Финалето на Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Арсенал на 30 мај во Будимпешта ќе донесе голема промена која сигурно ќе ги изненади фановите на европскиот фудбал. Наместо традиционалниот термин од 21:00 часот, најголемиот натпревар во европскиот клупски фудбал оваа година ќе започне во 18:00 часот. Иако Будимпешта се наоѓа во иста временска зона со поголемиот дел од Европа, причината за пораното одигрување не е поврзана со временската разлика. ...

Во сабота, 30 мај, вечерта на финалето на Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Арсенал, во Франција ќе биде распоредена голема безбедносна операција. Според „Л’Екип“, ќе бидат распоредени 22.000 полицајци и жандарми, од кои 8.000 ќе бидат на улиците на Париз и околината. Минатата година, за време на финалето на Лигата на шампионите во Минхен, во кое ПСЖ го победи Интер со 5:0, 5.400 полицајци и жандарми беа мобилизирани во регионот на Париз. По ...

Фудбалерот на Арсенал, Букајо Сака, изјави дека тимот добил мотив повеќе за финалето во Лигата на шампионите, а тоа се почувствувало веднаш по освоената титула во Премиер лигата. „Топчиите“ конечно станаа шампиони на Англија, но сега имаат уште еден сериозен предизвик - финалето во елитниот ранг на УЕФА, каде се среќаваат со актуелниот европски првак - ПСЖ. „Знам дека навивачите имаат големи очекувања, но најважно е ние да бидеме максимално ...

Арсенал и Пари Сен Жермен ќе се сретнат во финалето на Лигата на шампионите. Натпреварот се игра во Будимпешта на „Пушкаш Арената“, а УЕФА претходно одлучи да го помести терминот од доцна навечер во 18 часот за да се подобри целокупното искуство за навивачите и градовите домаќини. УЕФА објасни дека целта на оваа промена е денот на финалето да се претвори во целодневен настан посоодветен за семејствата, со полесен пристап до јавен превоз по ...

Екипите на ПСЖ и на Арсенал вечер во Будимпешта ќе се соочат во финалето на Лигата на шампионите на УЕФА сезона 2025/26. Парижаните го бранат трофејот освоен минатата сезона по убедливите 5:0 против Интер во финалето. Ова е единствениот трофеј за ПСЖ од елитното фудбалско натпреварување. Арсенал никогаш не ја освоил Лигата на шампионите. „Топчиите“ само еднаш стигнале до финалето, во сезоната 2005/06 но не успеаја да станат европски шампиони. ...