Селекторот на Турција, Винченцо Монтела, го објави конечниот список на фудбалери за претстојното Светско првенство. Најголема доверба италијанскиот стратег им укажа на играчите од двата најголеми турски клуба, Галатасарај и Фенербахче, но во составот се и најголемите турски ѕвезди кои настапуваат во европските гиганти. Меѓу нив се Арда Ѓулер од Реал Мадрид, Кенан Јилдиз од Јувентус и капитенот Хакан Чалханоглу од Интер. Турција на Мундијалот ...

Грчкиот кошаркарски великан Панатинаикос е подготвен да направи голем чекор во обидот повторно да го ангажира најтрофејниот европски тренер Жељко Обрадовиќ, пренесуваат медиумите од Србија. Иако актуелниот стратег Ергин Атаман сè уште е на клупата на атинскиот гигант, неговата иднина во клубот станува сè понеизвесна по резултатите и случувањата во изминатиот период. Според информациите, сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, го ...

Екипата на Ѓорче Петров ЖРК почна да го гради тимот за следната сезона и потпиша договор со Ана Марија Коларовска. 23-годишната Коларовска игра на позицијата десен бек, а во Македонија се враќа од Хрватска каде минатата сезона настапуваше за екипата на Брод. Коларовска во Суперлигата беше дел од тимовите на Спартак, Вардар и Ѓорче Петров, пред да се пресели во Металург Автокоманда, а настапите за Брод ѝ беа првите во странство. Исто така ...

Како би изгледала Југославија на Светското првенство во 2026 година? Тим што би можел да се бори за самиот врв. Иако Југославија одамна не постои на фудбалската карта, љубителите на спортот често се прашуваат каква репрезентација би имала оваа земја доколку и денес беше обединета. Анализите направени во пресрет на Светското првенство од страна на „Give me sport“ покажуваат дека селекцијата составена од најдобрите играчи од државите ...

Шпанецот Андони Ираола ќе биде новиот предводник на Ливерпул, откако клубот постигнал договор со стратегот по интензивните преговори во изминатите денови. Според информациите на Фабрицио Романо, официјализацијата на соработката се очекува во следните неколку дена. Италијанскиот новинар прв ја објави веста за заминувањето на Арне Слот, по што и самиот клуб ја потврди разделбата со холандскиот тренер. Ираола пристигнува на „Енфилд“ по успешната ...

Петар Наумоски и Врбица Стефанов се едни од најголемите кошаркарски имиња кои ги дала Македонија низ својата историја. Две легенди, кошаркарски великани преку кои не препознаваат во светот. Сега, двајцата имаат свои наследници во сениорскиот тим. На поширокиот список на селекторот Берокал се најдоа нивните синови. Михаил Наумоски, кошаркар роден 2003 година кој игра како крилен центар, доаѓа во националниот тим за првпат. Моментално тој е ...

Фудбалската репрезентација на Македонија кратко по полетувањето од аеродромот во Истанбул се врати на писта, причина е технички проблем на авионот. Дваесетина минути по полетувањето од аеродромот во Истанбул, пилотот побарал да се врати назад и му било одобрено. Се работи за мал технички проблем, безбедноста на патниците не е нарушена или загрозена. Во моментов, чартерот на Фудбалската федерација на Македонија е на аеродромот во Истанбул, но ...

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Жозеп Мариа Берокал, го објави поширокиот список на кошаркари на кои ќе смета за претстојните натпревари од третиот ФИБА прозорец од претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година. За дуелите од А групата од претквалификациите, оние со селекциите на Ирска (во Скопје) и Луксембург (на гостински терен), машката сениорска репрезентацијата на Македонија ќе тренира во Скопје. Првиот официјален ...

Кадетскиот репрезентативец Марко Ѓорчески во иднина ќе го носи дресот на РК Вардар 1961 и ќе му се приклучи на првиот тим, објавија од клубот. Ѓорчески настапува на левата бековска позиција и ги покрива централните позиции во одбраната. Тој е дел од кадетската репрезентација на Македонија и беше еден од најдобрите играчи во генерацијата која го освои училишното првенство кое неодамна се одржа токму во нашата држава. Својата кариера ја започна ...

Јапонецот Харуки Кавада со Вардар 1961 стана шампион на Македонија и ја завршува авантурата во Суперлигата. Се сели во Франција, каде ќе биде дел од тимот на Каен, а со интересна порака се прости од црвено-црните. „Минатото лето, во 2025 година, го напуштив универзитетот и на 19 години заминав во Европа. Кога бев во средно училиште, Вардар (мојот клуб) ја освои најсилната ракометна лига во светот – Лигата на шампионите. Сонот што тогаш го ...

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас имаше само пофални зборови за Турција по пријателскиот натпревар одигран во Истанбул. Поранешниот фудбалер на Фенербахче се врати во Кадикој по седум години и во изјава за турските медиуми призна дека атмосферата на стадионот оставила силен впечаток врз него. „Поминаа седум години откако последен пат бев во Кадикој. Атмосферата беше одлична и навистина беше убав натпревар. Сите фудбалери на Турција ...

Американскиот кошаркар Ленгстон Вилсон се прости од Пелистер и од битолската публика со емотивна порака на социјалните мрежи, ставајќи крај на својата едногодишна авантура во зелено-белиот дрес. Вилсон му се приклучи на Пелистер во септември минатата година и беше еден од најзабележителните странски играчи во тимот. Во својата порака, американскиот крилен центар истакна дека зад него е сезона исполнета со многу предизвици, но и моменти кои ќе ...

Француската фудбалска легенда и поранешен светски шампион, Кристоф Дугари, упати остри критики кон Арсенал по поразот од ПСЖ во финалето на Лигата на шампионите, не штедејќи зборови за настапот на лондонскиот клуб. Дугари смета дека тимот на Микел Артета настапил со преголема самодоверба и дека не покажал доволно храброст и амбиција во најважниот натпревар од сезоната. „Тие се група кловнови. Дојдоа со преголема самодоверба, со Артета кој ...

Селекторот на хрватската фудбалска репрезентација Златко Далиќ го објави конечниот список на играчи за Светското првенство во Сoeдинетите Американски Држави, Канада и Мексико (11 јуни - 19 јули), а нема ниту едно име различно од прелиминарниот список на патници на најголемото планетарно натпреварување. Списокот е полн со докажани фудбалери, односно најдоброто што во овој момент го има освојувачот на третото место на Светското првенство во ...

Италијанскиот тенисер Матео Арналди приреди едно од најголемите изненадувања на овогодинешниот Ролан Гарос По пет часа и 26 минути игра, тој го победи Американецот Франсис Тиафо со 7-6/5, 6-7/5, 3-6, 7-6/3, 6-4 и за првпат во кариерата стигна до четвртфиналето на еден Грен слем турнир. „Отсекогаш сонував да играм ноќен меч на Ролан Гарос. Овој против Тиафо во еден момент веќе не беше тенис, туку нешто друго. Игравме со сè што имавме. Некој ...

Македонската фудбалска репрезентација врза четири натпревари без постигнат гол за првпат по 2015 година. На првите четири средби на новиот селектор Гоце Седлоски нешто не функционира во нападот, па двапати губевме со по 4-0 од Данска и Турција, а одигравме и две „нули“ против Ирска и Босна и Херцеговина. Последниот пат Македонија не даде гол на четири средби во септември и октомври 2015 година против Луксембург, Шпанија, Украина и Белорусија. ...

Тажната вест го потресе кошаркарскиот свет, кога беше објавено дека на 80-годишна возраст почина Рик Аделман. Рик Аделман беше легендарен американски кошаркарски тренер, поранешен НБА играч, член на Куќата на славните и еден од најценетите тренери во историјата на лигата. Тој е еден од десетте тренери со најмногу победи во историјата, со вкупно 1.042 победи, а само уште четворица тренери имаат подобар процент на победи. Тоа се Пет Рајли, Грег ...

Габриел Магаљаеш стана симбол на поддршка кај навивачите на Арсенал, и тоа само неколку дена по болниот пораз од ПСЖ во финалето на Лигата на шампионите. Бразилскиот стопер го промаши решавачкиот пенал во пенал-рулетот и на тој начин ПСЖ стигна до европската титула, оставајќи ги „топчиите“ без првиот трофеј во Лигата на шампионите. Наместо критики, Габриел доби огромна поддршка од навивачите. Според информациите од Англија, продажбата на ...

Капитенот на македонската ракометна селекција Филип Кузмановски летово ќе има кратка авантура во Кувајт, каде што ќе настапи на претстојниот Азиски шампионат. Кузмановски ќе ги брани боите на Кувајт Клуб и ќе биде четвртото странско засилување. Претходно, договор со клубот постигнаа Катарецот Франкис Марзо, Црногорецот Владан Липовина и португалскиот ас Виктор Итуриза. Кувајт Клуб на претстојниот турнир ќе биде сместен во групата Б, заедно со ...

Репрезентацијата на Аргентина нема да може да смета на Лионел Меси на претстојниот пријателски натпревар против Хондурас, кој е дел од завршните подготовки за Светското првенство 2026 година. Според информациите на аргентинските медиуми, капитенот на „гаучосите“ нема да настапи поради повреда здобиена на првенствениот натпревар во МЛС лигата меѓу Интер Мајами и Филаделфија, кој неговиот тим го доби со 6-4. Меси го напушти теренот во 73. ...

Канадскиот град Монтреал пред неколку години донесе изненадувачка одлука да се повлече од кандидатурата за домаќин на натпревари од Светското првенство 2026, кое ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико. Иако домаќинството на Мундијалот вообичаено се смета за голема привилегија и можност за промоција на градот, властите во Монтреал процениле дека условите поставени од ФИФА се преголем товар од финансиски и организациски ...

Серена Вилијамс официјално се враќа на професионалниот тенис на 44-годишна возраст, речиси четири години по нејзиниот последен настап на ВТА турнирите. Легендарната Американка ќе настапи во двојки на турнирот во Квинс Клуб во Лондон, каде што доби специјална покана од организаторите. Нејзина партнерка ќе биде младата канадска тенисерка Викторија Мбоко, една од најталентираните играчки од новата генерација. Вилијамс не играше професионален меч ...

Шпанскиот прволигаш Виљареал официјално го назначи Иниго Перез за нов шеф на стручниот штаб. Младиот стратег потпиша тригодишен договор и ќе го предводи тимот до јуни 2029 година. Перез пристигнува од Рајо Ваљекано, каде што остави силен впечаток во изминатите две сезони. Под негово водство, клубот од Мадрид стигна до историско финале во Конференциската лига, а во домашното првенство оствари резултати далеку над очекувањата. ...

Екипата на ГРК Охрид дојде до трофејот во Европскиот Куп на ЕХФ со победа над Татабања од Унгарија, а на плоштадот имаше славеничка атмосфера. Со музика и забавна програма започна славјето на трофејот. Имаше и пиротехника и огномет, а сето тоа го пренесоа од локалниот медиум „Охрид1“ кој го долови моментот на сите оние кои не се во можност да присуствуваат на настанот. ГРК Охрид стана четвртиот клуб од Македонија со европски трофеј. ...

Фудбалерите на Турција сигурно ја победија Македонија (4-0) на единствениот тест за нив пред домашната публика пред настапот на Светското првенство. По натпреварот на средбата со новинарите се обрати селекторот Винченцо Монтела. „Да бидеме реални, ниту еден тим не е идентичен како друг. Играме на Мундијалот против Австралија, а вашата селекција малку наликува на таа во сличен систем. Сепак, јас сум презадоволен од своите играчи кои дадоа ...

Првата светска тенисерка Арина Сабаленка обезбеди место во четвртфиналето на Ролан Гарос, откако славеше во големата пресметка против Наоми Осака со 2-0 во сетови (7-5, 6-3). Јапонката одлично го отвори натпреварот и поведе со 2-0 во првиот сет, но Сабаленка брзо се врати во игра со рибрејк и израмнување на 2-2. Во продолжението двете тенисерки водеа голема битка, а Белорусинката беше посигурна во завршницата и го освои сетот со 7-5. ...

Македонија убедливо загуби од Турција на пријателската средба во Истанбул со високи 4-0 (2-0). Нашиот национален тим немаше сили да му парира на силниот ривал кој иако играше со комбиниран тим, сепак рутински стигна до победата. На прес-конференцијата по натпреварот својот став го сподели селекторот Гоце Седлоски. „Сакам да ѝ честитам на Турција која заслужено нè победи. Навистина се одлична репрезентација полна со квалитетни фудбалери. ...

Фудбалската репрезентација на Македонија четири натпревари нема постигнато гол, на дуелите против Данска, Ирска, Босна и Херцеговина и Турција не ја затресовме противничката мрежа, нешто што ни се има случено последен пат пред една деценија. Во 2015 година, Македонија забележа три порази и едно реми. Загубивме од Луксембург (0-1), Шпанија (0-1), Украина (0-2), а одигравме нерешено 0-0 со Белорусија. Тоа беше последен пат кога нашиот ...

Репрезентацијата на Норвешка одигра одличен пријателски натпревар и ја совлада Шведска со убедливи 3-1 (3-0) во рамки на подготовките за настапот на Светското првенство. Домашната селекција го обезбеди триумфот уште во првото полувреме, кога ги постигнаа сите три гола. Двапати стрелаше напаѓачот на Кристал Палас, Јорген Ларсен, и еднаш стрелаше Антонио Нуса од РБ Лајпциг. Швеѓаните постигнаа почесен погодок преку ѕвездата на Ливерпул, ...

Фудбалската репрезентација на Македонија убедливо загуби на гостувањето кај Турција со 4-0 (2-0) во пријателски натпревар од мајско-јунскиот циклус. Домаќинот на стадионот „Шукру Сарачоглу“ одигра одлично и ни нанесе тежок пораз на овој тест во Истанбул. Со по два гола во двете полувремиња Турците го решија натпреварот во своја корист, иако одиграа со комбиниран состав и минутажата на најголемите ѕвезди беше дозирана. Во однос на дуелот со ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.44
65%
1019
weather icon

Белград

19ᴼ / 19ᴼ
3.13
68%
1018
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
0.22
75%
1017
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.05
73%
1019
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
3.3
70%
1018
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.51
77%
1018
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
4.02
57%
1017
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.06
77%
1018
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
3.04
63%
1019
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
0.45
68%
1016
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 18ᴼ
0.45
65%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
3.35
93%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Платина

55170.68

Бакар

13.01

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Паладиум

40767.15

Кобалт

45.39

Сребро

2186.28

Алуминиум

3.54

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97

Калај

53.60

Злато

135639.33