Екипата на Кристал Палас го освои првиот трофеј на меѓународна сцена во својата клупска историја. Во финалето од Конференциската лига премиерлигашот го совлада Рајо Ваљекано со 1-0 и заслужено се радуваше на новиот голем успех. Лондончани ја завршија сезоната како што ја започнаа, со трофеј. Во август минатата година го освоија Комјунити Шилд, додека во ланската сезона триумфираа во ФА Купот на Англија. Кристал Палас оваа сезона требаше да ...

Кристал палас испиша историски успех и го освои трофејот во Лига на конференции, откако во финалето славеше минимална победа од 1-0. Англискиот премиерлигаш во текот на целиот натпревар беше подобар ривал, создаде повеќе шанси и на крајот сосема заслужено стигна до првиот европски трофеј во клупската историја. Првото полувреме помина без голови, а клучниот момент се случи веднаш на стартот од вториот дел кога Жан-Филип Матета ја затресе ...