Цените на нафтата на берзите утрово паднаа за околу 1% по три последователни сесии на добивка, бидејќи инвеститорите ги оценија како неповолни ескалирачките тензии меѓу САД и Иран, кои продолжуваат да ги намалуваат изгледите за мировен договор и нормализација на енергетските текови на Блискиот Исток. Фјучерсите на суровата нафта Брент паднаа под 97 долари за барел, додека пак цената на суровата нафта WTI падна на 95 долари. Промените се ...

Госпоѓа Бенч е една од најпознатите ѕвезди на Тик-Ток кога станува збор за фиџет играчки. Таа има повеќе од шест милиони следбеници, а популарноста ја стекна благодарение на трендот што го освои светот. Додека повеќето инфлуенсери ја градат својата популарност со видеа за танцување, мода или совети за живот, Американката позната како госпоѓа Бенч пронајде сосема поинаков пат кон милиони следбеници. Таа има повеќе од шест милиони следбеници ...

Иран вчера тврдеше дека нема „никаков конкретен напредок“ во преговорите со Соединетите Држави за завршување на војната на Блискиот Исток, додека нападите повторно се интензивираат во областа на Персискиот Залив. – Разменети се пораки за потребата од прекин на агресијата врз Бејрут, но во преговарачкиот процес не е остварен никаков конкретен напредок – изјави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, мислејќи притоа на израелските ...

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун повика на дополнително зајакнување на нуклеарниот арсенал на земјата, вклучително и на, како што навел, „експоненцијално“ зголемување на производството на нуклеарен материјал за оружје, објавија државните медиуми во Пјонгјанг. Според државната новинска агенција КЦНА, Ким за време на посетата на нов производствен капацитет изјавил дека во последните пет години капацитетот на земјата за производство на ...

Територијата на Македонија се наоѓа под влијание на циклонска активност која од Џеновскиот залив се преместува над нашата територија и условува да имаме многу нестабилно време со чести врнежи, грмежи, засилен ветер и локална појава на невреме. Целата територија на Македонија се наоѓа во жолта и во портокалова предупредувачка фаза поради обилните врнежи од дожд и локалната појава на невреме. Повеќе за временската прогноза на Славчо Поповски на ...

Унгарија го укина своето двегодишно вето врз кандидатурата на Украина за членство во Европската Унија, дозволувајќи му на процесот да влезе во следната фаза од преговорите и завршувајќи ја политичката сага што ги доведе односите меѓу Будимпешта и Киев на најниско ниво досега. Посакуваниот пробив се случи ненадејно вечерва за време на состанокот на амбасадорите во Брисел, потврдија неколку дипломати за „Евроњуз“. Унгарскиот претставник ...

Граѓаните на Црна Гора вечерва не можат да ја преминат границата со Србија, поради репресивни мерки што ги усвои власта во Белград, по протерувањето на повеќе од 80 српски државјани од аеродромот Тиват поради закани по националната безбедност, изјавија за подгорички Вијести неколку извори од безбедносниот сектор. Според истите извори, од 19:30 часот, ниту еден црногорски државјанин не преминал во соседната земја на граничните премини Гостун, ...

Безбедносната и информативна агенција (БИА) издаде официјално соопштение со кое го советува претседателот на Србија, Александар Вучиќ, да не оди во Црна Гора. „Од причини од највисоко значење за задачите што ѝ се доверени на Безбедносно-информативната агенција, соопштуваме дека е потребно да објавиме дека поради непријателските дејствија на странските служби и криминалните кланови во Црна Гора, Безбедносно-информативната агенција официјално ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека ниту Русија ниту Украина не се подготвени да направат отстапки во преговорите за прекин на војната, пред сè руската страна, и нагласи дека тоа е потребно за да се постигне мир. – Подготвени сме да продолжиме со каква било улога што е потребна во контекст на постигнување мир, бидејќи сметаме дека војната во Украина нема воено решение – рече Рубио во текот на вториот ден од ...

Бројот на жртви како последица на непочитување на сообраќајни правила во првите 5 месеци годинава е намален со примената на системот „Безбеден град“, вели министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Резултатите за првите 5 месеци годинава се 17 човечки животи повеќе, отколку една година претходно, рече тој. Тој направи споредба првите 5 месеци од 2026 година, со првите пет месеци во 2025 година, иако „Безбеден град“ со казни почна да се ...

Поранешниот директор на Царинската управа Стефан Богоев и тројца други осомничени за злоупотреби одат во 30-дневен притвор. „Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка против 4 лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или ...

Приведен е тетовец кој под дејство на алкохол и со пиштол денеска се обидел да изврши разбојништво во угостителски објект. Од СВР Тетово информираат дека денеска во 16 часот на улица Илинденска во Тетово, полициски службеници го лишиле од слобода Х.Д.(22) од Тетово. При преглед кај него бил пронајден и одземен еден гасен пиштол, а по извршено алкотестирање било утврдено дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,35 промили ...

Не смееме да дозволиме и никогаш нема да дозволам, барем додека сум на оваа позиција, предмет со такви страшни докази во насока на докажување на одредено кривично дело од кое ќе му се згади на македонскиот народ така да се затвори, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, за случајот „Мазут“. Тошковски порача дека „секој треба да си ја сработи работата која му е дадена согласно закон. Не мислам дека „Мазут“ е предмет што е ...

Управата за хидрометеоролошки работи предупреди за нестабилно време во текот на утрешниот ден, со пороен дожд, грмежи и со локално невреме. „Под влијание на циклонска активнос утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, во количина над 20 литри на квадратен метар, ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска во Брисел учествува на седницата на Заедничкиот консултативен комитет при Европскиот комитет на регионите, форум посветен на соработката меѓу локалните власти од земјите членки на Европската Унија и кандидатите за членство. На настанот присуствуваат претставници на локалната и регионалната власт од земјите на ЕУ, како и од државите кандидати за членство. Според него, седницата е можност за ...

На предлог на ВМРО-ДПМНЕ беше изгласана резолуција за црвени линии дека Република Македонија како држава нема да преговара за идентитетот, јазикот, културата и за историјата, која што само за некој месец СДСМ ја прегази со оној договор за добрососедство со Бугарија, рече Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Во врска со барањето за внесување на Бугарите во Уставот нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ има јасен став за тоа прашање, односно, како ...

Во Демократска Република Конго се потврдени 344 случаи на ебола, а 60 пациенти починале од болеста, соопшти Светската здравствена организација. Генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус рече дека одговорот на епидемијата сè уште доцни, но дека здравствените служби „под водство на владата на ДР Конго, ја стасуваат епидемијата“. Епидемијата на ебола од Конго се прошири и во соседна Уганда. Министерството за здравство на Уганда ...

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, денеска ги повтори своите тврдења дека војната со Иран е завршена и нагласи дека Соединетите Американски Држави постигнале победа. Рубио беше критикуван за оваа проценка за време на неговото сведочење пред Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД. Во вербална престрелка со демократската претставничка Сара Џејкобс, Рубио инсистираше дека операцијата „Епски бес“ е официјално завршена. ...

Русија ќе продолжи со систематските напади врз Украина, најави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, по украинските напади врз нафтен терминал и врз военопоморска база во Санкт Петербург. – Што се однесува до конкретниот одговор на овие нападите: информациите за ова се исклучиво право на регионалните власти и на нашето Министерство за одбрана. Но, генерално, можам да кажам дека специјалната воена операција продолжува, токму со цел да се ...

Јавните обвинители мора да постапуваат самостојно, без притисоци и со целосна одговорност за предметите што ги водат, финансиските причини никогаш не смеат да бидат пречка за прибирање докази, а истрагите треба да се водат економично и ефикасно, порача денеска државиот јавен обвинител Ненад Савески на брифинг со медиумите. Говорејќи за работата на Обвинителството, Савески истакна дека одговорноста е во обвинителите кои непосредно постапуваат ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека отворено му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека е луд, за време на телефонскиот разговор оваа недела. Трамп го призна ова во едночасовното интервју во подкастот „Pod Force One“ со водителката Миранда Девин, објави АФП. Трамп со тоа од прва рака ги потврди медиумските извештаи што протекоа во понеделникот. Порталот Аксиос детално го опиша лутиот испад на претседателот, полн со ...

Иранските сили извршија жесток воздушен напад врз Кувајт, а главна цел беше меѓународниот аеродром во земјата. Според кувајтското Министерство за здравство, најмалку 63 лица се повредени во нападот. Тоа беше еден од најкрвавите напади врз држава од Пеерскискиот Залив од почетокот на војната на САД и Израел со Иран. Портпаролот на министерството потврди дека 7 од повредените се итно префрлени за сложени операции. Индиската амбасада во Кувајт ...

Повреден е 43-годишен скопјанец, работник на МЕПСО, кој работел на трафостаница на патот Битола-Прилеп. „На 2.6.2026 година во 10 часот во СВР Битола од Итна медицинска помош Битола е пријавено дека кај нив со изгореници бил донесен Д.Д.(42) од Скопје, вработен во АД МЕПСО. Според пријавеното, со повредите се здобил при извршување на работни задачи во трафостаница на патот Битола-Прилеп, кај селото Крклино. Увид изврши увидна екипа на СВР ...

73-годишна жена од Струга е тешко повредена откако паднала на улица и се удрила во товарно возило, информира Министерството за внатрешни работи. Според пријавата во ОВР Струга, на 02.06.2026 околу 13:00 часот, од Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид било пријавено дека кај нив е донесена С.С. (73) од Струга со тешки телесни повреди. Како што наведува полицијата, несреќата се случила во населбата Плитишта, струшко, додека жената се ...

Владо Калембер беше меѓу гостите на претставувањето на овогодинешниот фестивал CMC, кој ќе се одржи на 12 и 13 јуни во Водице, а легендарниот пејач уште еднаш покажа зошто со децении е познат како еден од најголемите шармери на домашната музичка сцена. Многумина не можат да се изначудат на фактот дека на 73-годишна возраст сè уште изгледа исклучително младешки. Калембер со задоволство позира за фотографите, а неговата енергија и весел дух ...

Силно невреме зафати делови од Јадранот, а во раните попладневни часови по Задар во Хрватска, се префрли на пошироката Сплитска област. Сообраќајот е отежнат на повеќе места. Голема количина дожд за кратко време создаде порои во неколку делови од градот, пишува „Далмација данас“. До 12:30 часот, наврнаа 50 литри дожд на квадратен метар во областа Солин. Потоа, силна бура го погоди Сплит и околината, предизвикувајќи бројни патишта да бидат под ...

Најмалку 21 лице загина во голем пожар што избувна во хотел во Њу Делхи, соопшти индиската полиција. Во трагедијата се повредени десетици лица, додека повеќе од 40 биле спасени и префрлени во болници. Според сведоштва на очевидци, дел од гостите во очај скокале од прозорците на запалениот објект за да ги спасат своите животи. Локални жители и минувачи се обиделе да помогнат, поставувајќи душеци за да ги ублажат падовите. At least 10 people ...

Авион на израелската авиокомпанија „Изрер“, кој требало да слета на аеродромот во Љубљана, е пренасочен кон Загреб, откако словенечките власти не одобриле слетување, јавуваат меѓународни медиуми. Од авиокомпанијата „Изрер“ тврдат дека одлуката е политички мотивирана и дека е во спротивност со авионските договори и правилата на Европската Унија. Сепак, засега не се објавени официјални детали за причините поради кои е одбиено слетувањето. ...

Со презентација на доказите за инспекциските надзори на општинските инспектори продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На денешното рочиште обвинителот продолжи со прикажување на материјалните докази кои се однесуваат на инспекциските надзори за угостителска дејност спроведувани од општина Кочани. Во доказниот сет беа презентирани извештаи за работа на инспекторите, овластувања на градежни инспектори, како и ...

Шкендија доби жестока казна по случувањата на финалето од Купот на Македонија против Силекс. ФФМ одлучи тетовскиот клуб да плати вкупно 105.000 евра за повеќе обвиненија, следната сезона нема да настапува во Купот, а четири домашни натпревари ќе игра без публика. Одлуката на Фудбалската федерација на Македонија следува поради употреба на пиротехника, националистички скандирања, навредливи пораки на национална основа, истакнување спорен ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.34
74%
1019
weather icon

Белград

16ᴼ / 16ᴼ
2.68
78%
1015
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
1.16
79%
1014
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.47
79%
1018
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.29
78%
1016
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
1.0
88%
1015
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
0.89
62%
1016
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.82
66%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.64
62%
1018
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 15ᴼ
1.34
89%
1014
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 18ᴼ
0.89
76%
1012
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 15ᴼ
1.39
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Алуминиум

3.54

Злато

135639.33

Рутениум

48965.59

Родиум

257205.97

Иридиум

253540.09

Платина

55170.68

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Калај

53.60

Бакар

13.01

Сребро

2186.28

Паладиум

40767.15