Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Русинката Мира Андреева се пласираше во големото финале на Ролан Гарос, откако ја елиминираше Украинката Марта Костјук со 2-0, по сетови 6-1 и 6-3. Андреева ја заврши работата за само еден час и 17 минути, со што ги сочува силите и за мечот за трофејот, каде ќе се соочи со подобрата од дуелот помеѓу Дијана Шнајдер и Маја Хвалинска. На денешниот меч, Костјук немаше одговор за одличната игра на Андреева, која успеа петпати да ѝ го одземе ...
Легендарниот грчки кошаркар Василис Спанулис е нов тренер на Арис, потврди клубот од Солун. Спанулис потпиша тригодишен договор со грчкиот прволигаш, а според локалните медиуми ќе заработува 1,2 милиони евра по сезона. 43-годишниот стратег зад себе веќе има тренерско искуство во Перистери и Монако, додека во моментов ја извршува и функцијата селектор на кошаркарската репрезентација на Грција. На клупата на Арис тој ќе го наследи Игор Миличиќ, ...
Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски и официјално го продолжи договорот со Валенсија до 2028 година. По потписот, чуварот на мрежата на „лилјаците“ не го криеше задоволството и истакна дека никогаш немал дилема околу својата иднина во шпанскиот клуб. „Многу сум среќен и воодушевен што можам да го објавам ова двегодишно продолжување со Валенсија. Немав никакви сомнежи околу продолжувањето, отсекогаш го посакував и бев ...
Челзи објави тажна вест за своите навивачи за смртта на легендарниот Боби Тамблинг на 84-годишна возраст. Од „Стемфорд Бриџ“ се простија со емотивна порака, истакнувајќи дека фудбалот бил неговиот живот, а Челси неговиот втор дом. „Фудбалот беше неговиот живот, а Челзи беше неговиот вечен дом, немаше место каде што беше посреќен од тоа да биде на Стемфорд Бриџ каде што разговара за фудбал со навивачите. Ќе ни недостига многу“, соопштија од ...
Италијанските тенисери Сара Ерани и Андреа Вавасори го освоија трофејот во мешани двојки на Ролан Гарос, откако во финалето ги победија Габриела Дабровска од Канада и Еван Кинг од САД со конечни 2-1, по сетови 4-6, 6-3 и 10-4. Мечот за титулата траеше еден час и 19 минути, а Ерани и Вавасори го одбранија тронот освоен минатата година, стигнувајќи до вкупно четвртата Грен-Слем титула во кариерата. Истата двојка во 2024 и 2025 година ...
Јапонската репрезентација се најде во центарот на вниманието пред стартот на Светското првенство, откако изрази сериозно незадоволство од условите во тренинг базата што им беше доделена во Монтереј. Фудбалерите и стручниот штаб се непријатно изненадени од состојбата на теренот во тренинг центарот на Тигрес, кој според нив не е соодветен за подготовка на врвни спортисти. Најголемата загриженост е можноста за повреди, поради што Јапонците ...
Поразот на Сан Антонио од Њујорк во првиот натпревар од НБА финалето не го загрижува Виктор Вембањама, кој порача дека неговиот тим ќе изгледа многу подобро во продолжението на серијата. Никси славеа на гостински терен со 95-105 и веднаш ја одзедоа предноста на домашниот паркет. „Секој тим ве брани на различен начин и од мене се бара да пронајдам решенија. Бев лош вечерва, не е покомплицирано од тоа. Им дозволивме премногу офанзивни скокови и ...
Пријателскиот натпревар меѓу Албанија и Израел во Тирана донесе тензии и инцидент на теренот, откако гостите славеа со минимални 0-1. Клучниот момент се случи во 73. минута кога Оскар Глук го постигна единствениот погодок на средбата. Сепак, наместо само радост по голот, израелскиот фудбалер испровоцира бурна реакција кај домашните. Глук за време на прославата им гестикулираше на албанските навивачи да замолчат, а воедно го покажуваше и грбот ...
Комесарот на НБА лигата, Адам Силвер, потврди дека проектот НБА Европа се движи според планираната динамика и дека новото натпреварување би можело да започне веќе во сезоната 2027/28. Говорејќи на прес-конференција во Сан Антонио, Силвер истакна дека интересот за проектот е огромен и дека НБА е задоволна од досегашниот тек на разговорите со потенцијалните партнери и со ФИБА. „Многу сме блиску до целта што ја поставивме. Очекуваме и се ...
Лионел Меси нема да настапи на првиот пријателски натпревар на Аргентина против Хондурас, откако стручниот штаб предводен од Лионел Скалони донесе одлука да не ризикува со својот капитен. Според информациите од аргентинскиот табор, осумкратниот освојувач на „Златната топка“ ќе биде поштеден со цел целосно да ја заврши рехабилитацијата и максимално подготвен да го дочека стартот на Светското првенство. Меси во изминатиот период имаше помали ...
Актуелниот европски великан Манчестер Сити ќе биде клубот со најголем број претставници на Светското првенство 2026, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Според анализата на бразилскиот весник „О Глобо“, англискиот клуб ќе има дури 19 фудбалери на Мундијалот, распоредени во 12 различни репрезентации. Со тоа, Сити го собори претходниот рекорд и повторно се најде на врвот на листата на клубови со најголемо присуство на светските ...
Младинската школа на Вардар додаде нов трофеј во своите витрини, откако кадетите дојдоа до триумф во финалето од Купот на Македонија против Пелистер (3-3 регуларен дел, 7-5 со пенали). На полувремето на теренот „Петар Милошевски“, резултатот беше 1-1. Вардар поведе прв, а Пелистер израмни. Во вториот дел видовме натпревар за уживање, Пелистер двапати водеше, Вардар двапати се враќаше. До ремито, Вардар дојде пред самиот финиш кога реализира ...
Светското првенство би можело да донесе невообичаено долги прекини на натпреварите поради строгите безбедносни протоколи кои важат во Соединетите Американски Држави при појава на невреме и електрични празнења. Според американските правила, секој спортски настан мора веднаш да биде прекинат доколку се регистрира молња или електричен удар во радиус од осум милји (околу 13 километри) од стадионот. Во таква ситуација, фудбалерите се повлекуваат ...
Тренерот на Скопје, Александар Таневски, не го криеше задоволството по обезбедениот пласман во Првата македонска фудбалска лига, истакнувајќи дека успехот има посебна тежина за него поради силната поврзаност со клубот. „Тешко е со неколку реченици да се опишат сите емоции по завршувањето на натпреварот. За мене, овој клуб никогаш не бил само клуб. Тука поминав пет сезони како фудбалер, ја имав честа да бидам капитен и доживеав многу убави, но ...
Шпанскиот прволигаш Валенсија официјално ја активираше клаузулата за продолжување на договорот со македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски за дополнителни две сезони. Со новиот договор, Димитриевски ќе остане член на клубот од „Местаља“ до јуни 2028 година. Искусниот чувар на мрежата пристигна во Валенсија во 2024 година, а досега има забележано 33 официјални настапи во дресот на шпанскиот клуб во Ла Лига и Купот на Кралот. Од ...
Во седиштето на ФИФА во Цирих изминатиот месец беше организиран специјален семинар за најдобрите европски ФИФА судијки, како дел од подготовките за изборот на официјалните лица за претстојниот Мундијал за жени во 2027 година. Меѓу само 13-те избрани судијки од Европа се најде и нашата делителка на правдата Ива Пројковска, што претставува уште едно големо признание за македонското судење и за нејзината успешна меѓународна кариера. Покрај ...
Кандидатот за нов претседател на Реал Мадрид, Енрике Рикелме, се најде во центарот на вниманието откако изјави дека Ерлинг Халанд ќе стане нов фудбалер на „кралскиот клуб“ доколку тој победи на претседателските избори закажани за 7 јуни. Рикелме во интервју пред изборите најави амбициозен проект и тврдеше дека норвешката ѕвезда ќе пристигне на „Сантијаго Бернабеу“, но неговата изјава наиде на брза реакција од таборот на напаѓачот и од ...
Македонскиот репрезентативец Агон Елези се наоѓа на самиот врв на листата на највредни фудбалери во Премиер лигата на Босна и Херцеговина, откако неговата пазарна вредност е проценета на 800.000 евра. Играчот за врска на Сараево кој има 25 години го дели првото место на оваа листа со Маџид Шошиќ од Железничар, а зад нив следуваат неколку млади таленти и репрезентативци од Борец Бања Лука, Зрињски и Сараево. Елези зад себе има одлична сезона ...
Македонскиот ракометен голман Андреј Петковски ќе има нов интернационален предизвик во својата кариера, откако официјално се пресели во редовите на чешкиот шампион Талент Плзен. Дваесет и петгодишниот чувар на мрежата зад себе остави успешна сезона во полскиот Пулави, каде со своите настапи го привлече вниманието на повеќе европски клубови. Сепак, Петковски се одлучи кариерата да ја продолжи во еден од најуспешните клубови во Чешка, кој и ...
Екипата на Вардар донесе ново име во своите редови и потпиша со младиот голман Даниел Диковски. 19-годишниот голман му се приклучува на првакот од тимот на Брера Струмица за која бранеше на вкупно 14 натпревари оваа сезона во Првата лига на Македонија. За Диковски, Брера беше прв клуб како професионалец во кариерата, а со екипата на Вардар потпиша тригодишен договор. Претходно, Даниел Диковски во младинскиот фудбал беше дел од екипите на ...
Кошаркарите на Њујорк Никс го отворија НБА финалето со победа од 95-105 на гостувањето кај Сан Антонио Спарс и поведоа со 1-0 во серијата која се игра до четири победи. Успехот е уште поголем ако се знае дека Никси во текот на третата четвртина заостануваа 14 поени, а воедно станаа и првиот тим што ги совладал Спарс во првиот натпревар од финалето. Најзаслужен за пресвртот беше Џејлен Брансон со 30 поени. Во последната четвртина постигна 13 ...
Италијанскиот шампион, Интер, официјално испрати богата понуда до Аталанта за трансфер на младиот десен бек Марко Палестра, кој беше прогласен за најдобар дефанзивец во Серија А. „Нероаѕурите“ се подготвени да исплатат сума од 40 милиони евра, плус пет милиони кои би се „активирале“ низ дополнителни клаузули. Доколку трансферот се реализира, Палестра може да стане најскапиот дефанзивец во клупската историја. Претходниот рекорд го „држеше“ ...
Репрезентацијата на Шпанија би можела да биде ослабена на почетокот на Светското првенство, откако се појавија информации дека Ламин Јамал сè уште не е целосно подготвен по повредата заработена во финишот на сезоната. Младиот ас на Барселона веќе неколку недели е во процес на рехабилитација по проблемите со задната ложа и мускулот на бутот, а лекарските тимови на клубот и репрезентацијата внимателно ја следат неговата состојба. Според ...
Реал Мадрид и Дани Себаљос ја завршуваат соработката. Шпанскиот фудбалер заминува од клубот и се наоѓа на „крстопат“ помеѓу две дестинации. Себаљос има отворени понуди од Бетис и Ајакс, а медиумите пишуваат дека во моментов пореална опција е останување во Шпанија. Според информациите, Бетис му нуди значајна улога во првиот тим, нешто што го немаше во Реал Мадрид, каде најчесто беше резерва, а минатата сезона одигра нешто повеќе од 800 минути. ...
Расмус Хојлунд и официјално останува во Наполи, откако италијанскиот клуб го откупи неговиот договор од Манчестер Јунајтед по успешната сезона помината на позајмица. Данскиот напаѓач повторно ја пронајде својата препознатлива форма во Серија А и беше еден од клучните играчи во тимот на Наполи. Со своите голови и настапи даде значаен придонес за екипата, по што раководството одлучи да ја активира клаузулата за негов откуп. Хојлунд пристигна ...
Азербејџанскиот клуб Туран нема да настапува во Конференциската лига, откако УЕФА одлучи да го исфрли од еврокуповите поради сомнежи за наместени натпревари. Иако Туран го освои третото место во домашното првенство и обезбеди пласман во евроквалификациите, УЕФА реши дека клубот не ги исполнува условите за учество. Од клубот тведат дека одлуката на УЕФА се однесува на настан од 2019 година, кога Фудбалската федерација на Азербејџан ...
На неколку дена до изборите за претседател на Реал Мадрид, двата кандидати ги „отворија картите“. Енрике Рикелме ќе го предизвика Флорентино Перез и има силни адути в раце. Вечерва беше откриено дека доколку Рикелме биде избран да биде прв човек на Реал Мадрид, во летниот преоден рок на „Сантијаго Бернабеу“ ќе пристигнат Ерлинг Халанд и Родри. Кандидатот откри дека спортски директор би бил Раул Гонзалез, а се претпоставува дека тренер би бил ...
Матео Арналди се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос, откако неговиот сонародник Матео Беретини беше принуден да го предаде четвртфиналниот натпревар поради повреда. Арналди водеше со 7-5 и 5-2 кога Беретини реши да се повлече, откако во текот на мечот очигледно имаше проблеми со левата нога. За Беретини ова беше најдобриот настап на Грен слем турнир во последните неколку години, но повторно не успеа да го заврши турнирот поради ...
Алжир приреди изненадување во Ротердам и ја совлада Холандија со 0-1 (0-0) во пријателски натпревар кој се одигра на „Де Кујп“. Сепак, гостинот имаше огромна поддршка од трибините и навивачите на африканската селекција на крајот славеа победа. Херој на гостите беше Хаџ-Муса, кој во 86. минута постигна прекрасен погодок и ѝ го донесе триумфот на својата селекција. И покрај тоа што Холанѓаните имаа повеќе од играта и создадоа неколку добри ...
Страста за фудбалот во Јужна Америка е навистина нешто невидено. Од самите натпревари, до сите други детали поврзани со овој спорт се доказ за фанатизмот кој владее на ова поднебје. Уште една луда приказна доаѓа од Чиле, земја која не игра на Светското првенство. И покрај тоа, на стадионот „Бичентарио де Ла Флорида“ во градот Сантијаго се собраа преку 8.000 луѓе. На договорен и организиран настан илјадници колекционери дојдоа на размена со ...