Шеесет и тригодишна жена е уапсена откако на грчкиот осторв Закинтос убила мачка, а за стореното дело ѝ е изречена казна од 30.000 евра, соопшти денеска локалната полиција. Жената, жителка на Ромири била пријавена од страна на сопственикот на мачката, пренесе грчкиот портал „Катимерини“. Според информациите на Здружението за благосостојба на животните на Закинтос станува збор за возрасна мачка што жената ја задавила со јаже, а причините за ...

Мадона продолжува со својот одмор во Грција, по Крф и Метеори, нејзиното патување продолжи со посета на островот Патмос со својот 26-годишен син Роко и сподели фотографии од престојот, откривајќи дека таму почувствувала нешто посебно. – Молитви од Патмос! Каков магичен остров. Навистина го почувствував Божјото присуство таму – напиша Мадона покрај фотографиите објавени на социјалните мрежи. На една од нив таа е со затворени очи додека пали ...

Вицепремиерот Александар Николоски денеска соопшти дека со Албанија веќе се работи на изнаоѓање алтернативна рута за автопатот Ќафасан – Требеништа. Добро оди, рече Николоски, и работата на патот Извор – Гарски Мост, а автопатот од Тетово, кој има три делници, се очекува да биде завршен за три години. До крајот на годината треба да се изготви и законот за крајбрежјата на Охридско, Преспанско и на Дојранско Езеро со кој, како што рече, ќе се ...

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против 67-годишниот К.К. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот се случил на 29 мај 2026 година. Пријавениот, кој бил вработен на акушерско одделение, агресивно се однесувал кон негова колешка и физички ја турнал. Полицијата по расчистувањето ...

Скопските пожарникари спасија теле од пожарот над селото Палиград, информираше директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али. – Вчера додека бев на лице место на големиот пожар над селото Палиград, на планината Китка, покрај тешката борба со пожарот имавме и една несекојдневна и убава случка. Во метежот и огнот, пожарникарите од Противпожарната бригада на Град Скопје успеаја да спасат едно мало теле кое останало на опожарениот ...

Вработен во Министерството за внатрешни работи од Куманово се соочува со кривична пријава откако било утврдено дека управувал возило без положен возачки испит и со брзина поголема од дозволената. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднел кривична пријава против А.Ј. од Куманово поради сомнение дека го сторил кривичното дело „безобзирно управување со моторно возило“. Според информациите од ...

33-годишна жена од гостиварското село Дебреше се соочува со кривична пријава поради сомнение дека со лага за бременост од својот партнер од Косово извлекла 18.000 евра. СВР Тетово ја пријавило Е.Р. поради сомнение дека го сторила кривичното дело „измама“. Според информациите на полицијата, жената го убедувала својот партнер дека е бремена и дека детето е негово. Верувајќи ѝ, мажот во неколку наврати ѝ испратил пари преку брз трансфер на пари. ...

42-годишен маж од Новаци загина во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на регионалниот пат меѓу селата Меџитлија и Старавина, во близина на Битола. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена во СВР Битола во 20:30 часот. Според пријавеното, 42-годишниот Д.Ј. од село Новаци управувал мопед со битолски регистарски ознаки, кога од засега непознати причини изгубил контрола над возилото и излетал ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најави локално невреме за денеска попладне проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Послаби услови за краткотрајно невреме ќе има и утре попладне и кон крајот на денот. Во Скопје, денес попладне и утре ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ го угостил во Белград белгискиот актер Жан-Клод Ван Дам, кој е во Србија поради филмскиот фестивал во Ниш, а средбата завршила и со малку необична борба меѓу двајцата. Вучиќ на социјалните мрежи откри дека со холивудскиот актер се натпреварувал во соборување на рака – и изгубил. – Што се однесува до соборувањето рака, изгубив, но тоа задоволство да го видите на видео нема да ви го приредам – се пошегува ...

Француска државјанка (41) почина вчера на Крит откако се онесвестила додека планинарела на екстремна топлина. Несреќата се случила во близина на Балос, во регионот Ханија. Жената и нејзиниот партнер тргнале по тешката патека и покрај официјалните предупредувања за опасноста. Двојката го оставила својот автомобил на паркингот во Фаласарна попладнето и продолжила пеш кон плажата Балос. Тргнале по патека обележана со знаци за забранет пристап, ...

Најмалку 20 лица се повредени откако рано утрово во Холандија се превртел автобус со повеќе од 50 патници, од кои најголемиот дел биле ученици од Германија. Сообраќајната несреќа се случила на автопатот А28, во близина на Везеп, откако автобусот се судрил со доставно комбе и излетал од патот, пренесува холандскиот јавен сервис „NOS“. Според локалните власти, автобусот одзади удрил во доставното комбе. По ударот, возачот изгубил контрола, ...

Регулаторната комисија за енергетика ги зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,62%. Малопродажните цени на бензините се зголемуваат за 1,50 денари по литар, на дизелот за 3,50 денари, на лесното масло за домаќинство за 2 денари, додека пак на мазутот за 1,85 денари за килограм, Според оваа одлука од полноќ ќе се применуваат следните цени на горивата: ЕУРОСУПЕР БС – 95 93,00 (денари/литар) ЕУРОСУПЕР БС – 98 ...

Пет пожари на отворен простор и натаму се активни во земјава, додека еден е ставен под контрола, а осум се целосно изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи известувајќи за состојбата до 13 часот денеска. Најголем пожар е регистриран на подрачјето меѓу општините Студеничани и Зелениково. Огнот се движи на релација Моране – Вртекица – Рамни Габер, со крак кон Палиград и Вражале, а зафатена е мешана шума. Активен пожар има и во Општина ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски е задоволен од реализацијата на автопатот Охрид–Кичево и очекува да се исполни ветувањето делницата целосно да биде ставена во функција во првиот квартал од 2027 година. Според Николоски, во септември се очекува да биде најавен и почетокот на изградбата на автопатот Кичево–Букојчани, во должина од околу 12 километри, кој треба да ја поврзе Стража со автопатот Охрид–Струга–Кичево. – Во ...

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на граничниот премин Блаце минатата недела спречија увоз од Република Косово на две пратки УХТ-млеко, со вкупна тежина од 27.520 килограми, поради утврдено присуство на афлатоксин над максимално дозволените концентрации дефинирани со закон, соопшти АХВ. Како што информира АХВ, небезбедните количини млеко, кои биле наменети за пласман во синџир-маркети во земјата, минатата ...

Мајката на Хејден Панетиер, Лесли Вогел, бара дополнителна истрага за смртта на својата 36-годишна ќерка и јавно ја доведе во прашање верзијата на Брајан Хикерсон за последните часови од нејзиниот живот. Во интервју за „Daily Mail“, Вогел рекла дека неговата приказна има „многу дупки“ и дека не ѝ е јасно како актерката можела да биде во критична состојба, а тој да не забележи. Според она што Хикерсон наводно им го кажал на полицајците, Хејден ...

Се уредува пешачката зона долж целиот кеј на Вардар на потегот од Лисиче до Влае, соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Се заменуваат уништените подни плочки, се нивелираат нерамните површини и темелно се санира секое оштетување, со цел кејот повторно да биде безбеден, функционален и достоинствен простор за сите генерации. „Кејот е едно од најпосетените и најомилените места на скопјани. Тука се спортува, се рекреира, се ...

Додека младите во Америка и во добар дел од Европа одлучуваат да го одложат бракот до триесеттите години за да се посветат на кариерата, Данска има сосема поинаков, брутален и исклучително „миризлив“ начин да ви каже дека е време да застанете на лудиот камен. Ако наполните 25 или 30 години во оваа скандинавска земја, а сè уште немате венчален прстен на раката, подгответе се за вистинско сообраќајно и кулинарско лудило. Вашите пријатели нема ...

Со непокренување на обвинение за 19 модуларни болници, правдата не виде бел ден, благодарение на обвинителот во заминување, Ислам Абази кој целиот свој мандат наместо да ја извршува функцијата обвинител за гонење организиран криминал, дури и на крајот на мандатот покажа дека имал единствена цел, а тоа е заштита на интересите на СДСМ и ДУИ, рече денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков. – Така благодарение на овие постапки на Абази, од ...

Дваесет и петгодишната Јетлира Фониќи, која била бремена во 34-та недела, е убиена синоќа во семејната куќа во селото Кервасари во близина на Малишево, Косово. Нејзиниот 26-годишен сопруг е осомничен за тешкото убиство, потврди утрово Основното обвинителство во Ѓаковица. Сопругот е тешко ранет од истрел и е во критична состојба во Универзитетскиот клинички центар на Косово во Приштина. Тој е интубиран и поврзан на респиратор, а лекарите ја ...

Владата има целосно разбирање за македонските транспортери, преземаме активности за изнаоѓање решенија преку билатерални договори со земјите членки на Шенген зоната, изјави денеска вицепремиерот Александар Николоски. Тој најави дека Македонија наскоро ќе склучи нови договори со земји членки на Шенген зоната и на тој начин самостојно го решава проблемот. – Имаме целосно разбирање за транспортерите и се обидуваме во рамки на нашите можности да ...

Министерството за јавна администрација ја започна оперативната фаза за воспоставување на Академијата за обука и стручно усовршување на јавните службеници. На денешната работна сесија за операционализација на Академијата говореше министерот за јавна администрација Горан Минчев. – Академијата не е само институционална новина. Таа е инвестиција во квалитетот, интегритетот и ефикасноста на јавната администрација, а со тоа и во довербата на ...

Холандскиот јавен радиодифузер AVROTROS соопшти дека Холандија нема да учествува на Евровизија 2027, што ќе биде втор последователен бојкот на музичкиот натпревар. Одлуката е донесена поради продолжувањето на конфликтот во Газа, учеството на Израел и, како што наведуваат од радиодифузерот, недоволните гаранции дека Евровизија повторно има независен и неутрален карактер. Од AVROTROS велат дека неодамна објавените промени од Европската ...

Производителите на пиперка „ајварка“ од струмичко тврдат дека само четири дена индустриската пиперка се продавала по договорената цена од 30 денари по килограм, а потоа фабриките ја намалиле цената на 25 денари и најавиле дека дополнително ќе ја намалат цената. Тие бараат да се почитува договорот постигнат со откупувачите на кој сведок бил и министерот за земјоделство Борче Серафимовски според кој индустриската класа на пиперка требаше да се ...

Главната расправа во судскиот процес за случајот „Државна лотарија“, во кој се обвинети осум лица, меѓу кои и поранешниот вицепремиер Артан Груби, се одложи денеска на барање на одбраната. Дел од адвокатите на обвинетите пред судот посочиле дека не го добиле обвинителниот акт, како и дека доказите на Обвинителството не им биле дадени на увид. Судијката Биљана Шуплиновска Јолевски образложила дека доказниот материјал е обемен и содржи 231 ...

Општина Струга за неполни две години во двата повика од Министерството за транспорт доби 5,6 милиони евра за реализација на капитални инвестиции. Поддршката продолжува, заеднички работиме на големи инфраструктурни проекти, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој имаше работен состанок со градоначалникот Менди Ќура и изврши увид на градежните работи на булаверот Туристичка. Николоски и Ќура на состанокот ...

Најуспешниот македонски шаховски колектив, ШК Алкалоид, со победа ја започна одбраната на двојната круна на екипните државни првенства, кои викендов стартуваа во Струга. На машкиот турнир пријавени се дури 21 велемајстор, но и уште 13 играчи со титула интернационален мајстор и 15 играчи со титула ФИДЕ-мајстор. Вкупно 49 играчи од пријавените 100 имаат шаховска титула, наспроти 36 во 2025 година. Просечниот рејтинг на машкиот турнир е 2.119 ...

Министерството за образование и наука објави повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2026/2027 година и ги повика сите студенти кои ги исполнуваат условите да се пријават. Тие треба да се државјани на Македонија, да се редовни студенти запишани на прв циклус, односно втор циклус на студии, како и на интегрирани студии на државните и приватните универзитети и да немаат месечен приход по кој било основ ...

Собранието на Македонија соопшти дека не плаќа и не обезбедува приватно здравствено осигурување за пратениците и за вработените во собраниската служба. Станува збор за набавка на превентивни здравствени прегледи, кои претставуваат законска обврска на работодавачот, а не дополнително или приватно здравствено осигурување. Законот за безбедност и здравје при работа е јасен: прегледите ги врши овластена здравствена установа од областа на ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1027
weather icon

Белград

4ᴼ / 2ᴼ
1.54
78%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.03
66%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
1.03
56%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.54
89%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
85%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
0.0
73%
1023
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 5ᴼ
4.63
61%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
1.1
65%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
86%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25