Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Во книжарницата Сакам Книги – Лептокарија оваа сабота, на 7 март во 12:00 часот, ќе се одржи женски книжевен настан посветен на разговори за литературата, создавањето и улогата на жените во книжевниот свет. Настанот ќе ги обедини авторки, преведувачки, уреднички и читателки – жени кои стојат зад многу од приказните што публиката ги чита и сака, но и жени кои носат свои силни и инспиративни животни приказни. Во опуштена атмосфера ќе се ...
Во тек е јавната расправа за новата Предлог-Концепција за гимназиско образование, а наставниците од Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје реагираат на изоставувањето на предметот Педагогија од наставниот план. Тие потенцираат дека Педагогијата не е „спореден“ предмет, туку основа за развивање критичко размислување, разбирање на воспитно-образовните процеси и формирање вредности, одговорност и свесност кај младите за ...
Извидничкиот одред „Еквинокс Скаут“ од Штип започна иницијатива за реновирање на младинскиот простор, со цел создавање подобри услови за активности, едукација и дружење на младите. Од одредот информираат дека преку досегашните активности и поддршката од заедницата веќе се обезбедени околу 30 проценти од потребните средства за реализација на проектот. Проектот предвидува уредување и модернизација на просторот што го користат извидниците, со ...
Со документарниот филм „Прашај ја Е. Џин“ на Ајви Миропол, кој ја раскажува приказната за новинарката Џин Керол, вечерва започнува 28. издание на Фестивалот на документарни филмови во Солун. Џин Керол стана единствената жена што двапати го победи Доналд Трамп на суд, тужeјќи го за сексуален напад и клевета. Годинешното издание на фестивалот е посветено на темите моќ, одговорност и личната цена на вистината, а главната тема е „Сеќавањето на ...
Дванаесет млади поети на возраст од 16 до 30 години се избрани да читаат на „Отскочна даска #5“, преднастан на шестиот „Скопски поетски фестивал“. На конкурсот пристигнаа 27 пријави, а интерното жири на фестивалот го направи изборот, истакнувајќи го квалитетот на песните и талентот на кандидатите. Избраните поети, по азбучен ред, се: Марија Алексовска, Вероника Димоска, Христијан Илиевски, Мартин Миљев, Васја Мицковски, Милена Неделковска, ...
Голема меѓународна студија која опфатила повеќе од 1,8 милиони луѓе покажува дека вегетаријанската исхрана може да биде поврзана со помал ризик од неколку видови рак. Според резултатите, вегетаријанците имаат 21% помал ризик од рак на панкреасот, 12% помал ризик од рак на простата и 9% помал ризик од рак на дојка во споредба со луѓето кои јадат месо. Овие карциноми заедно сочинуваат околу една петтина од смртните случаи од рак во Обединетото ...
Во издание на издавачката куќа Илика од печат излезе книгата „Скриениот човек“, во која се собрани три новели од рускиот писател Андреј Платонов. Книгата е и прво издание во новата едиција „Класици“ на издавачката куќа. Преводот од руски на македонски јазик го направи Милена Николовска. Во книгата се вклучени три новели од обемниот опус на Платонов – „Скриениот човек“, „Враќање“ и „Реката Потудањ“. Авторот е современик на истакнати фигури од ...
Филмот „Млади мајки“ го прикажува животот на пет тинејџерки сместени во дом за млади мајки во Белгија, кои се соочуваат со предизвиците на раното мајчинство. Во период кога самите сè уште растат, тие се обидуваат да обезбедат стабилност и подобра иднина за своите бебиња. Секојдневните борби, сомнежи и мали победи се прикажани со сурова искреност и длабока емпатија, во препознатливиот стил на браќата Дарден – без патетика и наметнати емоции. ...
Државниот завод за ревизија открил дека во Министерството за односи меѓу заедниците биле исплатувани плати на вработени без да се знае дали воопшто доаѓале на работа, вработените точеле гориво во свои возила, а недостасуваат и 30 лаптопи. Ревизорите утврдија дека во 2024 година недостасувале 28 отсто од вкупните основни средства со вредност од над 25.000 евра, кои не се пронајдени при вршењето на годишниот попис. За седум моторни возила не е ...
Физичкото и сексуалното насилство во текот на животот погодува приближно една третина од жените во Европска унија, но поголемиот дел од случаите никогаш не се пријавуваат, покажува ново истражување објавено во вторникот. Резултатите од анкетата, спроведена од Агенција на Европската унија за основни права и Европски институт за родова еднаквост, покажуваат дека само 11,3 проценти од жените пријавиле во полиција физичко или сексуално насилство ...
Реалноста на терен останува разочарувачка дури и по речиси пет години откако дел од Шар Планина беше прогласен за Национален парк. Заштитениот статус не ги спречи несовесните граѓани да ја злоупотребуваат природата, ниту пак институциите го третираа проблемот со загадувањето со зголемена сериозност. Диви депонии и купишта отпад може да се видат во многу места низ Шар Планина, а овие еколошки проблеми се присутни со години без одржливо ...
Во Младински културен центар на 20 и 21 март ќе се одржи новото издание на музичкиот настан LoVERAve Neon Bloom 2026, кој ја става во фокус независната музичка сцена и живото музичко искуство. Фестивалот има цел да ја врати младинската енергија од дигиталниот простор во директна комуникација меѓу публиката и артистите. Програмата е распоредена на два дена и повеќе сцени, комбинирајќи бендовска алтернатива, хип-хоп и електронска музика. Првата ...
Изминатиот викенд во Скопје, Младинскиот образовен форум (МОФ) беше домаќин на Европското дебатно првенство за средношколци – еден од најзначајните настани за младите дебатери во Европа. На натпреварувањето учествуваа 40 дебатни тима составени од средношколци од 25 европски држави. Вкупно 325 учесници пристигнаа во главниот град, меѓу кои најголем дел беа дебатери, но и судии, набљудувачи и дебатни тренери. Настанот претставуваше платформа за ...
Во ЈУ Младински културен центар – Скопје, на 4 март 2026 година (среда), од 13:00 до 18:00 часот, ќе биде отворена изложбата „Мартинки – традиција што трае“ на авторката Марија Младеновска Митровска. Изложбата претставува избор од рачно изработени мартинки создадени низ повеќе од 35 години континуирана работа, како и документарен материјал од нивната меѓународна презентација во Варшава, Полска. Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со ...
Истражувачкото новинарство постојано напредува, се менува и се приспособува на новите технолошки алатки, но во услови на информативен неред и намален простор за темелни истражувања во мејнстрим медиумите, потребата од јасни методи, принципи и професионални стандарди станува сè поизразена. Токму во овој контекст е преведен водичот „Вовед во истражувачкото новинарство“, издание на Глобална мрежа за истражувачко новинарство, преведен на ...
Шпанскиот филм „Јас сум Невенка“ во режија на Исијар Бољаин, победник на фестивалот Сан Себастијан во 2024 година, ќе биде прикажан на 7 март (сабота) во 20 часот во Кинотеката. Настанот е во организација на Амбасада нa Кралството Шпанија во земајва и Кинотеката. Филмот е инспириран од вистинска приказна чие дејство се одвива на крајот на минатиот и почетокот на овој век. Дваесет и четиригодишната Невенка Фернандез, советничка во градското ...
Во галеријата Метаноја на 6 март 2026 година, со почеток во 19 часот, ќе се одржи промоција на монографијата „Ехото на дамарите на пијанчани – Копачката / 10 години од впишувањето на орото Копачката во УНЕСКО“ од авторката Перса Стојановска. Настанот е организиран од Фолклорна група Копачка од селото Драмче, Делчево, во соработка со Балкански институт за вера и култура и галеријата Метаноја. Монографијата го документира процесот на впишување ...
На 7 март во 11:00 часот на Малата сцена на Македонската опера и балет премиерно ќе биде изведена новата интерактивна музичко-сценска претстава „Металковци патуваат“, дел од проектот „Фамилија Металковци“. Истата ден ќе има и реприза во 13:00 часот, додека следните изведби се закажани на 14 март во 11:00 и 13:00 часот. Станува збор за нова продукција наменета за деца на возраст од 4 до 10 години. Претставата ја изведува брас квинтет составен ...
Во Скопје викендов се одржа првиот национален инклузивен STEM натпревар по едукативна роботика и иновации – „CTRI Innovation Robot Challenge“, наменет за деца и млади на возраст од 6 до 14 години. Натпреварот го организираше Здружението за развој на технологија, роботика и иновации CTRI, во коорганизација со Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“. Настанот претставува прв ваков инклузивен национален роботски ...
Јапонскиот дизајнер на игри Сатоши Тајири на 27 февруари 1996 година ги објави првите игри од франшизата Покемон ред енд блу and за конзолата Нинтендо. Она што започна како детска страст кон собирање инсекти прерасна во глобален феномен што денес има силно влијание и врз науката. По повод 30-годишнината од Покемон, списанието Nature разговараше со научници кои откриваат дека игрите, анимираната серија и размената картички влијаеле врз нивниот ...
Во киното Cinema Galeries во Брисел вечерва ќе се одржи премиерната проекција пред европската публика на македонскиот игран филм „Диџеј Ахмет“, во режија на Георги М. Унковски. На настанот ќе присуствува и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, чијашто поддршка претставува јасна потврда за заложбите на Министерството за континуирана афирмација на македонската кинематографија на меѓународен план. Филмот „Диџеј Ахмет“ е реализиран како ...
Студентите имаат рок до 5 март да аплицираат за субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година, информира Министерството за образование и наука. Правото на субвенциониран студентски оброк можат да го користат сите редовни студенти на додипломски студии чиј месечен приход е помал од минималната нето-плата. Ова право важи и за студентите запишани на постдипломски и интегрирани студии на државните и приватните универзитети во ...
Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2025 година, што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“, ја објави втората селекција на романи што остануваат во трка за престижното признание. Комисијата работи во состав: Калина Малеска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Иван Антоновски, Ивана Трајаноска, Иван Шопов и Катерина Богоева како претставничка на Фондацијата. Во оваа фаза од изборот се издвоени 11 романи што ...
Полска планира да воведе закон со кој на децата помлади од 15 години би им било забрането користење на социјални мрежи, а платформите би имале обврска да ја проверуваат возраста на корисниците. Мерката, според најавите, има цел да го заштити менталното здравје и интелектуалниот развој на младите. Информацијата ја соопшти министерката за образование Барбара Новацка во интервју за Ројтерс. Таа посочи дека владејачката Граѓанска коалиција ќе го ...
Изложбата „Лица“ на уметникот Ангел Коруновски ќе биде отворена на 5 март (четврток) во 19 часот во Ликовен салон Велес. Поставката опфаќа серија дела што се занимаваат со темата на невидливите и маргинализирани поединци во современото општество. Инспирацијата за циклусот произлегува од луѓето кои остануваат на работ на јавниот простор – анонимни, занемарени и потиснати од динамиката на глобализираниот и вредносно нарушен свет. Авторот преку ...
Во белите и стерилни лаборатории исполнети со најразлични апарати, каде строго се почитуваат протоколи, правилата ретко и тешко се менуваат. Но, научниот свет денес се соочува со сознанието дека ерата во која експериментите врз животни беа стандард полека станува минато. Со децении глувци, кучиња и други видови имаа клучна улога во тестирањето лекови и истражувањето болести, но технолошкиот напредок и етичките дилеми ја насочуваат науката кон ...
Денеска во Скопје официјално започна Европското дебатно првенство за средношколци – EuroSDC 2026, кое годинава ја собра европската младинска дебатна елита во главниот град. Домаќин на настанот е средното училиште „Орце Николов“, каде се присутни повеќе од 300 ученици-дебатери од повеќе европски земји, како и голем број волонтери и организатори. Организацијата на првенството е доверена на Младински образовен форум (МОФ), најголемата и ...
Во понеделник, со почеток во 19 часот, во „Јуроп хаус“ во Скопје ќе се одржи промоција на новиот роман „Тринаесеттиот“ од Лидија Димковска. Станува збор за прв роман за деца и млади на една од најпреведуваните домашни авторки, добитничка на бројни домашни и меѓународни признанија. Меѓу наградите што ги има освоено Димковска се и Наградата на Европската Унија за литература, германската награда за поезија „Хуберт Бурда“, како и романските ...
Библиотеката поседува околу 4.000 книги од книжевноста, историјата и публицистиката, вклучувајќи повеќе ретки изданија за историјата на островот отпечатени пред 1830 година. Сицилијански пожарникар кој работи на спасување книги од библиотеката Пожарникарите на Сицилија спасија околу 400 ретки книги од библиотеката во Нишеми, која се наоѓа на самиот раб на бездна, откако големо свлечиште откорна цел дел од падината на градот. По одронот се ...
И покрај континуираното намалување на класичното пушење, младите во Европа сè почесто користат електронски цигари и нови ароматизирани никотински производи, предупредува Европската канцеларија на Светска здравствена организација (СЗО), пренесе Euronews. Според најновиот извештај, 53 земји од Европа и Централна Азија се на пат до 2030 година да останат регион со највисока потрошувачка на тутун во светот. Директорот на СЗО за Европа, Ханс ...