Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Норвешката ракометна федерација го именуваше Магнус Андерсон за нов селектор на машката репрезентација. Швеѓанецот потпиша договор до летото 2030 година. Негов прв помошник и главен асистент ќе биде Данецот Хенрик Кронборг, кој исто така се обврза на четиригодишна соработка. Андерсон на клупата на Норвешка доаѓа како наследник на Јонас Виле, чиј договор не беше продолжен по серијата разочарувачки резултати на националниот тим во последните ...
Македонскиот интернационалец Филип Талески ја напушти Татабања по истекот на договорот и крајот на сезоната. За крај унгарскиот клуб и Талески загубија во финалето на Европскиот куп на ЕХФ од Охрид, па авантурата не му заврши баш најсреќно. Талески беше дел од Татабања една полусезона, откако замина од редовите на Вардар по само неколку месеци. Сега Македонецот се раздели со Унгарците и ќе побара нова средина за следната сезона. Талески преку ...
Флавио Коболи обезбеди место во полуфиналето на Ролан Гарос, откако со пресврт го совлада Феликс Оже-Алијасим со 3-1 во сетови (4-6, 6-4, 6-4, 6-4). Италијанецот до триумфот стигна по нешто повеќе од три часа игра и за првпат во кариерата се пласира меѓу четирите најдобри на еден Грен слем турнир. Со оваа победа Коболи си гарантира и деби во Топ 10 на АТП листата, под услов Јакуб Меншик да не ја освои титулата во Париз. Во полуфиналето ќе ...
Кошаркарскиот свет во регионот остана без едно од најпрепознатливите имиња, откако ненадејно почина спортскиот новинар и коментатор Един Авдиќ. Меѓу бројните натпревари што ги коментираше, посебно место има дуелот меѓу Босна и Херцеговина и Литванија на Европското првенство во 2013 година. Тогаш „змејовите“ славеа со убедлива разлика, а Мирза Телетовиќ блескаше на паркетот. Токму неговата тројка од голема дистанца ја предизвика една од ...
Ракометарите на Младост 1977 се последниот учесник на Суперлигата за сезоната 2026/27, откако во баражот славеа против Струга со 25-22. Натпреварот кој се одигра во салата „Андон Димитров“ во Скопје понуди драма во првиот дел, а потоа досегашниот второлигаш го скрши отпорот на клубот кој сезоната ја мина во елитата на мак-ракометот. Комплетниот натпревар меѓу Струга и Младост: Стартот на средбата беше израмнет и се играше егал, а прв со два ...
Четири европски фудбалски великани влегоа во трка за потписот на српскиот напаѓач Душан Влаховиќ, кој повеќе нема иднина во италијанскиот Јувентус. Според информациите од повеќе медиуми на „чизмата“, интерес за Влаховиќ покажуваат Арсенал, Челзи, Баерн Минхен и ПСЖ, а од вчера во оваа трка се вклучил и премиерлигашот Њукасл Јунајтед. Српскиот репрезентативец не успеа целосно да ги оправда очекувањата по трансферот во Торино, а раководството ...
Специјализираниот сајт за фудбалскиот пазар „Transfermarkt“ објави листа од десет играчи од англиската Премиер лига чии цени најмногу паднаа во текот на минатата сезона. Играчот чија пазарна цена најмногу падна е Дејан Кулушевски од Тотенхем. Шведскиот интернационалец вредеше 35 милиони евра на почетокот на сезоната, а сега само 17. Ова значи дека неговата цена е повеќе од двојно намалена. Неговото отсуство од теренот, како и лошите резултати ...
Екипата на МРК Ѓорче Петров 2 е нов суперлигаш! Тимот од Скопје денес славеше во бараж-натпреварот против битолски ЖРК Пелистер (17-24) и го забележа најголемиот успех. Така, вториот тим на македонскиот шампион за првпат ќе се надигрува со најдобрите екипи во домашниот ракомет. Натпреварот во Радовиш не ја донесе очекуваната неизвесност, затоа што Ѓорче Петров 2 доминираше од првата до последната минута. Младите пелистерки не успеаја да го ...
Со победата од 4-0 во дуелот против Пелистер, помладите пионери на Вардар го освоија трофејот во Купот на Македонија. Надежите на „црвено-црните” беа супериорни во мечот против битолчани и сосема заслужено стигнаа до победата. Најзаслужен за триумфот беше напаѓачот Огнен Јаков кој три пати се запиша во листата на стрелците. Токму Јаков ја отвори серијата голови во 20. минута. Десет минути подоцна повторно го совлада противничкиот голман за ...
Францускиот кошаркар Виктор Вембањама е на пат да стане еден од најплатените спортисти во историјата на НБА лигата. Според пресметките на американските медиуми, доколку продолжи да напредува со сегашното темпо и ги исполни условите за таканаречениот „супермакс“ договор, ѕвездата на Сан Антонио Спарс би можел да потпише нова соработка вредна повеќе од 300 милиони долари. Вембањама уште во своите први сезони во најсилната кошаркарска лига на ...
УЕФА, според информации од повеќе странски медиуми, одлучила да го промени правилото за домаќинство во финалињата на дополнителните квалификации за големите репрезентативни натпреварувања. Досега, домаќинот на финалниот натпревар од плејофот се одредуваше со ждрепка, што значеше дека и репрезентации од првиот шешир можеа решавачкиот меч да го играат на гости. Според новиот модел, репрезентациите од првиот шешир треба да имаат загарантирано ...
Првата светска тенисерка, Арина Сабаленка, се огласи по шокантниот пораз во четвртфиналето на Ролан Гарос, каде беше елиминирана од Дијана Шнајдер. Сабаленка доживеа исклучително непријатен пораз и се доведе во незавидна ситуација откако имаше сервис за победа, но потоа следуваше огромен пад во концентрацијата. „Немам мисли, немам емоции. Сакам да се повлечам од тенисот. Се надевам дека ментално ќе се вратам на вистинскиот пат. Имав одлична ...
Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ги потврди најважните датуми за натпреварувањата во сезоната 2026/27, која повторно ќе биде исполнета со возбудувања во Лигата на шампионите, Лига Европа и Конференциската лига. Новата европска сезона ќе започне во јули со квалификациските рунди, а првите натпревари од квалификациите за Лигата на шампионите се закажани за 7 и 8 јули. Ждрепката за првото и второто квалификациско коло ќе се одржи на средината ...
Младиот македонски тенисер Андреј Темов триумфираше на турнирот „Битола Опен“ за тенисери до 14 години. Турнирот беше од категорија 3, а Темов во финалето го победи Ленарт Кадриу од Швајцарија со 2-0 во сетови (6-4 и 7-6/4). Патот до финалето за Темов беше потежок отколку самиот финален меч. Во полуфиналето во три сета со 2-1 во сетови го победи Димитрис Николау од Грција, а во четвртфиналето беше поуспешен од Ставрис Ладерос од Белгија со ...
Полни раце работа имаше Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија. Покрај консеквенците по финалето на Купот на Македонија меѓу Силекс и Шкендија, се разгледуваше и некоректната и вулгарна прослава на шампионот Вардар, која беше јавно споделена преку социјалните мрежи, а подоцна и преку медиумите. Вардар мина полесно и парично е казнет, па касата на шампионот ќе биде олеснета за 15.000 евра. „Дисциплинската комисија при ...
Белорусинката Арина Сабаленка доживеа непријатна елиминација во четвртфиналето на Ролан Гарос, откако загуби од Дијана Шнајдер со 2-1 во сетови (6-3, 5-7, 0-6). Сабаленка одлично го започна мечот, го доби првиот сет во своја полза, но потоа следуваше сериозен пад во играта, а Шнајдер максимално го искористи моментот, прикажувајќи целосна доминација во третиот сет. Мечот траеше два часа и 16 минути, а Шнајдер ја оствари една од најголемите ...
Легендарниот српски кошаркар, Милош Теодосиќ, официјално е назначен за нов спортски директор на белградскиот гигант, Црвена звезда. Само една година по завршувањето на богатата играчка кариера, поранешниот капитен на српската репрезентација се враќа во Црвена Звезда, но овој пат во раководна улога. Од него се очекува да има клучно влијание во креирањето на спортската политика, составувањето на тимот и долгорочната стратегија на клубот. ...
Реал Мадрид е на добар пат да го обезбеди потписот на Дензел Дамфрис, кој би можел да стане едно од првите засилувања на „кралскиот клуб“ во летниот преоден рок. Холандскиот репрезентативец се наметна како приоритетна опција за десната бековска позиција, а според информациите од Шпанија и Италија, преговорите меѓу двете страни се во завршна фаза. Дамфрис зад себе има неколку одлични сезони во дресот на Интер, каде што беше еден од ...
На крајот од сезоната во двете конкуренции во Фудбалското првенство во женска конкуренција беа доделени трофеите за двете најдобри екипи. Шампионската титула во ЖФЛ ја освои ЖФК Скопје кој првенството го заврши со 69 бода, 12 повеќе од најблискиот конкурент ЖФК Тиверија Брера. Елитното фудбалско друштво го напушта Топ Гол, а од следната сезона дел од Првата лига ќе биде ЖФК Конзули од Битола. За пополнување на уште едно место во ЖФЛ преку ...
Дисциплинската комисија при ФФМ донесе одлука со која ФК Силекс се казнува со парична казна во висина од 5.000 евра поради користење на пиротехнички средства на финалниот натпревар од Купот на Македонија против Шкендија. Дисциплинската комисија при ФФМ донесе одлука со која Шкендија се казнува со парична казна во висина од 15.000 евра поради користење на пиротехнички средства на финалниот натпревар од Купот на Македонија помеѓу ФК Силекс и ФК ...
И светскиот фудбалски врв ја честиташе титулата шампион на Вардар во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Вардарци по шест години одново се искачија на кровот во македонскиот елитен фудбал, а новиот успех го поздравија првиот човек на „European Football Clubs“ и сопственик на европскиот шампион ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, како и од Џани Инфантино претседателот на ФИФА. „Почитуван господине Неделковски. Во име на European Football Clubs, сакам ...
Пионерскиот состав на Вардар е нов освојувач на Купот на Македонија, откако во финалниот натпревар славеше убедлива победа од 3-0 против екипата на Македонија ЃП. „Црвено-црните“ поведоа уште во 15. минута преку Матеј Николов, кој ја круниса добрата игра на својот тим во првиот дел. Иако резултатот долго време остана непроменет, финалето понуди интересен и динамичен фудбал со неколку одлични можности на двете страни. Во последните петнаесет ...
Полската тенисерка Маја Хвалинска се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос, откако успеа во два сета да ја елиминира Русинката Ана Калинскаја (7-6/3 и 6-3). Хвалинска е 114. тенисерка во светот, но успеа да ја победи подоброрангираната противничка (24. на ВТА листата) за еден час и 55 минути. Седум пати ѝ го одзема сервисот на Калинскаја, не оставајќи ѝ никакви шанси за „кам-бек“ во мечот. Во полуфиналето, Хвалинска ќе се соочи со ...
Тренерот на Пелистер, Марјан Секуловски, на денешната прес-конференција се огласи по елиминацијата на битолскиот клуб од ПМФЛ, и неуспехот да се избори опстанок преку баражот, упатувајќи благодарност до навивачите и извинување за неостварената цел. „Прво сакам да им се заблагодарам на сите наши навивачи што дојдоа во Кавадарци да нè поддржат. Количеството на радост при израмнувачкиот гол и тагата по загубените пенали се доказ колку Пелистер ...
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, оствари средба со неговиот турски колега, Етем Хаџиосманоглу, каде беа разменети идеи за унапредување на соработката меѓу двете федерации. Омерагиќ ја окарактеризира средбата како исклучително пријателска и успешна, со надеж за продлабочување на односите и зближување на двете „куќи на фудбалот“. Првиот човек на мак-фудбалот ѝ посака многу успех на Турција на претстојното ...
Фудбалерот на Аталанта, Едерсон, се договори со Манчестер Јунајтед и наскоро се очекува само официјализација на трансферот во Англија. Бразилецот би требало да потпише четиригодишен договор со „ѓаволите“, со можност за продолжување на соработката за уште една година. Англискиот клуб прифати да ѝ исплати на Аталанта сума од 35 милиони фунти, со вклучени дополнителни клаузули и бонуси. Британските медиуми наведуваат дека Едерсон наскоро ...
Хрватска е чекор поблиску до добивање на модерен меѓународен автодром, откако Министерството за заштита на животната средина и зелена транзиција го одобри елаборатот за заштита на животната средина за проектот „Кроација Ринг“. Станува збор за патека која треба да биде изградена според највисоките стандарди на ФИА и во иднина би можела да биде домаќин и на трки од Формула 1. Автодромот е планиран северно од Слуњ, помеѓу населените места Велјун ...
Ферари ја продолжи соработката со Шарл Леклер. Tимот од Маранело потврди дека потпишал нов повеќегодишен договор со својот возач. Италијанскиот тим не откри детали околу времетраењето на новата соработка, но јасно стави до знаење дека Леклер останува еден од клучните столбови на проектот за иднината. Возачот од Монако не го криеше задоволството по потписот, нагласувајќи дека Ферари за него претставува многу повеќе од обичен тим и дека уште од ...
Реал Мадрид го претстави новиот домашен дрес за сезоната 2026/27, а дизајнот веднаш привлече големо внимание кај навивачите ширум светот. „Кралскиот“ клуб останува верен на препознатливата бела боја, но овојпат во соработка со „Адидас“ се одлучи за неколку впечатливи детали кои му даваат поинаков изглед на новиот комплет. Најзабележителна промена се трите розови линии на ракавите, додека дресот е дополнет и со темнозелени елементи околу ...
Турската фудбалска репрезентација доби спектакуларно испраќање пред заминувањето на Светското првенство кое наскоро ќе започне во САД, Мексико и Канада. Автобусот со репрезентативците беше придружуван од долг конвој автомобили на турскиот бренд „Тог“, кој е и главен спонзор на националниот тим. Голем број сопственици на овие возила се приклучија на настанот, украсувајќи ги автомобилите со турски знамиња и создавајќи впечатлива атмосфера на ...