Словенецот Домен Тајник заминува од Еурофарм Пелистер после три сезони минати во македонскиот суперлигаш. Тајник беше еден од најважните ракометари на „зелено-белите“, а сега се збогуваше со клубот и со навивачите, упатувајќи огромна благодарност за сите убави заеднички моменти. „Благодарам на клубот и на градот Битола. Мислам дека направив одличен потег со доаѓањето во Еурофарм Пелистер, можеби најдобар потег во кариерата. Имавме прекрасна ...

Екипата на Арсенал дојде до предност во финалето со ПСЖ уште во раната фаза, со мајсторски гол на Каи Хаверц. Мечот се отвори уште во шестата минута, кога Германецот доби топка од Тросар, излезе од левата страна и биеше силно во горниот дел од голот на францускиот првак кој ја брани европската титула. ПСЖ во финалето игра за вториот европски трофеј, додека Арсенал го бара првенецот. Екипата на Арсенал дојде до предност во финалето со ПСЖ ...

Кошаркарската федерација на Македонија ја информира јавноста дека на денешната седница на Управниот одбор, едногласно беше усвоен Предлог правилникот за лиценцирање на кошаркарски клубови за натпреварувачката сезона 2026/2027, како дел од реформските процеси насочени кон создавање поквалитетен, поорганизиран и финансиски постабилен кошаркарски систем. Особено значаен сегмент од новиот правилник се финансиските критериуми, предвидени во Член ...

Искусниот српски ракометар, Илија Абутовиќ, му се заблагодари на Еурофарм Пелистер за сите убави моменти во двете години минати во битолскиот суперлигаш, упатувајќи срдечен поздрав и до навивачите на „зелено-белите“. Абутовиќ заминува од Битола со прекрасни спомени, за кои рече дека ќе го следат до крајот на животот. „Во Битола минав две прекрасни години, стекнав многу пријатели, а моето семејство се чувствуваше како дома. Секогаш со големо ...

Познати се три од четирите тима кои следната сезона ќе играат во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) кои се познати по баражите кои се одиграа денес. Екипата на Еуромилк направи подвиг, славеше против Саса со резултат 2-1 и така обезбеди враќање во второлигашкото друштво. Екипата од Лисиче ја круниса сезоната на најдобар можен начин. Убедлива победа извојува Кожуф, која со сигурни 4-0 го совлада Борец и го потврди второлигашкиот статус и ...

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година беше поразена од соодветната селекција на Бугарија до 21 година со 1-0 на пријателскиот натпревар одигран во Софија. По израмнетото прво полувреме без голови, домаќините дојдоа до победничкиот погодок во 50. минута од средбата, што на крајот се покажа како решавачки момент на натпреварот. Избраниците на селекторот Горан Станиќ имаа свои моменти и шанси за позитивен резултат, но не ...

Ракометарите на Мелсунген ќе се соочат со гигантот Кил во големото финале на Европската лига на ЕХФ, откако беа подобри од екипата на Флензбург со конечен резултат 37-30. Во првото полувреме видовме прилично израмнета игра, Мелсунген имаше само гол предност (15-14), но нештата се сменија во вториот дел, кога Флензбург го загуби здивот и дозволи голема серија на ривалот кој максимално го искористи моментумот. Имаше Мелсунген во неколку наврати ...

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денес имаше средба со потпретседателот на Европската ракометна федерација (ЕХФ), Предраг Бошковиќ. Градскиот татко разговараше со Бошковиќ за иднината на ракометот, за возбудата пред финалето во Еврокупот на ЕХФ помеѓу Охрид и Татабања, како и за амбициозната визија на градот и на ракометниот клуб ГРК Охрид. 709305811_1532694942203848_4264571311655399135_n.jpg Градоначалникот доби честитки за проектот ...

По прекарсни временски услови, температура околу 20 степени целзиусови, и исполнет стадион „Ференц Пушкаш“ во Будимпешта, полладнево ќе се одигра финалето на Лигата на шампионите меѓу Пари Сен Жермен и Арсенал. Луис Енрике и Микел Артета ги одредија стартните тимови и нема изразити изненадувања. Кај ПСЖ се враќаат Хакими и Дембеле во стартниот тим, а Артета им даде предност на Москера и Хаверц пред Тимбер и Ѓокереш. Интересно е што за првпат ...

Шпанскиот мотоциклист Раул Фернандез стигна до својата прва победа во спринт трка во Мото ГП шампионатот, откако триумфираше на патеката Муџело во рамки на Големата награда на Италија. Возачот на тимот Трекхаус имаше одличен настап и уште во раната фаза од трката го презеде водството, кое успеа да го задржи до самиот крај. Фернандез заврши пред Хорхе Мартин од Априлија, кој во завршницата се обиде да го намали заостанувањето, но не успеа да ...

Репрезентацијата на Шкотска извојува победа со убедливи 4-1 (1-1) над селекцијата на Курасао, во пријателскиот натпревар одигран на легендарниот „Хемпден Парк“ во Глазгов. Шкотите имаа негатива по 17 минути игра, откако мрежата ја затресе екс-талентот на Манчестер Јунајтед, Тахит Чонг, но потоа Курасао остана со играч помалку и немаше сили за било каква сензација против фаворитот. До паузата, Шкотска израмни со голот на Финдли Куртис, а во ...

Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, одлучи да го задржи Нејмар во составот за Светското првенство, и покрај проблемите со повредата на листот на десната нога. Искусниот напаѓач се најде на списокот на „селесао“, иако лекарските прегледи покажаа делумно кинење на мускулот, поради што најверојатно ќе го пропушти воведниот натпревар на турнирот. Нејмар неодамна се врати во националниот тим по долг период исполнет со повреди, а Анчелоти уште ...

Судот во Хонг Конг донесе одлука да изрече затворска казна за еден посредник во обложувње, но и за двајца фудбалери, кои биле вмешани во поткуп, „местење“ натпревари и закани по животот на неколку жртви во оваа измама. Сите обвинети добиле затворска казна во времетраење од 17 месеци, соопшти Независната комисија за борба против корупција во спортот. Имињата на обвинетите беа јавно обелоденети - тоа се фудбалерите Брајан Фок и Лусијано Да ...

Францускиот кошаркарски клуб Асвел подготвува амбициозен проект за сезоната 2026/27, со буџет кој би можел да достигне дури 25 милиони евра. Клубот од Вилербан планира сериозно зголемување на вложувањата по влезот на нови инвеститори и стабилизацијата на финансиската состојба. Со ваков буџет, АСВЕЛ би се вброил меѓу финансиски најмоќните клубови во Евролигата. Раководството на клубот, предводено од Тони Паркер, има јасна цел - создавање ...

Поранешниот англиски репрезентативец, Рахим Стерлинг, е уапсен под сомнение дека управувал возило под дејство на дрога, откако со својот автомобил „Ламборгини“ удрил во заштитните огради на автопатот М3 во јужна Англија. Според полицијата, несреќата се случила во четврток наутро, а во неа не учествувале други возила и нема повредени лица. 31-годишниот фудбалер, кој моментално настапува за Феенорд, бил приведен под сомнение за возење под ...

Искусниот бразилски репрезентативец, Касемиро, отворено го искажа своето незадоволство од медиумите, откако повторно беше соочен со низа прашања поврзани со Нејмар. Играчот од средниот ред не го криеше разочарувањето што вниманието постојано е насочено кон една личност, наместо кон целокупниот тим и подготовките на селекцијата. „Повторно дојдовме тука и единствено за што се зборува е Нејмар, Нејмар, Нејмар…“, изјави Касемиро, јасно ставајќи ...

Голманот на Охрид, Кристијан Пилиповиќ, со голема возбуда го најави реванш натпреварот од финалето во ЕХФ Купот против Татабања, истакнувајќи дека тимот мора да остане максимално фокусиран за да ја оствари целта. Охрид во реваншот влегува со предност од 28-29 од првиот натпревар одигран во Унгарија, а Пилиповиќ верува дека поддршката од трибините може да биде клучен фактор. „Мислам дека мораме да бидеме концентрирани на нашите задачи и ...

Екипата на Кил е првиот патник во финалето од завршницата во Европската лига на ЕХФ. На првиот дуел од Ф4 турнирот во Хамбург бундеслигашот по голема драма го совладаа составот на Монпелје со минимални 28-29, а најзаслужен за тоа беше голманот Волф, кој во самиот финиш со две спектакуларни одбрани не дозволи продолжение. Дуелот меѓу францускиот и германскиот гигант започна доста внимателно и со силен тактички пристап од двете страни. По ...

Соработката заврши, Арне Слот повеќе не е менаџер на Ливерпул, ексклузивно објави италијанскиот новинар Фабрицио Романо. Според овие информации, одлуката е донесена по детална анализа на резултатите и дискусиите меѓу холандскиот стручњак и челниците на клубот од Енфилд. Во исто време, „Енфилд“ веќе разгледува можни алтернативи доколку има промена на клупата. Меѓу кандидатите што најчесто се споменуваат е Андони Ираола. EXCLUSIVE: ARNE SLOT ...

Францускиот тенис добива нова голема надеж. Станува збор за 17-годишниот Моисе Куаме, кој со вајлд-карта за настап на Ролан Гарос ја одушеви домашната публика и се пласираше во третото коло. Со овој успех веќе си обезбеди значајна парична награда, но за нејзината исплата ќе мора да почека. Со пласманот во третото коло, Куаме заработи најмалку 200 илјади долари, а таа сума може дополнително да се зголеми доколку денес го елиминира ...

Тренерот на Охрид, Борис Ројевиќ, во свој стил го најави реванш натпреварот од финалето во ЕХФ Купот против Татабања, потенцирајќи дека неговиот тим веќе испишал историја, но дека вистинската цел допрва следува. Охрид во реваншот влегува со предност од еден гол разлика, остварена на гостувањето во Унгарија, а според Ројевиќ, тимот е подготвен да го направи последниот чекор. „Веќе испишавме историја со самиот пласман во финалето. Ова е огромен ...

Селекторот на Босна и Херцеговина, Сергеј Барбарез, се соочи со уште еден посериозен предизвик во пресрет на Мундијалот, откако на пријателскиот натпревар против Македонија се повреди голманот Осман Хаџикиќ. Натпреварот се одигра на стадионот „Кошево“ и заврши без голови (0-0), но фудбалот брзо падна во втор план поради проблемот што ја снајде репрезентацијата. Хаџикиќ требаше да добие шанса во второто полувреме, но порано го напушти теренот ...

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра нерешено 0-0 против Босна и Херцеговина во пријателскиот натпревар во Сараево, а по средбата од Фудбалската федерација на Македонија упатија емотивна порака до домаќините. Од ФФМ изразија голема благодарност за гостопримството кое го добиле за време на престојот во главниот град на БиХ, истакнувајќи дека атмосферата била како да се на свој терен. „Сараево, ви благодариме! Не беше само ...

Сабота, 30. мај. Будимпешта.„Пушкаш Арена“. Сцената е подготвена за мечот на годината, за судир на две целосно различни фудбалски филозофии, за финалето на Лигата на шампионите со кое ќе биде ставена точка на фудбалската сезона. Од една страна, Микел Артета и неговиот Арсенал, кои ја бркаат првата европска круна и статусот на бесмртници. Од друга, Луис Енрике и Пари Сен Жермен, актуелните владетели на Стариот континент, решени да станат ...

Новиот македонски репрезентативец Дин Аломеровиќ синоќа го имаше своето деби во дресот на „рисовите“. Бекот кој настапува со успех во Романија за УТА Арад не го криеше задоволството од својот прв настап за Македонија и ги сподели првите импресии од ремито со БиХ. „Среќен сум на моето деби. Знаете дека игравме против можеби најдобрата генерација во историјата на босанскиот фудбал. Не бадијала се пласираа на СП, се работи за многу квалитетна ...

Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски, испрати силна порака за поддршка до фудбалерите на Пелистер во пресрет на важниот бараж натпревар на „зелено-белите“ за опстанок. Кузмановски потенцира дека целиот спортски колектив во Битола стои зад фудбалскиот клуб и ќе биде нивен ветер во грб во клучниот момент од сезоната. „Нашето спортско семејство викендов пулсира со фудбалерите на Пелистер. Од името на РК Еурофарм Пелистер и мое ...

Ракометниот клуб Охрид е на чекор до историски успех, а интересот за реванш натпреварот од финалето во ЕХФ Европскиот Куп против Татабања достигнува невидени размери. По победата од 28-29 на првиот меч, во Охрид владее вистинска ракометна еуфорија. Директорот на клубот, Славчо Ристески, истакна дека огромниот интерес најдобро се гледа преку брзината со која се распродале билетите. „Сè беше очигледно во брзината на продажба на билети. До пред ...

џМладиот Жоао Фонсека приреди сензација на турнирот откако по голем пресврт го елиминираше Новак Ѓоковиќ со 3-2 во сетови. По мечот, српскиот ас отворено зборуваше за причините за поразот, истакнувајќи дека физичкиот пад во клучните моменти одиграл голема улога. „Ќе беше подобро да завршеше во два сета, но не беше така. Останав без енергија и не се чувствував добро на теренот. Во вакви натпревари секогаш има момент на одлука, а тој го ...

Вечерва, со натпреварот од финалето на Лигата на шампионите помеѓу Пари Сен Жермен и Арсенал ќе се спушти завесата од клупскиот фудбал оваа сезона. Несомнено дека во Будимпешта нè чека вистински фудбалски спектакл, но истиот беше најавен со грди сцени низ улиците во главниот град на Унгарија. Clashes in Budapest last night between PSG and Arsenal ahead of today’s Champions League League final! pic.twitter.com/3LWyRPatD6 — Ultras Clips ...

Новиот англиски шампион, Арсенал, се подготвува за активен летен преоден рок, пренесуваат медиумите во Велика Британија. Раководството на клубот заедно со менаџерот Микел Артета веќе подготвило листа на потенцијални засилувања, со цел дополнително да се зајакне тимот во борбата за домашни и европски трофеи. Како главни цели се споменуваат неколку имиња од врвот на европскиот фудбал. Меѓу нив се играчи како Сандро Тонали, Хулијан Алварез, ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.13
71%
1020
weather icon

Белград

17ᴼ / 14ᴼ
3.13
74%
1017
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
0.95
85%
1016
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.15
77%
1019
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
3.26
76%
1017
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.14
82%
1017
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
1.79
56%
1016
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.86
68%
1018
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
3.42
62%
1019
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
0.45
77%
1015
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
1.79
75%
1014
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 15ᴼ
1.66
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Злато

135639.33

Платина

55170.68

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97

Иридиум

253540.09

Калај

53.60

Алуминиум

3.54

Бакар

13.01

Сребро

2186.28

Паладиум

40767.15