Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Тригодишно дете се здобило со тешки телесни повреди во несреќа во лифт во зграда во Радишани, откако според пријавата од мајката, вратата од лифтот ненадејно се отворила и затворила. Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен информира дека Е.З.(30) од Скопје вчера во 20:00 часот во СВР Скопје пријавила дека на 22-ри месецов околу 18:15 часот, додека таа и нејзините деца биле во лифт од станбена зграда на подрачјето на Радишани, ...
Вероника Консевиќ вечерва ќе се бори за бронзен медал за Македонија на Медитеранските игри во Таранто. Покрај спортскиот резултат, македонската борачка привлекла внимание и со својата најмала поддршка, нејзиното 11-месечно бебе е со неа на Игрите. Консевиќ е единствената македонска претставничка во борење во слободен стил. Таа настапува во категоријата до 57 килограми. Нејзина противничка во борбата за бронзениот медал ќе биде српската ...
Што се случува со детето кога неговиот родител ќе биде осуден на смрт? Во Кина постои група деца за кои казната на родителот не завршува со судската пресуда. Тие остануваат без семејство, често се отфрлени од роднините и соседите и растат со товарот на туѓото злосторство. Токму нивната приказна ја отвора документарецот „Children of Shame“, кој привлече големо внимание на интернет. Особено е тешка реченицата со која почнува филмот: „They are ...
Обединетите нации и Меѓународниот комитет на Црвениот крст денеска упатија заеднички апел за итно усвојување правно обврзувачки меѓународни правила за автономното оружје, предупредувајќи дека светот се приближува до опасна граница – оружје што самостојно избира човек како цел и употребува смртоносна сила без човечка одлука во моментот на нападот. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и претседателката на Меѓународниот комитет на Црвениот ...
Застрашувачка снимка од Мон Блан го покажува моментот кога големи парчиња карпи се одрониле во областа Кулоар Гуте, една од најопасните точки на популарната рута кон највисокиот врв во Западна Европа. На видеото се гледаат алпинисти кои се наоѓаат во близина на преминот додека карпите со голема брзина се одвојуваат од падината и се урнуваат кон долниот дел од кулоарот. Авторот на снимката и неговиот партнер успеале да се засолнат зад карпа и ...
Петгодишно девојче почина во болница по тешката сообраќајна несреќа што синоќа се случи во Краљево, Србија, кога автомобил излетал од коловозот и удрил во мајка со две деца кои се движеле по тротоарот. Несреќата се случила околу 19 часот на улицата „Четврти краљевачки баталјон“. Моментот на ударот бил снимен од безбедносни камери. Според досегашните информации, 26-годишниот возач на „сеат“ при престигнување удрил во „фолксваген“ кој доаѓал од ...
На денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани адвокатката на сопственикот на објектот, Гроздан Милковски, преку прашањата до вештакот Горан Марковски, декан на Градежниот факултет во Скопје, ја градеше тезата дека објектот во 2012 година, кога му бил даден под закуп на Дејан Јованов, бил законски исправен и безбеден. Вкрстеното испрашување на вештакот Марковски отвори нова дилема околу одговорноста за пренамената на објектот ...
Министерството за образование и наука денеска го промовира порталот „Е‑наука“ (e-nauka.mon.gov.mk) – единствена национална електронска база на податоци за сите истражувачи во земјата што вршат научноистражувачка работа. Министерката Весна Јаневска изјави дека идејата е да се поттикне и да се направи видлива научната мисла, таа да се поврзе со бизнис-секторот затоа што за економски развој заснован на знаење, треба да бидат поддржани ...
Киев подготвил документ со идеи за завршување на војната, заедно со претставници на САД и на Европа. Планот треба да ѝ биде претставен на Москва, изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски. Меѓу идеите се прекин на огнот и американскиот предлог за слободна економска зона во Донбас. Според Зеленски, со зоната би управувала трета страна. Украинскиот претседател смета дека постои можност борбите да завршат до крајот на летото 2027 ...
На денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани адвокатката на сопственикот на објектот, Гроздан Милковски, преку прашањата до вештакот Горан Марковски, декан на Градежниот факултет во Скопје, ја градеше тезата дека објектот во 2012 година, кога му бил даден под закуп на Дејан Јованов, бил законски исправен и безбеден. Вкрстеното испрашување на вештакот Марковски отвори нова дилема околу одговорноста за пренамената на ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Владата планира намалување на ДДВ на горивата, презема внимателни чекори, има план и стратегија затоа што, како што оцени, состојбата на Блискиот Исток може да потрае и неколку години, повеќе од предвидувањата. Граѓаните, според Мицкоски, треба да бидат спокојни затоа што државата има доволно нафтени резерви. – Да, планираме. Имаме јасна стратегија, имаме јасен план. Според нашите анализи ова ќе потрае. ...
Обединетите нации и Меѓународниот комитет на Црвениот крст денеска упатија заеднички апел за итно усвојување правно обврзувачки меѓународни правила за автономното оружје, предупредувајќи дека светот се приближува до опасна граница – оружје што самостојно избира човек како цел и употребува смртоносна сила без човечка одлука во моментот на нападот. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и претседателката на Меѓународниот комитет на Црвениот ...
Кина ќе ги преземе „сите потребни мерки“ за да ги заштити своите интереси откако САД најавија проширување на санкциите против Иран и неговите трговски партнери. Пекинг остро се спротивстави на американските мерки пишува Би-Би-Си. Кина е најголемиот купувач на иранска нафта, иако трговијата се намали по американската блокада на иранските пристаништа. – Кина цврсто се спротивставува на нелегалните еднострани санкции и ќе ги преземе сите ...
Полициските службеници кои секојдневно се соочуваат со несреќи, насилство и други тешки ситуации ќе добиваат дополнителна психолошка поддршка. Во МВР започна првата фаза од Програмата за поддршка при психолошка траума, која треба да им помогне на полицајците полесно да го препознаат стресот и последиците од трауматичните настани. На почетокот на програмата присуствуваше директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, кој порача ...
Во моментот има околу 200 паралелки помалку во основното образование и 100 паралелки помалку во средното образование, соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска. Таа очекува годинава природно да бидат затворени 26 рурални училишта во кои нема упис на првачиња и во кои, како што рече „наводно учат“ од пет до осум деца. – Во моментот имаме околу 200 паралелки помалку во основното образование и 100 паралелки помалку во средното ...
Пред неколку месеци Загреб беше сцена на мистериозно снимање, а сега конечно е откриено што се криеше зад строгото обезбедување и црните завеси на поранешниот хотел „I“ во загрепската населба Ланиште. Кејт Мос тогаш пристигна во хрватската престолнина, а резултатот на тајното снимање е новата кампања на Gucci „Primavera“, во која покрај легендарната британска манекенка се појавува и хрватскиот актер Горан Богдан. Кампањата е замислена повеќе ...
Вооружен маж отворил оган со автоматско оружје во близина на железничката станица Миди во Брисел. Напаѓачот избегал и сè уште не е уапсен. Пукањето се случило во бриселската општина Сен Жил, која трет ден по ред се соочува со вооружени инциденти. – Мажот отвори оган со калашников пред децата во мојот град. Има дупки од куршуми во земјата – изјави градоначалникот на Сен Жил, Жан Спинет. Додека одекнувале истрелите, гостите во блиската пицерија ...
За првпат во земјава, преку Министерството за финансии, ќе се спроведе национален испит за стекнување уверение за овластен внатрешен ревизор во јавниот сектор. Ова претставува значаен исчекор во унапредувањето на системот на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор и е дел од континуираните активности на Министерството за финансии насочени кон поодговорно, потранспарентно и законско работење на институциите. – Со организирањето на ...
Пациентите со трансплантирани органи од утре, 26 август 2026 година, ќе можат да го подигнуваат лекот Myfortic (mycophenolic acid) од 180 mg и 360 mg без доплата од договорните аптеки на Фондот за здравствено осигурување. Она што Фондот го најави како решение за заштита на оваа специфична категорија пациенти, сега е целосно реализирано. Завршени се сите потребни постапки, Управниот одбор ја даде потребната согласност, направени се измените во ...
Ќе остане ли Македонија нем набљудувач во светската трка по критични минерали? Експертите повикуваат државата да фати чекор со светските случувања. Кај нас функционираат четири рудници за метални суровини, а од нив само еден ископува критичен и стратешки минерал. Тоа е „Бучим-Боров дол“ кој експлоатира бакарна руда. Државата не може да се пофали ниту со активни инвестиции за ископ на критични минерали. Постои само една, а тоа е проектот за ...
За првпат во земјава, преку Министерството за финансии, ќе се спроведе национален испит за стекнување уверение за овластен внатрешен ревизор во јавниот сектор. Ова претставува значаен исчекор во унапредувањето на системот на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор и е дел од континуираните активности на Министерството за финансии насочени кон поодговорно, потранспарентно и законско работење на институциите. – Со организирањето на ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска смета дека 15 процентното намалување на ученичката кошничка е добро и е олеснителна околност за родителите. Одговарајќи на новинарско прашање денеска на прес-конференција таа нагласи дека процентот е прилично соодветен и ќе биде од корист за родителите. – Државата го прави тоа што може да го направи. Не заборавајте дека образованието основно и средно е задолжително, но и бесплатно. Учениците ...
Венко Филипче како прв човек на СДСM, а поставен на тоа место од неговиот другар Зоран Заев, кога станува збор посебно за здравството треба да молчи, рече денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков. – Неговите кажувања дека Обвинителството не покренало обвинение против него, покажуваат само дека обвинителот Ислам Абази е слеп пред доказите. Непокренувањето на обвинение е сè, само не е доказ дека Филипче е невин. Зошто? Бидејќи од предметот ...
Ако веќе (безмалку целосно, но со мал дел и наша вина) се соочивме со бесрамната дрскост на источниот и јужниот сосед низ наметнатите (не)културни војни (и) во овој век преку двата катастрофални договорa коишто повторно, по којзнае кој пат, ни открија дека нивните традиционални апетити не останале во минатото (како ни нашата историска глупост, за жал!), ако веќе (делумно) се соочивме и со онаа воинствена машинерија што сака да се нарекува еу ...
Жена од Охрид се обидела со остар предмет да нападне 39-годишна сограѓанка и нејзините три ќерки, по претходна расправија и нарушување на јавниот ред и мир. Инцидентот се случил вчера попладне на улицата 7 Ноември во Охрид, а случајот бил пријавен во полицијата околу 17:30 часот. Според пријавеното, М.И. од Охрид, по претходно нарушување на јавниот ред и мир, се обидела со остар предмет да ги нападне М.Р.(39) и нејзините три ќерки. Засега ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов информира дека денеска избил пожар во Општина Градско, а поради неговото ширење пренасочени биле и ер-тракторите. – Пред околу 11 часот изби тежок пожар на територијата на општина Градско, во атарот помеѓу селата Горно Чичево и Долно Чичево. Пожарот најверојатно е започнат од стрниште, но поради високата и сува трева и ветерот којшто овде дува, се раширил со голема брзина ...
Златан Ибрахимовиќ повторно покажа дека за него пензионирањето од фудбалот не значи и откажување од акробациите. Поранешниот шведски репрезентативец објави видео од кое се гледа како ужива во вода, а покрај снимката едноставно напиша: „Aquaman“. Не е првпат Ибрахимовиќ да покажува што знае во вода. Уште во 2025 година објави снимка на која изведува спектакуларни движења во вода, меѓу кои и атрактивен „ножички“ удар, потсетувајќи дека иако во ...
Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека од следниот месец ќе има редовно зголемување на пензиите според процентуалното усогласувања предвидено со Законот за пензиското и инвалидското осигурување посочувајќи дека сè уште траат пресметките за износот. – Да, тоа ќе биде редовно усогласување, нивелирање во согласност со законот. Знаете дека постоеја иницијативи од страна на поединци, во заднина охрабрени од политички партии, пред Уставниот суд ...
Падот на вредноста на доларот во однос на еврото на најниско ниво во последните два месеца не влијае директно на девизниот курс на денарот девизните и златните резерви, но може да влијае на увозниците, извозниците, цените на енергијата и во однос на дополнителните трошоци за задолжување. Ова за Плусинфо го тврдат од Народна банка од каде што додаваат дека промените кај вредноста на доларот речиси и не се чувствуваат, бидејќи поголемиот дел од ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во реализираните инвестиции и модернизацијата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), каде што беа претставени новите просторни, технички и лабораториски капацитети на институцијата. Како што информираше директорот на УХМР, Игор Лазаровски, во изминатите две години се реализирани бројни инвестиции насочени кон модернизација на лабораториските, метеоролошките и хидролошките системи, како ...