Се очекуваше промоцијата во Болоња, но наместо тоа е закажана во Истанбул. Александар Ѓорѓевиќ и официјално е нов тренер на Бахчешехир. „Добредојде во Бахчешехир Колеџ, Александре Ѓорѓевиќ“, напиша клубот од Истанбул на своите официјални канали. Во денот кога беше потврдено дека Марко Бараќ ја напуштил клупата на младиот клуб, беше објавено и дека нов тренер станува неговиот постар сограѓанин. „Нашиот клуб постигна договор со искусниот тренер ...

Тренерот на Барселона, Карлос Ортега, со оптимизам го најави настапот на својот тим на фајнал-фор турнирот во ракометната Лига на шампиони. Шпанскиот стратег потенцираше дека зад неговата екипа стои одлична сезона, во која Барселона претрпела само еден пораз – против Магдебург, што според него е доволен показател за квалитетот и континуитетот на тимот. „Имавме одлична сезона. Загубивме само еден натпревар, против Магдебург, па некако е ...

Управниот одбор на фудбалскиот клуб Реал Мадрид донесе одлука папата Лав XIV да стане почесен член на клубот. Одлуката беше усвоена на седница на Управниот одбор одржана на 11 јуни, со која претседаваше Флорентино Перез. Од „кралскиот“ клуб соопштија дека на овој начин му се оддава признание на папата Лав XIV како глобална личност која, според Реал, ги промовира вредностите на мирот, солидарноста и социјалната правда ширум светот. Во ...

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Дарко Стојановски, во новата сезона ќе влезе во нов дрес. Имено, 23-годишниот фудбалер за врска по успешната сезона со Еордиакос Птолемаида се раздели со клубот и во сезоната 2026/27 ќе прифати нов предизвик. Во шампионатот на третиот ранг во грчкиот фудбал, кој штотуку заврши, Стојановски одигра 20 натпревари, постигна еден погодок и запиша шест асистенции. Не е исклучена можност младиот ...

Познати се стартните состави за единствениот денешен натпревар меѓу Канада и Босна и Херцеговина на Светското првенство. Канаѓаните ќе нападнат со офанзивното дуо составено од Џонатан Дејвид и Кајл Ларин, со поддршка од брзите крила, додека на голот ќе биде сигурниот Максим Крепо. Од друга страна, селекцијата на Босна и Херцеговина ќе се потпре на искуството на својот капитен Един Џеко, кој ќе го предводи нападот, а поддршка ќе има од Ермедин ...

Марисол Олмедо е парагвајска инфлуенсерка позната како „Ла Мадрина“, а многумина ја сметаат за природна наследничка на нејзината сонародничка Лариса Рикелме, девојката од Светското првенство 2010, која стана вирална ширум светот. Парагвајската манекенка и претприемачка веќе отпатува во Соединетите Американски Држави за да го бодри Парагвај на Светското првенство 2026. Во разговор за „лакуарта“ призна: „Се чувствувам многу почестено што сум ...

Тренерот на Магдебург, Бенет Вигерт, порача дека неговиот тим не бара дополнителна мотивација пред полуфиналната пресметка со Фуксе Берлин на завршниот турнир во Лигата на шампионите. Германскиот стратег потсети дека голем дел од актуелниот состав веќе има искуство со освојување на европските титули и токму тие спомени се доволни за неговите ракометари да бидат доволно мотивирани пред новиот предизвик во Келн. „Веќе двапати ја имаме освоено ...

Англија следната седмица против Хрватска го започнува настапот на Светското првенство. Во пресрет на турнирот Џуд Белингем откри дека репрезентацијата извлекла важни поуки од настапот на Европското првенство во 2024 година. Ѕвездата на Реал Мадрид смета дека атмосферата во англискиот табор сега е значително подобра отколку пред две години, кога „Гордиот Албион“ стигна до финалето на континенталниот собир, но беше поразен од Шпанија. „На ...

Бразилскиот фудбал остана без уште една своја легенда, откако на 86 годишна возраст почина поранешниот репрезентативец Брито. Некогашниот стопер беше дел од славната генерација на Бразил која предводена од Пеле ја освои светската титула на Мундијалот во Мексико во 1970 година. Според бразилските медиуми, Брито бил хоспитализиран од 14 мај поради компликации предизвикани од воспаление на белите дробови. Од него се прости и претседателот на ...

Легендарниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ за првпат се појави на Светското првенство во улога на телевизиски аналитичар, а веќе на своето деби успеа да привлече големо внимание. Поранешниот напаѓач на бројни европски великани му се приклучи на тимот на „ФОКС Спортс“ за следење на Мундијалот, а за време на анализата на групната фаза посебно се осврна на Групата Л, која ја смета за една од најинтересните на турнирот. Говорејќи за ...

Германските ривали Магдебург и Фуксе Берлин вечерва ќе се соочат во полуфиналето на завршниот турнир во Лигата на шампионите, а во пресрет на натпреварот своите очекувања ги сподели првата ѕвезда на берлинскиот состав, Матијас Гидсел. Данскиот репрезентативец не крие дека освојувањето на европската титула е голема цел за него, но истовремено е свесен колку е тежок патот до трофејот. „Се обидувам да не размислувам премногу на освојување на ...

Најдобриот фудбалер на селекцијата на Јужна Кореја, Хеунг-Мин Сон ноќва настапи на своето четврто Светско првенство во дресот на Јужна Кореја. Со тоа, тој го израмни рекордот на својот селектор Мјунг-бо Хонг, кој исто така играше на четири Светски првенства. Поранешниот капитен на Тотенхем ја започна својата серија на Светското првенство во Бразил во 2014 година, а потоа играше во Русија, Катар и сега во Северна Америка. Хонg gо имаше својот ...

Јужна Кореја со пресврт ја совлада Чешка со 2-1 на стадионот „Акрон“ во Гвадалахара во првото коло на Светското првенство. По последниот судиски свиреж се појавија дебати на социјалните мрежи поради посетеноста на натпреварот. Иако ФИФА објави дека натпреварот го следеле 44.985 гледачи, снимките од стадионот покажаа значителен број празни седишта, што веднаш стана тема на социјалните мрежи. Навивачите масовно споделуваа фотографии од ...

Македонскиот голман Антони Столевски и во следната сезона ќе го брани голот на Шкендија Арачиново. Кклубот официјално потврди дека е постигнат договор за продолжување на соработката на уште една година. Столевски беше еден од најважните играчи на тимот во изминатата сезона, особено во баражот за место во ПМФЛ. Од Шкендија Арачиново истакнаа дека искусниот чувар на мрежата останува важен дел од проектот и во новата натпреварувачка година. ...

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски - Иџе ќе биде подготвен и ќе настапи на новата трка од Ридско-планинскиот шампионат на Европа. Иџе ќе вози на трката во Глазбахренен, Германија, иако имаше сериозни проблеми минатиот викенд. Македонецот излета на првата трка на чешката патека во Штернберк. Неговиот тим едвај го оспособи автомобилот за да се натпреварува на втората и во неа стигна до третото место. Поради тоа што немаше време за ...

Селекторот на канадската репрезентација, Џеси Марш, со голем оптимизам го очекува почетокот на Светското првенство, нагласувајќи дека неговиот тим е подготвен да се носи со притисокот од настапот на домашен терен. Канада ќе биде еден од домаќините на Мундијалот 2026, а Марш смета дека токму поддршката од навивачите треба да биде дополнителен мотив за неговите избраници. „Ова е историски момент за нашиот фудбал. Играме Светско првенство на ...

„Нашите идни шампиони“ продолжува со нова серија приказни за младите спортисти кои ја градат иднината на македонскиот спорт. Powerade и Gol.mk повторно им даваат простор на оние кои допрва треба да го кажат своето име на големата сцена. Во второто издание на оваа кампања запознаваме осум перспективни македонски спортисти, млади луѓе кои секојдневно тренираат, се жртвуваат и растат низ спортот. Преку нивните лични приказни откриваме и дел од ...

Селекторот на Босна и Херцеговина, Сергеј Барбарез, испрати порака во пресрет на настапот на неговата репрезентација на Светското првенство, нагласувајќи дека неговиот тим нема намера да биде само обичен учесник на најголемата светска фудбалска сцена. Легендарниот босански фудбалер истакна дека оваа генерација заслужено изборила место на Мундијалот и дека зад успехот стојат карактерот, упорноста и заедништвото на играчите. „Оваа генерација ...

Во Реал Мадрид очигледно не планираат само промени на тренерската позиција. По официјалното враќање на Жозе Мурињо на клупата на „кралевите“, клубот веќе работи на формирање на тим кој ќе може веднаш да се бори за сите трофеи. Според информациите од Шпанија, дел од амбициозниот проект на Флорентино Перез се и неколку звучни имиња од европскиот фудбал. Меѓу играчите кои се поврзуваат со трансфер на „Сантијаго Бернабеу“ се десниот бек на Интер, ...

Капитенот на Босна и Херцеговина, Един Џеко, со голема гордост зборуваше за новото учество на неговата репрезентација на Светското првенство, истакнувајќи дека настапот на Мундијалот претставува едно од најголемите достигнувања во поновата историја на босанскиот фудбал. Искусниот напаѓач, кој на 40-годишна возраст повторно ќе настапи на најголемата светска сцена, призна дека ваков развој на настаните тешко можел да го замисли пред неколку ...

Светската фудбалска федерација (ФИФА) донесе значајна промена која би можела целосно да го трансформира трансфер-пазарот во наредните години. Според новата одлука, откупните клаузули ќе станат задолжителен дел од договорите на сите професионални фудбалери ширум светот. Досега ваквата практика беше најпозната во шпанскиот фудбал, каде што според локалните регулативи секој професионален договор мора да содржи откупна клаузула. Од сега, тоа ...

Ракометниот клуб Младост 1977 продолжува со формирањето на тимот за новата сезона, а една од најважните задачи е успешно завршена. Клубот официјално потврди дека Даниел Андоновски и во следната сезона ќе го носи дресот на тимот. Андоновски беше еден од клучните играчи на Младост 1977 во изминатата натпреварувачка сезона, а со своите настапи се промовираше во најдобар стрелец на екипата. Неговата борбеност, посветеност и константност на ...

Покрај победата на Мексико над Јужна Африка, големо внимание на социјалните мрежи привлече и реакцијата на дел од мексиканските навивачи на трибините на преполниот стадион „Ацтека“. По водечкиот гол на Хулијан Кинонес во деветтата минута, телевизиските камери забележаа две навивачки кои со огромна еуфорија го прославуваа погодокот на својата репрезентација. Снимката брзо стана вирална и се прошири низ светските медиуми и социјалните ...

Отворањето на Светското првенство донесе целосна доминација на еден од домаќините, Мексико, над недораснатата Јужна Африка, три црвени картони, одлична атмосфера, но на крајот – „само“ 2-0 за Сомбреросите. Мексиканците секако се задоволни, освоија три бода и веќе со една нога се во втората фаза од натпреварувањето, но многу обложувачи сигурно имаат што да му замерат на селекторот Агире и на неговите играчи – зошто ја „повлекоа рачната“ ...

По победата над Италија во финалето на баражот, владее еуфорија во таборот на Босна и Херцеговина. „Змејовите“ имаат големи очекувања од своето второ учество на светската фудбалска сцена. Групата Б е прилично изедначена, со Швајцарија како прв фаворит, а тука се и Канада и Катар. Тимот на Сергеј Барбарез го започнува Мундијалот во петок (21:00 часот) во Торонто против еден од трите домаќини. Канаѓаните имаат проблем со повредата на ...

Македонскиот шампион Вардар денеска отпатува за Италија, каде што ќе ја реализира главната фаза од подготовките за новата сезона и настапот во квалификациите за Лигата на шампионите. Експедицијата на „црвено-црните“ брои вкупно 38 фудбалери, а особено радува фактот што дури десетмина играчи доаѓаат од младинската школа на клубот. Со тоа Вардар уште еднаш покажува дека сериозно смета на сопствениот кадар и на развојот на младите таленти. Тимот ...

Организаторите на Вимблдон објавија рекордно зголемување на вкупниот награден фонд, годинава за скоро 20 проценти. Вкупниот фонд за турнирот ќе изнесува 64,2 милиони фунти, што претставува најголемо годишно зголемување во историјата на натпреварувањето. Шампионите во машка и женска поединечна конкуренција ќе добијат по 3,6 милиони фунти, односно за 20 проценти повеќе во споредба со претходното издание на турнирот. Зголемување на наградите е ...

Искусниот мексикански напаѓач Раул Хименез беше еден од хероите на победата на Мексико над Јужна Африка на отворањето на Светското првенство, но неговиот погодок доби многу подлабоко значење од самиот резултат. Хименез го постигна вториот гол за домаќинот на Мундијалот, а потоа следуваше емотивна прослава која ги трогна навивачите на стадионот и милионите гледачи ширум светот. По погодокот, ветеранот истрча кон корнер-знаменцето, скокна во ...

Фудбалската репрезентација на Хаити беше принудена непосредно пред почетокот на Светското првенство 2026 да го измени дизајнот на своите дресови, откако ФИФА оцени дека одредени елементи можат да се толкуваат како политичка порака. Спорниот дел од дизајнот се наоѓал на долниот дел од дресот и прикажувал сцени инспирирани од Битката кај Вертиер од 1803 година - клучен настан во борбата на Хаити за независност. Дизајнот бил замислен како ...

Македонската фудбалска легенда Горан Пандев ќе биде дел од големиот хуманитарен спектакл што ќе се одржи на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид. Легендите на Интер и Реал Мадрид ќе ги одмерат силите на традиционалниот „Корасон Класик Меч“, кој ќе се одигра на 13 јуни, а во составот на италијанскиот гигант ќе настапат бројни поранешни ѕвезди на светскиот фудбал. Покрај Горан Пандев, за Интер ќе играат и легендарните Хавиер Занети, Естебан ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
3.44
36%
1018
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
3.13
54%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
0.94
42%
1017
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
3.33
47%
1018
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
2.67
38%
1016
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
1.79
45%
1017
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
4.47
57%
1015
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
5.79
43%
1017
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
39%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.02
44%
1016
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
52%
1016
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
7.92
75%
1015
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Паладиум

40767.15

Сребро

2186.28

Злато

135639.33

Рутениум

48965.59

Платина

55170.68

Бакар

13.01

Родиум

257205.97

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.54

Калај

53.60

Кобалт

45.39