Вечерва во Битола ќе се спушти завесата на сезоната во Суперлигата со дерби пресметката меѓу Еурофарм Пелистер и Алкалоид, натпревар кој носи голема резултатска тежина – но само за едната страна. За битолчани нема простор за калкулации. Еурофарм Пелистер мора да слави за да ја задржи втората позиција на табелата и да обезбеди сигурен пласман во Европската лига, што ова „финале“ на сезоната го прави натпревар со висок влог и дополнителен ...
Вечерва и официјално завршува сезоната 2025/26 во ракометната Суперлига. И завршува со стил, со дерби во Битола и тоа меѓу Пелистер и Алкалоид. Оваа средба ќе има далеку поголемо резултатско значење за битолчани, кои со победа ќе завршат како втори и тоа пред Охрид, со оглед на тоа дека имаат подобар меѓусебен скор. Ова е од големо значење со оглед на тоа дека веројатно второто место ќе носи директен пласман во ЕХФ Европската Лига. Се ...

