Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Ракометниот клуб Охрид го освои трофејот во Европскиот куп на ЕХФ, откако во финалето беше подобар во двомечот против Татабања. Еден од најзаслужните за овој успех беше Косуке Јасухира. Јапонскиот среден бек пролетва дојде крај Охридското езеро и бргу се наметна како главен организатор на играта и стана миленик на публиката. Токму поради тоа навивачите сакаат да направат сè што можат за Јапонецот да остане во клубот и следната сезона. Во екот ...
Епизодата на струмичанецот Вељко Пауновиќ на клупата на српската сениорска репрезентација не почна најдобро. По поразот од Зеленортски острови со 3-0, нашите соседи ноќва убедливо загубуја од Мексико на Хавиер Агире со 5-1. Српскиот тим, кој настапи со комбинирани сили од домашното првенство и неколку интернационалци, поведе во 19. минута со голот на Петар Станиќ. Сепак, домаќините го свртија резултатот до крајот на полувремето преку охан ...
Фудбалската репрезентација на Македонија ќе падне за две позиции на новото ФИФА рангирање. Во претходната седмица македонските фудбалери ремизираа на гостувањето кај Босна и Херцеговина (0-0), со што заработија минимални 0,07 поени на ранкингот. Сепак, по високиот пораз од Турците загубија 2,95 поени. Со тоа, нашата репрезентација дојде до 1.369,16 поени и сега е рангирана на 69. позиција на ранкингот. На сметка на Македонија на ранг-листата ...
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ би можел да биде едно од најзвучните засилувања во грчката кошарка ова лето, откако се појавија информации дека е многу блиску до потпис со Арис од Солун. Според најавите од Грција, 27-годишниот плејмејкер наскоро би требало да стане нов член на еден од најголемите грчки клубови, кој заедно со градскиот ривал ПАОК подготвува амбициозен проект за претстојната сезона. Димитријевиќ ...
На една седмица до почетокот на Светското првенство 2026 може да се издвојат главните парови за првата, групната фаза на шампионатот. Најголемо внимание привлекува дуелот меѓу Англија и Хрватска, две селекции кои имаат богата мундијалска историја и веќе имаат одиграно незаборавни натпревари на светските првенства. Веднаш зад него е судирот на Франција и Норвешка, натпревар во кој ќе се сретнат дел од најголемите ѕвезди на денешниот фудбал, ...
Македонската судиска организација доби ново признание од УЕФА, откако целосна судиска екипа од нашата земја беше делегирана за натпревар од Лигата на нации. Главен судија на средбата меѓу Бугарија и Гибралтар, која ќе се одигра во Софија во рамките на Ц-групата од Лигата на нации, ќе биде Ирена Велевачкоска. Нејзини помошнички ќе бидат Вјолца Изеири и Тамара Цветановиќ, додека улогата на четврти судија ќе ја извршува Ангела Рајчевска. ...
Кога еден од најдобрите фудбалери во историјата ќе каже дека некој е најталентиран играч од новата генерација, тогаш светот внимателно слуша. Токму такви зборови за Ламин Јамал упати Лионел Меси, кој без двоумење го посочи младиот Шпанец како најдобар млад фудбалер во моментов. На само 18 години, крилниот напаѓач на Барселона веќе зад себе има освоено Европско првенство со Шпанија, настапи во завршницата на Лигата на шампионите и статус на ...
По половина сезона мината во Романија, поранешниот репрезентативец на Македонија, Томе Китановски, повторно е слободен фудбалер. По истекот на договор со Мусцелул Кампулиунг, дефанзивецот повторно е слободен фудбалер. Искусниот 33-годишник во Романија дојде од австриската екипа Фав АЦ, а претходно ги бранеше боите на повеќе клубови во Македонија и во странство. Кариерата ја започна во битолски Пелистер, а потоа играше за Крајова, српските ...
Капитенот на Лидс Јунајтед и репрезентативец на Велс, Итан Ампаду, го продолжи договорот со премиерлигашот до истекот на сезоната 2029/2030. 25-годишниот Ампаду стигна во Лидс пред три години, а претходно настапуваше за Специја, Венеција, Шефилд Јунајтед, РБ Лајпциг, Челзи и Ексетер. За Лидс досега одигра 126 натпревари и постигна три погодоци, а за велшката репрезентација настапи вкупно на 61 меч. Минатата сезона одигра 35 натпревари во ...
Веќе е познато дека Манчестер Сити тргна по Елиот Андерсон, но Нотингем Форест ја одби првата понуда. Англискиот вицешампион доби негативен одговор за својот прв обид да го ангажира младиот играч за врска, бидејќи Нотингем не е подготвен да се откаже од еден од своите најважни фудбалери. Сепак, преговорите меѓу двата клуба продолжуваат, а Сити веќе размислува за нова, значително повисока понуда. Иако тимот од Манчестер во моментов важи за ...
Португалскиот стратег Жозе Мурињо покрена постапка против Турција и фудбалската федерација пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, оспорувајќи ги дисциплинските санкции што му беа изречени додека беше тренер на Фенербахче. Судот ја прифатил неговата апликација и побарал официјален одговор од турските власти, со што случајот влегува во понатамошна постапка. Спорот се однесува на казната што Мурињо ја доби по натпреварот меѓу ...
Легендарниот српски тренер, Жељко Обрадовиќ, ги демантираше гласините дека преговара со шпанскиот кошаркарски гигант, Барселона. Обрадовиќ присуствуваше на семинар во Рим, каде одржа свој „мастерклас“, а во разговор со новинарите изјави дека во моментов не размислува за никакви клупски ангажмани. „Не можам да зборувам ништо за Барселона, затоа што овие гласини немаат врска со мене. Има разни шпекулации, но сигурно нема да донесам одлука до ...
Фудбалската селекција на Шпанија со разочарувачки резултат ги започна подготовките за Светското првенство. Во Ла Коруња еден од најсериозните кандидати за златниот медал ремизираше со селекцијата на Ирак, во првиот од двата контролни натпревари пред предизвиците на Мундијалот. Натпреварот на „Риазор“ заврши 1-1, а двата гола беа постигнати уште во првите триесет минути. Резултатот го отвори домашниот тим, откако Феран Торес на додавање на ...
Голманот на Манчестер Јунајтед, Том Хитон, потпиша нов едногодишен договор со клубот од „Олд Трафорд“, иако беше најавено дека би можел да ја прекине соработката со премиерлигашот. Искусниот 40-годишен чувар на мрежата е трета опција меѓу стативите кај „ѓаволите“, затоа што предност имаат Сен Ламенс и Алтај Бајиндир, кои добиваат далеку поголема минутажа. Хитон досега впиша само три официјални настапи за Јунајтед, а претходно беше на ...
Шпанецот Карлес Мартинез Новељ е назначен за нов тренер на Баер Леверкузен, соопшти управата на германскиот бундеслигаш. 42-годишниот стратег три сезони беше тренер на францускиот Тулуз, а сега добива прв посериозен предизвик и ќе се обиде да ги подобри резултатите на „фармацевтите“, кои минатата сезона завршија на шестото место на табелата. Новељ ќе започне со работа на први јули и ќе го наследи Данецот Каспер Хјулманд, кој беше тренер на ...
По последната одлука на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со која парично драконски ја казни Шкендија, а притоа ја исфрли и од Купот на Македонија за следната сезона, спонзорот на клубот бара оваа одлука итно да биде преиспитана и коригирана. Во спротивно, најави повлекување од клубот и мак-фудбалот. „ФК Шкендија е еден од ретките клубови што функционира со сериозност, коректност и целосна усогласеност со спортските и финансиските ...
Германскиот тенисер, Александар Зверев, се наоѓа пред можеби најголемата можност во својата кариера да го освои првиот Грен-Слем трофеј. По елиминацијата на Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер од турнирот, светскиот рекет број три важи за главен фаворит за титулата на Ролан Гарос. 29-годишниот Зверев сè уште нема освоено Грен-Слем титула, иако со години е дел од самиот светски тениски врв. Во својата кариера има седум мастерс трофеи, две титули од ...
Германскиот математичар и аналитичар, Јоахим Клемент, кој стана познат по тоа што успешно ги предвиде освојувачите на последните три Светски првенства, повторно ја објави својата прогноза за претстојниот Мундијал. Според неговиот статистички модел, нов светски шампион ќе стане репрезентацијата на Холандија. Клементовиот модел ги зема предвид факторите како што се економската моќ на државата, бројот на жители, фудбалската традиција и ...
Шпанецот Андони Ираола и официјално е нов тренер на Ливерпул, откако клубот денес го потврди договор со стратегот од Баскија. Ливерпул се подготвува за динамичен летен преоден рок, а доаѓањето на Ираола може да означи почеток на нова ера на „Енфилд“, со освежување на играчкиот кадар и амбиции за враќање во борбата за најголемите трофеи во Премиер лигата и Лигата на шампионите. Шпанецот важи за еден од најперспективните тренери од новата ...
Кошаркарите на Дубаи со победа ја отворија финалната серија во АБА лигата, откако славеа над белградски Партизан со конечен резултат 99-93. Тимот од Обединетите Арапски Емирати одигра одличен меч и имаше постојано водство, а на паузата замина со предност од девет поени (53-44). Партизан малку се созема и ја доби во своја полза третата четвртина, но потклекна во последниот период, препуштајќи му го триумфот на мотивираниот ривал. Дубаи имаше ...
Фудбалерите на Брера го освоија трофејот во Купот на Македонија во конкуренција на младинци. Оваа генерација на струмичани ја потврди доминацијата во текот на оваа сезона откако претходно славеше и во првенството. Во финалето во одличен натпревар Брера беше поуспешна од Шкупи и тоа по изведување на удари од 11 метри. По 90 минути игра двата тима постигнаа по два гола. Шкупи поведе со голот на Судејс Чајани уште во втората минута и тоа по ...
Полската тенисерка Маја Хвалинска приреди уште една сензација и се пласираше во финалето на Ролан Гарос, откако во полуфиналниот натпревар ја надигра Русинката Дијана Шнајдер со конечни 2-0, по сетови 7-6/4 и 6-4. Хвалинска, која е 114. тенисерка на ВТА листата, беше аутсајдер и во оваа пресметка со Шнајдер, но повторно блесна во голем сјај и приреди огромно изненадување на францускиот Грен-Слем. Шнајдер важеше за голем фаворит, особено по ...
Фудбалерките на Кочани успеаа да обезбедат опстанок во најсилната женска лига во Македонија откако во баражот за пополнување на Првата ЖФЛ ги совладаа Билјанини Извори со 7-3. Охриѓанки кои во Втората лига го освоија второто место по само шест минути игра имаа предност од 2-0, а стрелци на головите беа Марија Јулчовска во 3. и Ивана Николоска. Потоа следуваше целосна доминација на Кочани, а серијата голови за прволигашот ја отвори Андреа ...
Еден од најдобрите македонски млади голмани, Марко Алчевски, во следната сезона ќе го брани голот на нов клуб. Битолчанецот ја заврши својата епизода од две години во Хапоел Ерусалим и повторно е слободен фудбалер. Штотуку завршената сезона Алчевски ја мина во ОФК Београд во Србија на позајмица, а откако таа истече се врати во Ерусалим. Клубот и фудбалерот не постигнаа согласност за нов договор и Алчевски е слободен да ја бира својата следна ...
Само неколку дена пред почетокот на Светското првенство, ФИФА донесе одлука да забрани внесување пластични шишиња со вода на сите стадиони каде ќе се играат натпреварите. Одлуката важи и за стаклени шишиња, тегли и лименки. Според Светската куќа на фудбалот, мерката е воведена од безбедносни причини и има за цел да ги заштити играчите, судиите, навивачите, волонтерите и персоналот на натпреварите. ФИФА посочува дека фрлањето предмети на ...
Македонскиот фудбалски тренер, Игор Ангеловски, отвори ново поглавје во својата кариера, откако се реши за уште еден интернационален предизвик. Популарниот Мрме е именуван за селектор на Таџикистан, а утре ќе го има своето деби на клупата за новата селекција. Во пресрет на натпреварите со Индија, Ангеловски ги искажа своите очекувања и вети максимална посветеност, дисциплина и квалитет. „Пред пет дена почнавме да се подготвуваме за ...
Сè погласни се шпекулациите за можно враќање на Жозе Мурињо во Реал Мадрид, откако Бенфика излезе со официјална потврда дека постои договор помеѓу двете страни. Португалскиот клуб објави дека мадридскиот гигант е подготвен да плати 15 милиони евра за да го ангажира искусниот тренер, но целиот процес ќе зависи од исходот на претседателските избори во клубот. Во случај Флорентино Перез повторно да добие мандат, се очекува токму Мурињо да биде ...
По три минати сезони во Еурофарм Пелистер, десното крило Богдан Радивојевиќ од идната сезона ќе има нов предизвик во својата богата кариера. Српскиот интернационалец се реши да менува средина и летово се сели во Турција каде потпиша договор со амбициозниот проект на Бешикташ, денес потврди турскиот клуб. 33-годишниот ракометар од Битола си заминува со три учества во Лигата на шампионите и две титули од домашниот шампионат, а во новиот клуб ќе ...
Официјално започна 11. Европска конвенција за минибаскет. Скопје од денеска до 7 јуни е европски центар на минибаскетот, откако Кошаркарската федерација на Македонија, во соработка со ФИБА Европа и Фондацијата ФИБА, е домаќин на 11. издание на Европската конвенција за минибаскет. На престижниот настан учествуваат тренери, едукатори и спортски работници од бројни европски земји, кои секојдневно се посветени на развојот на најмладите кошаркари ...
Светското првенство ќе има големо влијание во трката за „Златната топка“, бидејќи настапите на Мундијалот би можеле да бидат пресудни во изборот на најдобриот фудбалер во светот. Меѓу главните фаворити повторно е Усман Дембеле, кој и оваа сезона беше важен дел од успесите на ПСЖ, иако не блескаше како во претходната. Во конкуренција се и неговите соиграчи Квича Кварацкелија и Витиња, но Грузија нема да настапи на Светското првенство, што ...