Левица прифаќа, подготвена е и повикува на предвремени парламентарни избори – изјави за ТВ Сител пратеникот од оваа партија Амар Мециновиќ. – Левица ја прифаќа идејата на Мицкоски за предвремени парламентарни избори и повикуваме на истите, затоа што сметаме дека, моментално, како политичка опција сме единствени кои можеме да ги мобилизираме и да подадеме рака на сите елементи во општеството кои сметаат дека е време да почнеме да создаваме ...

Вкупно 31 пожар на отворен простор се регистрирани во текот на изминатото деноноќие, од кои осум се активни, а 23 се целосно изгаснати, информира утрово Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во осум општини. Во Прилепско гори кај селото Бонче, каде што е зафатена ниска вегетација и нискостеблести растенија. Пожари има и на подрачјето меѓу селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, со крак кон Палиград, како и над селото Вражале во ...

Грчките фармери во 2024 година побарале и добиле европски субвенции за десетици илјади повеќе животни отколку што покажуваат официјалните национални евиденции. Ова е заклучокот од анализата на „Политико“ врз основа на владини податоци, која дополнително ги проширува размерите на грчкиот скандал со земјоделските субвенции. Податоците од Министерството за земјоделство покажуваат дека властите исплатиле субвенции за околу 260.000 млечни крави. ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе има зголемена облачност и услови за пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирано невреме со силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има ...

Катастрофа била избегната во прилепското село Бонче, откако силен ветер рано утрово го пренел пожарот кон населеното место и огнената линија се приближила до куќите, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Според Ангелов, пожарот околу 4 часот се спуштил кон долот над селото, при што ситуацијата била исклучително сериозна. Во гаснењето биле ангажирани доброволни пожарникари од Битола и Кочани, а дополнително ...

Со новите авиолинии Македонија станува полесно достапна и за граѓаните и за странските посетители. Вкупно се воведени 28 нови дестинации од аеродромите во Скопје и Охрид. Најголема корист имаат граѓаните, кои сега имаат повеќе директни опции за патување низ Европа и пошироко – се вели во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. „Од Скопје се воведени директни летови до Париз, Барселона, Лион, Амстердам, Љубљана, Мадрид, Стокхолм, Келн, Бари, Прага, Ларнака, ...

Модуларните болници беа поставени низ државата за време на ковид-пандемијата како „урбана опрема”. За да биде возможно болница да спаѓа во категоријата „урбана опрема”, тогашната влада на СДСМ и ДУИ го смени Законот за градење по итна постапка, со што се овозможи Министерството за здравство да дава одобренија за нивно поставување – пишува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. „За време на ковид кризата, Венко Филипче беше министер за здравство, а ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, но интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Табановце се чека околу 40 минути за влез и излез од државата, додека на ГП Богородица времето на чекање за излез изнесува околу 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања. Автомото сојузот на Македонија апелира на внимателно управување со возилата, ...

Тројца луѓе се повредени во драматичен инцидент на коњски трки во селото Бијељани кај Билеќа, во Босна и Херцеговина, кога возач со автомобил влетал меѓу присутните и ги газел луѓето. Полицијата соопшти дека интензивно трага по осомничениот, а случајот се истражува како обид за тешко убиство. Според најновите информации, полицијата трага по Жељко Вујовиќ од Билеќа, осомничен дека управувал со автомобилот. Заедно со него побегнал и М.С., за ...

Американската актерка Дакота Џонсон (36) повторно е сама. Ѕвездата на филмската трилогија „50 нијанси сиво” ја прекинала врската со седум години помладиот американски музичар Такер Пилсбери, познат под уметничкото име Role Model. Извор близок до двојката за магазинот „People” потврдил дека двајцата всушност раскинале „пред извесно време”, но разделбата досега не била објавена. Џонсон и Пилсбери првпат беа поврзани во декември минатата година, ...

Пожарот во реонот на селото Палиград, општина Залениково се приближува кон населеното место, а противпожарните екипи ќе останат на терен во текот на целата ноќ со цел да го заштитат селото и неговите жители, информира директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, кој вечерва е таму. Тој е заедно со екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје ја следи состојбата и активностите за локализирање и ставање на пожарот под ...

Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска изјави дека украинските власти си поставиле за цел да нанесат штета на руската економија со што, како што рече, „самите го ослободиле духот од ламбата“ и добиле одговор. – Киевскиот режим самиот ја отвори Пандорината кутија. Добро, ќе добие одговор по најчувствителните сектори на економијата кои, искрено кажано, и онака веќе се на издишување – изјави Путин за телевизијата „Вести“. Путин ги оцени ...

Возачите што патуваат низ Италија би можеле да се соочат со важна промена во начинот на кој се казнува брзото возење. Откако надзорот на автопатите беше зајакнат со системот Tutor 3.0, кој ја мери просечната брзина помеѓу контролните пунктови, сега се подготвува нов модел за пресметување на казните. Според предложените измени на италијанскиот Закон за безбедност во сообраќајот, казната во иднина би можела да се пресметува според тоа колку ...

Хеликоптер денеска слета на плажа полна со капачи на грчкиот остров Спецес во областа Зогерија, што предизвика вознемиреност кај присутните кои се разбегаа од кренатата прашина. Но, несекојдневниот инцидент не заврши само со слетувањето на хеликоптерот. Полицијата која дошла да провери зошто хеликоптерот слетал, уапси еден од патниците на хеликоптерот откако полицаец наводно го видел како фрла кеса со дрога. Според достапните информации, ...

Големиот пожар кој избувна денеска околу пладне и се прошири до градот, поточно до месноста Софилар е ставен под контрола, изјави командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев. Според него, пожарот се контролира на потегот од селата Водоча и Баница, се до месноста Софилар, а единствено се уште гори на едно тешко пристапно место во селото Водоча. Во гаснењето на пожарот покрај струмичките пожарникари учествуваа и пожарниари од околните ...

Единицата за брзо распоредување (ЕБР) денеска во Битола одбележа 25 години од своето формирање, јубилеј посветен на четврт век служба во функција на безбедноста на граѓаните и државата. На свеченоста пред Офицерскиот дом беа истакнати улогата на единицата во безбедносниот систем, нејзиниот развој од формирањето во 2001 година до денес, како и заложбите за натамошна модернизација, опремување и професионално усовршување на припадниците. ...

Голема спасувачка операција започна денес откако полски алпинист падна во тешко достапна клисура на планината Олимп, објави порталот Катимерини. Властите беа информирани за падот во 13.20 часот, по што силите на 2-та и 8-та ЕМАК беа мобилизирани за да го лоцираат алпинистот и да стигнат до местото на несреќата. Алпинистот се наоѓа на место кое е особено тешко за пристап, што ја прави спасувачката операција исклучително тешка. Операцијата е во ...

Пет тинејџери загинаа во сообраќајна несреќа во Ирска додека се снимале како со украден автомобил возат во спротивна насока на автопат. Петте момчиња се возеле во украдено БМВ на автопат во округот Килдер југозападно од Даблин, кога удриле во возило од спротивен правец во кое биле четири члена на едно семејство кои се тешко повредени. Тинејџерите, на возраст меѓу 15 и 18 години, во изминатите денови ги „тероризирале“ локалните жители со ...

Од понеделник дневната температура ќе почнат да опаѓаат, информира УХМР. Во текот на новата седмица дневната температура ќе опадне за неколку степени. Во попладневните часови, особено во понеделник ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. Максималните температури идната недела ќе се движат од 37 до 39 степени. Утре , пак, ќе биде сончево и многу топло ...

Не оставајте застоена вода во дворови, на тераси, во саксии, садови и во резервоари, бидејќи тие се потенцијални места за размножување на комарци. Доколку забележите мртва птица не ја допирајте, пријавете на единствениот број за итни случаи 112 или 0800 3 22 22 во Агенцијата за храна и ветеринарство. Овие информации ги содржи летокот што го споделува Општина Карпош како превентивни мерки за заштита на граѓаните од западнонилска треска. Од ...

Во гаснењето на големиот пожар што попладнево избувна во близина на Струмица се вклучи еден ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Според директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, и градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, засега огнот не успева да ги зафати куќите и викендичките во месноста Софилар и нема непосредна опасност за нив. Градоначалникот на Струмица, Јанков изјави дека засега нема поголеми материјални штети. -По ...

Италијанскиот пливач, Алесио Окипинти, е победник на 39-тиот Охридски пливачки маратон. Тој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид во должина од 25 километри денеска ја исплива за 5.03.44 часа. Во женска конкуренција најдобра беше аргентинката Мајте Ајлен Пука, која замислената целна линија ја мина по 5.20.44 часа минати во водите на Охридското Езеро. Окипинти и Пука триумфираа и на маратонот одржан минатата година. Најдобар македонски ...

Поранешниот естонски премиер и европски комесар Сиим Калас почина на 77-годишна возраст. „Со тага морам да објавам дека мојот драг татко Сиим Калас почина синоќа“, објави Каја Калас, шефица на европската дипломатија, на Инстаграм. Калас беше првиот Естонец што стана член на Европската комисија, а функцијата ја презеде во 2004 година. Тој беше комесар за економски и монетарни прашања за време на мандатот на тогашниот претседател на Европската ...

Ватикан планира да изгради постројка за производство на енергија од обновливи извори во вредност од околу 100 милиони евра, која би можела да ја снабдува Светата столица со електрична енергија во рок од две години. Станува збор за систем што ги комбинира сончевата енергија и земјоделството, а се очекува дека агросоларната електрана ќе има капацитет од 80 до 90 мегавати. Во ваквите постројки, соларните панели се поставуваат неколку метри над ...

Од почетокот на системот „Безбеден град“ евидентирани се 310.865 прекршоци од кои 301.835 за брзо возење и 180.378 за возила со странски регистарски ознаки, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР). -Во периодот од 02.02.2026 до 20.08.2026 во системот „Безбеден град“ евидентирани се вкупно 310.865 прекршоци, од кои најголем дел се однесуваат за управување на возило со брзина поголема од дозволената 301.835 прекршоци. Во однос ...

Македонските деца имаа можност да играат заедно и против некои од најголемите спортски имиња во светот на Ол-стар натпреварот организиран во рамки на меѓународното финале на Плазма Спортските игри за млади во Сплит, каде што беше одбележан и јубилејот 30 години од постоењето на манифестацијата. Како што соопштуваат од Спортски игри за млади, во традиционалниот ревијален натпревар, тим составен од спортски легенди и претставници на УЕФА, меѓу ...

На територијата на државата во моментов има најмалку 20 пожари на отворен простор, од кои најмалку 11 се активни, информираше денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Тој посочи дека во текот на денот избувнале повеќе тешки пожари, а најалармантна е состојбата во струмичкиот регион. – Најалармантен е пожарот во близина на Струмица, во атарот на селата Баница и Водоча, кој се заканува на куќите од ...

Во земјава е регистриран уште еден смртен случај од западнонилска треска, соопшти денеска директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана. Како што изјави Цана, се работи за 73-годишен пациент со тешка клиничка слика и многу сериозни придружни заболувања кои придонеле за неповолен исход. -Пациентот беше 22 дена на Клиниката и од почетокот на приемот беше во многу тешка состојба. Беше сместен во Одделот за интензивно лекување и ...

Забраната за имигрантски визи за граѓани на 75 земји, воведена од администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп, денеска е поништена од федерална судијка како „спротивна на законот“. Таа оцени дека државниот секретар Марко Рубио ги надминал своите законски овластувања со донесувањето на забраната. Сега администрацијата на Трамп има право на жалба. Во јануари, Стејт департментот го суспендираше издавањето имигрантски визи за земји каде ...

Таткото го оставил својот седумгодишен син сам на планината Фуџи неколку часа, само со шише сок и ужина, по што продолжил со искачувањето со постарото дете, објавија јапонските медиуми. Детето било пронајдено како седи само на клупа на највисоката планина во Јапонија, во магливо и дождливо време, на надморска височина од над 2.000 метри. Неговиот татко (48) наводно му рекол да „почека тука“ откако момчето се пожалило дека е уморно. Потоа ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
5.14
60%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
0.89
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25