Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, ЈП „Комунална хигиена“ од Скопје тврди дека спровело активности за собирање и транспорт на комуналниот отпадот од контејнерите поставени на булеварот „Гоце Делчев“ до хотел „ВИП“, потоа булеварите „Партизански одреди“ и „Митрополит Теодосиј Гологанов“, улиците „Даме Груев“ и „Џон Кенеди“, како и на повеќе локации во скопската општина Аеродром. Како што велат, во рамките на вчерашните активности биле ...

Со излезност од 46,48 отсто, граѓаните на Македонија на вчерашните локални избори гласаа за 44 градоначалници, додека втор круг заокружување ливчиња позади параванот ќе се случи во 33 општини. Во Центар Жупа, Врапчиште и Маврово-Ростуше треба да има повторување на гласањето откако излезноста беше помала од потребните една третина избирачи. Најголема победа во првиот круг прогласи ВМРО-ДПМНЕ. Освои градоначалници во 32 општини, вклучувајќи ги ...

По повод изборот на Скопје за „Европска претстолнина на ѓубрето 2025“, Радио МОФ отвора повик за Најдобра фотографија со отпад од метрополата. Фотографиите може да прикажат како се цеди отпад по тротоари, може да бидат фотки со накрцани и запалени контејнери, може да бидат со стаорци што пешачат крај коловоз. Или, едноставно, направете фотографија од вашата омилена содржина од дините со ѓубре. Користете стар апарат, дигитален, телефон. ...

Во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар во Скопје вечер (22 октомври) по 21 часот ќе се случи концерт на „Tout Bleu“, кој се прави во соработка меѓу „Розе кадилак“ и „5060“. Организаторите посочуваат дека „Tout Bleu“ започнува како проект на Симон Убер, мултиинструменталистка од Женева, позната по својата работа во „Massicot“ и „Hyperculte“ – бендови кои го дефинираа новиот бран на швајцарската авангардна и DIY (направи сам) сцена. ...

Во дворот на „Комбо“ во скопска Железара се одржа шестиот „Маалски бувљак“. Посетители дојдоа, слушаа музика, ама и избираа облека и предмети од втора рака, за да им дадат нова шанса и втор живот. Притоа, како што велат од „Комбо“, се прослави нивниот прв роденден, се испија многу кафиња, дознаа многу судбини, родија нови познанства, подновија нечиви плакари, а заедницата си заедничареше. „Една година полна со кафе муабети кои прераснале во ...

Во МНТ на 16 октомври се одржа деби изданието на „Game Dev Rev“, првата интернационална конференција посветена на индустријата за развивање видео игри во Македонија. Како што велат од Асоцијацијата на македонската индустрија за видео игри – МГИ, се работи за конференција која ги поврза регионалните креативни сили. Настанот привлече повеќе од 350 посетители – студенти, професионалци, независни студија и компании од регионот, амбасади, ...

Официјално по долги години чекање, многу тестови и бета верзии, македонското гејм дизајн студио „Дарк-1“ и издавачите „PM Studios“ објавија дека нивната тактичка авантура за преживување со роуглајт елементи, „Скопје ’83“, ќе биде лансирана за компјутер преку Steam на 7 ноември 2025 година, пренесува агенцијата Мета.мк. Сместена во темно комична и постапокалиптична верзија на нашиот главен град Скопје, разурната од бомби, играта ги поканува ...

Алтернативниот рок фестивал „Андерфест“ ја најави програмата за своето седмо издание. Настанот ќе се одржи на 7 ноември во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, а според организаторот и ова издание ветува вечер исполнета со моќна енергија, автентична музика и врвни настапи. „’Андерфест’ со годините изгради статус на фестивал што ги спојува најдобрите имиња од домашната алтернативна сцена, создавајќи уникатно музичко искуство за сите ...

Американското дроун-метал-нојз дуо „Sunn O)))“ вечерва (21 октомври) настапува во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје „Sunn O)))“ во жив аспект се враќа со суштински, првобитно-сиров облик“, посочуваат организаторите од „Fuck Yoga“ / „Militant Zaza“. Од таму посочуваат дека основачите и гитаристи Стивен О`Мајли и Грег Андерсон ќе изведуваат како дует задлабочен во бујно лампашко засилување, спектрални хармонии, дисторзија и волумен. ...

Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје (УСС УКИМ) се јави со остра реакција за снимањето и сликањето студентки додека се тушираат во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. „Со најголема вознемиреност и гнев реагираме на информацијата за снимање и сликање на студентки во бањите на студентскиот дом ‘Гоце Делчев’. Ова не е ‘несреќен случај’ или ‘непромисленост’, туку акт на сексуално насилство и ...

Со концерти во Националната опера и балет (НОБ) и проекции на документарци во киното „Фросина“ во МКЦ, од 16 до 19 октомври ќе се одржува 44. издание на „Скопски џез фестивал“. Организаторот посочува дека „Скопскиот џез фестивал“ ужива култна репутација во Европа и светот, обезбедена со грижливо конципирана богата програма, втемелена на ексклузивноста, актуелноста и современиот џез. „Годинашната програма засигурно ќе ја потврди високата ...

Во К.С.П. „Јадро“ на 15 октомври од 20 часот ќе биде отворена изложба и ќе има презентација на проектот „Човек во размер – (ре)откривање на јавен простор“ на Максим Наумовски и Иван Ивановски. „Урбаниот развој на Скопје мора да произлегува од сопствениот дух и топографија, наместо од брзо и некритичко прифаќање на униформни урбанистички решенија што ја бришат локалната меморија и човечката мера. Градот треба да се развива преку процес на ...

Во Старата скопска чаршија во „Ла Кања“ вечерва (сабота, 11 октомври) во 21 часот ќе гостува составот „Shroom“. Се работи холандски квинтет од Гронинген. „Mешаат панк, ноиз и експериментален џез со силна дувачка секција. Панк енергија со слободата на џез-импровизација. Суров, но прецизен хаос. Резултатот е нешто помеѓу англиски пост-пост панк и саундтракот од ‘Cowboy Bebop’ — бучно и заразно“, стои во најавата за концертот, кој се реализира ...

„Ми се чини дека ако не ја направиме оваа чистка, никој нема да ја исчисти шумата за нас“. Вака млада волонтерка зборува за еко-акцијата што изминатиов месец се случи кај Мирјанина Црква, Штип. Под иницијатива на За почиста Македонија, повеќе доброволци од Штип, Скопје, Куманово, Велес, па и дури некој дојден од Колумбија и Чешка, заедно ја претворија шумата од депонија во излетничко место за уживање во природа. „Луѓе, што направивме? Срушен ...

Како младите правилно да штедат и да ги инвестираат своите пари, како животна вештина, почнаа да ја осознаваат средношколци од Битола и Струга преку програмата за финансиска писменост во организација на здружението „Младите можат“. Христијан Пејовски, дел од тимот на Капитал финансиски центар и Капитал ассет менаџмент на младите им пренесе знаења и искуства за да ги сфатат важноста на финансиската писменост, управувањето со личните финансии и ...

Во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје денес и утре (10 и 11 октомври) ќе се одвива 15. издание на фестивалот „Здраво млади“. Првата вечер е именувана „Imagine Macedonia“ и е во соработка со „JM Macedonia“ (Музичка младина на Македонија). На главната фестивалска бина, во денсинг салата „25 мај“ во МКЦ, осум млади бендови од Македонија ќе имаат шанса да обезбедат свој настап на главната фестивалска вечер, т.е. наредниот ден на 11 ...

Националното студентско тело испрати барање до Министерството за образование и наука (МОН) и Управата за јавни приходи (УЈП) за разграничување на поимот „приход“ од „прилив“ при примената на мерката субвенциониран студентски оброк. „Имено, согласно член 9, став 1 од Законот за субвенциониран студенски оброк, покрај сите услови, студентите не треба да имаат месечен приход по кој било основ, поголем од минималната нето плата во републиката за ...

Промоција на книгата „Rock N` Beat“ на Михајло Грбевски – Мишко, која содржи 50 интервјуа со македонски, балкански и светски музички имиња главно од рокенрол сцената, ќе се одржи оваа сабота (11 октомври) од 12 часот во клубот „Калинка“. Во книгата има интервјуа со Армен Сурмејан, Влатко Стефановски, Горан Трајковски, Кирил Џајковски, Петар Младеновски, Кирчо Арсовски, Душан Којиќ-Која, Давор Гобац, Милан Фрас (Laibach), Џони Ротен (Sex ...

Националниот „Поетски слем Македонија“ 2025 годинава по 15-ти пат ќе се одржува во Прилеп и ќе трае од 9 до 12 октомври. Литературната манифестација е во организација на Театарска работилница – Прилеп, а ќе се отвори денеска, четврток 9 октомври, во 20 часот во ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ – Прилеп со настан наречен „Поетски двобој: Есенин vs Мајаковски“, во чии рамки ќе се одржи промоција на преводите на Славе Ѓорго Димоски. Првиот ...

Во Старата скопска чаршија во „Ла Кања“ денес (среда, 8 октомври) по 21 часот ќе се одржи концерт на „Frise Lumière“, соло проект на Лудовик Жертс (Ludovic Gerst), француски уметник, музичар и композитор со адреса во Португалија. „Во неговите раце басот добива нов живот, далеку од својата класична улога. Тој не е само ритмичка подлога, туку извор на исклучителен музички универзум: хармонии што дишат, пулсирачки ритми и перкусивни текстури што ...

Во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје вечерва (вторник, 7 октомври) од 21 часот ќе се одржи „седумката“ од серијата настани именувани „Џез за чудаци“. Овој пат, импровизирачкиот музички колектив што ќе свири под трите брези во „Буква“ го сочинуваат Ник де Карло – флугелхорна, Дориан Јовановиќ – бас, Филип Букршлиев – гитара, Драган Теодосиев – тапани. „Музика за тие што пред влез оставаат храна за локалните мачки и тргнуваат во темелна ...

До кандидатите за градоначалници. Луѓе, мислете и на младите и воопшто лицата со атипичен развој. Секое лице, без разлика на својата состојба / попреченост, има потреба да се дружи, да се социјализира, но и да се развива и да учи некоја вештина – било да е тоа цртање, пишување, шиење, готвење, свирење гитара, менување сијалица итн. Сѐ ова, помалку или повеќе, може да го прави во Дневен центар. Но, во Македонија недостасуваат дневни центри, ...

Во Градскиот музеј во Крива Паланка на 7 октомври ќе продолжи патувачката изложба „Живеј со стил – поддржи различности“. Ова е веќе петтата од серијата изложба, која ќе се одвива во уште два градови низ Македонија, во организација на Здружението „Икуалити“, а има за цел преку 32 портрети на лица со попреченост да раскаже моќна приказна и да ја промовира интеграцијата преку славење на човековите вредности. „Патувачка изложба претставува ...

Министерката за образование Весна Јаневска смета дека образованието е најдобриот механизам за подигнување на свеста кај младите за здравите навики и грижата кон личното здравје. „Нашиот воспитно – образовен систем е структуриран така што здравствената писменост е застапена во сите одделенија во редовните предмети, посебно во „природни науки“, а од оваа учебна година воведовме и нов изборен предмет во VII одделение „Учам за моето здравје“ и со ...

Во „Сопствена соба“ во Подгорица беше објавен регионалниот книжевен избор „Штефица Цвек“ за 2025 година. Во седумте дела од овој финален избор влегоа и две книги од Македонија: „Приказни од Sунливото Море“, роман за деца и млади на Билјана С. Црвенковска (издание на „Чудна шума“) и „Тони“, роман на Румена Бужаровска (издание на „ТРИ“). „’Штефица Цвек’ е некомпетитивен избор кој четврта година по ред ги обединува најзначајните дела од БХСЦ и ...

Ви ја претставуваме третата епизода од видеокаст серијалот „Балкански Перспективи“, правени во соработка меѓу Pro Peace и Радио МОФ. Во епизодата „Филмот и музиката наспроти политиката: Кој е погласен?“ Максим Никифоровски, Ивана Драгшиќ и Ханис Багашов разговараат за улогата на филмот и музиката во постконфликтното општество во Македонија. Дали уметноста и нејзиниот универзален јазик успева да ги надмине етничките поделби денес и да се ...

Промовирање здрава исхрана во и околу училиштата, поддршка на децата изложени на ризик од сиромаштија, воведување едносменска настава за сите деца, проширување на услугите за предучилишно образование и грижа за децата, отстранување на бариерите со кои се соочуваат децата со попреченост, како и поддршка за децата во ризик од насилство, бара УНИЦЕФ во пресрет на локалните избори. Оттаму нагласуваат дека локалните лидери треба да мислат на ...

Во кафе книжарницата „Буква“ денеска (сабота, 4 октомври) ќе има целодневен настан „Play it loud“ со работилници и потоа музика, организирани во соработка со „JM Macedonia“, „Imagine“ и колективот „Гола планина“. „Придружете ни се на вториот ‘Play it Loud!’ настан годинава, кој воедно ќе биде и загревање за натпреварот за млади бендови и музичари ‘Imagine’ кој ќе се случува на 10ти во денсинг салата на МКЦ во Скопје како дел од фестивалот ...

Во „Ла Кања“ во Старата скопска чаршија утре, сабота 4 октомври, од 22 часот настапува „N-Deck Collective“. „Екипа со променлив состав и со непроменлива идеја за музичка интеракција помеѓу музичари со различни искуства и контексти, поврзани преку заеднички интерес за звучна авангарда, амбиентални структури и слободна интерпретација. Парадоксот на бродот на Тезеј во креативен контекст“, стои во најавата за музичкиот настан. На овој концерт во ...

Скопското кафе и кино „Котур“ денеска го одбележува својот седми роденден, кој ќе се реализира со програма во склоп на петтиот ден на фестивалот „Ѕирни“. Денеска од 18 часот започнува 48-часовниот филмски предизвик, каде неколку тимови од филмски ентузијасти ќе имаат шанса да направат филм за време на 48 часа. Сите направени филмови ќе бидат проектирани и се натпреваруваат зa најдобар филм од предизвикот. Овогодишната жири комисија за ...

weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
86%
1006
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
3.6
92%
1000
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
91%
1002
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
3.09
64%
1007
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.46
83%
1003
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
96%
1002
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
1.34
82%
1010
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
5.66
67%
1006
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
93%
1004
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
0.51
77%
1002
weather icon

Будимпешта

-5ᴼ / -6ᴼ
2.68
89%
1002
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
9.77
62%
1009
Currency

61.555

Currency

52.9061

Currency

70.9285

Currency

35.3623

Currency

38.0301

Currency

66.0752

Currency

7.58295

Currency

0.66977

Currency

0.33514

Currency

0.5247

Currency

1.22495

Currency

0.58743

Цинк

3.11

Бакар

11.76

Иридиум

169549.30

Паладиум

58707.26

Родиум

311058.47

Сребро

2492.14

Калај

44.58

Рутениум

44142.98

Алуминиум

3.08

Платина

72143.25

Злато

143662.56

Кобалт

59.52