Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Турската публика важи за онаа која не заборава ако некој ѝ донесе успех, а тоа беше случајот со Ељиф Елмас како играч на Фенербахче, кој остави трага во тамошниот фудбал. Затоа кога го напушташе натпреварот, целиот стадион му аплаудираше на македонскиот „дијамант“. Потег за почит на „Шукру Сарачоглу“, кој беше домашен стадион на Елмас за време на неговиот престој во Турција. Елмас од Фенербахче замина во Наполи и почна да ја гради својата ...
Ракометарите на Партизан се нови шампиони на Србија, откако во вториот натпревар од финалната серија ја совладаа Војводина со 27-22 (14-11) во Нови Сад. Со оваа победа белградскиот тим ја доби финалната серија со 2-0 и ја потврди доминацијата во домашниот ракомет оваа сезона. Натпреварот се одигра без присуство на публика, откако првичниот дуел минатата недела беше прекинат поради инцидентите предизвикани од гостинските навивачи, кои фрлаа ...
Италијанскиот тенисер Матео Беретини се пласираше во четвртфиналето на Ролан Гарос, откако успеа во три сета да го елиминира Аргентинецот Хуан Мануел Серундоло (6-3, 7-6/2, 7-6/6). Беретини ја заокружи мисијата за два часа и 28 минути, остварувајќи една од најзначајните победи во кариерата. Во следната фаза, противник ќе му биде подобриот од дуелот меѓу Францес Тиафо и Матео Арналди. Пласман во четвртфиналето обезбеди и Феликс Оже-Алијасим, ...
Македонија гостува на „Шукру Сарачоглу“ кај Турција во пријателски натпревар пред Светското првенство (СП), а на овој меч, еден од нашите играчи има јубилеј. Бобан Николов, повратникот во националниот тим, го игра јубилејниот 50. натпревар во дресот со државниот грб. Нашата фудбалска легенда, Илија Најдоски, му врачи врамен дрес со бројката непосредно пред стартот. „Шукру Сарачоглу“ буди убави спомени за Николов, затоа што таму испиша клупска ...
Фудбалската репрезентација на Македонија заостанува со два гола на полувремето против Турција (2-0). Пријателскиот натпревар на стадионот на „Шукру Сарачоглу“ на кој настапува Фенербахче мина во знакот на домаќинот кој рано поведе и го диктираше темпото на случувањата. Во однос на дуелот со Босанците селекторот Гоце Седлоски се реши за дури пет измени. Во стартниот состав се најдоа Фетаи, Деспотовски, Елези, Алиоски и Омерагиќ на местата на ...
Хрватскиот репрезентативец Марио Хезоња официјално е избран за најкорисен играч (МВП) на шпанскиот кошаркарски шампионат. Крилниот играч на Реал Мадрид во Ендеса лигата просечно бележи 17,4 поени, 4,9 скокови и 1,9 асистенции, со што остави најдобар впечаток од целата најтесна конкуренција. Покрај Хезоња, во идеалниот тим се најдоа уште Лука Божиќ од Гранада, Жан Монтеро од Валенсија, Тимоти Луваву-Кабаро од Басконија и Давид Деџулиус од ...
Коди Милер-Мекинтаер повеќе не е кошаркар на Црвена Звезда и го напушта белградскиот евролигаш после исклучително успешна сезона на индивидуален план. Американскиот плејмејкер со бугарски пасош беше едно од најважните имиња во составот на Црвена Звезда, а во текот на сезоната се наметна како еден од најдобрите организатори на играта во Евролигата. Сепак, според најавите од српските медиуми, двете страни нема да ја продолжат соработката, и ...
ФИФА имплементира нови правила за спречување на трошење на време на натпреварите кои треба да важат од Светското првенство, а „жртва“ на еден од новитетите беше и Македонија. Во првиот дел на мечот против Турција нашиот голман Столе Димитриевски при изведување на гол-аут потроши повеќе од пет секунди. Судијата Хозе Мунуера броеше и со раката покажа на корнер за нашиот противник. За претстојниот Мундијал ќе бидат користени нов сет на правила ...
Поранешниот капитен и селектор на англиската фудбалска репрезентација, Кевин Киген, откри дека му е дијагностициран рак во четврти стадиум. Тој ја соопштил веста за време на јавен настан во Њукасл, каде што првпат отворено зборувал за својата здравствена состојба. Според неговите зборови, болеста била откриена сосема случајно по сообраќајна несреќа, кога лекарите при дополнителните прегледи забележале сериозен здравствен проблем. Киген ...
Фудбалерите на Турција уште од стартот тргнаа фуриозно против Македонија и стигнаа до предност во втората минута. Уште во првата акција Турците ја стресоа пречката од македонскиот гол по една грешка на средината, а потоа со агресивна игра одново одзедоа топка и најдоа начин до рана предност. Откако остана подзаборавен во срцето на шеснаесетникот патот до мрежата го пронајде Оркан Кокчу. За да дојде до водство на Турција ѝ беше потребно само ...
Винченцо Монтела и Гоце Седлоски, селекторите на Турција и Македонија, ги открија картите за пријателскиот натпревар на двете селекции кој ќе се одигра на стадионот „Шукру Сарачоглу“ во Истанбул. За разлика од претходниот дуел со БиХ, Седлоски направи неколку измени како новитети. Фетаи е новост во одбраната, на бековските странични линии се Алиоски и Деспотовски, во средниот ред се најде Елези, додека во нападот стартер е Омерагиќ. Кај ...
Саудиска Арабија, која на претходното Светско првенство приреди едно од најголемите изненадувања во историјата на натпреварувањето со триумфот над подоцнежниот шампион Аргентина на отворањето на турнирот, влегува во новото издание на Мундијалот со амбиција повторно да направи резултат што ќе одекне на светската сцена. Споменатата репрезентација сега сака да потврди дека тој подвиг не бил случајност, туку показател за растечкиот квалитет на ...
Легендарниот фудбалерм Предраг Мијатовиќм се повлече од функцијата потпретседател на ФК Партизан, по повеќемесечни несогласувања со дел од раководството на клубот. Според српските медиуми, Мијатовиќ поднел неотповиклива оставка по седницата на собранието на клубот, на која кулминирале конфликтите во управата. Во изминатиот период тој јавно влегуваше во судир со поединци од раководството, особено околу спортската политика и начинот на ...
И десниот бек на Вардар 1961, Урош Митровиќ, замина на печалба на Блискиот исток каде ќе настапува како позајмен играч во редовите на Ал-Наџма од Бахреин. Српскиот репрезентативец привремено го напушта македонскиот шампион со цел да му помогне на бахреинскиот тим во настапот на престижниот азиски турнир, каде главната цел е освојување на титулата и обезбедување директен пласман на Светското клупско првенство. Ждрепката сакаше Митровиќ и ...
Екипата на ТФТ Скопје имаше историска сезона во АБА2 лигата, дојде до финалето и играше против два ривали за влез во елитата, но не успеа да направи голем подвиг, па се спрема за следната сезона. Еден од Американците во екипата си заминува. Член на ТФТ во иднина нема да биде Џастин Гордон, 32-годишното крило кој се збогува со колективот од Тафталиџе. Во ТФТ, Гордон мина една сезона. Во македонскиот клуб, Гордон пристигна од Нитра од Словачка, ...
Џејмс Милнер објави дека на 40-годишна возраст ја завршува својата професионална кариера. Легендарниот играч од средниот ред е рекордер во Премиер лигата по бројот на одиграни натпревари. Во најсилната лига во светот запиша вкупно 658 настапи. Во текот на кариерата ги носеше дресовите на Ливерпул, Манчестер Сити, Лидс, Њукасл, Астон Вила и на крај Брајтон. „По 24 години во Премиер лигата, чувствувам дека е вистински момент да ја завршам ...
Македонскиот ракометар Дејан Кукуловски синоќа го одигра последниот натпревар во дресот на Охрид и кариерата ќе ја продолжи во странство. Негов нов клуб ќе биде некогашниот европски шампион Металопластика од Шабац. Српскиот клуб денеска го потврди потписот на македонскиот бек и го најави како големо засилување за следната сезона. „Нашиот клуб продолжува со формирање на силен и конкурентен состав за највисоки дострели, а ангажманот на дваесет ...
Во пресрет на најважниот натпревар сезоната, баражот за влез во Суперлигата, екипата на Младост дополнително го засили својот тим со двајца искусни ракометари. Во Богданци пристигнаа српскиот голман Живојин Илиќ и левиот бек Богдан Николиќ, кој во македонската јавност е познат по своите настапи во минатото за Пелистер, Бутел и Струга. „Двајца докажани и искусни ракометари кои со своето знаење, интернационално искуство, квалитет и победнички ...
Легендарниот Лино Червар веќе е во Битола и од денес и официјално ја започнува својата последна мисија како ракометен тренер. Со повеќе од пет децении тренерско искуство, хрватскиот стратег пристигна во Битола да го пренесе своето драгоцено знаење, а на денешната прес конференција го претстави и останатиот дел од стручниот штаб. На тоа поле нема да има промени. Соработници на Червар ќе бидат Алексо Лембанов – прв асистент, Ице Соколески – ...
Ракометната федерација на Македонија ја информираше јавноста дека, со цел обезбедување на највисоко ниво на транспарентност, еднакви услови за натпреварување и непречена организација на бараж натпреварите за пласман во Суперлигата, донесена е одлука за промена на местото на одигрување на бараж натпреварот во машка конкуренција. Бараж натпреварот во женска конкуренција помеѓу екипите на ЖРК Пелистер 2012 и МРК Ѓорче Петров 2 ќе се одигра ...
На денешната промоција на Лино Червар за нов тренер на Еурофарм Пелистер, претседателот на македонскиот вицешампион, Зоран Стерјев, истакна дека клубот е во преговори со уште две засилувања, а потврди и дека капитенот Филип Кузмановски и Дејан Манасков имаат отворена понуда да останат во клубот. „Се очекува да пристигнат уште едно до две засилување. Еден ќе биде десен бек, а за другиот се уште немаме одлучено – може ќе биде среден, а може лев ...
Еден од најтрофејните ракометни стратези во Европа, Лино Червар, и официјално пристигна во Битола каде беше промовиран како нов тренер на Еурофарм Пелистер. Во амбиентот на Офицерскиот дом, легендарниот хрватски тренер ја презентираше својата визија и планови за работа, со јасна цел, враќање на Пелистер на врвот во македонскиот ракомет и создавање конкурентен тим на европска сцена. „Чест ми е да работам во Битола, град со огромна ракометна ...
Зоран Стерјев, првиот човек на Еурофарм Пелистер, изрази задоволство од постигнатата соработка со Лино Червар, хрватскиот трофеен стручњак кој по осум години се враќа во Македонија. Поранешниот селектор и тренер на Металург, пак ќе има авантура во нашата земја, во град со богата ракометна историја. Очекувањата со Лино се високи, што потврдува и раководството. „Отвораме ново поглавје во длабоката и голема историја на овој клуб, со кое што ќе ...
Еден од најтрофејните ракометни стратези во Европа, Лино Червар, и официјално пристигна во Битола каде беше промовиран како нов тренер на Еурофарм Пелистер. Во амбиентот на Офицерскиот дом, легендарниот хрватски тренер ја презентираше својата визија и планови за работа, со јасна цел – враќање на Пелистер на врвот во македонскиот ракомет и создавање конкурентен тим на европска сцена. Червар и битолскиот клуб потпишаа договор за соработка на ...
Историскиот пласман на Комо во Лигата на шампионите донесе и неочекуван проблем за италијанскиот клуб. УЕФА потврди дека стадионот на Комо не ги исполнува потребните стандарди за организирање натпревари од најелитното европско клупско натпреварување, поради што тимот ќе мора да ги игра своите домашни средби на друг стадион. Според одлуката, екипата предводена од Сеск Фабрегас ќе биде принудена да биде домаќин на стадионот на Сасуоло, кој се ...
Хавиер Агире, селекторот на една од репрезентациите домаќини на Светското првенство го објави списокот на фудбалери за претстојниот Мундијал. На списокот се најде и 17-годишниот Гилберто Мора, кој би можел да стане најмладиот мексикански играч кој играл на Светско првенство. Тој веќе одигра седум натпревари за мексиканската репрезентација. Агире го вклучи и голманот Гилермо Очоа (40), кој ќе игра на своето шесто Светско првенство. Список на ...
Ракометарките на хрватска Подравка продолжуваат да испишуваат историја во хрватскиот ракомет. Тимот веќе надмина 100 последователни натпревари без пораз во домашните натпреварувања. Последниот пораз на Подравка во хрватскиот шампионат датира од 8 февруари 2023 година, кога Дуго Село приреди изненадување и славеше со 26-25. Тоа беше и последната сезона во која Подравка не ја освои шампионската титула, која тогаш заврши во рацете на најголемиот ...
Градот Охрид вечерва ќе ги поздрави своите европски шампиони. Прославата по повод историскиот успех на ГРК Охрид и освојувањето на Европскиот куп на ЕХФ започнува во 19:00 часот на градскиот плоштад. Според најавите, шампионите ќе пристигнат во 20:00 часот, кога охриѓани ќе имаат можност да ги поздрават ракометарите кои испишаа нова страница во историјата на клубот и македонскиот ракомет. Се очекува голем број навивачи и граѓани да ...
Голманот Антонио Столевски имаше блескава партија за Шкендија Арачиново во победата над Пелистер по пенали и историскиот пласман во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), а со промоцијата дојде до интересна статистика. Прилепчанецот кој има 23 години зад себе во последните три сезони има три баражи и на сите три беше победник со своите екипи. Низата започна во 2024 година, кога направи трансфер во Победа. Тогаш во баражот за ВМФЛ, екипата ...
Македонската фудбалска репрезентација ќе ги затвори овосезонските предизвици на меѓународната сцена со пријателски натпревар против Турција во Истанбул. По дуелот со Босна и Херцеговина на стадионот „Кошево“ кој заврши без голови, избраниците на селекторот Гоце Седлоски ги очекува уште еден сериозен тест, овојпат против селекција која ќе настапи на претстојното Светско првенство во САД, Мексико и Канада. >>> Сите квоти на мечот ...