Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција ја коментираше одлуката на Обвинителството да го затвори предметот за модуларните болници, при што особено се осврна на трагедијата во Тетово, во која во пожарот во модуларната болница загинаа 14 лица. Мицкоски посочи дека постапката трае пет години и дека во тој период во јавноста биле изнесени различни информации поврзани со случајот. Тој остро ја критикуваше одлуката на ...

Повеќе од 12 милиони евра се проектите што Владата ги финансира во Прилеп преку програмата за децентрализација на средства од централниот буџет кон општините, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Мицкоски посочи дека програмата опфаќа повеќе од 1.200 градилишта во општините низ државата, оценувајќи дека проектите треба да придонесат за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. – Овие проекти се многу значајни за сите општини ...

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика и првите километри се очекува да бидат пуштени следната година, информира денеска потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. – Во текот на летово имаме добри бројки и добра динамика. Вчера имавме работен состанок и очекувам веќе следната година да има доста добри вести – изјави Николоски, кој со премиерот Христијан Мицкоски е во посета на ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Прилеп, рече дека како држава се справуваме најдобро со пожарите, имајќи го предвид фактот со сè она што се случуваше ова лето со пожарите во другите држави како Франција, во Шпанија, во соседна Грција, Хрватска, Црна Гора, Турција и соседна Србија. – Во 2024 година во јуни месец сите три воздухоплови или познати во јавноста како „ер трактори“ беа ...

Поранешниот српски фудбалер Урош Милошевиќ е уапсен во Португалија откако полицијата пресретнала возило на автопатот А6 во кое биле пронајдени повеќе од 1,5 тони кокаин, објавија португалските и српските медиуми. Португалската полиција го запрела возилото во областа Естремоз, а според податоците на локалното државно обвинителство, тоа содржело околу 1.53 тони кокаин со висока чистота. Вредноста на конфискуваната дрога е проценета на повеќе од ...

Министерот за здравство, Сашо Клековски, соопшти дека Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја потврди првата мртва птица со западнонилска треска во Скопје, а регистрирани се и први случаи на западнонилска треска во Центар и Чаир. Бројот на заболени е 43. – Имаме 43 случаи на западнонилска треска, имаме 40 потврдени, од кои три се потврдени со еден тест. Тоа што е различно од претходната состојба има први случаи во Центар и Чаир. Започна ...

Сите службени возила со кои располагаат Град Скопје и јавните претпријатија се опремени со GPS уреди и се следат преку мониторинг центар, објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, нагласувајќи дека целта е поголема контрола врз јавните средства и спречување на непотребни трошоци и злоупотреби. Ѓорѓиевски на Фејсбук посочи дека системот овозможува во реално време да се следи каде се наоѓа секое службено возило, по која маршрута се движи, со која ...

Туристи на познатата исландска плажа Рејнисфјара, позната како „Black Sand Beach“, повторно се најдоа во опасност откако се приближиле премногу до океанот и ги игнорирале предупредувањата за опасни бранови. Снимката која се шири на социјалните мрежи покажува група посетители како стојат во близина на водата и се обидуваат да направат фотографии, иако на плажата има јасно поставени предупредувачки знаци и систем со светла кои укажуваат на ...

Крајно време е бугарско-македонскиот спор да го поставиме како правно прашање, вели познатиот адвокат Тони Менкиноски во интервју за МКД. Менкиноски истакнува дека Бугарија во 2017 година со едната рака потпиша дека ќе ѝ помага на Македонија да стане членка на ЕУ, но, како што вели, со другата рака ја користи својата позиција во ЕУ за да го попречува процесот. – Тој (Договорот за добрососедство од 2017 година) создава права и обврски за двете ...

Турскиот актер Халит Ергенч кој во регионот е најпознат по улогата на султанот Сулејман во популарната турска серија „Сулејман Величествениот“, беше меѓу истакнатите гости на 32. Сараево филм фестивал. Тој се фотографираше со босанскохерцеговскиот режисер и сценарист Срѓан Вулетиќ кој потоа ги објави фотографиите од нивната средба. Двајцата позираат прегрнати и расположени, а објавата веднаш предизвика бројни реакции. Вулетиќ во описот на ...

Двајца рибари се спасени откако пет дена пловеле во Тихиот Океан без храна и вода, повеќе од 100 милји (160 километри) од брегот на Мексико, соопшти мексиканската морнарица. Потрагата започна на 14 август, кога рибарската задруга на која тие припаѓаат испрати повик за помош откако го изгуби контактот со 53-годишниот и 32-годишниот рибар. Мексиканската морнарица пребара голема област на Тихиот Океан од воздух и од море, а рибарите на крајот ...

Министерството за внатрешни работи упати сериозно предупредување до граѓаните и операторите на дронови да не управуваат со беспилотни летала во близина на полициски хеликоптери, особено во текот на акциите за гасење пожари. Од МВР велат дека поради зголемениот број летачки активности на Одделот за воздухопловни единици, хеликоптерите на полицијата интензивно се ангажирани низ целата држава за гасење пожари, извидување, транспорт и други ...

Гвинет Палтроу се најде во центарот на необична интернет-бура откако се појави покана според која актерката на 29 август во својот дом во Хемптонс треба да организира приватна вечера во чест на Сем Алтман, директорот на OpenAI, компанијата која стои зад ChatGPT. Приказната првично ја објави новинарот Метју Белони во „Puck“, заедно со фотографија од наводната покана. Според поканата, станува збор за „приватна вечера без присуство на медиуми“, ...

Македонката Милена Богојевска (51) е осудена на осум години затвор во Мелбурн за смртта на својата 85-годишна соседка Лолин Вајтхенд, пишува австралискиот Еј-Би-Си Њуз. Богојевска ја задушила старицата со кујнска крпа, а потоа го ставила телото во автомобил. Се одвезла до реката Марибирнонг и го фрлила во водата. Телото било пронајдено два дена подоцна, делумно завиткано во пластика. Австралиската Еј-Би-Си претходно објави дека Богојевска ...

Германската војска започна необична кампања за регрутација со која се обидува да го зголеми бројот на своите припадници. Граѓаните ширум земјата сега можат да се информираат и да се пријават за работа во Бундесверот со скенирање QR-код што се наоѓа на амбалажата за ќебапи. QR-кодовите се поставени на хартиените обвивки за ќебапи низ Германија, како дел од кампањата за привлекување нови кандидати во здравствената служба на Бундесверот. ...

Нафтата поскапи за речиси 6% оваа недела, поттикната од растечката неизвесност на Блискиот Исток и отсуството на знаци за смирување на конфликтот меѓу САД и Иран. Нафта Брент денеска се тргува за 93,2 долари за барел и е на пат да забележи втор последователен неделен раст, со што цената порасна за 5% оваа недела. Американската суровата нафта денеска се тргува за 86 долари за барел и е на пат да забележи втор последователен неделен раст, кој ...

Препознатливите наплатни куќички, кревањето на рампите и долготрајните чекања на автопатиштата низ Хрватска наскоро заминуваат во историјата. Земјата, која со децении е една од најпосетуваните автомобилски дестинации во Европа, започна со интензивна теренска имплементација на нов, револуционерен систем за наплата на патарини. Проектот, вреден околу 80 милиони евра, целосно ќе ги отстрани физичките бариери, овозможувајќи непречен проток на ...

Температури до 38 Целзиусови степени се очекуваат во текот на денешниот ден во Грција, што дополнително ќе се зголемат за викендот, а според прогнозите, земјата, веројатно, до средината на следната седмица ќе биде зафатена од мини топлотен бран, што во одредени делови ќе донесе и температури од над 40 степени. Алтернативниот портпарол на противпожарната служба на Грција, Јанис Артопиос, во интервју за државната телевизија ЕРТ посочи дека ...

Со денешната работна сесија на Советот на амбасадорите, на која ќе се обрати претседателот на Собранието, Африм Гаши, пратениците по августовската пауза повторно се враќаат со собраниски активности. Првата пленарна седница по летниот одмор е закажана за 2 септември. На собраниската веб-страница за 25 август се најавени и две средби на претседателот на Собранието, Африм Гаши – со турскиот амбасадор Фатих Улусој и со постојаната координаторка ...

Летото, високите температури и желбата за брзо освежување секоја година уриваат нови рекорди во производството, трговијата и потрошувачката на сладолед. Новите податоци на Еуростат и на македонскиот Државен завод за статистика откриваат интересна анализа: додека Европа произведува милијарди литри, Македонија бележи впечатлив надворешнотрговски суфицит и извезува значително повеќе сладолед отколку што троши нејзиното население. ЕУ – произведе ...

Македонија е рангирана на 30 место во светот според Националниот индекс за сајбер-безбедност, што претставува значаен напредок од 29 позиции во однос на претходното рангирање од 2023 година, кога земјата се наоѓаше на 59 место. Со освоени 84,17 поени, Македонија денес е меѓу 30-те најдобро рангирани земји од вкупно 155 држави опфатени со индексот, кој го изработува естонската Академија за е-управување, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Во прилог нивното ...

Двајца организатори на собирите во Хонг Конг, на кои со свеќи им се оддавала почит на жртвите од Тјенанмен, се прогласени за виновни за поттикнување субверзија. Ли Чеук-јан и Чоу Ханг-тунг сега се соочуваат со казни до 10 години затвор, пишува „Гардијан“. Протестите на плоштадот Тјенанмен во 1989 година беа едни од најголемите продемократски протести во современата историја на Кина. Кинеските власти ги задушија немирите со војска и со ...

Ким Картал денес (21 август) го слави својот 70. роденден. Актерката која на цели генерации им остана позната како незаборавната Саманта Џонс од „Sex and the City“ и понатаму е активна во филмскиот и телевизискиот свет, а последниве месеци во нејзиниот живот се случија и значајни промени. Картал е родена на 21 август 1956 година во Ливерпул, Англија, а како дете со семејството се преселила во Канада. Најголемата светска слава ја стекна со ...

Овогодишниот Ел Нињо би можел да биде еден од најсилните досега забележани, а неговото влијание би можело да се почувствува преку временските услови во различни делови од светот. Според најновите податоци на американската Национална океанска и атмосферска администрација (NOAA), феноменот се засилува и има повеќе од 90 отсто шанси да достигне многу силен интензитет во текот на есента и зимата 2026/2027. „NOAA“ проценува и дека постои 69 отсто ...

ВМРО-ДПМНЕ го повикува Јавното обвинителство по допрен глас да отвори предмет и да го истражи непостапувањето на Венко Филипче додека бил министер за здравство, во врска со анализите за квалитетот на водата, како во Гостивар, така и низ државата. „Документите и информациите доставени од свиркачи укажуваат дека биле направени околу 400 анализи за квалитетот на водата, кои ја покажале неисправна за пиење. Токму затоа, се поставува прашањето ...

Осум лица загинале при пад на чартер-авион во близина на оддалечена радарска станица во западниот дел на американската сојузна држава Алјаска, соопшти американската војска. Несреќата се случила во близина на аеродромот на радарската станица „Лонг Ренџ“ кај Кејп Нуенем, околу 725 километри западно од Енкориџ. Радарската станица е дел од системот на оддалечени пунктови што го следат воздушниот простор над Алјаска и долж нејзините граници. Не се ...

Расте бројот на банкротирани фирми во Европската унија, а се намалува на новорегистрирани бизниси, покажуваат податоците на Евростат. Во вториот квартал од 2026 година, регистрациите на бизниси во ЕУ се намалени за 0,5% во споредба со првиот квартал, додека стечаите се зголемени за 5,7%. Намалување на новорегистрирани бизниси е забележани во 5 од 8 сектори на деловната економија. Најголем пад има во индустрискиот сектор за 3,6%, во ...

Само неколку дена по ненадејната смрт на Хејден Панетиер, се појавуваат нови детали за последниот период од нејзиниот живот. Режисерот Гриф Ферст, кој работел со актерката на филмот „A Breed Apart“, откри дека нејзиниот тим бил сериозно загрижен за неа и размислувал како да ѝ помогне да побара стручна помош поради проблемите со зависноста. Ферст за „Page Six“ раскажал дека Панетиер се обидувала да остане трезна додека го снимале филмот во ...

Со 40 фестивалски денови, 48 настани и учество на повеќе од 700 уметници од 24 земји, фестивалот „Охридско лето“ го заокружи 66 издание со богата музичка, театарска и балетска програма. Од управата на фестивалот оценуваат дека и годинава „Охридско лето“ го потврдило статусот на еден од најпрепознатливите македонски културни брендови, со значајно меѓународно присуство и публика од земјата и странство. Во рамки на фестивалската програма беа ...

Поранешната прва дама на САД Џил Бајден отворено проговори за стравот со кој живее семејството на поранешниот американски претседател Џо Бајден. Неговиот агресивен рак на простата се прошири на коските, а сопругата признава дека помислата на смртта е неизбежна. Сепак, нејзината порака не била дека Џо Бајден наскоро ќе почине. Напротив, семејството се обидува да не живее оптоварено со најцрното сценарио. – Секако дека се плашам. Пред сè, тој е ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1029
weather icon

Белград

4ᴼ / 1ᴼ
0.51
80%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
0.51
64%
1028
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
2.29
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
86%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
63%
1027
weather icon

Тирана

11ᴼ / 8ᴼ
2.06
74%
1024
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
3.13
62%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 1ᴼ
0.89
76%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 6ᴼ
3.09
88%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Иридиум

315077.32