Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Самостојна изложба на Дарко Алексовски насловена „Поглед кон далечина обоена сино“ ќе се отвори на 18 септември (четврток) со почеток во 20 часот во КСП Центар-Јадро во Скопје. Куратор ќе биде Славчо Димитров. „Изложбата ‘Поглед кон далечина обоена сино’ е замислена како збир од неколку засебни целини кои се развиваат низ неколку тематски истражувања во различни медиуми и форми на изразување. Значаен дел од тоа што во моментов го работам е ...
„Антивикенд програмата“ на независниот издавач и организатор „Мртов коњ“ дојде до финишот. За крај, вечерва (12 септември) во Културно информативниот центар (КИЦ) во Скопје во „Салон 19:19“ од 20 часот ќе се одржи концерт на домашниот состав „Алембик“ и италијанското-американско „Паспарту дуо“ (Passepartout duo). „Паспарту дуо“ е состав од Верона формиран во 2015 од пијанистката Николета Фавари и перкусионистот Кристофер Салвито. „Нивната ...
Од 15 до 20 септември во Кинотека на Македонија ќе се одржат „Денови на хрватски филм“, со проекции кои почнуваат во 20 часот. „Публиката ќе има можност да се запознае со избор од најзначајните и најуспешните дела на хрватско кино. Церемонијата на отворањето ќе започне со филмот „Ustav Republike Hrvatske“ (2016) во режија на Рајко Грлиќ“, велат од Кинотека. Во текот на неделата ќе бидат прикажани долгометражни филмови, кратки играни филмови, ...
Ракописот „Џинџуџе“ на Ермис Лафазановски е победник на првиот конкурс за најдобар необјавен роман за деца и млади „Оливера Николова“. На изборот за наградата, која ја востанови издавачката куќа „Арс Ламина“ со поддршка на семејството на Николова, пристигнаа 38 ракописи од 37 автори. Во најтесен избор за наградата беше романот „Сам во рој“ од Иван Дричко (псевдоним на Сашо Кокаланов). „Жири-комисијата составена од: Оливера Ќорвезироска ...
Претставата „Хинкеман“ во режија и адаптација на Тамара Стојаноска, а во продукција на независниот театар „Златен Елец“ во копрдодукција со фестивалот „МОТ“ од Скопје, утревечер (13 септември) учествува на „Sarajevo Theatre Showcase“ во Сараево, Босна и Херцеговина. „Селекцијата на претставите за ‘STS 2025’ беше спроведена од независен селекциски комитет составен од Бека Вучо и Улрича Џонсон, во соработка со Андреј Носов. Комитетот ги ...
Во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) на 15 септември, со почеток во 19 часот, ќе се одржи „Вечер со Олга Панкина“ – преведувачка, поетеса и промоторка на македонската книжевност и култура. „Воедно, со оваа вечер ќе бидат одбележани два значајни јубилеи: педесет години од основањето на Лекторатот за македонски јазик во Московскиот државен универзитет „Ломоносов“, и петнаесет години од отворањето на Македонскиот културен центар во ...
Млади од 15 до 39 години од Општините Карпош и Зелениково можат да се пријават и да учествуваат на едукативен настан посветен на управување со водни текови што ќе се одржи на 24 септември во Домот на културата во општината Ѓорче Петров, со практичен дел на брегот на реката Лепенец, пренесува агенцијата Мета.мк. Настанот се реализира во рамки на проектот „Брза проценка на водотеците на Западен Балкан“, поддржан од Forest Service International ...
Сојузот за младинска работа (СМР) по втор пат го распиша јавниот повик за доделување на стипендијата „Билјана Василевска Трајкоска“ за последипломски академски студии по младинска работа на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. „Стипендијата е востановена и се доделува во чест на Билјана Василевска Трајкоска – Биле, истакната активистка и лидерка во областа на младинската работа, чија визија, посветеност и незапирлива ...
Во склоп на „Антивикенд програмата“ на независниот издавач и организатор „Мртов коњ“, во соработка музичарот Јордан Костов, денес (11 септември четврток), од 20 часот во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар ќе се одржи концерт на „Тамшамагандаз“. „’Тамшамагандаз’ е нов музички проект кој ги изразува патничките желби и антиконзервативните ставови. Мал звук, голем елан. Од Скопје до Тиквеш и Тетово, со микс од јазици и влијанија од ...
Здружението Зборци ја организира првата „Зборотворба на годината“, настан посветен на македонскиот јазик, креативноста и уметноста кој ќе се одржи на 13 септември (сабота) со почеток во 19 часот, во дворот пред студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. „Манифестацијата се одржува токму во годината кога Македонија ја прославува 80-годишнината од официјалната кодификација на македонскиот јазик. Така, ‘Зборотворба на годината’ претставува и ...
Независниот театар „Штрих“ ја објави програмата на „Under 600“ – првиот фестивал што ги обединува независните театри од Западен Балкан кој ќе се одржи од 25 до 28 септември во Скопје, под мотото „И покрај сѐ“. „Фестивалот ќе претстави вкупно 12 претстави и перформанси, со посебен фокус на македонската продукција. Преку оваа ревијална селекција, публиката ќе има можност да се запознае со моменталните трендови и естетички тенденции во ...
„Влажна симболична меѓуигра“ се вика графичката книга на Марија Трајаноска и Ѓорѓи Митревски, која утре (11 септември, четврток) од 20 часот ќе биде промовирана во Мобилната галерија во Паркот на Франкофонијата. Како што соопштуваат организаторите, „Влажна симболична меѓуигра“ нуди невообичаен поглед на интимната комуникација помеѓу два карактери. Овие карактери во различни ситуации, кои се исполнети со несвесни емоции и жестоки контрасти, се ...
Книжевно-мултимедијалниот фестивал „ArtArea“ годинава ќе се одвива од 12 до 14 септември во кафе-книжарница „Буква“, а тема во фокус е македонската алтернативна музика. „Како и секоја година, фестивалот ќе биде точка на пресек на различни културно-уметнички полиња. Традиционално, освен книжевноста, која е постојан елемент на фестивалот, и оваа година ‘ArtArea’ е планирана со богата програма од различни културни зони“, велат од издавачката ...
Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ бара волонтери и волонтерки кои ќе им помогнат сите настани на фестивалот за младинска, алтернативна и критичка култура „Ре-култура“ да се одвиваат навремено и непречено. Фестивалот ќе се одржива на 26 и 27 септември, во кафе-книжарниците „Буква“ и „Илика“ и предвидена е дводневна програма што вклучува базар, свирки, изложби, панел-дискусии, предавања и поетски читања. „Поради ...
Продолжува „Антивикенд програма“ на независниот издавач и организатор „Мртов коњ“, заедно со пријателите. Оваа среда е посветена на електронски музики во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје. Настанот од 19 часот ќе почне со работилница за теремин. „Дознајте за историјата на инструментот, начинот на произведување и контрола на создавањето звук и обидете се да отсвирите нешто со помош на Ива. Бидете дел и од интерактивниот сет на ‘Improof’, ...
Македонскиот филм „Силјан“, во режија на Тамара Котевска и во продукција на Конкордиа (Concordia), е годинашниот македонски кандидат за наградата „Оскар“ за најдобар интернационален филм. „Одлуката ја донесе Комисијата за избор при Друштвото на филмските работници на Македонија, која е официјално призната од Американската академија за подвижни слики, уметност и наука (AMPAS)“, информираат од Агенцијата за филм. Од таму појаснуваат дека ...
Премиерот пред некој ден повторно промовираше беззаконие. На новинарско прашање дали Македонија ќе го следи примерот на албанскиот премиер Еди Рама во уривање на дивоградбите, Христијан Мицкоски со неподнослива леснотија одговори дека „неговата филозофија во животот е да гради, а не да урива“, како да е тоа некој лабав муабет на средношколци додека чекаат хамбургер пред сендвичара на голем одмор. Со тоа, по којзнае кој пат, репризно ја врати ...
Со документи, торби и куфери во раце, стотици студенти денеска чекаа ред пред студентскиот дом „Гоце Делчев“ за да можат да се вселат во нивните соби. И годинава како и минатите, вселувањето и приемот не се дигитализирани, па примените станари се принудени физички да чекаат ред со часови, додека стасаат до своите легла, пишува агенцијата Мета. Мета поразговара со некои од студентите, кои рекоа станале во 4 часот за да стасаат на време. „Сите ...
Македонската студентска организација во Словенија (МСОС) на 16 септември со почеток во 18 часот, во НЛБ Галерија, Бул. „Мајка Тереза“ бр. 1, Скопје, ќе го одржи третиот по ред настан „Запознај ја студентска Словенија“. „Настанот е наменет за матуранти, средношколци и нови студенти кои размислуваат или веќе се запишале на студии во Словенија. Целта е да се обезбедат практични информации за академскиот и општествениот живот, можностите за ...
Израелската војска во вторник им нареди на жителите на градот Газа да се евакуираат пред нова офанзива, откако Израел предупреди дека ќе ги засили своите воени напади во појасот Газа во моќен ураган ако Хамас не ги ослободи последните заложници што ги држи, пренесува новинската агенција Мета. Жителите на градот со еден милион Палестинци со недели очекуваат напад, откако израелската влада смисли план да му нанесе фатален удар на Хамас во она ...
Колаж клуб на Мрежа Стела – настан посветен на креативно справување со предизвиците на дигиталното родово базирано насилство, ќе се случи утре, 10 септември, со почеток во 18 часот во кафекнижарница „Илика“. „Додека полека се збогуваме со летото, го започнуваме септември со креативност, разговор и заедничко дејствување. Овој клуб е наменет за сите креативни личност кои сакаат да ја искористат својата имагинација во борбата против насилството, ...
На 33. Меѓународен фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица ќе бидат одиграни две претстави од репертоарот на Македонскиот народен театар (МНТ). На 9 септември, во Центарот за култура „Антон Панов“, публиката ќе може да ги погледне претставите „Народен пратеник“ од 20 часот и „Бели ноќи“ од 22 часот. Фестивалот свечено беше отворен на 8 септември – Денот на независноста, а ќе обедини претстави од Македонија, Србија, Бугарија и ...
„Коњот сè побрзо галопира и носи поголем товар, за убаво, за подобри времиња. Следна недела имаме убава програма, сериозни импровизациски комбинации, од гараж-панк до експериментален ноиз. Ни гостуваат другари од Хрватска, Виетнам и Италија. Стегнете ги врвките“. Вака стои во најавата на независниот издавач и организатор „Мртов коњ“, кој оваа недела организира „Антивикенд програма“, во која утре (вторник, 9 септември) од 21 часот ќе се одржи ...
Од 11 до 13 септември 2025 година, во централниот општински парк на Ѓорче Петров ќе се одржи првото урбано издание на „Еволуција на сонот“. Како што објаснува Весела Моловска, основач и оргнизатор на фестивалот, „Еволуција на сонот“ носи динамична и современа програма наменета за сите генерации, со акцент на урбана култура, меѓународна и локална уметничка сцена, племенита културна продукција со многу музика, перформанси и невообичаена форма ...
„Силјан“, новиот документарен филм на двојно оскар-номинираната режисерка Тамара Котевска, ја освои една од најретките награди на Биеналето – „Cinema and Arts Award“, позната и како „Наградата на Музата“, која е дел од официјалната натпреварувачка програма на најстариот и најпрестижен филмски фестивал во светот во Венеција. Во конкуренција од 20 филмови за ова признание, „Силјан“ го освои првото место и беше прогласен за најинспиративен филм ...
Психоделичниот собир ,,Free Earth” и годинава се одржа во Аспровалта, Грција. Беа пуштени во промет 5.000 билети за да дојдат најразлични фестивалџии, трансери, технаџии, спиритуалисти, хипици, но и луѓе што едноставно сакаа да тераат музика + плажа, со оглед што организаторот го именуваше како ,,единствениот европски псајтранс фестивал на плажа”. ,,Free Earth” понуди три стејџови: Enlightment како главен псајтранс подиум, Oxygen како ...
„Обезбедени се учебници за сите ученици, а за прв пат по седум години ќе има и учебници по странските јазици“. Ова го изјави министерката за образование и наука (МОН), Весна Јаневска на 31 август, еден ден пред стартот на новата учебна година. Сепак, Јаневска денеска, одговарајќи на новинарско прашање, призна дека учебници за сите ученици нема, објави агенцијата Мета.мк. „Од прво до трето одделение нема никакви поплаки. Во четврто одделение ...
Кино на отворено Кочани е иницијатива посветена на заедницата и младите во Кочани, како гест на поддршка и солидарност по трагичниот настан во март 2025 година. „Со скромна, но внимателно избрана програма и проекции под отворено небо, оваа иницијатива е замислена како простор за заедничко собирање, сеќавање и надеж, потсетувајќи дека културата има моќ да лекува и обединува“, посочуваат организаторите. Киното ќе се одржи на 12 и 13 септември ...
Љубица Шопова Ако размислиме логично, постоењето на Светот низ сите негови фази е во состојба на постојана транзиција – од еден кон друг систем, од една кон друга сфера, од една кон друга парадигма со цел да се постигне нешто подобро, нешто повеќе за сите битија во однос на претходното. Но, низ тој процес на континуирана транзиција се прашувам дали навистина како луѓе променивме нешто? Односно, дали сакаме навистина да промениме или само ...
На планината Плачковица се одржа четвртото издание на ВИА – Вртешка Интердисциплинарни Активности, интердисциплинарна резиденција и фестивал на млади уметници и креативци од Македонија. „Програмата започна со резиденција, каде младите уметници разменуваа искуства, истражуваа нови форми на креативно изразување и работeа на подготовка на своите изложби и изведби. Централен проект беше современата адаптација на ‘Сон на летната ноќ’ од Шекспир, ...