Еден од најголемите таленти на македонскиот ракомет, Димитар Узунчев, е многу блиску до трансфер во Целје. 20-годишниот десен бек, висок 185 сантиметри, оваа сезона настапуваше за Бутел Скопје и со своите одлични партии привлече сериозно внимание. Узунчев важи за еден од најперспективните млади играчи во македонскиот ракомет. Претходно тој беше дел од екипите на Алкалоид и Мулти Есенс, како и дел од младинските селекции на Македонија. Можното ...

Вардар 1961 е нов првак на Македонија. Црвено-црните по три години се враќаат на тронот и ќе играат во Лигата на шампионите. Последната сезона во црвено-црниот дрес следната година ќе ја игра поранешниот македонски репрезентативец, искусното крило Гоце Георгиевски. „Лани ни избега во последно коло титулата, но оваа година ја вративме во нашите витрини по три години. Чувството е фантастично, имавме напорна сезона, против доста добри екипи и ...

Македонија доби уште еден тренер со УЕФА Про Лиценца, откако Александар Таневски, тренерот на Скопје, објави дека успешно ја заврши програмата за стекнување на највисоката лиценца. 42-годишниот Таневски ќе игра бараж со „пиратите“, а истовремено е и селектор на новата У20 селекција на Македонија. На кормилото на националниот тим, тој досега имаше два натпревари. Таневски е во македонскиот фудбал како стратег од 2018 година. Покрај што сега го ...

Финалето на Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Арсенал на 30 мај во Будимпешта ќе донесе голема промена која сигурно ќе ги изненади фановите на европскиот фудбал. Наместо традиционалниот термин од 21:00 часот, најголемиот натпревар во европскиот клупски фудбал оваа година ќе започне во 18:00 часот. Иако Будимпешта се наоѓа во иста временска зона со поголемиот дел од Европа, причината за пораното одигрување не е поврзана со временската разлика. ...

Крајот на месец мај го означува почетокот на новото поглавје во актуелната кошаркарска сезона – младинската репрезентативна кошарка. Согласно со тоа, дефинирани се и стручните штабови на повеќе наши младински национални селекции кои ова лето ќе ја претставуваат Македонија на европската сцена. Македонската кошарка ќе има свои претставници на четири младински Европски првенства во машка и женска конкуренција. Покрај сениорската репрезентација, ...

Претседателот на Кристал Палас, Стив Париш, изјави дека тимот постигнал неверојатен резултат со освојувањето на трофејот од Конференциската лига и дека овој успех покажува дека понекогаш добрите момци победуваат. „Ова е неверојатно. Големо достигнување. Сите тие подеми и падови. Стигнавме до Лига Европа, каде што заслужувавме да бидеме. Тоа само покажува дека понекогаш добрите момци победуваат“, изјави Париш. Кристал Палас го освои првиот ...

Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго предизвика сериозни проблеми во организацијата и подготовките пред почетокот на Светското првенство 2026, кое ќе се игра во САД, Канада и Мексико. Поради ширењето на вирусот, конгоанската репрезентација беше принудена да ги промени плановите за подготовки и да го откаже тренинг-кампот во Киншаса. Американските здравствени власти воведоа строги мерки и ограничувања за патници кои во ...

Екипата на Кристал Палас го освои првиот трофеј на меѓународна сцена во својата клупска историја. Во финалето од Конференциската лига премиерлигашот го совлада Рајо Ваљекано со 1-0 и заслужено се радуваше на новиот голем успех. Лондончани ја завршија сезоната како што ја започнаа, со трофеј. Во август минатата година го освоија Комјунити Шилд, додека во ланската сезона триумфираа во ФА Купот на Англија. Кристал Палас оваа сезона требаше да ...

Вечерва во Битола ќе се спушти завесата на сезоната во Суперлигата со дерби пресметката меѓу Еурофарм Пелистер и Алкалоид, натпревар кој носи голема резултатска тежина – но само за едната страна. За битолчани нема простор за калкулации. Еурофарм Пелистер мора да слави за да ја задржи втората позиција на табелата и да обезбеди сигурен пласман во Европската лига, што ова „финале“ на сезоната го прави натпревар со висок влог и дополнителен ...

Делегацијата на фудбалската репрезентација на Македонија летна за Сараево каде што во петок ќе одигра пријателски натпревар со домашната селекција на Босна и Херцеговина. Со чартер-лет фудбалерите и стручниот штаб утрово се упатија за босанската престолнина, каде ќе ги тестираат квалитетите на учесникот на претстојното Светско првенство. Седлоски за овој дуел, како и за следниот против Турција, воведе неколку новини во својот состав, а во ...

Тренерот на Кристал Палас, Оливер Гласнер изјави дека неговиот тим заслужил да го освои трофејот во Конференциската лига и дека не може да поверува дека тоа бил неговиот последен натпревар во клубот. Фудбалерите на Кристал Палас го освоија првиот европски трофеј во клупската историја, откако во финалето на Конференциската лига го совладаа Рајо Ваљекано со 1-0. „Морам да им честитам на играчите и на целиот тим, бидејќи натпреварот беше токму ...

Финалната серија во српскиот ракометен шампионат заврши во атмосфера која остави голема дамка врз спортот, откако вториот натпревар меѓу Партизан и Војводина беше прекинат по сериозни инциденти. По тој повод се огласи домаќинот на натпреварот Војводина, кој во своето соопштение пишува дека уште вакво нешто досега не е видено во српскиот ракомет. „Уште ова досега не се случило во српскиот ракомет! Навивачите на Партизан двапати го прекинаа ...

Ракометниот клуб Радовиш со победа ги заврши настапите во домашниот шампионат. Во последното коло од плеј-аутот радовишани славеа пред својата публика над Струга, а овој натпревар беше од посебно значење за легендата на клубот – Славјан Паунов. Искусниот голман го одигра последниот натпревар во својата долгогодишна кариера, која што започна од далечната 1997 година. „Сакаме да искажеме искрена благодарност до Славјан Паунов за неговиот ...

Управата на Јувентус стравува дека Душан Влаховиќ би можел да му зададе сериозен удар на клубот со заминување без отштета. Српскиот напаѓач, кој во Торино пристигна како едно од најскапите засилувања во историјата на клубот, не е задоволен од актуелната ситуација и засега нема намера да потпише нов договор. Во Јувентус се плашат дека Влаховиќ би можел да го одработи договорот до крај и потоа како слободен играч да замине во друг клуб. ...

Напаѓачот на Наполи, Ромелу Лукаку, даде искрена изјава по завршувањето на сезоната во Серија А, признавајќи дека Интер целосно заслужено ги освоил домашните трофеи - шампионската титула и Купот на Италија. И покрај силната борба на Наполи до самиот крај на сезоната, белгискиот голгетер немаше дилеми околу исходот на шампионската трка. „Интер ја заслужи титулата. Беа најконстантни во текот на целата сезона и мора да им се честита. Ние дадовме ...

Нуно Еспирито Санто ќе остане на клупата на Вест Хем и покрај испаѓањето на клубот во Чемпионшип, откако раководството решило да му ја довери задачата експресно да го врати тимот во Премиер лигата. Одлуката е донесена по состанокот на бордот на директори и португалскиот стратег. „Имавме состаноци со главниот тренер Нуно Еспирито Санто на почетокот на оваа недела и со задоволство потврдуваме дека тој ја изрази својата посветеност кон клубот, ...

Сѐ уште не е официјално потврдено, но според повеќе италијански медиуми, Џенаро Гатузо е многу блиску до преземање на рисмкиот калчолигаш, Лацио. Се наведува дека постои договор меѓу Гатузо и Лацио, а тој треба да го наследи Маурицио Сари, кој веќе се раздели со клубот. Популарниот „Рино“ остана без ангажман откако поднесе оставка од селекторската функција во националниот тим, но бргу пронајде нов предизвик, и тоа во добропознатата Серија А. ...

Дефанзивецот Франческо Ачерби официјално замаинува од Интер, со што става крај на четиригодишната етапа кај „нероаѕурите“. Неколку извори тврдат дека Интер нема да му понуди нов договор на 38-годишниот стопер, а клубот планира подмладување на одбраната за сезоната 2026/27. Се споменува и можност за преселба во Саудиска Арабија, каде што поранешниот тренер на Интер, Симоне Инзаги, наводно сака повторно да соработува со него во екипата на ...

Англиските премиерлигаши направија успеси, ги освоија трофеите во Лигата на Европа и во Конференциската лига на УЕФА, а тоа донесе значаен успех и за местата во евро-куповите следната сезона. Со триумфот на Кристал Палас во финалето на Конференциската лига против Рајо Ваљекано, Англија ќе брои вкупно девет екипи во натпреварувањата на УЕФА, што е импресивно затоа што тоа е скоро половина лига. Арсенал, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, ...

Поранешниот македонски репрезентативец Даниел Аврамовски ќе има нов клуб во новата сезона, затоа што повеќе не е дел од турскиот клуб Сиваспор. Офанзивецот кој има 31 година беше еден од подобрите играчи на екипата, но ќе бара нов предизвик. Мина една сезона во Сивас, а на 27 натпревари успеа да постигне пет гола и да забележи една асистенција. Покрај за Сиваспор, Аврамовски во Турција играше и за Кајзериспор, Игдир и Болуспор, а беше дел и ...

Фудбалерите на Кристал Палас го победија Рајо Ваљекано (1-0) во финалето на Конференциската лига на УЕФА, во натпревар меѓу две екипи кои се бореа за својот прв европски трофеј во историјата. За англискиот премиерлигаш ова е нова светла страница во неговото постоење, а огромни заслуги одат и за тренерот Оливер Гласнер, кој лани го освои и првиот трофеј во домашни рамки - ФА Купот. Првото полувреме не ни понуди големи возбудувања, иако ...

Селекторот на фудбалската репрезентација на Мароко, Мохамед Вахби, го соопшти списокот од 26 играчи за претстојното Светско првенство 2026. На списокот се наоѓаат десетмина фудбалери кои го започнаа финалето на овогодишниот Африкански куп на нации, вклучувајќи го капитенот Ашраф Хакими од Пари Сен Жермен, додека единствен изоставен е Адам Масина. Кон Северна Америка нема да отпатуваат ниту фудбалери како Јусеф Ен-Несири, Хаким Зијеч, Софијан ...

Финалната серија во српскиот ракометен шампионат заврши во атмосфера која остави голема дамка врз спортот, откако вториот натпревар меѓу Партизан и Војводина беше прекинат по сериозни инциденти. По победата од 33-27 во првиот меч, Партизан беше блиску до титулата, но реваншот наместо ракомет донесе хаос. Натпреварот беше прекинат по само 15 минути игра, при резултат 6-5 за Војводина, откако од трибините беа фрлени топовски удари. Играчите на ...

По три години владеење на Еурофарм Пелистер, Вардар 1961 ја врати титулата во своите витрини. Со доминантна сезона на домашно тло, црвено-црните на Иван Чупиќ се вратија на врвот. За Вардар ова беше рекордна шеснаесетта титула, а со трофејот во главниот град на Македонија се враќа и елитниот ракомет и Лигата на шампионите, во која токму македонскиот ракометен бренд освои два пехари во 2017 и 2019 година. По три години владеење на Еурофарм ...

Шпанскиот гигант Барселона заврши голема зделка и го потпиша крилниот напаѓач на Њукасл Јунајтед, Ентони Гордон, јавуваат медиумите и реномирани новинари од Шпанија. Каталонскиот клуб во текот на сезоната внимателно ги следел настапите на англискиот репрезентативец и веќе имал контакти со неговите претставници. Њукасл за трансферот Гордон ќе добие сума од 70 милиони евра, а играчот потпишува петгодишен договор во кој ќе има и бонуси за трофеи ...

По три години владеење на Еурофарм Пелистер, Вардар 1961 ја врати титулата во своите витрини. Со доминантна сезона на домашно тло, црвено-црните на Иван Чупиќ се вратија на врвот. По последниот меч против Бутел Скопје, хрватскиот стратег кој го води најтрофејниот македонски клуб беше задоволен од прикажаното од тимот во текот на целата сезона. „Сезоната ја оценувам како успешна. Нормално дека имавме голема желба да одиме на Ф4 во Европската ...

Екипата на Вардар 1961 со победа ја заврши сезоната во Суперлигата. Новиот шампион на Македонија славеше над Бутел Скопје (36-34) во меч кој се одигра во СЦ „Јане Сандански“, заради доделувањето на титулата на црвено-црните. На овој натпревар немаше одбрани, немаше голема агресивност кај двете екипи, па изобилуваше со голови. Иван Чупиќ ротираше, го немаше и бекот Дмитро Хориха во ростерот затоа што тој замина во Саудиска Арабија, но ја ...

Големо изненадување беше забележано на Ролан Гарос, откако украинската тенисерка Јулија Стародубцева обезбеди пласман во третото коло со сензационална победа над втората светска тенисерка Елена Рибакина. 55-та тенисерка на ВТА листата славеше по голема борба со 3-6, 6-1, 7-6, по два часа и 28 минути игра. Рибакина подобро го отвори натпреварот и со два брејка го освои првиот сет, но Стародубцева возврати во вториот дел од мечот, каде целосно ...

Екипата на Радовиш патува во понизок ранг, но нема да остане како екипа запаметена без ниту една победа, затоа што славеше над Струга (32-29) во последното коло од плеј-аутот на Суперлигата. Радовишани пред својата публика славеа над ривалот кој на овој дуел играше во изменет состав, затоа што ги штедеше силите за баражот за опстанок во елитното друштво против Младост од Богданци. Најдобар стрелец кај победникот на овој натпревар беше Филип ...

Оливер Гласнер и Ињиго Перез, тренерите на Кристал Палас и Рајо Ваљекано, ги открија адутите за финалето во Конференциската лига на УЕФА кое ќе се одигра во германскиот град Лајпциг. Кристал Палас (3-4-3): Хендерсон; Риад, Лакрокс, Канвот; Муњоз, Вартон, Камада, Митчел; Сар, Матета, Пино Рајо Ваљекано (4-2-3-1): Батаља; Рацу, Лежен, Сис, Чавариа; Оскар Валентин, Лопез; Гарсија, Палазон, Де Фрутос; Алемао Натпреварот за трофејот започнува од ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.6
74%
1019
weather icon

Белград

17ᴼ / 13ᴼ
2.68
70%
1016
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
1.42
78%
1014
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.56
80%
1019
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.65
76%
1016
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 12ᴼ
1.06
86%
1016
weather icon

Атина

22ᴼ / 18ᴼ
2.24
57%
1016
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.85
67%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.96
62%
1018
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 15ᴼ
1.34
89%
1014
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
2.68
76%
1013
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 13ᴼ
1.81
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Бакар

13.01

Злато

135639.33

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.54

Калај

53.60

Цинк

0.00

Родиум

257205.97

Сребро

2186.28

Паладиум

40767.15

Платина

55170.68

Рутениум

48965.59

Иридиум

253540.09