Новиот англиски шампион, Арсенал, се подготвува за активен летен преоден рок, пренесуваат медиумите во Велика Британија. Раководството на клубот заедно со менаџерот Микел Артета веќе подготвило листа на потенцијални засилувања, со цел дополнително да се зајакне тимот во борбата за домашни и европски трофеи. Како главни цели се споменуваат неколку имиња од врвот на европскиот фудбал. Меѓу нив се играчи како Сандро Тонали, Хулијан Алварез, ...
Главниот приоритет на Арсенал е да потпише нов договор со менаџерот Микел Артета, откако Шпанецот ги предводеше Лондончани до нивната прва титула во Премиер лигата по 22 години, изјави потпретседателот на англискиот клуб, Џош Кренке. Артета, кој минатиот месец изјави дека е целосно посветен на „топџиите“, има договор кој важи до крајот на следната сезона. “Добрата вест за навивачите на Арсенал ширум светот е дека тој (Артета) ужива во ...

