Со крајот на последните натпревари, завршена е сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), а познати се и најдобрите играчи на листата на стрелците. Басиру Компаоре од Струга Трим Лум е најдобар стрелец со 17 постигнати гола. Зад него е неговиот соиграч Христијан Малески со 16 постигнати гола. Доминацијата на Струга на врвот ја руши Азер Омерагиќ од Вардар. Капитенот има 14 постигнати гола зад своето име. На делба на четвртото место ...

Вчера и официјално заврши 34-тиот шампионат во ПМФЛ во самостојна Македонија. Вардар е шампион по 12-ти пат, а од лигата испаднаа три скопски екипи, некогашни шампиони, Македонија ЃП, Работнички и Шкупи. Кога сме кај головите и листата на стрелците, се чини по првпат откако игра во ПМФЛ, на врвот или при врвот го нема Бесарт Ибраими кој со 228 голови е најдобриот стрелец во историјата, но во оваа сезона, која штотуку заврши се најде на делба ...