Низ историјата на МЗТ Скопје минале голем број квалитетни кошаркари, но само малкумина успеале да остават толку длабока трага како Дамјан Стојановски. Капитенот и во новата сезона ќе го предводи клубот во сино-белиот дрес, за него 14. сезона во дресот на МЗТ Скопје. Пред себе има уште една голема цел - борба за својата 12. шампионска титула, со која дополнително би го потврдил своето место меѓу најголемите имиња во историјата на клубот. ...
МЗТ Скопје ги стартуваше подготовките за новата сезона, за македонскиот првак специфична бидејќи за првпат по подолга пауза ќе биде дел од три натпреварувања, домашното првенство, АБА2 и ФИБА Европа купот. Тренерот Васко Атанасов е задоволен од она што го гледа од својот тим во првата седмица од подготовките, најавувајќи добри резулати во периодот што следи. „Подготовките се одвиваат според планот. Тимот е заедно, сите се здрави и работиме ...

