот од 22. до 26. јуни, во Негорски Бањи – Гевгелија, а на него ќе учествуваат најталентираните ...

Микел Артета е избран за менаџер на сезоната во Премиер лигата, откако го предводеше Арсенал до шампионската титула и го прекина 22 годишното чекање на лондонскиот клуб за трофеј во англиското првенство. Арсенал зад себе има сезона за паметење, а „топчиите“ под водство на шпанскиот стратег конечно успеаја да стигнат до титулата по долгата пауза. Guiding Arsenal to their first Premier League title in 22 years Mikel Arteta is your ...

Јорданчо Наумоски продожува да испишува интересна фудбалска приказна во македонскиот фудбал. Искусниот играч за врска со Брегалница стигна до својата петта промоција во Првата македонска фудбалска лига и ретко кој може да се пофали со ваков учинок. Наумоски двапати обезбеди влез во елитата со Победа, а по еднаш успеа тоа да го направи и со Тиквеш и Пелистер. Сега на листата се приклучи и Брегалница, каде пристигна во зимскиот преоден рок како ...

Оклахома Сити Тандер е на чекор до големото финале во НБА лигата, откако тимот од Оклахома славеше против Сан Антонио Спарс со 127-114 и поведе со 3-2 во финалето на Западната конференција. Во петтиот натпревар домаќините не дозволија изненадување и со сигурна игра го одбранија домашниот терен. Оклахома Сити Тандер - Сан Антонио Спарс: Најзаслужен за победата повторно беше актуелниот МВП Шеј Гилџес Александер, кој мечот го заврши со 32 поени ...

Останаа уште малку дилеми во ракометната Суперлига. Освен вицешампионското место (Еурофарм Пелистер или Охрид), неизвесно е и кој ќе биде последниот дванаесетти суперлигаш за сезоната 2026/27. Ракометарите на Струга втора година по пред преку бараж ќе бараат опстанок, откако минатата сезона го добија Мулти Есенс на неутрален терен во Прилеп, сега стружани ќе играат против Младост од Богданци. Тимот од Богданци заврши на второто место на ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.34
74%
1019
weather icon

Белград

16ᴼ / 16ᴼ
2.68
78%
1015
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
1.16
79%
1014
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.47
79%
1018
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.29
78%
1016
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
1.0
88%
1015
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
0.89
62%
1016
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.82
66%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.64
62%
1018
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 15ᴼ
1.34
89%
1014
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 18ᴼ
0.89
76%
1012
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 15ᴼ
1.39
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Сребро

2186.28

Бакар

13.01

Платина

55170.68

Калај

53.60

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.54

Паладиум

40767.15

Рутениум

48965.59

Родиум

257205.97

Злато

135639.33

Цинк

0.00