Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Пет пожари на отворен простор се уште се активни во земјава, а два се ставени под контрола, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во изминатото деноноќие, од 20 до 21 август до 07:30 часот, биле регистрирани вкупно 35 пожари, од кои 28 се целосно изгаснати. Најголем предизвик и натаму е пожарот во Мариовскиот регион, на територијата на Општина Прилеп. Огнот е активен на потегот од селото Чаниште кон Крушевица и Лопатица, со краци ...
Семејната драма околу Шер и нејзиниот син Елајџа Блу Олман повторно се најде пред суд. Сопругата на 50-годишниот музичар, Мариангела Кинг, поднела нови документи со кои се спротивставува на обидот на неговата мајка да му биде назначен старател. Наместо тоа, Кинг бара судот да ја избере неа, тврдејќи дека Шер со години е отуѓена од синот и дека нејзиното мешање е спротивно на неговите желби. За оние кои не ја следат приказната, станува збор за ...
Илјадници млади октоподи добија необична задача во Јадранското Море. Италијанските научници ги пуштаат за да му се спротивстават на инвазивниот син рак. Овој незаситен предатор ги пустоши одгледувалиштата на школки во североисточна Италија. Вкупната штета низ земјата се проценува на околу 200 милиони евра. Научниците од Универзитетот во Болоња затоа се свртеа кон природниот непријател на ракот, обичниот октопод. – Го избравме октоподот затоа ...
Јапонија изврши смртна казна врз маж осуден за убиство на пет лица во подметнат пожар во 2009 година. Ова е прво погубување во земјата по повеќе од една година, пишува BBC News. Сунао Таками (58) е осуден бидејќи во 2009 година полил со бензин и запалил салон за пачинко игри во Осака, недалеку од својот дом. Пет лица го загубија животот во пожарот, од кои четворица посетители и еден вработен. Пачинко игрите се популарни игри на среќа во ...
Германската влада деновиве соопшти дека ги продолжува контролите на надворешните граници за уште шест месеци. Граничните контроли имаат за цел да спречат понатамошно зголемување на бројот на нелегални влегувања. Во исто време, мерката се смета за важна алатка во борбата против криминалните мрежи што шверцуваат луѓе. Соработката во рамки на Шенген зоната и понатаму е под сериозен притисок. Всушност, во колкава мера може да се зборува за ...
Украина треба сама да одлучи кога ќе одржи избори, во согласност со своите закони, а Европската Унија е подготвена да помогне во организирањето на изборниот процес, изјави портпаролката на Европската комисија, Анита Хипер. Таа на брифинг во Брисел посочи дека ЕУ е подготвена да му помогне на Киев, особено во обезбедувањето почитување на демократските стандарди и барања. Хипер нагласи дека ЕУ не прави проценки за условите за одржување избори ...
Земјотрес со интензитет од 7,2 степени по Рихтер го потресе јужен Перу, објави Националниот сеизмолошки центар. Епицентарот бил на длабочина од околу 66 километри во покраината Паринакочас, департман Ајакучо, околу 800 километри јужно од главниот град Лима. Засега нема извештаи за жртви, а според првичните видеа што се споделуваат, има материјална штета. Луѓето по потресот излегоа на улиците. 👉https://t.co/EmUIwGx3aj I Terremoto en Perú de ...
САД го одобрија планот да му продадат на Катар авиони за полнење гориво во воздух во вредност од над 4,5 милијарди долари, соопшти Стејт департментот. Катар побара до четири авиони КЦ-46А опремени со сензори за противракетна одбрана. Американскиот Конгрес, кој мора да даде конечно одобрение, е известен за договорот. Според Вашингтон, целта на продажбата е „да се зајакне безбедноста на стратешкиот регионален партнер“ и да се подобри ...
По отстранувањето на дефектот на пумпната станица, водоснабдителниот систем во Битола постепено се враќа во нормален режим на работа, соопшти вечерва директорот на ЈКП Водовод Битола, Андреј Гинов. – Во моментов резервоарите постепено се полнат и системот контролирано се стабилизира, со цел да не дојде до нагли промени на притисокот и појава на хидрауличен удар во водоснабдителната мрежа. Поради тоа, во одредени, особено повисоки делови од ...
Мора да имаме владин авион ако сакаме да бидеме сериозна држава, а идејата за негово купување не е повлечена, ниту пропадната, вели директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на Владата, Ивица Томовски. Според него, владиниот авион не се користи само за потребите на Владата, туку и за да им се помогне на граѓаните во одредени ситуации. Томовски вели дека за само две години се потрошени околу два милиона евра за сервисирање на ...
Парламентарните избори во Србија ќе се одржат на 18 или 25 октомври, најави вечерва српскиот претседател Александар Вучиќ. – Парламентарните избори во Србија ќе се одржат, како што стојат сега работите, или на 18 или 25 октомври, а ќе знаеме на кој ден – рече Вучиќ во гостувањето на Радио Телевизија Србија. Тој додаде дека претходно се зборувало за можноста изборите да се одржат кон крајот на октомври или почетокот на ноември, но сега датумот ...
Управата за хидрометеоролошки работи издаде портокалов метеоаларм за голема опасност од многу топло време за 21 август 2026 година. Температурата утре во повеќе места ќе достигне 40 степени Целзиусови. Времето утре ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура најниско ќе се спушти во Берово, до 10 степени Целзиусови. Најтопло ќе биде во ...
Мала Преспа е доказ дека границите можат да ги поделат териториите, но, не можат да ги избришат јазикот, културата и чувството на припадност, напиша попладнево на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски, кој е покровител на македонскиот фолклорен фестивал „Преспа“. „Со особена чест денес сум меѓу Македонците од Мала Преспа и како покровител на фестивалот ја испраќам пораката дека Македонија е со вас. Ќе продолжиме да ја јакнеме соработката и ...
Владата интервенираше уште од првиот ден откако се појави проблемот со водоснабдувањето на Гостивар, вели Ивица Томовски, директор на Службата за општи и заеднички работи. На граѓаните на Гостивар во континуитет им беа доставувани најмалку по два шлепери вода дневно, односно околу 70 тони. – Се издвоија околу 6 милиони денари (околу 97.000 евра) за целата оваа постапка. Можам да кажам дека во континуитет доставуваме по два шлепери, некогаш ...
Преку апликацијата странските државјани ќе можат едноставно и директно да добијат информации за сообраќајните прекршоци евидентирани со системот „Безбеден град“, да имаат увид во издадените прекршочни платни налози, како и да ги подмират глобите по електронски пат. При логирањето, потребно е возачот да ја слика или скенира својата патната исправа и да ја внесе регистрацијата на возилото или возилата кои тој ги користи во нашата држава. На ...
Бројот на луѓе заразени со вирусот на западнонилска треска нагло расте во Грција. Од почетокот на годината се регистрирани 157 случаи, а 13 лица починале, објавија грчките здравствени власти. Според податоците од грчкиот институт за јавно здравје ЕОДИ, бројот на случаи се зголемил речиси четири пати за само неколку недели. На крајот на јули беа пријавени 42 случаи. Повеќето случаи се откриени во пошироката област на Атина. Некои пациенти ...
Демократската унија за интеграција ја поздравува подготвеноста изразена од премиерот Христијан Мицкоски за одржување предвремени парламентарни избори, доколку опозицијата го побара тоа. „Ние го бараме тоа. Конечно, премиерот сфати дека оваа ситуација е неодржлива и дека на земјата ѝ е потребен нов политички мандат. Владата го изгуби легитимитетот да продолжи со европската изолација, деградацијата на меѓуетничките односи, кршењето на ...
Бугарската нуклеарна централа „Козлодуј“ е принудена да го намали производството на електрична енергија бидејќи реката Дунав се повлекува поради суша, соопшти денеска бугарското Министерство за енергетика. Министерството наведува дека производството на Блок 5 од „Козлодуј“ ќе биде намалено од утре за околу 120 мегавати. Блокот 5 има капацитет да генерира нешто повеќе од 1.000 мегавати. Одлуката е дел од мерките за безбедно работење на ...
Според последните анализи водата во Гостивар е чиста и безбедна за пиење, а синоќа на полноќ истече 30-дневната кризна состојба на територијата на општината, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. – Со истекувањето на кризната состојба, институциите од централната власт, вклучително и ЈП „Водовод“ од Скопје се повлекуваат од контрола на квалитетот на водата. На ред е локалната власт, локалната самоуправа да ...
Размена на искуствата и добрите практики, како и отворањето нови можности за соработка со Чешката Република во дигиталната трансформација и во сајбер-безбедноста беа во фокусот на семинарот за дигитализација на јавната администрација што се одржа во Владата, а на кој се обратија министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и заменик-премиер и министер за надворешни работи на Чешка, Петр Мацинка. Министерот Андоновски истакна дека ...
Дефектот на пумпната станица „Довлеџик“ е успешно отстранет, информира Јавното комунално претпријатие Водовод Битола. „Дефектот беше предизвикан од струен удар, при што, со заедничка интервенција и координација со надлежните институции, истиот беше експресно локализиран и отстранет. Целокупното водоснабдување е вратено во нормала, при што во повисоките точки на градот притисокот постепено ќе се стабилизира и ќе се врати на стандардните ...
Ислам Абази го спаси Венко Филипче, откако Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска од Специјалното јавно обвинителство со години го чуваа предметот во фиока, рече денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на прес-конференција пред седиштето на ОЈО за гонење органозиа криминал и корупција. – Аргатот на Зоран Заев, Венко Филипче и на Али Ахмети, Ислам Абази – шефот на ОЈО ГОКК, го затвори предметот за градењето на 19 модуларни ...
Енергетиката, инвестициите и примената на современи технологии беа во фокусот на средбата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка, кој престојува во официјална посета на Македонија. На средбата беше потврдена одличната и континуирана соработка меѓу Македонија и Чешката Република, со заедничка оценка дека постои ...
Површината на опожарени подрачја во Европа до крајот на векот ќе се зголеми за 39 проценти, дури и во најдоброто климатско сценарио, доколку не се преземат конкретни мерки за поефикасно управување со пожарите, покажува нова студија објавена од Гардијан. Топлото, суво и ветровито време, што ги претвора малите пожарни линии во големи пожари, ќе зачести во поголемиот дел од Европа поради зголемените температури предизвикани од емисиите на ...
Општина Струга ќе го подмири долгот од 55.000 евра за превоз на учениците во основни училишта наталожен со години во наредните два до три месеци, информира на денешната прес-конференција градоначалникот Менди Ќура, по постигнатиот договор на средбата со превозниците. На средбата, било договорено и зголемување на цената за превоз на учениците, која, според превозниците, била многу ниска и не била променета со години. Градоначалникот посочи ...
Поради електричен проблем на пумпната станица „Довлеџик“, привремено е запрено снабдувањето со сурова вода, информира Јавното комунално претпријатие Водовод Битола. Ова може да предизвика намалување на нивото во резервоарите, пад на притисокот, а во повисоките делови од Битола и прекин во водоснабдувањето. Екипите на ЈКП Водовод Битола, во координација со надлежните институции, работат на отстранување на проблемот, соопшти претпријатието. За ...
Сопствениците на напуштени куќи во селата и на викендички кои ретко ги користат треба да направат противпожарни пресеки околу објектите, широки околу десетина метри, во зависност од околната вегетација. Ова го апелираше раководителот на Главниот штаб за управување со кризи и директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Според Ангелов, во борбата со пожарите, кои во иднина би можеле да се појавуваат сè почесто поради ...
Неидентификуван маж не може да им каже на лекарите кој е повеќе од три години откако се онесвестил на улица во Амстердам. Мажот бил пронајден на 10 мај 2023 година и итно однесен во болница, каде што лекарите се сомневале на мозочен удар или крварење во мозокот. Дијагностицирана му е афазија, состојба што ја нарушува способноста за зборување и разбирање на говорен и пишан јазик. Немал банкарски картички или лични документи со себе, па ...
Цените на пченицата во бенчмарк фјучерс договорите на Чикашката берза се зголемија за повеќе од 17% од почетокот на јули, првенствено поради намалувањето на пратките од Црното Море. Пченицата, исто така, поскапи кај конкурентските земји извозници – Аргентина, Австралија и САД. Меѓусебните напади на руските и украинските сили врз пристаништата и бродовите во последните недели предизвикаа затворање на терминалите за извоз на жито и ги принудија ...
Вчера шоуменот Бојан Јовановски, популарниот Боки 13, ја раситни 40-ката, со гала прослава во ресторанот „Дион“ во Скопје. Меѓу повеќето познати фаци на прославата, внимание предизвика и адвокатот Владимир Димишков, една од ѕвездите на аферата „Рекет“. View this post on Instagram A post shared by Plusinfo.mk (@plusinfo.mk) Aдвокатот Димишков е брат на судијката Весна Димишкова, која како судија на претходна постапка во случајот „Империја“ ...