Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Украина го одбележа 35. Ден на независноста со необична воена парада. Наместо тенкови, војници и тешки оклопни колони, ја покажа технологијата развиена во текот на војната. Копнени роботи поминаа по киевскиот Хрешчатик. Поморските дронови „Си Бејби“, „Магура“ и „Сарган“ пловеа по Днепар. Посебно внимание привлекоа копнените роботски системи на тркала и на гасеници. Меѓу нив беа „Рис про“, „Тарган“ и „Термит“. Машините извршуваат задачи што ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево информира дека во одредени делови од земјата има појава на град, пороен дожд и засилен ветер. „Источно од Крушево има појава на град, пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Северно од Велес има појава на пороен дожд и можна појава на суградица“, посочуваат од УХМР. УХМР информира дека до крајот на денот наместа ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вечерните часови ...
Шестгодишно дете било тешко повредено откако татко му го прегазил со џип движејќи се наназад во Тетово. Несреќата се случила вo неделата, 23 август, околу 8.30 часот. Според полицијата, 42-годишниот В.С. од Тетово управувал „фолксваген туарег“ без регистарски ознаки. Движејќи се наназад во „рикверц“, со задното тркало го прегазил својот 6-годишен син. Детето било пренесено во Ургентниот центар во Тетово. Поради тешката здравствена состојба, ...
„Благодарение на храбрите и пожртвувани пожарникари од Тетово, пожарот којшто неколку денови беше активен на планината Жеден и којшто навлезе во аторот над село Бојане веќе можам да кажам дека е ставен по целосна контрола. Најверојатно ќе биде и целосно изгаснат“. Вака изјави првиот човек на Дирекцијата за спасување (ДЗС) од терен заедно со командирот на тетовските пожарникари Авни Амети. Пожарот со недели им правеше проблем на тетовските ...
Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи при вчерашната акциска контрола на територијата на целата држава констатирал 140 прекршоци и осум кривични пријави за возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли. Акцијата е спроведена во периодот од 17:00 до 22:00 часот. Како што информираат од МВР, од сите 140 констатирани прекршоци, 102 се однесуваат на управување без задолжително носење заштитен шлем – кацига. Констатирани ...
Дел од Битола и околните населени места утре ќе останат без вода поради дефект на водоводната мрежа. Прекинот е најавен од 9 часот, соопшти ЈКП „Водовод Битола“. Без вода ќе останат корисниците во Идеал Шипка, Прогрес, Поешево, Логоварди, населбата Боримечка и Квасара. Причината е дефект на водоводната мрежа во Фринко – Фрижидери, информира јавното претпријатие. Прекинот ќе почне во 9 часот наутро и ќе трае до завршувањето на санацијата. Дел ...
Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов во објава на социјалните мрежи ги окарактеризира како тероризам случувањата на планината Китка, каде веќе десетина дена има пожар. „Почитувани, јавноста мора да знае одредени факти за пожарот кој веќе десетина дена беснее на планината Китка. Тоа е пожарот кој најпрво започна на територијата на општина Студеничани од каде за неколку дена се префрли и на територија на општина Зелениково ...
Велика Британија ќе дозволи декласификација на податоци за британските компоненти на ракетата „СКАЛП“. Потегот треба да овозможи дел од овие крстосувачки ракети да се произведуваат директно во Украина. Одлуката доаѓа во момент кога Европската Унија за Украина одобри транша од 6,1 милијарда евра (7,1 милијарди долари) наменети за системи за противвоздушна одбрана, ракети, муниција и за радарски системи. Какви се ракетите „СКАЛП“ чија ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски информира дека во тек е уредувањето на нови и современо опремени кабинети по математика и физика, како и лаборатории по хемија и биологија во средните училишта во Скопје. „Влогот во младите е влог во иднината. Секој денар вложен во нивното образование е инвестиција во знаењето, напредокот и силата на нашето општество. Наша должност е да им обезбедиме услови во кои ќе можат слободно да ...
Два милиони пастрмка коран беа пуштени овој викенд во Охридското Езеро, кај Поградец, Албанија, како дел од иницијативите за збогатување на водната фауна и заштита на овој ендемски вид од особено значење за екосистемот и економијата на областа – објави Општина Поградец. – Тоа е во рамките на Фестивалот на коранот, активност што сега стана традиција за градот Поградец и која ги комбинира промоцијата на биодиверзитетот, рибарската традиција и ...
Албанците во последните 7 години биле најбројни меѓу странските државјани во британските затвори, објави „Сан“. Во моментов зад решетки во Англија има околу 940 Албанци. Голем дел од нив се осудени за вмешаност во продажба на кокаин или одгледување канабис. Британија и Албанија склучиле договор вреден 8 милиони фунти. Планот предвидувал 200 албански затвореници да бидат префрлени во Албанија и таму да ги доиздржат казните. Реализацијата, ...
Охридската полиција вчера го уапсила 71-годишниот Б.К. од Скопје по инцидент во куќа во Охрид. Според пријавата, скопјанецот се однесувал агресивно и му се заканувал на 28-годишниот М.Ј. од Кичево и на други присутни лица. Потоа ги испрскал со запалива течност. Полицијата го уапсила во 18:30 часот на плоштадот Крушевска Република во Охрид. По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за предизвикување ...
Топката со која Диего Армандо Марадона го постигнал легендарниот гол „Божјата рака“ е продадена за 2,5 милиони фунти. Топката „Адидас Ацтека“ била продадена на аукција во САД за 2,5 милиони фунти, односно околу 3,3 милиони долари. Пред аукцијата се очекувало нејзината вредност да се приближи до 10 милиони долари. Станува збор за топката од четвртфиналето на Светското првенство во 1986 година меѓу Аргентина и Англија. Марадона во 51. минута ја ...
Претседателот на САД Доналд Трамп денеска соопшти дека „Иран доживува целосен колапс“. Пораката стигна само неколку часа пред најавеното објавување на новите американски економски мерки против Техеран. Трамп оценката ја објави на „Трут соушл“. Американскиот министер за финансии Скот Бесент претходно најави почеток на „економски Д-ден“ против Иран. Вашингтон подготвува проширување на секундарните санкции. Тие треба да опфатат компании, ...
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас пристигна во Аталанта, а неговиот трансфер во Бергамо донесе и една интересна фудбалска приказна. Со доаѓањето на Елмас, во соблекувалната на италијанскиот клуб повторно се најдоа фудбалери од сите краишта на поранешна Југославија. Елмас е последниот што го комплетираше мозаикот, бидејќи во Аталанта веќе настапуваат Сеад Колашинац од Босна и Херцеговина, Марио Пашалиќ од Хрватска, Никола Крстовиќ од ...
Никој од пратениците-Албанци во македонското Собрание не се појавија одбележувањето на 35 години од независноста на Украина што се одбележа со специјална седница на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа. Парламентарната група за поддршка на Кримската платформа на Собранието е формирана во октомври 2024 година, по иницијатива на претседателот на Собранието Африм Гаши, како израз на поддршка на Украина по ...
Иранската државна телевизија емитувала нов вознемирувачки прилог насочен кон Барон Трамп, 20-годишниот син на американскиот претседател Доналд Трамп, во кој се зборува за неговото секојдневие, движењето и начинот на кој комуницира со луѓето. Во прилогот, според извештаите за емисијата, се појавуваат и тврдења дека за ликвидацијата на синот на американскиот претседател била понудена награда од 10 милиони долари. Не е потврдено дека станува ...
Навистина е спасено теле во пожарот на Китка, но тоа не е телето од фотографијата што ја испрати директорот на Центарот за управување со кризи Мухамед Али во вибер-групата на ЦУК за комуникација со медиумите. Откако дел од новинарите му укажаа дека испратил фотографија која не е од Македонија, туку е од пожар во Калифорнија што се случил во 2020 година, директорот Али се извини. – Се извинувам за настанатата забуна, сликата е само ...
Кога се зборува за земјите со најголем проблем со дебелината, САД најчесто се првата земја што паѓа на ум. Но, најновите глобални податоци покажуваат сосема поинаква слика. На првите десет места доминираат мали пацифички островски држави и територии, а САД се на 11. место. Науру е прва со проценети 72,7 отсто дебели возрасни, пред Куковите Острови со 71,8 и Американска Самоа со 71,6 отсто. Македонија е на 50. место со 28,5 отсто. Зошто токму ...
Мирисот на чад што се чувствува во некои делови од Скопје, доаѓа и од пожарот што се одвива на планината Жеден некаде во атарот на селото Бојане. Пожарот од тетовска страна полека се префрла кон скопската страна. Пожарот е на тешко пристапен терен, соопшти попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов преку видео-порака. Тој додаде дека како поддршка на скопските пожарникари, во гаснење на пожарот се вклучени и ...
Сиена Спиро има само 20 години, но музичката кариера ѝ се развива со брзина каква што ретко се гледа. Британката, која пораснала во Лондон, веќе ја споредуваат со Адел, Ејми Вајнхаус и Лана Дел Реј, а нејзиниот препознатлив, моќен глас ѝ донесе милиони слушатели ширум светот. Нејзиниот хит „Die On This Hill“ во последните месеци стана вистински феномен на Тик-Ток и е искористен во повеќе од осум милиони видеа. Песната, објавена кон крајот на ...
Цените на природниот гас во Европа би можеле да надмине 100 евра за мегаватчас во декември, со цел континентот да може доволно да ги наполни складиштата и да обезбеди залихи за зимата, проценуваат аналитичарите на Голдман Сакс. Овој скок е можен ако нарушувањата во снабдувањето продолжат и бидат потребни повисоки цени за да се наполнат зимските резерви. Војната меѓу САД и Иран речиси го запре превозот низ Ормускиот Проток, интензивирајќи ја ...
Потврдени се вкупно 44 случаи на западнонилска треска досега, од кои 43 се хоспитализирани, а повеќето од нив биле со невроинвазивна форма на болеста, изјави денеска министерот за здравство Сашо Клековски, кој ги посети Клиниката за инфективни болести и Институтот за јавно здравје, каде што се сретна со медицинскиот персонал вклучен во справувањето со епидемијата на западнонилската треска. Тој упати апел до граѓаните доколку забележат ...
Сиена Спиро има само 20 години, но музичката кариера ѝ се развива со брзина каква што ретко се гледа. Британката, која пораснала во Лондон, веќе ја споредуваат со Адел, Ејми Вајнхаус и Лана Дел Реј, а нејзиниот препознатлив, моќен глас ѝ донесе милиони слушатели ширум светот. Нејзиниот хит „Die On This Hill“ во последните месеци стана вистински феномен на Тик-Ток и е искористен во повеќе од осум милиони видеа. Песната, објавена кон крајот на ...
Мирис на чад и замагленост има во воздухот во Скопје, а причината е ветрот кој го носи чадот од пожарите што во моментов горат во околината на главниот град. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека зачаденоста во Скопје доаѓа од активниот пожар во реонот на Китка, на територијата на општините Студеничани и Зелениково. На пожарот досега дејствувал и хеликоптер на Министерството за внатрешни работи. Од ЦУК посочуваат дека до ...
Техеран денеска повторно ја предупреди Бугарија, која е членка на НАТО, да не дозволува користење на нејзината територија за израелски или американски воени операции против Иран и ѝ порача дека го задржува правото да го нападне изворот на каков било напад. – Немаме никаков проблем со бугарскиот народ. Сепак, јасно дадовме до знаење дека секое дејство кое според меѓународното право претставува поддршка на американско-израелската воена агресија ...
Десет возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие поради безобѕирно управување со возило, информира Министерството за внатрешни работи. Дури деветмина од нив возеле без возачка дозвола, а меѓу нив имало и двајца малолетници. Еден од возачите предизвикал сообраќајна незгода во која била причинета материјална штета, додека друг возач бил фатен како управува возило под дејство на алкохол. Случаите се расчистуваат, по што ...
Мирис на чад и видлива зачаденост се чувствуваат во повеќе делови на Скопје, а причината е ветерот кој го носи чадот од пожарите што во моментов горат во околината на главниот град. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека зачаденоста во Скопје доаѓа од активниот пожар во реонот на Китка, на територијата на општините Студеничани и Зелениково. На пожарот досега дејствувал и хеликоптер на Министерството за внатрешни работи. Од ...
Европската комисија одобри 6,1 милијарди евра ново финансирање за потребите на одбраната на Украина, објави прес-службата на Комисијата. Финансирањето опфаќа системи за воздушна и ракетна одбрана, ракети, муниција и радари. – На Денот на независноста на Украина, Европа покажува дека нашата поддршка е непоколеблива и конкретна. Денес одобривме 6,1 милијарди евра за системи за воздушна и ракетна одбрана, ракети, муниција и радари што итно ѝ се ...
Техеран денеска повторно ја предупреди Бугарија, која е членка на НАТО, да не дозволува користење на нејзината територија за израелски или американски воени операции против Иран и ѝ порача дека го задржува правото да го нападне изворот на каков било напад. – Немаме никаков проблем со бугарскиот народ. Сепак, јасно дадовме до знаење дека секое дејство кое според меѓународното право претставува поддршка на американско-израелската воена агресија ...