Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Копретседателката на ултрадесничарската Алтернатива за Германија (АфД), Алис Вајдел, изјави дека доколку партијата влезе во федералната Влада, ќе бара Германија да ја напушти еврозоната и Шенгенскиот договор, да ги затвори националните граници и значително да ја заостри миграциската политика. – На Германија ѝ беше значително подобро пред воведувањето на еврото. Заедничката европска валута ја ослабе германската економија и го намали ...
Бугарската претседателка Илијана Јотова ја наметна темата за положбата на Бугарите во Македонија за време на одбележувањето на 123 годишнината од, како што го нарекуваат Бугарите, „Илинденско-Преображенското востание“. На прославата, што се одржа на месноста „Петрова нива“ во селото Стоилово, Јотова во својот говор рече дека „денес за Бугарите во Македонија се зборува со многу омраза и поделби“, додавајќи дека „политичарите, но и општествата, ...
Само неколку дена по интимната свадба со Кристијано Роналдо, Георгина Родригез направи уште еден голем чекор во нивниот семеен живот. Според португалски и шпански медиуми, таа официјално ги посвоила трите постари деца на славниот фудбалер – Кристијано Роналдо Џуниор и близнаците Ева Марија и Матео. Според информациите, правната постапка била спроведена дискретно, далеку од очите на јавноста. Со неа Георгина добила родителски права над децата ...
Најсериозна е состојбата во Студеничани и Зелениково, Македонски Брод и Кичево, каде пожарите зафаќаат мешана, нискостеблеста и букова шума Вкупно 33 пожари на отворен простор се регистрирани во периодот од 23 до 24 август, до 7:30 часот, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив, четири се активни, четири се ставени под контрола, а 25 се изгаснати. Најсериозна е состојбата во подрачјата каде пожарите зафаќаат шумски површини. ...
Денеска треба да почне судењето против поранешниот вицепремиер Артан Груби и седум други лица за злоупотреби во АД „Државна лотарија“. Основното јавно обвинителство Скопје, на 13 август годинава поднесе обвинителен предлог против Артан Груби и седум други лица, кои во текот на 2023 и 2024 заеднички презеле дејствија со кои ги пречекориле границите на своите посебни овластувања и должности, со намера да му нанесат штета на Акционерско друштво ...
Сидни Свини повторно привлече огромно внимание на социјалните мрежи, овојпат со својата провокативна верзија, односно, бујното деколте, на една од најпознатите суперхероини – Wonder Woman. 28-годишната актерка на Инстаграм објави серија фотографии од летното дружење кое го нарече „Camp ’26“, но најмногу внимание привлече нејзиното издание инспирирано од познатиот лик. Свини позираше во препознатлива црвено-златна комбинација со корсет со ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Попладне ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе ...
Разбојник со пиштол ограбил спортска обложувалница на подрачјето на Бит-пазар во Скопје. Разбојништвото било пријавено утрово во 00:36 часот во СВР Скопје. Според пријавеното, машко лице со закана со пиштол од вработената одзело пари од дневниот промет на обложувалницата. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот. Разбојник со пиштол ограбил спортска обложувалница на подрачјето на Бит-пазар во Скопје. ...
Полицијата го уапси Жељко Вујовиќ, осомничен за обид за тешко убиство за време на коњички трки во селото Биљелјани кај Билеќа, објави Нова. Заедно со Вујовиќ е уапсен и Мирко Самарџиќ, кој, според наводите на полицијата, заедно со него избегал по инцидентот. Двајцата, по криминалистичката обработка, ќе бидат предадени во надлежност на Окружното јавно обвинителство во Требиње за понатамошно постапување. Да потсетиме, Вујовиќ е осомничен за ...
Пожарот во и околу каналот кој минува покрај Илинден во правец кон Белви предизвика загриженост, особено поради близината на инфраструктура со потенцијален ризик. Според информациите од терен, огнот е во непосредна близина на цистерните на „Макпетрол“, а во близина се наоѓа и бензинска пумпа. Загриженоста е дополнително зголемена бидејќи пожарот се шири низ простор со трска и сува трева, што може да придонесе за негово брзо напредување ...
Руските сили денеска нападнале воз што сообраќал кон украинскиот град Одеса со речиси 600 патници, меѓу кои и 15 деца, објави началникот на регионалната воена администрација на Одеса, Олег Кипер, на својот Телеграм канал. – Непријателот намерно нападна патнички воз. По првиот удар, кога спасувачките екипи почнаа да ги евакуираат патниците, имаше втор напад. За среќа, никој не беше повреден – рече Кипер, посочувајќи дека имало 593 патници. ...
Ова е еден од најтешките денови оваа сезона на пожари на отворен простор. Имаме повеќе од 15 активни пожари во овој момент, околу 17 часот попладне. Два од нив загрозуваат и населени места, изјави попладнево директорот на ДЗС Стојанче Ангелов кој апелираше на поголема внимателност на граѓаните, бидејќи, како што рече, доволна е една искра за вистинска катастрофа. – Пожарот којшто изби во непосредна близина на село Баница и Водоча, односно ...
Четиригодишно момче од Австрија било каснато од поскок во петокот во камп во Истра, по што било пренесено во болница во Риека и сместено на одделението за детска интензивна нега, пишуваат австриски медиуми. Момчето било на летување во Хрватска со своето семејство. Додека си играло во природа детето поместило помал камен, под кој се наоѓала змијата, по што таа го каснала. На детето веднаш му била пружена медицинска помош, по што било пренесено ...
Пензиите на над 350 илјади пензионери следниот месец ќе бидат зголемени за најмалку 3 отсто со септемвриското услогласување. Точните пресметки во моментов ги прави Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, а од управата најавиле дека точниот процент ќе се знае до крајот на следната недела. Се чекаат официјалните податоци од Државната статистика, но според познатата формула, 50 отсто од просечната плата во првото полугодие и 50 отсто од ...
Големиот шумски пожар, што попладнево избувна во борова шума во атарот на селото Црник, Општина Пехчево, во близина на границата со Бугарија, е ставен под контрола, соопшти ЦИК. Пожарот зафатил голема површина, а во гаснењето биле ангажирани локални пожарникари, вработени во шумските претпријатија и доброволци. Градоначалникот на Пехчево, Александар Китански, информира дека во моментот кога била добиена информацијата за пожарот, дел од ...
Болеста на сипаници кај овците предизвикува големи материјални штети и ја загрозува егзистенцијата на десетици сточари во земјава, алармира Здружението на сточари. Тие велат дека состојбата на терен е критична, додека реакцијата на надлежните институции засега е задоцнета. Според претседателот на Здружението на сточари, Насер Џемаили, штетите веќе го зафатиле источниот дел од земјата, каде што над 100 сточари ги изгубиле своите стада. Од ...
Русија го повлече амбасадорот во Велика Британија и ја обвини британската влада за влошувањето на билатералните односи, за кои тврди дека паднале на историски најниско ниво. Британскиот весник „Сандеј тајмс“ денеска објави дека Русија го отповикала својот амбасадор во Велика Британија, Андреј Келин, на 21 јули. Според весникот, руската дипломатска мисија оттогаш ја предводи вршител на должноста, а нов амбасадор сè уште не е назначен. ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски категорично ја отфрли можноста за избори додека трае војната со Русија, предупредувајќи дека отворањето изборна кампања во сегашните услови може да предизвика опасна внатрешна поделба. „Ако сакаме да ја уништиме земјата, тогаш во ваква војна можеме да тргнеме кон избори“, изјави Зеленски во разговор со новинарите, чија содржина беше објавена во неделата. Тој употреби уште посилна споредба: „Изборите ...
Пензиите на над 350 илјади пензионери следниот месец ќе бидат зголемени за околу 3 отсто со септемвриското услогласување. Точните пресметки во моментов ги прави Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, а од управата најавиле дека точниот процент ќе се знае до крајот на следната недела. Се чекаат официјалните податоци од Државната статистика, но според познатата формула, 50 отсто од просечната плата во првото полугодие и 50 отсто од ...
Двајца насилници од Идризово може на некое време да станат жители на затворот во близина на нивното село, откако во продавница биле агресивни кон продавачка, а потоа натепале соселанец кој им рекол да не се однесуваат така кон жената, соопшти МВР. „На 22.08.2026 во 22:30 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода И.Х.(25) и А.Х.(20), двајцата од село Идризово, скопско, постапувајќи по ...
Трговските преговори меѓу САД и Канада пропаднаа, што се оценува како сериозен удар за агресивната трговска стратегија на американскиот претседател Доналд Трамп. Канадскиот премиер Марк Карни се повлекол од преговорите откако, според неговото образложение, американската страна постојано го проширувала списокот со барања. Претходно Трамп тврдеше дека двете земји постигнале договор и дека им остануваат уште само неколку дена за финализирање на ...
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека глорификацијата на нацизмот што се случува во Украина е само дел од посериозен проблем и дека главниот проблем е што неонацистичката идеологија е ставена во темелите на модерната украинска државност. – Неверојатно е што се случува во Украина во моментов. Глорификацијата на нацизмот е само половина од проблемот. Но, вистинскиот проблем е што оваа неонацистичка идеологија денес е темел на ...
Сите расположиви ресурси се ангажирани во гаснење и ставање под контрола на пожарот што беснее во реонот на Палиград и планината Китка, соопшти Центарот за управување со кризи. Во интервенцијата се вклучени три авиони и две теренски возила „пинцгауер“ на Дирекцијата за заштита и спасување, еден хеликоптер на МВР, екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје, како и припадници на Национални шуми. Директорот на Центарот за управување со ...
Шумски пожар избувна во близина на делчевското село Бигла откако лице палело гуми во својот двор и изгубило контрола врз огнот, по што пожарот се проширил во блиската борова шума. Како што изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, веднаш по пријавата биле ангажирани сите расположливи сили од Делчево, како и пожарникари и екипи од соседните противпожарни единици. – Неодговорно лице палело гуми во својот ...
Полски државјанин е лишен од слобода на граничниот премин „Табановце“, откако било утврдено дека со автомобил возел со брзина од 164 километри на час на делница каде максимално дозволената брзина е 80 километри на час. Како што информира МВР, вчера во 17:53 часот, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „форд“ со полски национални ознаки, управувано од М.Ј. (46) од Полска. При проверката, преку системот ...
Двајца мажи се ранети рано утрово во оружен напад во Арачиново, откако непознато лице или лица пукале во автомобил „шкода“ со скопски регистарски ознаки. Пукањето било пријавено во полицијата во 5:45 часот. На улицата „18“ во Арачиново веднаш пристигнале полицајци од Полициското одделение Арачиново и од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје. Во автомобилот биле 34-годишниот И.И. и 42-годишниот Ш.И. И двајцата биле повредени во ...
Четириесет и петгодишен жител на Гостивар е пријавен за обид за силување на неговата 35-годишна сопруга и за физички напад врз нивните две малолетни деца. Според пријавеното, инцидентот се случил на 15 август во семејниот дом. Мажот, како што се наведува во полициската пријава, се обидел да ја принуди сопругата на сексуални односи, а потоа физички ги нападнал и двете деца. За случајот Надворешната канцеларија за криминалистички работи ...
Два американски авиони-цистерни ја напуштиле бугарската воздухопловна база Безмер, речиси еден месец откако нивното распоредување во Бугарија предизвика остри реакции од Иран. Информацијата ја потврдил бугарскиот министер за одбрана Атанас Стојанов. Американските авиони биле привремено распоредени во Бугарија на барање на САД, врз основа на договорот со кој се регулира заедничкото користење на воените објекти. Распоредувањето на авионите ...
Два американски авиони-цистерни ја напуштиле бугарската воздухопловна база Безмер, речиси еден месец откако нивното распоредување во Бугарија предизвика остри реакции од Иран. Информацијата ја потврдил бугарскиот министер за одбрана Атанас Стојанов. Американските авиони биле привремено распоредени во Бугарија на барање на САД, врз основа на договорот со кој се регулира заедничкото користење на воените објекти. Распоредувањето на авионите ...
Голем пожар што беснее на српска територија се приближува кон македонската граница, а густиот чад веќе е забележан над Липково, Арачиново и Куманово. Според информациите што ги објави заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов, огнената стихија се движи од правец на српското село Трнава кон селото Стража во Општина Липково, над граничниот премин Табановце. – Се работи за многу лош пожар со огромен интензитет – предупредува ...