Најсериозна е состојбата во Студеничани и Зелениково, Македонски Брод и Кичево, каде пожарите зафаќаат мешана, нискостеблеста и букова шума Вкупно 33 пожари на отворен простор се регистрирани во периодот од 23 до 24 август, до 7:30 часот, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив, четири се активни, четири се ставени под контрола, а 25 се изгаснати. Најсериозна е состојбата во подрачјата каде пожарите зафаќаат шумски површини. ...

Пет пожари на отворен простор и натаму се активни во земјава, додека еден е ставен под контрола, а осум се целосно изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи известувајќи за состојбата до 13 часот денеска. Најголем пожар е регистриран на подрачјето меѓу општините Студеничани и Зелениково. Огнот се движи на релација Моране – Вртекица – Рамни Габер, со крак кон Палиград и Вражале, а зафатена е мешана шума. Активен пожар има и во Општина ...

Вкупно 14 пожари на отворен простор се регистрирани денеска до 13:00 часот, од кои пет се активни, три се ставени под контрола, а шест се целосно изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според податоците од ЦУК, активни пожари има на повеќе локации низ државата: Во општините Студеничани и Зелениково (селата Моране, Вртекица, Рамни Габер со крак кон Палиград, како и над селото Вражале), каде гори мешана шума. На потегот меѓу ...